џаро Archives - Република https://republika.mk/tema/dzaro/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 13:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џаро Archives - Република https://republika.mk/tema/dzaro/ 32 32 Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки https://republika.mk/scena/estrada/dharo-gi-sobra-vlatko-stefanovski-kaliopi-dragan-mijalkovski-slatkar-ranko-buba-mara-na-mestoto-kade-shto-gi-organiziral-prvite-kontserti-i-igranki/ Mon, 03 Jun 2024 13:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=784412

Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска напладне се одржа комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.

Џаро е мојата младост, моето растење, тој прв ги слушаше моите песни. Денес се навршуваат 40 дена, кога ја испраќаме душата на Џаро во вечноста. Анегдоти има милион. И сите можеме тука многу да раскажуваме, но никој не ги раскажуваше како тој самиот. Токму затоа денес ќе се осврнам на човекот Џаро, бидејќи го знаеме како ваков, онаков, секаков, токму онака како што тој си се претставуваше самиот, отворено, експлицитно. Но, малкумина рекле за него дека е добар човек, Џаро беше многу добар човек, со големо срце. Некој ме праша што за мене Џаро претставува. Џаро е мојата младост, моето растење. Со Ромео пред некој издадовме нов албум за 40 години соработка и сега ми текнува дека јас толку време го познавам Џаро. Можеби и повеќе од тоа. Јас и Ромео ја имавме таа привилегија да бидеме дел од семејството. Најпрво нему му ги давав песните да ги чуе пред да ги објавам. Тој секогаш ми кажуваше најискрено што мисли за тоа. За мене тој е како доктор Џекил и мистер Хајд. Велибор Џаровски е Џекил, а мистер Хајд е Џаро. Затоа што секогаш знаеше на кое место треба да биде едно од тие две. Многу ми недостигаше на оваа последна промоција, но за мене беше голема чест што неговото семејство, особено сопругата Виолета, беше со нас, рече Калиопи.

Настанот симболично се одржа на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки.

Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец била на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираа комеморацијата.

Џаро секогаш придонесуваше за афирмација на Општина Ѓорче Петров и ја споменуваше. Токму затоа посакав еден ваков настан да имаме во чест на Џаро. Да биде како сеќавање на него, а не како комеморација. Затоа што Џаро беше поинаков тип, повесел, секогаш со народот и заслужи барем на еден ваков начин најблиските луѓе, пријателите, соработниците да му оддадат почест и дел од жителите на Општина Ѓорче Петров, рече Стојкоски.

Тој најави и други активности посветени на ликот и делото на Џаро, а на многу случки, доживувања и анегдоти се присетија македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

Џаро го запозав кога бев многу млад музичар, кога почнував да патувам и да свирам. Тој имаше неверојатен осет за успешни проекти. Ни пријде во еден момент и ни рече: ‘Дечки, јас ќе ви правам турнеја низ тогашна Југославија’. Џаро ми беше голема животна и професионална школа. Голем играч со слабоста на луѓето околу него, рече гитаристот Влатко Стефановски за почетоците со „Леб и сол“.

На комеморацијата говореа и водителот Александар Блажевски, Драган Мијалковски, Ранко петровиќ, музичарот Влатко Плевнеш, угостителот и пријател Саша Шотаровски и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Велибор Џаровски – Џаро на 25 април годинава почина на 75-годишна возраст по кратко боледување.

The post Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска напладне се одржа комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.
Џаро е мојата младост, моето растење, тој прв ги слушаше моите песни. Денес се навршуваат 40 дена, кога ја испраќаме душата на Џаро во вечноста. Анегдоти има милион. И сите можеме тука многу да раскажуваме, но никој не ги раскажуваше како тој самиот. Токму затоа денес ќе се осврнам на човекот Џаро, бидејќи го знаеме како ваков, онаков, секаков, токму онака како што тој си се претставуваше самиот, отворено, експлицитно. Но, малкумина рекле за него дека е добар човек, Џаро беше многу добар човек, со големо срце. Некој ме праша што за мене Џаро претставува. Џаро е мојата младост, моето растење. Со Ромео пред некој издадовме нов албум за 40 години соработка и сега ми текнува дека јас толку време го познавам Џаро. Можеби и повеќе од тоа. Јас и Ромео ја имавме таа привилегија да бидеме дел од семејството. Најпрво нему му ги давав песните да ги чуе пред да ги објавам. Тој секогаш ми кажуваше најискрено што мисли за тоа. За мене тој е како доктор Џекил и мистер Хајд. Велибор Џаровски е Џекил, а мистер Хајд е Џаро. Затоа што секогаш знаеше на кое место треба да биде едно од тие две. Многу ми недостигаше на оваа последна промоција, но за мене беше голема чест што неговото семејство, особено сопругата Виолета, беше со нас, рече Калиопи.
Настанот симболично се одржа на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки.
Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.
Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец била на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираа комеморацијата.
Џаро секогаш придонесуваше за афирмација на Општина Ѓорче Петров и ја споменуваше. Токму затоа посакав еден ваков настан да имаме во чест на Џаро. Да биде како сеќавање на него, а не како комеморација. Затоа што Џаро беше поинаков тип, повесел, секогаш со народот и заслужи барем на еден ваков начин најблиските луѓе, пријателите, соработниците да му оддадат почест и дел од жителите на Општина Ѓорче Петров, рече Стојкоски.
Тој најави и други активности посветени на ликот и делото на Џаро, а на многу случки, доживувања и анегдоти се присетија македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.
Џаро го запозав кога бев многу млад музичар, кога почнував да патувам и да свирам. Тој имаше неверојатен осет за успешни проекти. Ни пријде во еден момент и ни рече: ‘Дечки, јас ќе ви правам турнеја низ тогашна Југославија’. Џаро ми беше голема животна и професионална школа. Голем играч со слабоста на луѓето околу него, рече гитаристот Влатко Стефановски за почетоците со „Леб и сол“.
На комеморацијата говореа и водителот Александар Блажевски, Драган Мијалковски, Ранко петровиќ, музичарот Влатко Плевнеш, угостителот и пријател Саша Шотаровски и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Велибор Џаровски – Џаро на 25 април годинава почина на 75-годишна возраст по кратко боледување.

The post Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Џаро- живот на коцка“ во четврток во Штип https://republika.mk/scena/promotsija-na-knigata-dharo-zhivot-na-kotska-vo-chetvrtok-vo-shtip/ Tue, 20 Jun 2023 10:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=653345

Книгата „Џаро- Живот на коцка“ за животот на познатиот менаџер Велибор Џаровски- Џаро ќе се промовира и во Штип. Промоцијата ќе се одржи на летната сцена на Дом на млади во Штип, во четврток, на 22 јуни, од 20 часот.

Се радувам што ќе се дружам со штипјани. Овој град е посебен и многу значаен за мене, а доста од приказните кои се напишани во книгата се случиле токму во Штип“, изјави Џаровски.

Книгата е во издание на „Три“, а автор е новинарката Милица Џаровска. За првпат беше во продажба на Саемот на книга во Скопје во мај, а потоа се одржа и промоција во Скопје. Авторката, на скопската промоција изјави дека не било лесно да се пренесат сите ангегдоти на Џаровски на хартија. Невозможно било да се проверат приказните, бидејќи Гугл не располага со податоци за сите мали места низ поранешна Југославија каде што Џаро организирал концерти.

Времето ќе покаже дали бил живот на коцка, живот со коцка, или живот за коцка, рече на скопската промоција промоторот на книгата, Игор Џамбазов.

The post Промоција на книгата „Џаро- живот на коцка“ во четврток во Штип appeared first on Република.

Си реков ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, рече Милица Џаровска, авторка на книгата за Џаро, „Живот на коцка“ https://republika.mk/scena/estrada/si-rekov-ke-pishuvam-za-eden-od-moite-sogovornitsi-a-ne-za-mojot-tatko-reche-militsa-dharovska-avtorka-na-knigata-za-dharo-zhivot-na-kotska/ Mon, 29 May 2023 21:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=645939

Си реков себеси си дека ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, за да ја завршам полесно работата, кажа вечерва новинарката Милица Џаровска на промоцијата на книгата „Живот на коцка“, што ја напиша за нејзиниот татко, познатиот менаџер Велибор Џаровси - Џаро.

Книгата беше промовирана пред многубројна публика, а Џаровски промоцијата ја зачини со анегдоти од неговиот бурен живот.

Времето ќе каже дали било живот на коцка, дали живот за коцка, дали живот со коцка… Но, веројатно, оваа книга ќе ни го објасни тоа – рече промоторот, актерот Игор Џамбазов.

Џаровска објасни дека насловот „Живот на коцка“ не се одесува само на таа коцка која му е пријател цело време, туку на целиот негов бурен и неизвесен живот, кој и сега, со неговите 74 години се труди да го негува, колку што може.

Јас се надевам дека ќе продолжи и понатаму , затоа што поинаку дома ние не сме научени. И ќе биде забавно, рече Милица.

„Мене ми е жал што младиве генерации Џаро го знаат само по измами и местење натпревари. Не ќе да е така дечки. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Ги донел најголемите балкански ѕвезди, да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече проморот, актерот Игор Џамбазов.

„Живот на коцка“ ме излечи затоа што ја пишував во време кога се затври весникот „Вест“. Одеднаш, после 16 години немав што да правам и среќа што бев зафатена со оваа книга. Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија, знае да биде конфузен, да спомне една година на почетокот од приказната, да заврши со друга. Јас немам начин тоа да го проверам затоа што Гугл ги нема податоците за сите тие домови на култура од 1970-те и 1980-те, па требаше да го препрашувам по неколку пати и знаевме да се скараме, па мајка ми ќе ја прекратеше таа кавга, рече Милица на промоцијата.

Џаровска книгата ја напиша пред шест години на српски јазик, а годинава издавачкиот центар „Три“ ја објави на македонски јазик.

The post Си реков ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, рече Милица Џаровска, авторка на книгата за Џаро, „Живот на коцка“ appeared first on Република.

]]>

Си реков себеси си дека ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, за да ја завршам полесно работата, кажа вечерва новинарката Милица Џаровска на промоцијата на книгата „Живот на коцка“, што ја напиша за нејзиниот татко, познатиот менаџер Велибор Џаровси - Џаро. Книгата беше промовирана пред многубројна публика, а Џаровски промоцијата ја зачини со анегдоти од неговиот бурен живот.
Времето ќе каже дали било живот на коцка, дали живот за коцка, дали живот со коцка… Но, веројатно, оваа книга ќе ни го објасни тоа – рече промоторот, актерот Игор Џамбазов.
Џаровска објасни дека насловот „Живот на коцка“ не се одесува само на таа коцка која му е пријател цело време, туку на целиот негов бурен и неизвесен живот, кој и сега, со неговите 74 години се труди да го негува, колку што може.
Јас се надевам дека ќе продолжи и понатаму , затоа што поинаку дома ние не сме научени. И ќе биде забавно, рече Милица.
„Мене ми е жал што младиве генерации Џаро го знаат само по измами и местење натпревари. Не ќе да е така дечки. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Ги донел најголемите балкански ѕвезди, да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече проморот, актерот Игор Џамбазов.
„Живот на коцка“ ме излечи затоа што ја пишував во време кога се затври весникот „Вест“. Одеднаш, после 16 години немав што да правам и среќа што бев зафатена со оваа книга. Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија, знае да биде конфузен, да спомне една година на почетокот од приказната, да заврши со друга. Јас немам начин тоа да го проверам затоа што Гугл ги нема податоците за сите тие домови на култура од 1970-те и 1980-те, па требаше да го препрашувам по неколку пати и знаевме да се скараме, па мајка ми ќе ја прекратеше таа кавга, рече Милица на промоцијата.
Џаровска книгата ја напиша пред шест години на српски јазик, а годинава издавачкиот центар „Три“ ја објави на македонски јазик.

The post Си реков ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, рече Милица Џаровска, авторка на книгата за Џаро, „Живот на коцка“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва официјална промоција на биографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски – Џаро https://republika.mk/zivot/vecherva-ofitsijalna-promotsija-na-biografskata-kniga-zhivot-na-kotska-na-velibor-dharovski-dharo/ Mon, 29 May 2023 08:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=645647

Официјалната промоција на биографската книга „Живот на коцка“, на познатиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро ќе се одржи вечерва, на 29 мај, од 19 часот, во ресторанот „Four“ во хотелот „Парк“. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, а книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Промотор на книгата ќе биде македонскиот актер, водител и пејач, Игор Џамбазов.

Книгата, која од срце ќе ве насмее, претходно беше промовирана на штандот на издавачот „ТРИ“ на Саемот на книгата во Скопје.

Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Со никогаш претходно кажани приказни и инсајдерски сознанија, мемоарите нудат фасцинантен поглед во светот на музиката и спортот во поранешна Југославија.

Најистакнати моменти во кариерата на Џаро, се дефинитивно неговите успешни соработки со некои од најголемите музички и спортски ѕвезди од регионот. Книгата детално ги прикажува предизвиците и триумфите на овие партнерства, откривајќи ги тајните зад успехот на Џаро.

„Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои, кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес, иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“, изјави Џаровски.

Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари… Специфичниот карактер и остриот ум го соочија со најразлични перипетии. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Во оваа книга за неговиот бурен живот ќе пронајдете многу вистини.

The post Вечерва официјална промоција на биографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски – Џаро appeared first on Република.

]]>

Официјалната промоција на биографската книга „Живот на коцка“, на познатиот менаџер Велибор Џаровски – Џаро ќе се одржи вечерва, на 29 мај, од 19 часот, во ресторанот „Four“ во хотелот „Парк“. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, а книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“. Промотор на книгата ќе биде македонскиот актер, водител и пејач, Игор Џамбазов. Книгата, која од срце ќе ве насмее, претходно беше промовирана на штандот на издавачот „ТРИ“ на Саемот на книгата во Скопје. Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Со никогаш претходно кажани приказни и инсајдерски сознанија, мемоарите нудат фасцинантен поглед во светот на музиката и спортот во поранешна Југославија. Најистакнати моменти во кариерата на Џаро, се дефинитивно неговите успешни соработки со некои од најголемите музички и спортски ѕвезди од регионот. Книгата детално ги прикажува предизвиците и триумфите на овие партнерства, откривајќи ги тајните зад успехот на Џаро. „Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои, кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес, иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“, изјави Џаровски. Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари… Специфичниот карактер и остриот ум го соочија со најразлични перипетии. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Во оваа книга за неговиот бурен живот ќе пронајдете многу вистини.

The post Вечерва официјална промоција на биографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски – Џаро appeared first on Република.

]]>
Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата https://republika.mk/vesti/kultura/dharo-ke-ja-potpishuva-biografijata-zhivot-na-kotska-na-saemot-na-knigata/ Tue, 09 May 2023 10:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=638719

Книгата „Џаро – живот на коцка“ за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, што ја напиша неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“. Напишана е уште пред шест години, но на српски јазик.

Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата денеска од 18 часот на штандот на „Три“ на Саемот на книга во арената „Борис Трајковски“ кој завршува утре, на 10 мај, во 18 часот.

Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Со никогаш претходно кажани приказни и инсајдерски сознанија, мемоарите нудат фасцинантен поглед во светот на музиката и спортот во поранешна Југославија.

Најистакнати моменти во кариерата на Џаро, се дефинитивно неговите успешни соработки со некои од најголемите музички и спортски ѕвезди од регионот. Книгата детално ги прикажува предизвиците и триумфите на овие партнерства, откривајќи ги тајните зад успехот на Џаро.

„Живот на коцка“ е повеќе од само приказна за професионални достигнувања. Тоа е приказна за упорност, страст и моќ на решителност. Преку сопствените искуства, Џаро покажува дека со напорна работа и подготвеност да се ризикува, сѐ е возможно.

Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои, кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес, иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски.

The post Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Книгата „Џаро – живот на коцка“ за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, што ја напиша неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска, е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“. Напишана е уште пред шест години, но на српски јазик. Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата денеска од 18 часот на штандот на „Три“ на Саемот на книга во арената „Борис Трајковски“ кој завршува утре, на 10 мај, во 18 часот. Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Со никогаш претходно кажани приказни и инсајдерски сознанија, мемоарите нудат фасцинантен поглед во светот на музиката и спортот во поранешна Југославија. Најистакнати моменти во кариерата на Џаро, се дефинитивно неговите успешни соработки со некои од најголемите музички и спортски ѕвезди од регионот. Книгата детално ги прикажува предизвиците и триумфите на овие партнерства, откривајќи ги тајните зад успехот на Џаро. „Живот на коцка“ е повеќе од само приказна за професионални достигнувања. Тоа е приказна за упорност, страст и моќ на решителност. Преку сопствените искуства, Џаро покажува дека со напорна работа и подготвеност да се ризикува, сѐ е возможно.
Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои, кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес, иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски.
 
The post Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата https://republika.mk/vesti/kultura/dharo-ke-ja-potpishuva-svojata-biografija-zhivot-na-kotska-vo-vtornik-na-saemot-na-knigata/ Sun, 07 May 2023 18:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=638104

Во книгата „Џаро-живот на коцка“, чиј автор е новинарката Милица Џаровска, се раскажува за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски - Џаро. Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија.

се раскажува о книгата за Џаро се раскажува од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.

Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаро.

Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

The post Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Во книгата „Џаро-живот на коцка“, чиј автор е новинарката Милица Џаровска, се раскажува за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски - Џаро. Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“. Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија. се раскажува о книгата за Џаро се раскажува од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.
Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаро.
Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

The post Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско https://republika.mk/sport/fudbal/dzaro-objasnuva-kako-se-mestat-zdrepkite-za-svetsko/ Sat, 26 Nov 2022 09:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=578122

Ако некој е експерт за фудбалски натпревари, стратегии, па и местење на истите, тоа секако е македонската легенда Велибор Џаровски - Џаро. Во новата „Еден на еден“, покрај тоа што предвидува кој ќе игра во финалето на Светското првенство кое во моментов се игра во Катар, Џаро зборува и за тоа како се мести ждрепката и извлекувањето на групите.

Тој тврди дека самата ждрепка е побитна од понатамошното класично местење на натпреварите, затоа што со ждрепката се избегнуваат „финалињата пред финалето“, а со тоа се обезбедува повеќе пари од телевизиските права - колку подолго во игра се главните екипи од кои доаѓаат најмогу пари, толку подобро.

Вака се мести, во куглата има осум топчиња, од кои четири се греат и се топлат, а четири се ладни. Тој што влече знае дека не смее да се падне топла со топла топка или ладна со ладна, објаснува тој.

Џаро во „Еден на еден“ во недела од 18.30 на Канал 5 зборува и за тоа што ќе се случи со војната и со Путин, како Весли Кларк им се извинувал на Ѓорѓиевски и Трајанов за Аркан, како ја организирал момачката вечер на најпознатиот македонски бизнисмен и уште многу други анегдоти.

The post Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско appeared first on Република.

]]>

Ако некој е експерт за фудбалски натпревари, стратегии, па и местење на истите, тоа секако е македонската легенда Велибор Џаровски - Џаро. Во новата „Еден на еден“, покрај тоа што предвидува кој ќе игра во финалето на Светското првенство кое во моментов се игра во Катар, Џаро зборува и за тоа како се мести ждрепката и извлекувањето на групите. Тој тврди дека самата ждрепка е побитна од понатамошното класично местење на натпреварите, затоа што со ждрепката се избегнуваат „финалињата пред финалето“, а со тоа се обезбедува повеќе пари од телевизиските права - колку подолго во игра се главните екипи од кои доаѓаат најмогу пари, толку подобро.