двомесечно бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/dvomesechno-bebe/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 08:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png двомесечно бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/dvomesechno-bebe/ 32 32 Спасено e двомесечното бебе со кое бабата скокнала во водите на реката Морача https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/spaseno-e-dvomesechnoto-bebe-so-koe-babata-skoknala-vo-vodite-na-rekata-moracha/ Tue, 21 Mar 2023 21:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=622214

Двомесечно машко бебе вчера било извлечено од Морача во Подгорица откако неговата баба К.К (62) со него во раце скокнала во реката.

Бебето било спасено, а телото на бабата било извлечено од водата кратко време откако неофицијално, како што тврдат од полицијата, таа решила да оди во смрт со него.

На социјалните мрежи се појави видео од извлекувањето на детето од студената река.

Работниците на градското претпријатие Зеленило Алдин Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од Морача во Подгорица. Во спасувањето учествувал и Демај Спејтим.

Работниците во локално градско претпријатие вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебе паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент, Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот, пренесува Блиц.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела бебето во болница.

Да потсетиме, шеесет и двегодишната К.К. починала вчера околу 11.20 часот откако со двомесечното внуче во раце скокнала во реката Морача. Пред тоа жената испратила вознемирувачка порака до родителите на бебето, кои во паника веднаш истрчале од куќата и го барале своето дете кое во тој момент од реката го спасувале четворица херои.

 

The post Спасено e двомесечното бебе со кое бабата скокнала во водите на реката Морача appeared first on Република.

]]>

Двомесечно машко бебе вчера било извлечено од Морача во Подгорица откако неговата баба К.К (62) со него во раце скокнала во реката. Бебето било спасено, а телото на бабата било извлечено од водата кратко време откако неофицијално, како што тврдат од полицијата, таа решила да оди во смрт со него. На социјалните мрежи се појави видео од извлекувањето на детето од студената река. Работниците на градското претпријатие Зеленило Алдин Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од Морача во Подгорица. Во спасувањето учествувал и Демај Спејтим. Работниците во локално градско претпријатие вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебе паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот. Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент, Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот, пренесува Блиц. Брзата помош брзо реагирала и го пренела бебето во болница. Да потсетиме, шеесет и двегодишната К.К. починала вчера околу 11.20 часот откако со двомесечното внуче во раце скокнала во реката Морача. Пред тоа жената испратила вознемирувачка порака до родителите на бебето, кои во паника веднаш истрчале од куќата и го барале своето дете кое во тој момент од реката го спасувале четворица херои.  

The post Спасено e двомесечното бебе со кое бабата скокнала во водите на реката Морача appeared first on Република.

]]>