двојно оданочување Archives - Република https://republika.mk/tema/dvojno-odanochuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 20:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png двојно оданочување Archives - Република https://republika.mk/tema/dvojno-odanochuvanje/ 32 32 Трамп има намера да го укине двојното оданочување за Американците кои живеат во странство https://republika.mk/vesti/svet/tramp-ima-namera-da-go-ukine-dvojnoto-odanochuvane-za-amerikantsite-koi-zhiveat-vo-stranstvo/ Thu, 10 Oct 2024 20:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=825367

Дел од кампањските ветувања на поранешниот претседател Доналд Трамп е укинување на данокот на доход за Американците кои живеат во странство.

-Поддржувам укинување на двојното оданочување на Американците во странство, изјави Трамп, пренесoa некои американски медиуми.

Американците кои живеат во странство имаат даночни обврски и кон САД и кон земјата во која живеат, иако даночните закони на САД имаат можности за ублажување на тие двојни обврски. На пример, сите годишни приходи до 126.500 долари не се оданочуваат. Двојниот данок, што занчи да се плаќа данок на доход и на земјата каде живеат и на САД, важи за оние Американци кои заработуваат повеќе од тоа.

Предлогот на Трамп би можел да го намали тој даночен товар и да го олесни преселувањето на побогатите Американци во странство, соопшто денеска „Волстрит журнал“.

И Трамп и неговата противкандидатка, потпретседателката Харис, на предлагаат во своите кампањи значајни промени во даночниот кодекс, пред обемните ревизии на даночните закони закажани за 2025 година.

The post Трамп има намера да го укине двојното оданочување за Американците кои живеат во странство appeared first on Република.

]]>

Дел од кампањските ветувања на поранешниот претседател Доналд Трамп е укинување на данокот на доход за Американците кои живеат во странство.
-Поддржувам укинување на двојното оданочување на Американците во странство, изјави Трамп, пренесoa некои американски медиуми.
Американците кои живеат во странство имаат даночни обврски и кон САД и кон земјата во која живеат, иако даночните закони на САД имаат можности за ублажување на тие двојни обврски. На пример, сите годишни приходи до 126.500 долари не се оданочуваат. Двојниот данок, што занчи да се плаќа данок на доход и на земјата каде живеат и на САД, важи за оние Американци кои заработуваат повеќе од тоа. Предлогот на Трамп би можел да го намали тој даночен товар и да го олесни преселувањето на побогатите Американци во странство, соопшто денеска „Волстрит журнал“. И Трамп и неговата противкандидатка, потпретседателката Харис, на предлагаат во своите кампањи значајни промени во даночниот кодекс, пред обемните ревизии на даночните закони закажани за 2025 година.

The post Трамп има намера да го укине двојното оданочување за Американците кои живеат во странство appeared first on Република.

]]>
Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-od-hrvatska-republika-severna-makedonija-i-republika-hrvatska-kje-go-doreguliraat-dogovorot-za-odbegnuvanje-na-dvojnoto-danochenje-so-cel-kompaniite-da-imaat-pravo-na-odbitok-na-ddv/ Mon, 26 Sep 2022 12:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=554317

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

Во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Македонија и земјите од регионот.

На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

The post Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска. Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји. Во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Македонија и земјите од регионот. На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Македонија. Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја. Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

The post Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење appeared first on Република.

]]>