Душко Весковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dushko-veskovski/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 19:49:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Душко Весковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dushko-veskovski/ 32 32 Активни се пет пожари во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/aktivni-se-pet-pozhari-vo-makedonija/ Tue, 03 Sep 2024 19:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=812896

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 19:30 часот низ државава имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати.

Активни се пет пожари - во Општина Чашка на Планина Мукос кај селото Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума, во Општина Прилеп кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково каде гори нискостеблеста вегетација, во Општина Чучер-Сандево кај с.Танушевци, м.в.Рамно гори мешана шума, во Општина Долнени кај с.Десово, во Општина Македонски Брод кај с.Грешница гори нискостеблеста мешана шума.

Под контрола се ставени 11 пожари - во Општина Штип кај с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак каде горела нискостеблеста шума, смреки и сува трева, во Општина Демир Хисар кај с.Вардино каде биле исечени дрва за огрев.

Од ЦУК информираат дека изгаснати се вкупно 11 пожари.

The post Активни се пет пожари во Македонија appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 19:30 часот низ државава имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати. Активни се пет пожари - во Општина Чашка на Планина Мукос кај селото Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума, во Општина Прилеп кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково каде гори нискостеблеста вегетација, во Општина Чучер-Сандево кај с.Танушевци, м.в.Рамно гори мешана шума, во Општина Долнени кај с.Десово, во Општина Македонски Брод кај с.Грешница гори нискостеблеста мешана шума. Под контрола се ставени 11 пожари - во Општина Штип кај с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак каде горела нискостеблеста шума, смреки и сува трева, во Општина Демир Хисар кај с.Вардино каде биле исечени дрва за огрев. Од ЦУК информираат дека изгаснати се вкупно 11 пожари.

The post Активни се пет пожари во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ги ангажирал Весковски, ги задржал Перински, ги брка Арсовска: Третина од отпуштените се блиски на работници кои починале од корона https://republika.mk/vesti/skopje/gi-angaziral-veskovski-gi-zadrzal-perinski-gi-brka-arsovska-tretina-od-otpushtenite-se-bliski-na-rabotnici-koi-pochinale-od-korona/ Fri, 16 Sep 2022 16:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=551538

Речиси третина од отпуштените од „Водовод и канализација“ се блиски роднини, односно членови на потесно семејство на луѓе вработени во ова претпријатие, но кои починале во пандемијата на Ковид 19 вирусот, брифираат за НетПрес доброупатени извори.

Петанесетина лица биле всушност деца, синови и ќерки, на вработени во „Водовод и канализација“, а кои починале од коронавирусот, а останатите невработени брачни другари на работници од Водовод.

Сите биле ангажирани со договор на определено време и тоа уште од времето кога во ова јавно претпријатие директорувал кадарот на СДСМ, Душко Весковски. По него, новиот директор Златко Перински исто така им ги продолжувал договорите за ангажман на овие лица. Но, сето тоа траеше до денеска кога, според информации објавени во повеќе медиуми, новиот директор на „Водовод и канализација“, Марјанчо Митовски, а по наредба на градоначалничката Данела Арсовска, одлучил повеќе да не им ги продолжува договорите за работа на овие лица.

Нетпрес пишува дека најголем дел од вкупниот број на отпуштени, поточно педесетина лица, биле партиски членови на СДСМ, ангажирани во времето кога прв човек на скопското претпијатие беше Душко Весковски. Многу помал број, односно околу 18 лица биле ангажирани во ова јавно претпријатие во изминативе 10 месеци, за време на директорувањето на Златко Перински.

Пред околу два месеци, пак, имало инспекциски надзор направен од страна на Државниот инспекторат за труд, и при контролата во јавното претпријатие било утврдена кристално чиста состојба.

Во врска со ситуацијата во јавното претпијатие „Водовод и канализација“ реагираше и надлежниот синдикат.

„Во услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобално ниво, градоначалничката да не дозволи да останат на улица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници. Исто така СУТКОЗ при ССМ како репрезентативен синдикат за комунални дејности остро се спротиставува на прераспоредувањето на работниците во ЈП Водовод и канализација Скопје со задолженија и наредби, што е едностран акт на директорот, и е недозволиво знаејќи дека на нивно место исто така се назначуваат други работници со задолженија и наредби. Овие решенија/задолженија не нудат никаква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само за него познати причини. СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт – договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со Градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во ова светска, економска и енергетска криза и неизвесност!“, се вели во дел од соопштението до јавноста од СУТКОЗ.

The post Ги ангажирал Весковски, ги задржал Перински, ги брка Арсовска: Третина од отпуштените се блиски на работници кои починале од корона appeared first on Република.

]]>

Речиси третина од отпуштените од „Водовод и канализација“ се блиски роднини, односно членови на потесно семејство на луѓе вработени во ова претпријатие, но кои починале во пандемијата на Ковид 19 вирусот, брифираат за НетПрес доброупатени извори. Петанесетина лица биле всушност деца, синови и ќерки, на вработени во „Водовод и канализација“, а кои починале од коронавирусот, а останатите невработени брачни другари на работници од Водовод. Сите биле ангажирани со договор на определено време и тоа уште од времето кога во ова јавно претпријатие директорувал кадарот на СДСМ, Душко Весковски. По него, новиот директор Златко Перински исто така им ги продолжувал договорите за ангажман на овие лица. Но, сето тоа траеше до денеска кога, според информации објавени во повеќе медиуми, новиот директор на „Водовод и канализација“, Марјанчо Митовски, а по наредба на градоначалничката Данела Арсовска, одлучил повеќе да не им ги продолжува договорите за работа на овие лица. Нетпрес пишува дека најголем дел од вкупниот број на отпуштени, поточно педесетина лица, биле партиски членови на СДСМ, ангажирани во времето кога прв човек на скопското претпијатие беше Душко Весковски. Многу помал број, односно околу 18 лица биле ангажирани во ова јавно претпријатие во изминативе 10 месеци, за време на директорувањето на Златко Перински. Пред околу два месеци, пак, имало инспекциски надзор направен од страна на Државниот инспекторат за труд, и при контролата во јавното претпријатие било утврдена кристално чиста состојба. Во врска со ситуацијата во јавното претпијатие „Водовод и канализација“ реагираше и надлежниот синдикат.