дупка Archives - Република https://republika.mk/tema/dupka/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Jun 2023 08:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дупка Archives - Република https://republika.mk/tema/dupka/ 32 32 Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево https://republika.mk/zivot/servisi/se-saniraat-shtetite-na-magistralata-a3-kaj-delchevo/ Sat, 10 Jun 2023 09:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=649830

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.

На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.

Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на „Македонија пат“ работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба, рече Ацевски.

Ацевски нагласи дека поради невремето се уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.

Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците, додаде Ацевски.

Тој напомена дека до целосна санација сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово - Виница.

The post Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево appeared first on Република.

]]>

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река. На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.
Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на „Македонија пат“ работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба, рече Ацевски.
Ацевски нагласи дека поради невремето се уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.
Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците, додаде Ацевски.
Тој напомена дека до целосна санација сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово - Виница.

The post Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево appeared first on Република.

]]>
Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда https://republika.mk/vesti/skopje/dupka-dlaboka-30-metri-na-kejot-na-vardar-vo-aerodrom-gi-zagrozuva-gragjanite-stojanche-angelov-bara-postavuvanje-ograda/ Sun, 18 Dec 2022 14:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=587215

Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока кон мостот Близнак, каде што има провалија, која ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, соопшти дека пред половина година добиле пријава од загрижени граѓани за постоење на опасност на кејот на Вардар, зад хотелот „Русија“ во Аеродром.

Од страна на ЦУК е излезено на самото место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена, вели Ангелов.

Тој вели дека порано на местото постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета.

Поаѓајќи од начелото на ЦУК, „сејфти фрст“ односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува.Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. За жал, неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром, соопшти Ангелов.

Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побарал интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од  неговото прво известување провалијата сè уште е необезбедена.

Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици, вели Ангелов.

The post Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока кон мостот Близнак, каде што има провалија, која ја загрозува безбедноста на граѓаните. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, соопшти дека пред половина година добиле пријава од загрижени граѓани за постоење на опасност на кејот на Вардар, зад хотелот „Русија“ во Аеродром.
Од страна на ЦУК е излезено на самото место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена, вели Ангелов.
Тој вели дека порано на местото постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета.
Поаѓајќи од начелото на ЦУК, „сејфти фрст“ односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува.Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. За жал, неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром, соопшти Ангелов.
Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побарал интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од  неговото прво известување провалијата сè уште е необезбедена.
Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици, вели Ангелов.
 
The post Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда appeared first on Република.

]]>
Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/povtorno-otvorena-dupka-na-ploshtad-makedonija/ Sun, 25 Sep 2022 16:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=554131

Попладнево на плоштадот „Македонија“ повторно може да се забележи отворена дупка во дел на површинската фонтана.

Засега не е познато како пропаднала плочката.

Инаку, на ова место досега забележани се три случаи каде возила имаат пропаднато.

The post Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Попладнево на плоштадот „Македонија“ повторно може да се забележи отворена дупка во дел на површинската фонтана. Засега не е познато како пропаднала плочката. Инаку, на ова место досега забележани се три случаи каде возила имаат пропаднато.

The post Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри https://republika.mk/vesti/svet/vo-chile-se-otvori-ogromna-dupka-vo-zemjata-shiroka-e-25-metri/ Tue, 02 Aug 2022 10:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=536050

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата.

Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан.

Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.

The post Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри appeared first on Република.

]]>

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата. Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан. Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.

The post Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри appeared first on Република.

]]>
Санацијата на дупката на мостот во Драчево ќе се заврши за два дена https://republika.mk/vesti/skopje/sanacijata-na-dupkata-na-mostot-vo-drachevo-kje-se-zavrshi-za-dva-dena/ Fri, 17 Jun 2022 14:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=516392

Денеска на прес конференцијата на мостот на Маркова река кон населбата Драчево, Директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов го најави техничкото решение за санирање на оштетувањето кое во изминатите денови се појави на мостот на Маркова река во населбата Драчево.

„Во консултација со стручни лица е одлучено дупката да се санира со брзоврзувачки материјали на цементна основа, кои ќе ни овозможат враќање на асфалтот за само 24 часа после реконструкцијата на самата коловозна плоча. Во подготвителните работи за санацијата следува механички да се отстранат лабилните бетонски површини, потоа се става антикорозивна заштита на арматурата, се поставува арматурна мрежа и се залива отворот со самозаливен малтер, вели Настов.

Настов истакна дека санацијата ќе се заврши за два дена, сметано до поставување на асфалтната маса и од таа причина се бара период со минимална фреквенција на мостот, од причина што во еден период од 20-тина часа, сообаќајот на мостот ќе треба да се одвива по само една сообраќајна лента, со најмала можна брзина на движење, од околу 10км/h.

Генералната состојба на мостот е мало локално оштетување на плочата од коловозот, што може да се смета за “најлесна можна категорија на оштетување на носечката конструкција “ на еден мост. Притоа стабилноста и носивоста на мостот воопшто не е доведена во прашање, туку во овој момент имаме само состојба на мало локално оштетување на плочата од мостот и кое лесно и брзо ќе се санира. Веќе од сабота ќе се работи на тоа и според предвидената работа и во зависност од временските услови би требало да биде саниран до почетокот на другата недела, истакна Настов.

Настов исто така истакна дека генералната забелешка на градежните стручни лица за причините на настанување на дупката на мостот кој е постар од 40-тина години се несоодветното одржување на горниот строј на мостот, неизведена хидроизолација помеѓу армиранобетонската плоча и асфалтната подлога, односно несоодветен заштитен слој на арматурата во плочата, изостанок на периодични прегледи на состојбата на мостовите, како и буџет за одржување на мостовите, од причина што слични сценарија се видени и на мостовите од постоечките магистрални патишта.

The post Санацијата на дупката на мостот во Драчево ќе се заврши за два дена appeared first on Република.