дуп на карпош Archives - Република https://republika.mk/tema/dup-na-karposh/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 13:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуп на карпош Archives - Република https://republika.mk/tema/dup-na-karposh/ 32 32 Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос https://republika.mk/vesti/skopje/nikoloski-vo-opshtinite-tsentar-i-karposh-se-sluchuvashe-i-se-sluchuva-urbanistichki-haos/ Tue, 13 Aug 2024 13:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=806202

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање.

Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/

-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.

Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.

-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.

Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите.

Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/

- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.

Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.

- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.

Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски.

Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.

-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.

Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.

-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.

Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини.

Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање. Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување. https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/
-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.
Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.
-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.
Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите. Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/
- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.
Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.
- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.
Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски. Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.
-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.
Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.
-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.
Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини. Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>
„Убавина од современи објекти како што има во Дубаи и Чикаго“: Јакимовски за новите згради кај „Алумина“ https://republika.mk/vesti/skopje/ubavina-od-sovremeni-objekti-kako-shto-ima-vo-dubai-i-chikago-jakimovski-za-novite-zgradi-kaj-alumina/ Wed, 13 Dec 2023 14:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=722598

Со нови современи објекти, како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија, Белград, Карпош ќе стане водечка општина во државата, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски по најавите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека со 4.000 амандмани ќе го блокираат носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае и „Млечен“. Според него, тие се „запрепастени од квалитетот на проектот“, од онаа убавина која многу граѓани ја поддржуваат да се изгради“.

https://republika.mk/vesti/skopje/putsko-petrol-ke-gi-gradi-visokokatnitsite-kaj-alumina-sosedite-nemaat-pravo-na-zhalba/

Јакимовски тврди дека со планираните згради на местото кај поранешната фабрика „Алумина“, предвидени се уште илјада паркинг места, покрај планираните 2500 за резидентите во тој кварт, а ќе има и градинка која ќе биде подарена од општината

Станува збор за површина на која ќе доминира зеленилото, кое ќе опфаќа 80% проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје. Токму поради самата конфигурација на теренот на кој ќе доминира зеленилото, максималниот број на станбени единици/жители е 1.500. Со тоа се води грижа да не се доведе до вештачка пренаселеност во општината. Карпош има најмногу зеленило од сите општини во градот Скопје. Ги лажат граѓаните дека ова не се вистинските проекти, лага е дека ќе има сенка врз бараките затоа што овие објекти се повлечени 35 метри од улицата „Прашка“. Направени се симулации дека никого не загрозуваат. И со ГУП е водено сметка за инфраструктура, за училишта, градинки. Тоа е современ проект. Истиот проект двапати претходно беше презентиран пред советниците и независните, кажа Јакимовски.

Според него, ќе има подземни улици, за да нема директен добир со издувните гасови, а вети и четири излези за да нема сообраќајно оптоварување.

Карпош повторно ќе биде водечка општина во државата, каде ќе има бизнис кули каде ќе можат луѓето да работат, да живеат, вели Јакимовски.

Од граѓанската група „Борба за Влае“, пак,  велат дека Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски ја замајуваат и лажат јавноста за тоа што ќе се гради на празниот простор на некогашната фабрика „Алумина“.

[caption id="attachment_722604" align="aligncenter" width="1577"] Фото: Борба за Влае[/caption]

The post „Убавина од современи објекти како што има во Дубаи и Чикаго“: Јакимовски за новите згради кај „Алумина“ appeared first on Република.

]]>

Со нови современи објекти, како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија, Белград, Карпош ќе стане водечка општина во државата, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски по најавите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека со 4.000 амандмани ќе го блокираат носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае и „Млечен“. Според него, тие се „запрепастени од квалитетот на проектот“, од онаа убавина која многу граѓани ја поддржуваат да се изгради“. https://republika.mk/vesti/skopje/putsko-petrol-ke-gi-gradi-visokokatnitsite-kaj-alumina-sosedite-nemaat-pravo-na-zhalba/ Јакимовски тврди дека со планираните згради на местото кај поранешната фабрика „Алумина“, предвидени се уште илјада паркинг места, покрај планираните 2500 за резидентите во тој кварт, а ќе има и градинка која ќе биде подарена од општината
Станува збор за површина на која ќе доминира зеленилото, кое ќе опфаќа 80% проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје. Токму поради самата конфигурација на теренот на кој ќе доминира зеленилото, максималниот број на станбени единици/жители е 1.500. Со тоа се води грижа да не се доведе до вештачка пренаселеност во општината. Карпош има најмногу зеленило од сите општини во градот Скопје. Ги лажат граѓаните дека ова не се вистинските проекти, лага е дека ќе има сенка врз бараките затоа што овие објекти се повлечени 35 метри од улицата „Прашка“. Направени се симулации дека никого не загрозуваат. И со ГУП е водено сметка за инфраструктура, за училишта, градинки. Тоа е современ проект. Истиот проект двапати претходно беше презентиран пред советниците и независните, кажа Јакимовски.
Според него, ќе има подземни улици, за да нема директен добир со издувните гасови, а вети и четири излези за да нема сообраќајно оптоварување.
Карпош повторно ќе биде водечка општина во државата, каде ќе има бизнис кули каде ќе можат луѓето да работат, да живеат, вели Јакимовски.

Од граѓанската група „Борба за Влае“, пак,  велат дека Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски ја замајуваат и лажат јавноста за тоа што ќе се гради на празниот простор на некогашната фабрика „Алумина“.

[caption id="attachment_722604" align="aligncenter" width="1577"] Фото: Борба за Влае[/caption]  

The post „Убавина од современи објекти како што има во Дубаи и Чикаго“: Јакимовски за новите згради кај „Алумина“ appeared first on Република.

]]>
Падна првиот ДУП во Општина Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/padna-prviot-dup-vo-opshtina-karposh/ Wed, 05 Jul 2023 13:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=658412

Падна првиот ДУП во Општина Карпош, соопшти советникот Роберт Вељановски, кој сподели дека со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.

Жалам што нема да видите снимка од 30-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија, вели Вељановски.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо рече дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради, но нема да има рушење на фонтана и детско игралиште, но револтирани граѓани, како што беше најавено, го пречекаа пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржувше седницата.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-vredi-jakimovski-za-3-zgradi-i-profit-da-se-unishtuva-zhivotot-na-3-000-zhiteli-od-vashata-opshtina/

Иако уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред Јакимовски рече дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и замина од седницата, тие повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.

Во овој предлог ДУП се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради. Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор, а која е предвидена за да може планот да се нарече развоен, изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Падна првиот ДУП во Општина Карпош appeared first on Република.

]]>

Падна првиот ДУП во Општина Карпош, соопшти советникот Роберт Вељановски, кој сподели дека со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.
Жалам што нема да видите снимка од 30-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија, вели Вељановски.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо рече дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради, но нема да има рушење на фонтана и детско игралиште, но револтирани граѓани, како што беше најавено, го пречекаа пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржувше седницата. https://republika.mk/vesti/skopje/dali-vredi-jakimovski-za-3-zgradi-i-profit-da-se-unishtuva-zhivotot-na-3-000-zhiteli-od-vashata-opshtina/ Иако уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред Јакимовски рече дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и замина од седницата, тие повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.