Дунав Archives - Република https://republika.mk/tema/dunav/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 11:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дунав Archives - Република https://republika.mk/tema/dunav/ 32 32 Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода https://republika.mk/vesti/svet/poplavi-vo-ungarija-budimpeshta-pod-voda/ Sat, 21 Sep 2024 11:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=818480

Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент.

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта.

Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.

 

The post Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода appeared first on Република.

]]>

Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент. Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година. Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.  

The post Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода appeared first on Република.

]]>
Иде Дунав: Будимпешта се подготвува за најлошото https://republika.mk/vesti/svet/ide-dunav-budimpeshta-se-podgotvuva-za-najloshoto/ Wed, 18 Sep 2024 09:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=817358

Се зголемува бројот на загинати и исчезнати во катастрофалните поплави кои се борат во делови од Централна и Источна Европа. Според последните податоци загинале 19 лица.

Полска се соочува со вонредна состојба и евакуација на населението, а најлошо е во Острава – третиот по големина чешки град кој е буквално потопен. Се излеа реката Одра, а со хеликоптер се евакуирани и последните жители.


Додека ситуацијата во Виена донекаде се стабилизира, во делови од Австрија е прогласена состојба на катастрофа.


Огромниот бран на вода што се спушта по Дунав стигна и до Словачка, а за него се подготвуваат и во Унгарија, особено во Будимпешта, каде војската е веќе на терен.

Будимпешта допрва се подготвува за најлошото, Дунав веќе поплави места долж границата со Словачка. Премиерот Виктор Орбан ја посети границата со Австрија.

The post Иде Дунав: Будимпешта се подготвува за најлошото appeared first on Република.

]]>

Се зголемува бројот на загинати и исчезнати во катастрофалните поплави кои се борат во делови од Централна и Источна Европа. Според последните податоци загинале 19 лица. Полска се соочува со вонредна состојба и евакуација на населението, а најлошо е во Острава – третиот по големина чешки град кој е буквално потопен. Се излеа реката Одра, а со хеликоптер се евакуирани и последните жители. Додека ситуацијата во Виена донекаде се стабилизира, во делови од Австрија е прогласена состојба на катастрофа. Огромниот бран на вода што се спушта по Дунав стигна и до Словачка, а за него се подготвуваат и во Унгарија, особено во Будимпешта, каде војската е веќе на терен. Будимпешта допрва се подготвува за најлошото, Дунав веќе поплави места долж границата со Словачка. Премиерот Виктор Орбан ја посети границата со Австрија.

The post Иде Дунав: Будимпешта се подготвува за најлошото appeared first on Република.

]]>
Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката https://republika.mk/vesti/balkan/som-dolg-nad-dva-metra-i-tezhok-80-kilogrami-faten-vo-dunav-ribarite-go-slikale-i-go-vratile-vo-rekata/ Sat, 29 Jun 2024 09:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=791763

Спортски риболовци од cеверна Србија, од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тешката борба“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката.

Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.

Околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки... Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.

Како што раскажува, тој порано ловел единки тешки до 35, 40 килограми - повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 - 20 килограми...

Според риболовците, најважно е што рибата жива и здрава е вратена во реката.

The post Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката appeared first on Република.

]]>

Спортски риболовци од cеверна Србија, од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тешката борба“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката. Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.
Околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки... Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.
Како што раскажува, тој порано ловел единки тешки до 35, 40 килограми - повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 - 20 килограми... Според риболовците, најважно е што рибата жива и здрава е вратена во реката.

The post Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката appeared first on Република.

]]>
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта https://republika.mk/vesti/svet/dve-litsa-go-zagubija-zhivotot-a-pet-se-vodat-za-ischeznati-vo-sudar-na-kruzer-i-chamets-na-dunav-kaj-budimpeshta/ Sun, 19 May 2024 11:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=779804

Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.

Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.

Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.

Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.

The post Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција. Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица. Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми. Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.

The post Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-kruzer-udri-vo-betonski-zid-na-dunav-17-povredeni/ Sat, 30 Mar 2024 09:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=760330

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.

За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА

The post Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени appeared first on Република.

]]>

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција. Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг. За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА

The post Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав, 17 повредени appeared first on Република.

]]>
Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја https://republika.mk/vesti/balkan/presushi-dunav-vo-srbija-ispliva-nacistichkata-istorija/ Mon, 22 Aug 2022 19:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=542981

Црноморската флота на нацистичка Германија потопила долж Дунав стотици бродови во 1944 година кога се повлекувала пред Црвената армија, а тие бродови и ден денес го попречуваат речниот сообраќај при низок водостој.

Меѓутоа, годинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното загревање, разоткри повеќе од дваесет брода на еден потег на Дунав во близина на Прахово во источна Србија, од кои многу содржат тони муниција и експлозив и претставуваат опасност во пловењето.

„Германската флота зад себе оставила голема еколошка катастрофа која ни се заканува нам, на жителите на Прахово“, вели Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово кој напишал книга за германските бродови. Работниците во локалната рибарска индустрија се исто така во опасност, вклучувајќи ги и оние во Романија, од другата страна на реката.

 

 

Месеците суша и рекордно високи температури се покажаа како пречка за речниот сообраќај на виталните артерии и во други делови на Европа, вклучувајќи ги Германија, Италија и Франција. Во Србија власти го копаат дното на реките за пловните патишта на Дунав да останат отворени.

Кај Прахово поради остатоците на некои бродови пловниот пат на Дунав е стеснет од 180 на само 100 метри. Расфрлени по речното корито, некои бродови сè уште имаат оклопни куполи, командни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат закопани во песокот.

Во март српската влада распиша тендер за спас на бродовите и отстранување на муницијата и експлозивите. Трошокот на операцијата е проценет на 29 милиони евра.

https://youtu.be/RO5cB_lwYAo

 

The post Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја appeared first on Република.

]]>

Црноморската флота на нацистичка Германија потопила долж Дунав стотици бродови во 1944 година кога се повлекувала пред Црвената армија, а тие бродови и ден денес го попречуваат речниот сообраќај при низок водостој. Меѓутоа, годинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното загревање, разоткри повеќе од дваесет брода на еден потег на Дунав во близина на Прахово во источна Србија, од кои многу содржат тони муниција и експлозив и претставуваат опасност во пловењето.
„Германската флота зад себе оставила голема еколошка катастрофа која ни се заканува нам, на жителите на Прахово“, вели Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово кој напишал книга за германските бродови. Работниците во локалната рибарска индустрија се исто така во опасност, вклучувајќи ги и оние во Романија, од другата страна на реката.
 
  Месеците суша и рекордно високи температури се покажаа како пречка за речниот сообраќај на виталните артерии и во други делови на Европа, вклучувајќи ги Германија, Италија и Франција. Во Србија власти го копаат дното на реките за пловните патишта на Дунав да останат отворени. Кај Прахово поради остатоците на некои бродови пловниот пат на Дунав е стеснет од 180 на само 100 метри. Расфрлени по речното корито, некои бродови сè уште имаат оклопни куполи, командни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат закопани во песокот. Во март српската влада распиша тендер за спас на бродовите и отстранување на муницијата и експлозивите. Трошокот на операцијата е проценет на 29 милиони евра. https://youtu.be/RO5cB_lwYAo  

The post Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја appeared first on Република.

]]>
Пресушениот Дунав откри многу тајни: Се чини дека нацистите оставија еколошка катастрофа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/presusheniot-dunav-otkri-mnogu-tajni-se-chini-deka-nacistite-ostavija-ekoloshka-katastrofa/ Sun, 21 Aug 2022 13:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=542581

Овогодинешната суша, за која научниците сметаат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци од воени бродови во дел од Дунав кај Прахово во источна Србија. Најлошата суша во Европа во изминатите години ја доведе моќната река Дунав на едно од најниските нивоа во последните сто години, откривајќи ги остатоците од десетици германски воени бродови потонати со експлозиви за време на Втората светска војна во близина на Праховo.

Бродовите, потонати на реката Дунав, биле дел од Црноморската флота на нацистичка Германија во 1944 година додека се повлекувале од напредните советски сили.

И денес овие бродови го попречуваат речниот сообраќај кога нивото на водата е ниско.

Сепак, овогодинешната суша, за која научниците веруваат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци на воени бродови на делот на Дунав кај Прахово во источна Србија. Тони муниција и експлозив се уште има во многу од нив што претставува опасност.

„Расфрлани“ по коритото на Дунав, некои од бродовите сè уште имаат куполи, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат главно потопени.

Германската флотила зад себе остави голема еколошка катастрофа која 78 години ни се заканува на нас жителите на Прахово, вели за Ројтерс, Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово, кој напишал книга за овие бродови.

Во близина на Прахово, некои од овие урнатини го стесниле водениот пат на овој дел од Дунав на само 100 метри од можни 180.

– Овде секако имаме околу 10.000 експлозивни направи. Не ја знаеме нивната состојба и дали можат да експлодираат или не. Но, ако некој експлодира, тогаш можете да погодите што не чека – додава Трајиловиќ.

Владата на Србија во март објави тендер за извлекување на остатоците и отстранување на муниција и експлозиви. Цената на операцијата беше проценета на 29 милиони евра.

The post Пресушениот Дунав откри многу тајни: Се чини дека нацистите оставија еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>

Овогодинешната суша, за која научниците сметаат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци од воени бродови во дел од Дунав кај Прахово во источна Србија. Најлошата суша во Европа во изминатите години ја доведе моќната река Дунав на едно од најниските нивоа во последните сто години, откривајќи ги остатоците од десетици германски воени бродови потонати со експлозиви за време на Втората светска војна во близина на Праховo. Бродовите, потонати на реката Дунав, биле дел од Црноморската флота на нацистичка Германија во 1944 година додека се повлекувале од напредните советски сили. И денес овие бродови го попречуваат речниот сообраќај кога нивото на водата е ниско. Сепак, овогодинешната суша, за која научниците веруваат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од 20 остатоци на воени бродови на делот на Дунав кај Прахово во источна Србија. Тони муниција и експлозив се уште има во многу од нив што претставува опасност. „Расфрлани“ по коритото на Дунав, некои од бродовите сè уште имаат куполи, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат главно потопени. Германската флотила зад себе остави голема еколошка катастрофа која 78 години ни се заканува на нас жителите на Прахово, вели за Ројтерс, Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово, кој напишал книга за овие бродови. Во близина на Прахово, некои од овие урнатини го стесниле водениот пат на овој дел од Дунав на само 100 метри од можни 180. – Овде секако имаме околу 10.000 експлозивни направи. Не ја знаеме нивната состојба и дали можат да експлодираат или не. Но, ако некој експлодира, тогаш можете да погодите што не чека – додава Трајиловиќ. Владата на Србија во март објави тендер за извлекување на остатоците и отстранување на муниција и експлозиви. Цената на операцијата беше проценета на 29 милиони евра.

The post Пресушениот Дунав откри многу тајни: Се чини дека нацистите оставија еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>
Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-i-romanija-kje-baraat-evropski-pari-za-plovidba-na-dunav/ Sat, 14 May 2022 16:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=502308

Министерот за транспорт Николај Сабев учествуваше на церемонија на именување на на новоизградениот маневарски брод „Искар“, сопственост на Извршната агенција за „Проучување и поддршка на реката Дунав“, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт.

 

За време на настанот, тој рече дека земјата заедно со Романија ќе бара европски финансиски средства, кои во следните неколку години ќе создадат нормални услови за пловидба по Дунав повеќе денови во годината и со поголем капацитет на бродови.
Ги забрзуваме чекорите кон реално спроведување на мерките поставени во проектот „Брз Дунав“, додаде Сабев, коментирајќи дека треба да се формира бугарско-романска структура која ќе аплицира со заеднички проект за европско финансирање од Механизмот за поврзана Европа.

Министерот објасни дека е време Бугарија да почне ефикасно да ги исполнува своите обврски за одржување на бродската рута, што пак значително ќе ја зголеми економската ефикасност на флотите на Дунав.

„Искар“ е најновата компонента од опремата на Агенцијата, со кој сега ќе може сама да ги врши активностите за продлабочување на реката. Се очекува, по спроведување на потребната обука на екипажот во текот на летото да почнат првите реални активности, информираат од Министерството за транспорт.

The post Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Николај Сабев учествуваше на церемонија на именување на на новоизградениот маневарски брод „Искар“, сопственост на Извршната агенција за „Проучување и поддршка на реката Дунав“, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт.   За време на настанот, тој рече дека земјата заедно со Романија ќе бара европски финансиски средства, кои во следните неколку години ќе создадат нормални услови за пловидба по Дунав повеќе денови во годината и со поголем капацитет на бродови. Ги забрзуваме чекорите кон реално спроведување на мерките поставени во проектот „Брз Дунав“, додаде Сабев, коментирајќи дека треба да се формира бугарско-романска структура која ќе аплицира со заеднички проект за европско финансирање од Механизмот за поврзана Европа. Министерот објасни дека е време Бугарија да почне ефикасно да ги исполнува своите обврски за одржување на бродската рута, што пак значително ќе ја зголеми економската ефикасност на флотите на Дунав. „Искар“ е најновата компонента од опремата на Агенцијата, со кој сега ќе може сама да ги врши активностите за продлабочување на реката. Се очекува, по спроведување на потребната обука на екипажот во текот на летото да почнат првите реални активности, информираат од Министерството за транспорт.

The post Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав appeared first on Република.

]]>
Пронајдено тело во Дунав, дали е на Матеј Периш? https://republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-telo-vo-dunav-dali-e-na-matej-perish/ Tue, 01 Feb 2022 16:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=452590

Српската полиција во Дунав пронајде човечко тело. Телото е пронајдно во Стара Паланка кај градот Вршач. Се ипитува дали станува збор за природна или наслилна смрт. Истрагата ќе покаже дали станува збор за Хрватот Матеј Периш кој е исчезнат еден месец.

Неговиот татко се уште не губи надеж  и верува дека синот е жив.

The post Пронајдено тело во Дунав, дали е на Матеј Периш? appeared first on Република.

]]>

Српската полиција во Дунав пронајде човечко тело. Телото е пронајдно во Стара Паланка кај градот Вршач. Се ипитува дали станува збор за природна или наслилна смрт. Истрагата ќе покаже дали станува збор за Хрватот Матеј Периш кој е исчезнат еден месец. Неговиот татко се уште не губи надеж  и верува дека синот е жив.

The post Пронајдено тело во Дунав, дали е на Матеј Периш? appeared first on Република.

]]>
Полицијата не го најде Матеј ниту во Дунав https://republika.mk/vesti/balkan/policijata-ne-go-najde-matej-nitu-vo-dunav/ Fri, 07 Jan 2022 22:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=441842

Потрагата по Матеј Периш, момчето од Сплит кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември се уште не дава резултати, иако денеска е осми ден од потрагата

Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ изјави дека потрагата продолжила утрово во 7 часот, а Матеј се уште не е пронајден.

-Денеска се пребаруваше Дунав, од устието, низводно по левиот и десниот брег на Дунав, а и низ територијата на Стариот град, Палилула, Гроцка, се до Смедерево. Исто така се пребаруваше и долж крајбрежјето во кое е вклучена и полициската управа Панчево до границата на Смедерево. Матеј не е во реката, изјави Мијатовиќ.

Мијатовиќ рече дека, ако телото на човекот е во вода, тој ќе исплива после 15 дена, ако претходно не е закачено некаде.

Хрватските новинари велат дека, според ангажираните сили, очигледно е дека интензитетот на потрагата не се намалува, но условите се тешки, особено во водата, а крајбрежниот дел е непристапен.

-Излегоа многу работи, има работи што не се во ред, има некои погрешни снимки, но полицијата има свој пат и план и работи, како што гледам, по протокол кој е организиран и насочен кон целта. Многу работи се случуваат, не би дал детали што ги знам, но верувајте дека се неважни за јавноста, сето тоа се некои методи, рече таткото Ненад Периш.

Таткото е убеден дека тој и неговиот Матеј ќе се вратат во Сплит, како што повеќепати има кажано „сто проценти“- „Затоа сум тука, не заминувам од овде без него. Секој што има деца може да разбере што велам“.

The post Полицијата не го најде Матеј ниту во Дунав appeared first on Република.

]]>

Потрагата по Матеј Периш, момчето од Сплит кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември се уште не дава резултати, иако денеска е осми ден од потрагата Новинарот на ТВ Пинк, Младен Мијатовиќ изјави дека потрагата продолжила утрово во 7 часот, а Матеј се уште не е пронајден. -Денеска се пребаруваше Дунав, од устието, низводно по левиот и десниот брег на Дунав, а и низ територијата на Стариот град, Палилула, Гроцка, се до Смедерево. Исто така се пребаруваше и долж крајбрежјето во кое е вклучена и полициската управа Панчево до границата на Смедерево. Матеј не е во реката, изјави Мијатовиќ. Мијатовиќ рече дека, ако телото на човекот е во вода, тој ќе исплива после 15 дена, ако претходно не е закачено некаде. Хрватските новинари велат дека, според ангажираните сили, очигледно е дека интензитетот на потрагата не се намалува, но условите се тешки, особено во водата, а крајбрежниот дел е непристапен. -Излегоа многу работи, има работи што не се во ред, има некои погрешни снимки, но полицијата има свој пат и план и работи, како што гледам, по протокол кој е организиран и насочен кон целта. Многу работи се случуваат, не би дал детали што ги знам, но верувајте дека се неважни за јавноста, сето тоа се некои методи, рече таткото Ненад Периш. Таткото е убеден дека тој и неговиот Матеј ќе се вратат во Сплит, како што повеќепати има кажано „сто проценти“- „Затоа сум тука, не заминувам од овде без него. Секој што има деца може да разбере што велам“.

The post Полицијата не го најде Матеј ниту во Дунав appeared first on Република.

]]>