дуано образование Archives - Република https://republika.mk/tema/duano-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 10:29:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуано образование Archives - Република https://republika.mk/tema/duano-obrazovanie/ 32 32 Повеќе од 450 ученици во Македонија се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-450-uchenitsi-vo-makedonija-se-del-od-programa-za-dualno-struchno-obrazovanie-po-germanski-terk/ Mon, 15 Jul 2024 10:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=796976

Успешната соработка co АХК Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство ќе продолжи затоа што квалификувани кадри им се неопходни на компаниите што работат во државата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната средба со директорката на АХК Македонија, Антје Ванделт, разговараше за проширување на моделот на дуално образование, но и унапредување врз основа на согледувањата од досегашната успешна примена.

Министерката Јаневска нагласи дека младите се во фокусот на Владата и Министерството за образование и наука. Со германскиот модел на дуално образование, средношколците добиваат современо и квалитетно стручно образование, се градат кадри кои се енормно потребни на македоснкот пазар на трудот затоа, како што рече Јаневска, заедно со партнерските компании, тоа ќе се надгради. Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за образование и Педагошката служба, го интензивираат и процесот на носење нови учебници за средното стручно образование.

Честитајќи и на министерката за изборот на позицијата, директорката Ванделт истакна дека АХК Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство е во постојан дијалог со германските инвеститори. Пред седум години започна воведување на дуално стручно образование по германски терк во македонската образовна програма. Во меѓувреме 15 компании се партнери, како германски, така и македонски, но и други интернационални компании го сметаат германскиот модел како инвестиција за успех. Програмата се спроведува во осум градови во 8 училишта. Повеќе од 450 ученици моментално се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк. И во иднина синхронизација на системот на средното образование со потребите на пазарот на трудот останува како главна цел на двете на институции.

Како што истакнаа соговорничките, очекувањата за натамошно зголемување на промотивните активности за придобивките од средното стручно образование, се од интерес како на учениците, така и на стопанството и државата во целина, велат од МОН.

The post Повеќе од 450 ученици во Македонија се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк appeared first on Република.

]]>

Успешната соработка co АХК Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство ќе продолжи затоа што квалификувани кадри им се неопходни на компаниите што работат во државата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната средба со директорката на АХК Македонија, Антје Ванделт, разговараше за проширување на моделот на дуално образование, но и унапредување врз основа на согледувањата од досегашната успешна примена. Министерката Јаневска нагласи дека младите се во фокусот на Владата и Министерството за образование и наука. Со германскиот модел на дуално образование, средношколците добиваат современо и квалитетно стручно образование, се градат кадри кои се енормно потребни на македоснкот пазар на трудот затоа, како што рече Јаневска, заедно со партнерските компании, тоа ќе се надгради. Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за образование и Педагошката служба, го интензивираат и процесот на носење нови учебници за средното стручно образование. Честитајќи и на министерката за изборот на позицијата, директорката Ванделт истакна дека АХК Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство е во постојан дијалог со германските инвеститори. Пред седум години започна воведување на дуално стручно образование по германски терк во македонската образовна програма. Во меѓувреме 15 компании се партнери, како германски, така и македонски, но и други интернационални компании го сметаат германскиот модел како инвестиција за успех. Програмата се спроведува во осум градови во 8 училишта. Повеќе од 450 ученици моментално се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк. И во иднина синхронизација на системот на средното образование со потребите на пазарот на трудот останува како главна цел на двете на институции.
Како што истакнаа соговорничките, очекувањата за натамошно зголемување на промотивните активности за придобивките од средното стручно образование, се од интерес како на учениците, така и на стопанството и државата во целина, велат од МОН.

The post Повеќе од 450 ученици во Македонија се дел од програма за дуално стручно образование по германски терк appeared first on Република.

]]>