Државната опера од Пловдив Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhavnata-opera-od-plovdiv/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 07:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Државната опера од Пловдив Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhavnata-opera-od-plovdiv/ 32 32 Балетот на Државната опера од Пловдив гостува во Националната опера и балет на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/baletot-na-drzhavnata-opera-od-plovdiv-gostuva-vo-natsionalnata-opera-i-balet-na-makedonija/ Fri, 17 Feb 2023 07:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=609969

Во Националната опера и балет на Македонија во Скопје, денеска гостува балетот на Државната опера од Пловдив. Пред публиката ќе се претстават со балетските едночинки „Долгата божиќна вечера“ и „Жени во Д-мол“. Костимограф е Раду Поклитару, сценограф е Андреј Злобин, костимограф - Дмитро Курјата, а светло дизајнер е Лена Антохина.

Настапуваат балетските уметници од балетот при Државната опера - Пловдив, Р. Бугарија. Гостувањето се реализира во соработка на Националната опера и балет на РСМ и Културно-информативниот центар на Р. Бугарија во Скопје.

„Долгата божиќна вечера“, се наведува во соопштението од БГКИЦ - Скопје, е балет-рефлексија за минливоста на животот, за суетните и бескорисни нешта со кои ги исполнуваме драгоцените минути, часови и години од нашиот престој на Земјата. Продукцијата следи деведесет години од животот на едно аристократско семејство, минувајќи во серија божиќни вечери.

„Жени во Д-Мол“ е изведба проткаена со почит кон генијалноста на Ј. С. Бах. Раду Поклитару раскажува трагична приказна за непостоечко женско пријателство, кое служи само како изговор за расплетот на невообичаено сложени повеќефигурни композиции и продорни дуетни фрагменти.

The post Балетот на Државната опера од Пловдив гостува во Националната опера и балет на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет на Македонија во Скопје, денеска гостува балетот на Државната опера од Пловдив. Пред публиката ќе се претстават со балетските едночинки „Долгата божиќна вечера“ и „Жени во Д-мол“. Костимограф е Раду Поклитару, сценограф е Андреј Злобин, костимограф - Дмитро Курјата, а светло дизајнер е Лена Антохина. Настапуваат балетските уметници од балетот при Државната опера - Пловдив, Р. Бугарија. Гостувањето се реализира во соработка на Националната опера и балет на РСМ и Културно-информативниот центар на Р. Бугарија во Скопје. „Долгата божиќна вечера“, се наведува во соопштението од БГКИЦ - Скопје, е балет-рефлексија за минливоста на животот, за суетните и бескорисни нешта со кои ги исполнуваме драгоцените минути, часови и години од нашиот престој на Земјата. Продукцијата следи деведесет години од животот на едно аристократско семејство, минувајќи во серија божиќни вечери. „Жени во Д-Мол“ е изведба проткаена со почит кон генијалноста на Ј. С. Бах. Раду Поклитару раскажува трагична приказна за непостоечко женско пријателство, кое служи само како изговор за расплетот на невообичаено сложени повеќефигурни композиции и продорни дуетни фрагменти.

The post Балетот на Државната опера од Пловдив гостува во Националната опера и балет на Македонија appeared first on Република.

]]>