државна пензија Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhavna-penzija/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 11:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна пензија Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhavna-penzija/ 32 32 Мицкоски очекува септемвриската пензија да биде зголемена за 2.500 денари, усогласувањето на пензиите ќе биде линерано https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochekuva-septemvriskata-penzija-da-bide-zgolemena-za-2-500-denari-usoglasuvaneto-na-penziite-ke-bide-linerano/ Wed, 28 Aug 2024 10:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=810837

Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линерано, нема да биде процентуално како досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој очекува најскоро откако ќе почне да функционира Парламентот, да помине овој Закон и, како што рече, септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите зголемена за 2.500 денари.

Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.

- Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот, нагласи Мицкоски. Додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн.

The post Мицкоски очекува септемвриската пензија да биде зголемена за 2.500 денари, усогласувањето на пензиите ќе биде линерано appeared first on Република.

]]>

Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линерано, нема да биде процентуално како досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува најскоро откако ќе почне да функционира Парламентот, да помине овој Закон и, како што рече, септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите зголемена за 2.500 денари. Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.
- Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот, нагласи Мицкоски. Додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн.

The post Мицкоски очекува септемвриската пензија да биде зголемена за 2.500 денари, усогласувањето на пензиите ќе биде линерано appeared first on Република.

]]>
Србија ќе го награди Ноле со државна пензија за медалот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srbija-ke-go-nagradi-nole-so-drzhavna-penzija-za-medalot/ Sun, 04 Aug 2024 19:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=803317

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“.

Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден.

Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат повеќе за олимписко злато. Израел златниот медал го наградува со 253.000, а Хонг Конг дури со 708.000 евра.

The post Србија ќе го награди Ноле со државна пензија за медалот appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“. Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден. Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат повеќе за олимписко злато. Израел златниот медал го наградува со 253.000, а Хонг Конг дури со 708.000 евра.

The post Србија ќе го награди Ноле со државна пензија за медалот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се откажа од државна пензија, но ќе има обезбедување, канцеларија и тим од тројца https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-otkazha-od-drzhavna-penzija-no-ke-ima-obezbeduvane-kantselarija-i-tim-od-trojtsa/ Tue, 14 May 2024 11:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=777944

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера.

Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават.

Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.

Во однос на административната и логостичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, се посочува во изјавата за МИА.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство, Пендаровски има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима шефот на државата, на канцелариски простор со најмногу тројца стручни соработници, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

The post Пендаровски се откажа од државна пензија, но ќе има обезбедување, канцеларија и тим од тројца appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера.
Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим.
Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават. Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.
Во однос на административната и логостичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, се посочува во изјавата за МИА.
Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство, Пендаровски има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима шефот на државата, на канцелариски простор со најмногу тројца стручни соработници, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи. Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

The post Пендаровски се откажа од државна пензија, но ќе има обезбедување, канцеларија и тим од тројца appeared first on Република.

]]>