држава граѓани Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhava-gragani/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Jan 2023 16:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png држава граѓани Archives - Република https://republika.mk/tema/drzhava-gragani/ 32 32 Граѓаните не ѝ веруваат на државата: Над 60 отсто сметаат дека не знае да се справи со кризата и инфлацијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-ne-veruvaat-na-drzhavata-nad-60-otsto-smetaat-deka-ne-znae-da-se-spravi-so-krizata-i-inflatsijata/ Sun, 29 Jan 2023 15:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=602298

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

Според истражувањето, 60,7 отсто од анкетираните сметаат дека земјава не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, додека подготвеност гледаат 32,4 отсто. Дури 62,7 отсто од граѓаните се на ставот дека не даваат резултати досегашните мерки кои Владата ги воведе за справување со последиците од економската криза и инфлацијата, додека ефект од нив гледаат 28,5 отсто од анкетираните. Најнезадоволни од мерките се во Пелагонискиот регион каде 69 отсто од граѓаните се на ставот дека владините мерки не даваат резултати.

Мнозинство од граѓаните – 56,8 отсто се песимисти во поглед на очекувањата за оваа година и сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5 отсто очекуваат намалување.

Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8 отсто од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8 отсто од анкетираните додека 17,7 отсто сметаат дека економската криза ќе заврши за две години.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека власта имала најголемо влијание и одговорност за актуелната економска криза. На скалата од 1 до 5, 44 отсто од граѓаните и дале „петка“ на Владата за степенот на одговорност за кризата, 33,2 отсто со највисок степен на одговорност за кризата ја оцениле војната во Украина, а 29 отсто други надворешни фактори.

Најмало влијание врз кризата, според граѓаните, имале корона пандемијата и опозицијата.

На скалата од 1 до 5 највисока средна оценка како највисок степен на одговорност за актуелната економска криза добила власта. Нејзината средна оценка е 3,95, а 44,3 отсто од испитаниците сметаат дека таа имала големо влијание врз кризата додека само, 8,2 отсто сметаат дека политиките на власта не влијаеле врз економската криза.Со средна оценка од 3,9 граѓаните сметаат дека други надворешни фактори имале големо влијание врз кризата. Најмала средна оценка за своето влијание врз кризата има опозицијата. На скала од 1 до 5 граѓаните ја оцениле со 3,13.

The post Граѓаните не ѝ веруваат на државата: Над 60 отсто сметаат дека не знае да се справи со кризата и инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември. Според истражувањето, 60,7 отсто од анкетираните сметаат дека земјава не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, додека подготвеност гледаат 32,4 отсто. Дури 62,7 отсто од граѓаните се на ставот дека не даваат резултати досегашните мерки кои Владата ги воведе за справување со последиците од економската криза и инфлацијата, додека ефект од нив гледаат 28,5 отсто од анкетираните. Најнезадоволни од мерките се во Пелагонискиот регион каде 69 отсто од граѓаните се на ставот дека владините мерки не даваат резултати. Мнозинство од граѓаните – 56,8 отсто се песимисти во поглед на очекувањата за оваа година и сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5 отсто очекуваат намалување. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8 отсто од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8 отсто од анкетираните додека 17,7 отсто сметаат дека економската криза ќе заврши за две години. Најголем дел од граѓаните сметаат дека власта имала најголемо влијание и одговорност за актуелната економска криза. На скалата од 1 до 5, 44 отсто од граѓаните и дале „петка“ на Владата за степенот на одговорност за кризата, 33,2 отсто со највисок степен на одговорност за кризата ја оцениле војната во Украина, а 29 отсто други надворешни фактори. Најмало влијание врз кризата, според граѓаните, имале корона пандемијата и опозицијата. На скалата од 1 до 5 највисока средна оценка како највисок степен на одговорност за актуелната економска криза добила власта. Нејзината средна оценка е 3,95, а 44,3 отсто од испитаниците сметаат дека таа имала големо влијание врз кризата додека само, 8,2 отсто сметаат дека политиките на власта не влијаеле врз економската криза.Со средна оценка од 3,9 граѓаните сметаат дека други надворешни фактори имале големо влијание врз кризата. Најмала средна оценка за своето влијание врз кризата има опозицијата. На скала од 1 до 5 граѓаните ја оцениле со 3,13.

The post Граѓаните не ѝ веруваат на државата: Над 60 отсто сметаат дека не знае да се справи со кризата и инфлацијата appeared first on Република.

]]>