државна тајна Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavna-tajna/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Apr 2023 07:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна тајна Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavna-tajna/ 32 32 Не постои деловна тајна во договори помеѓу држава и приватно лице https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-postoi-delovna-tajna-vo-dogovori-pomegu-drzhava-i-privatno-litse/ Thu, 13 Apr 2023 07:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=630405

„На Артан му објасниле ама не му дообјасниле. Договорот тој вели е класифициран затоа што побара другата страна да има деловна тајна, ама Бехтел и Енка има побарано non disclosure agreement кој нема врска со класифицирање.

Се класифицира државна тајна, воена тајна, набавка на тенкови, хеликоптери, противоздушна одбрана, пушки, пиштоли итн., а овде таква работа нема“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Тој посочи дека второто нешто каде заглави Артан Груби е тоа што странско работно лице како што е во случајот Бехтел и Енка согласно нашите закони не може да биде создавач на класифицирани информации, односно класифициран договор.

„Само Влада може да биде создавач на класифицирани информации или договор. Второ тој не кажа од кој степен е доверливоста на таа информација, бидејќи таква класификација нема и трето кој е создавачот на таа класифицирана информација ако не може Бехтел и Енка, Владата самостојно не може да создаде класифицирана информација затоа што тоа е двостран договор“, рече Николоски.

Тој се повика на членот 21 од законот за класифицирани информации и јавно истакна дека пријавува прекршувања.

„Ако со класифицирана информација се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконито дејствие односно казниво дело тогаш таквата информација нема да се смета за класифицирана. Став 2 од истиот член вели на лицата кој ќе ја пријават од Ставот 1 од овој член до надлежен орган согласно законот на укажувачи им се гарантира заштита согласно закон. Епа еве јас согласно закон за заштита на укажувачи сакам јавно да пријавам дека  ако сепак го имаат класифицирано договорот надвор од сите стандарди јас пријавувам дека тоа го направиле заради тоа што има одредени прекршувања и се повикувам на член 21 став 1 и став 2 да бидам правно заштитен“, изјави Николоски.

Во однос на тоа зошто владата не отиде на опција да земе евтини кредити и грантови Николоски истакна дека тоа е поради што тие не даваат пари на корумпирани влади бидејќи тоа е основната политика на овие три големи банки и второ даваат пари само во транспарентни процедури.

„Големи инфраструктурни проекти најчесто се градат со грантови или евтини кредити. Оваа Влада се фали дека е најпроевропската Влада, тогаш ако се најпроевропската Влада прва работа што треба да ја направат е да отидат во Брисел, Луксембург, а можат и до Стразбур и да побараат од трите европски банки, Банката на Советот на Европа, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој поволни кредити и грантови за изградба на автопат“, дециден е Николоски.

Николоски додаде дека за да Европска инвестициона банка, Европска банка за обнова и развој и банката на Советот на Европа мора да се има транспарентна постапка за избор на изведувач односно да има јавен повик, тендер на кој може да се пријави  секој што ќе исполнува услови.

„На почеток кога власта зборуваше за овој проект пред 3 години велеа дека проектот ќе дојде со финансирање односно ќе го следат евтини кредити а сега збор немаат кажано за таа работа туку велат ќе се финансира од буџетот со скапи еврообврзници затоа што ниедна од сериозните европски банки не е спремна да даде кредит на проект кој мириса на злоупотреби и кој не е транспарентен“, заклучи Николоски.

The post Не постои деловна тајна во договори помеѓу држава и приватно лице appeared first on Република.

]]>

МО го закопа Ковачевски, документот на Ковачки е вистинит, но државна тајна е дека е трајно неспособен https://republika.mk/vesti/makedonija/mo-go-zakopa-kovachevski-dokumentot-na-kovachki-e-vistinit-no-drzavna-tajna-e-deka-e-trajno-nesposoben/ Mon, 19 Sep 2022 17:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=552395

МО ќе отвори постапка за тврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина.

Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“ а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација “строго доверливо“. Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина. Министерството за одбрана ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата, велат за Канал 5 од Министерството за одбрана.

The post МО го закопа Ковачевски, документот на Ковачки е вистинит, но државна тајна е дека е трајно неспособен appeared first on Република.