Државен завод за статистика Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-zavod-za-statistika/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 07:09:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Државен завод за статистика Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-zavod-za-statistika/ 32 32 Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа https://republika.mk/vesti/makedonija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegu-drzhavniot-zavod-za-statistika-i-tsarinskata-uprava/ Sat, 28 Sep 2024 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=820468

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.

Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС.

Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.

Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.
Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС. Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.
Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>
Најмногу бракови во Чаир и Сарај, во Вевчани ниту еден https://republika.mk/zivot/semejstvo/najmnogu-brakovi-vo-chair-i-saraj-vo-vevchani-nitu-eden/ Sat, 01 Jun 2024 17:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=783938

Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти.

Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува 1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2.488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

Најмногу склучени бракови има во Скопје, 617, од кои 123 се во Чаир, 85 во Сарај, 80 во Гази Баба, по 50-ина во Карпош, Кисела Вода и Бутел… Во внатрешноста на државата, најмногу бракови се регистрирани во Липково, 123, по што следуваат Куманово, 92, Желино, 73, Кичево, 72, Битола и Врапчиште по 68, Велес, 66, Гостивар, 65, Боговиње, 60. Ниту еден брак не е склучен во Дебрца, Новаци и Вевчани.

Од регистрираните разводи, 87 се во Скопје, 44 во Велес, 37 во Куманово, 19 во Гевгелива, 18 во Битола.

The post Најмногу бракови во Чаир и Сарај, во Вевчани ниту еден appeared first on Република.

]]>

Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува 1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2.488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови. Најмногу склучени бракови има во Скопје, 617, од кои 123 се во Чаир, 85 во Сарај, 80 во Гази Баба, по 50-ина во Карпош, Кисела Вода и Бутел… Во внатрешноста на државата, најмногу бракови се регистрирани во Липково, 123, по што следуваат Куманово, 92, Желино, 73, Кичево, 72, Битола и Врапчиште по 68, Велес, 66, Гостивар, 65, Боговиње, 60. Ниту еден брак не е склучен во Дебрца, Новаци и Вевчани. Од регистрираните разводи, 87 се во Скопје, 44 во Велес, 37 во Куманово, 19 во Гевгелива, 18 во Битола.

The post Најмногу бракови во Чаир и Сарај, во Вевчани ниту еден appeared first on Република.

]]>
Во 2023 угостителските услуги поскапеле за 9.8 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-2023-ugostitelskite-uslugi-poskapele-za-9-8-otsto/ Fri, 05 Jan 2024 17:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=730174

Цените на угостителските услуги во декември во споредба со ноември 2023 година, се зголемени за 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – декември 2023 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, цените пораснале за 9.8 %, додека во однос на декември 2022 година, се зголемени за 4.3 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.

The post Во 2023 угостителските услуги поскапеле за 9.8 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените на угостителските услуги во декември во споредба со ноември 2023 година, се зголемени за 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2023 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, цените пораснале за 9.8 %, додека во однос на декември 2022 година, се зголемени за 4.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.

The post Во 2023 угостителските услуги поскапеле за 9.8 отсто appeared first on Република.

]]>
Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во третиот квартал https://republika.mk/vesti/makedonija/negativen-priroden-prirast-i-pomalku-sklucheni-brakovi-vo-tretiot-kvartal/ Wed, 30 Nov 2022 11:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=580016

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За третото квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

The post Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во третиот квартал appeared first on Република.

]]>

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња. Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година. За третото квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

The post Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во третиот квартал appeared first on Република.

]]>
Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-zavod-za-statistika-ja-podgotvi-prvata-publikacija-od-popisot-2021/ Thu, 20 Oct 2022 10:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=563515

По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Македонија.

Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите - на ниво на целата држава, но и по општини.

Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“

 

 

The post Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>

По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Македонија. Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите - на ниво на целата држава, но и по општини. Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА. Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“    

The post Државниот завод за статистика ја подготви првата публикација од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>
Сè помалку деца се раѓаат во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-pomalku-deca-se-ragjaat-vo-makedonija/ Wed, 31 Aug 2022 10:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=546022

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на  живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

The post Сè помалку деца се раѓаат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379. Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на  живородените деца е помал од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови. Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

The post Сè помалку деца се раѓаат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен https://republika.mk/vesti/makedonija/natalitetot-zgolemen-no-prirodniot-prirast-i-natamu-negativen/ Sat, 28 May 2022 08:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=507887

Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021.

Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, и нивниот број е помал за 8.4 % во споредба со истиот период од 2021 година.

Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.

The post Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен appeared first on Република.

]]>

Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021. Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, и нивниот број е помал за 8.4 % во споредба со истиот период од 2021 година. Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.

The post Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен appeared first on Република.

]]>
Плаќаме 21.4% поскапо од лани ова време, не сметајќи ја струјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/plakjame-21-4-poskapo-od-lani-ova-vreme-ne-smetajkji-ja-strujata/ Sat, 28 May 2022 07:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=507885

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.

Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %.

The post Плаќаме 21.4% поскапо од лани ова време, не сметајќи ја струјата appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво. Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %. Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %.

The post Плаќаме 21.4% поскапо од лани ова време, не сметајќи ја струјата appeared first on Република.

]]>
Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021 https://republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-zavod-za-statistika-deneska-kje-gi-objavi-podatocite-od-popisot-2021/ Wed, 30 Mar 2022 06:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=480605

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.

На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.

Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот.

Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА, вчера рече дека пописот и покрај сите предизвици е темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество.

Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува  во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани.

Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати.

На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. аа/сп/

The post Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц. Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот. Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА, вчера рече дека пописот и покрај сите предизвици е темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество. Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува  во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост… Според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани. Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата. Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати. На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. аа/сп/

The post Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021 appeared first on Република.

]]>
Груби: Неколку изјави на директорот на Заводот за статистика се за жалење! https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-nekolku-izjavi-na-direktorot-na-zavodot-za-statistika-se-za-zalenje/ Tue, 22 Mar 2022 20:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=476878

Вицепремиерот Артан Груби во гостување на ТВ21 рече дека „има неколку изјави на директорот на Заводот за статистика (Апостол Симовски) кои се за жалење“ и дека „Албанците и останатите ќе излезат толку колку што се“.

Во емисијата се зборуваше за неодамнешниот коментар на Симовски кој за себе рече дека „ќе стане државен непријател број еден“ штом ќе бидат објавени резултатите од пописот на 30 март.

– Што сакаше да каже (Симовски) со тоа? – водителот го праша Груби.

– Јас знам, но ќе оставам тој да објасни – вели Груби. – Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да ви се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина направивте извонредна работа. Секој ден од пописот водевте кампања и со дијаспората. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.

Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Според него, Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се.

Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14 отсто, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес, рече Груби.

Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата во Македонија.

The post Груби: Неколку изјави на директорот на Заводот за статистика се за жалење! appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби во гостување на ТВ21 рече дека „има неколку изјави на директорот на Заводот за статистика (Апостол Симовски) кои се за жалење“ и дека „Албанците и останатите ќе излезат толку колку што се“. Во емисијата се зборуваше за неодамнешниот коментар на Симовски кој за себе рече дека „ќе стане државен непријател број еден“ штом ќе бидат објавени резултатите од пописот на 30 март. – Што сакаше да каже (Симовски) со тоа? – водителот го праша Груби. – Јас знам, но ќе оставам тој да објасни – вели Груби. – Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да ви се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина направивте извонредна работа. Секој ден од пописот водевте кампања и со дијаспората. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата. Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Според него, Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се.
Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14 отсто, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес, рече Груби.
Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата во Македонија.

The post Груби: Неколку изјави на директорот на Заводот за статистика се за жалење! appeared first on Република.

]]>