друштвена игра Archives - Република https://republika.mk/tema/drushtvena-igra/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jan 2022 11:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png друштвена игра Archives - Република https://republika.mk/tema/drushtvena-igra/ 32 32 Заинтересирај се за политиката или таа ќе се заинтересира за тебе: „Изборологија“ – нова друштвена игра https://republika.mk/vesti/makedonija/zainteresiraj-se-za-politikata-ili-taa-kje-se-zainteresira-za-tebe-izborologija-nova-drushtvena-igra/ Tue, 18 Jan 2022 11:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=446321

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Фондација Конрад Аденауер, со цел зголемување на политичката едукација кај младите, ја креираа првата он-лајн друштвена игра за политичка едукација „Изборологија“. Играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја.

Примарна целна група за која е наменета играта се млади гласачи или млади кои допрва треба да добијат гласачко право, но играта е достапна и за сите останати заитнересирани.

Со креирање на кориснички профил за играње на www.izborologija.mk и играње на играта заедно со други корисници, играчите имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем во Македонија, да разберат како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.

Изборологија претставува добра можност преку игра да се запознае политичкиот систем на земјата. Особено е интересно што играчите се соочуваат со реални предизвици, што се дел од изборна кампања и политичките партиски активности во Македонија - изјави Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондација Конрад Аденауер во Македонија

Програмскиот директор на Здружението ЛЕАД, Илија Станковски наведе дека како организации кои нудат политичка едукација за млади низ годините, сметаат дека моделот на „гејмификација“ ќе биде добро прифатен од младите во нашата земја.

Нискиот степен на политичка свест и едукација кај младите е сериозен проблем и важно е да биде креативни при решавање на истиот. Традиционалните форми на едукација веќе не даваат големи резултати, па затоа го креиравме овој модел на учење преку игра, бидејќи тоа е она што е прифатливо за младите - истакна Станковски.

Во моментов играта „Изборологија“, по две недели од официјалното објавување, има повеќе од 200 кориснички профили.

За да се доближи играта до младите и да се поттикнат да ја користат „Изборологија“ како алатка за политичка едукација, во моментов е отворен повик за учество на турнир во играње на „Изборологија“ кој трае до 20 јануари 2022 година, а ќе се спроведе во периодот од 24 јануари – 28 јануари 2022 година. Заинтересираните можат да се пријават на следниов линк: https://lead.org.mk/calls/call-4.

Младите луѓе од Република Македонија активно учествуваат во изборните процеси во земјава, покажуваат последните статистики според кои секој втор млад човек редовно гласа на избори (53 проценти), а на последните парламентарни избори во 2020 година, гласале високи 74,7 отсто. Сепак, од друга страна повеќе од половина од младите луѓе (56 проценти) ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата. Тоа значи дека голем дел од младите неинформирано се вклучуваат во изборните процеси, што укажува на ниска политичка свест и едукација помеѓу младите - нагласија учесбиците на прес-конференцијата за „Изборологија“ 

The post Заинтересирај се за политиката или таа ќе се заинтересира за тебе: „Изборологија“ – нова друштвена игра appeared first on Република.

]]>

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Фондација Конрад Аденауер, со цел зголемување на политичката едукација кај младите, ја креираа првата он-лајн друштвена игра за политичка едукација „Изборологија“. Играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја. Примарна целна група за која е наменета играта се млади гласачи или млади кои допрва треба да добијат гласачко право, но играта е достапна и за сите останати заитнересирани. Со креирање на кориснички профил за играње на www.izborologija.mk и играње на играта заедно со други корисници, играчите имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем во Македонија, да разберат како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.
Изборологија претставува добра можност преку игра да се запознае политичкиот систем на земјата. Особено е интересно што играчите се соочуваат со реални предизвици, што се дел од изборна кампања и политичките партиски активности во Македонија - изјави Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондација Конрад Аденауер во Македонија
Програмскиот директор на Здружението ЛЕАД, Илија Станковски наведе дека како организации кои нудат политичка едукација за млади низ годините, сметаат дека моделот на „гејмификација“ ќе биде добро прифатен од младите во нашата земја.
Нискиот степен на политичка свест и едукација кај младите е сериозен проблем и важно е да биде креативни при решавање на истиот. Традиционалните форми на едукација веќе не даваат големи резултати, па затоа го креиравме овој модел на учење преку игра, бидејќи тоа е она што е прифатливо за младите - истакна Станковски.
Во моментов играта „Изборологија“, по две недели од официјалното објавување, има повеќе од 200 кориснички профили. За да се доближи играта до младите и да се поттикнат да ја користат „Изборологија“ како алатка за политичка едукација, во моментов е отворен повик за учество на турнир во играње на „Изборологија“ кој трае до 20 јануари 2022 година, а ќе се спроведе во периодот од 24 јануари – 28 јануари 2022 година. Заинтересираните можат да се пријават на следниов линк: https://lead.org.mk/calls/call-4.