Другарко Archives - Република https://republika.mk/tema/drugarko/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 09:25:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Другарко Archives - Република https://republika.mk/tema/drugarko/ 32 32 Промоција на сликовницаа „Другарко“ од Денис Јанкуловски https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-slikovnitsaa-drugarko-od-denis-jankulovski/ Fri, 10 May 2024 09:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=776678

В сабота (11 мај) од 17.00 часот во Градска библиотека "Браќа Миладиновци" – Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска.

На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, и Марија Савеска и Дени Жерновска.

Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот, Дејан Трајкоски. Сликовницата „Другарко“ на неодамнешниот Саем на книгата го доби највисокото признание за општествена одговорност кое што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Во сликовницата, главниот јунак е детето Другарко кое има аутизам и коешто си живее во својот свет, а приказната е мајсторски раскажана, испреплетена со етички поуки за другарството, заедништвото и почитувањето на поинаквите. Боите во сликовницата се ненападни, а и фонтот е едноставен, а не разигран, со цел сликовницата да можат да ја гледаат и читаат сите деца, стоеше во образложението на жири-комисијата.

„Другарко“ е е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура.

The post Промоција на сликовницаа „Другарко“ од Денис Јанкуловски appeared first on Република.

]]>

В сабота (11 мај) од 17.00 часот во Градска библиотека "Браќа Миладиновци" – Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, и Марија Савеска и Дени Жерновска. Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот, Дејан Трајкоски. Сликовницата „Другарко“ на неодамнешниот Саем на книгата го доби највисокото признание за општествена одговорност кое што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.