другар Archives - Република https://republika.mk/tema/drugar/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 13:22:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png другар Archives - Република https://republika.mk/tema/drugar/ 32 32 На родителите на 13-годишникот од Нишка Бања кој со 37 убоди уби другар им се заканува затвор од 12 години https://republika.mk/vesti/balkan/na-roditelite-na-13-godishnikot-od-nishka-bana-koj-so-37-ubodi-ubi-drugar-im-se-zakanuva-zatvor-od-12-godini/ Thu, 12 Sep 2024 13:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=815779

На М.М.М.(43) и нејзиниот сопруг М.М.(43) од Нишка Бања, родители на 13-годишникот кој на 5 октомври минатата година го масакрираше неговиот соученик Андреј Симиќ, им се заканува затворска казна до 12 години откако обвинителството го промени кривичното дело за кое што се осомничени од „злоставување и занемарување на дете“, за кое максималната казна е три години затвор, во „тешко дело против општата сигурност во соизвршителство“.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubienoto-momche-od-nish-i-negoviot-ubiets-bile-najdobri-drugari-od-treto-oddelenie/

Андреј Симиќ беше убиен со 37 убоди во семејната куќа на неговиот школски другар, а мотивот за ова злосторство сè уште е мистерија. Со оглед на тоа дека убиецот во моментот на делото имал само 13 години и е кривично неодговорен, Вишото јавно обвинителство по извршеното кривично дело се прогласи за ненадлежно и предметот го префрли на Основното јавно обвинителство. Родителите беа осомничени за малтретирање и занемарување на детето бидејќи според тврдењата на родителите на убиеното момче и на други бројни сведоци, тие не презеле ништо иако знаеле дека нивниот син секогаш со себе носи ранец полн со ножеви.

Илустрирајќи го тврдењето дека тие се одговорни за постапките на нивниот син кои кулминираа со убиството, адвокатите на семејството Симиќ до обвинителството доставија фотографии од ФБ профилот на мајката на момчето на кои таа држи пиштол додека на друга слика момчето убиец со голем нож „коли“ плишано мече.

The post На родителите на 13-годишникот од Нишка Бања кој со 37 убоди уби другар им се заканува затвор од 12 години appeared first on Република.

]]>

На М.М.М.(43) и нејзиниот сопруг М.М.(43) од Нишка Бања, родители на 13-годишникот кој на 5 октомври минатата година го масакрираше неговиот соученик Андреј Симиќ, им се заканува затворска казна до 12 години откако обвинителството го промени кривичното дело за кое што се осомничени од „злоставување и занемарување на дете“, за кое максималната казна е три години затвор, во „тешко дело против општата сигурност во соизвршителство“. https://republika.mk/vesti/balkan/ubienoto-momche-od-nish-i-negoviot-ubiets-bile-najdobri-drugari-od-treto-oddelenie/ Андреј Симиќ беше убиен со 37 убоди во семејната куќа на неговиот школски другар, а мотивот за ова злосторство сè уште е мистерија. Со оглед на тоа дека убиецот во моментот на делото имал само 13 години и е кривично неодговорен, Вишото јавно обвинителство по извршеното кривично дело се прогласи за ненадлежно и предметот го префрли на Основното јавно обвинителство. Родителите беа осомничени за малтретирање и занемарување на детето бидејќи според тврдењата на родителите на убиеното момче и на други бројни сведоци, тие не презеле ништо иако знаеле дека нивниот син секогаш со себе носи ранец полн со ножеви. Илустрирајќи го тврдењето дека тие се одговорни за постапките на нивниот син кои кулминираа со убиството, адвокатите на семејството Симиќ до обвинителството доставија фотографии од ФБ профилот на мајката на момчето на кои таа држи пиштол додека на друга слика момчето убиец со голем нож „коли“ плишано мече.  

The post На родителите на 13-годишникот од Нишка Бања кој со 37 убоди уби другар им се заканува затвор од 12 години appeared first on Република.

]]>
Скопјанец крвнички ја претепал партнерката, другар му му кажувал како подобро да ја удри https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-krvnichki-ja-pretepal-partnerkata-drugar-mu-mu-kazhuval-kako-podobro-da-ja-udri/ Wed, 07 Jun 2023 08:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=648701

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 46-годишен скопјанец за кривично дело „тешка телесна повреда“, како и против едно 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првообвинетиот да го стори семејното насилство.

На 29 мај, во својот дом на улицата „Партение Зографски“, како што соопштуваат од Јавното обвинителство, обвинетиот тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка, така што без особен повод и причина, физички ја нападнал и почнал да ја удира со шлаканици во пределот на лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, во пределот на бедрата и кај градниот кош под градите.

Вториот обвинет во тоа време бил присутен во домот на обвинетиот, но не презел ништо да ја заштити жртвата, туку напротив му давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жената од физичкиот напад, но вториот обвинет ја запрел, обраќајќи ѝ се со зборовите „остани настрана, сами нека го решат проблемот, тоа е нивнa личнa работа”. Допонително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите „ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната”, се наведува во соопштението од ЈО.

Од многубројните удари, оштетената се здобила со тешки телесни повреди - набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски.

За првообвинетиот, за кого претходно беше определена мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи притворската мерка. Предлог за определување мерка притвор беше поднесен и за вториот обвинет, но Судот не го прифати предлогот на обвинителот и не определи мерки, па по приемот на решението надлежниот јавен обвинител ќе вложи жалба на ваквата судска одлука, се додава во соопштението.

The post Скопјанец крвнички ја претепал партнерката, другар му му кажувал како подобро да ја удри appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 46-годишен скопјанец за кривично дело „тешка телесна повреда“, како и против едно 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првообвинетиот да го стори семејното насилство. На 29 мај, во својот дом на улицата „Партение Зографски“, како што соопштуваат од Јавното обвинителство, обвинетиот тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка, така што без особен повод и причина, физички ја нападнал и почнал да ја удира со шлаканици во пределот на лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, во пределот на бедрата и кај градниот кош под градите.