Дрим шорт фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/drim-short-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 12:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дрим шорт фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/drim-short-festival/ 32 32 Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга https://republika.mk/scena/film/glavna-nagrada-od-publikata-za-filmot-tak-tak-na-jane-altiparmakov-na-drim-short-festival-vo-struga/ Mon, 12 Aug 2024 12:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=805859

Филмот "Так-так" е готова е добитник на главната награда на публиката на Интернационалниот филмски фестивал во Струга.

Краткометражниот филм на Јане Алтипармаков беше селектиран и прикажан на годинашното издание на филмискиот фестивал Дрим шорт во Струга. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сања Арсовска и Даријан Петров.

Филмот е во продукција на РеалФилм, а во копродукција на Машина Продакшн.

Досега е прикажан на неколку фестивали кај нас и во светот, а добитник е на почесно признание од Cinematic European Film Festival..

Осмото издание на „Дрим шорт фестивал“ се одржа под мотото „Бесконечна слобода“, а програмата беше распределена во четири фестивалски денови со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

The post Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга appeared first on Република.

]]>

Филмот "Так-так" е готова е добитник на главната награда на публиката на Интернационалниот филмски фестивал во Струга.

Краткометражниот филм на Јане Алтипармаков беше селектиран и прикажан на годинашното издание на филмискиот фестивал Дрим шорт во Струга. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сања Арсовска и Даријан Петров. Филмот е во продукција на РеалФилм, а во копродукција на Машина Продакшн. Досега е прикажан на неколку фестивали кај нас и во светот, а добитник е на почесно признание од Cinematic European Film Festival.. Осмото издание на „Дрим шорт фестивал“ се одржа под мотото „Бесконечна слобода“, а програмата беше распределена во четири фестивалски денови со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

The post Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга appeared first on Република.

]]>
„Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival https://republika.mk/scena/iskra-ke-nastapat-vecherva-na-dream-short-festival/ Sun, 11 Aug 2024 11:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=805444

Вечерва на Летната сцена на Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга во склоп на Dream Short Festival, ќе настапат ,,Искра”.

Со своите почетоци во 2019 година, ИСКРА е аудио-визуелен проеĸт ĸој синтетизира податоци од наводен чип од иднината во форма на елеĸстронсĸи звуци проследени со интригантни анимации.

Приĸазната е сместена во Сĸопје, во 2088/2089 година, за време на „оĸупацијата“ на градот од страна на одредена ĸорпорација чии ĸоруптирани политиĸи се јавно познати. Група од четири целосно различни но еднаĸво храбри ĸараĸтери одлучуваат да и се спротивстават на ĸорпорацијата.

Сето ова е резултат на симбиозата на ĸреативните напори на Виĸтор Андоновсĸи, Владимир Петĸовиќ, Михаил Наумов и Бобан Крстев, ĸолеĸтивно познати ĸаĸо ИСКРА.

Со нивните енергични настапи ИСКРА биле дел од програмата на познати фестивали ĸаĸо Бош, Востание, Здраво Млади, Парĸо 2047, Ship Music Festival.

Од своите почетоци до денес имаат издадено два албуми. Првиот албум носи наслов „АКТ01“ издаден преĸу PMG Recordings во форма на CD и во форма на ĸасета преĸу издавачĸата ĸуќа Matracookie. Нивниот втор албум „MOTHER EARTH MOTHER BOARD“ беше издадено во април 2013 година под ĸапата на Diehard Records…

The post „Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival appeared first on Република.

]]>

Вечерва на Летната сцена на Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга во склоп на Dream Short Festival, ќе настапат ,,Искра”. Со своите почетоци во 2019 година, ИСКРА е аудио-визуелен проеĸт ĸој синтетизира податоци од наводен чип од иднината во форма на елеĸстронсĸи звуци проследени со интригантни анимации. Приĸазната е сместена во Сĸопје, во 2088/2089 година, за време на „оĸупацијата“ на градот од страна на одредена ĸорпорација чии ĸоруптирани политиĸи се јавно познати. Група од четири целосно различни но еднаĸво храбри ĸараĸтери одлучуваат да и се спротивстават на ĸорпорацијата. Сето ова е резултат на симбиозата на ĸреативните напори на Виĸтор Андоновсĸи, Владимир Петĸовиќ, Михаил Наумов и Бобан Крстев, ĸолеĸтивно познати ĸаĸо ИСКРА. Со нивните енергични настапи ИСКРА биле дел од програмата на познати фестивали ĸаĸо Бош, Востание, Здраво Млади, Парĸо 2047, Ship Music Festival. Од своите почетоци до денес имаат издадено два албуми. Првиот албум носи наслов „АКТ01“ издаден преĸу PMG Recordings во форма на CD и во форма на ĸасета преĸу издавачĸата ĸуќа Matracookie. Нивниот втор албум „MOTHER EARTH MOTHER BOARD“ беше издадено во април 2013 година под ĸапата на Diehard Records…

The post „Искра„ ќе настапат вечерва на Dream Short Festival appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-samo-gavolot-se-plashi-od-voda-vecherva-na-drim-short-festival-vo-struga/ Sat, 10 Aug 2024 12:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=805191

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.

Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.

„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора.

The post Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга appeared first on Република.

]]>

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.
Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short. Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.
„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора.

The post Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ https://republika.mk/scena/film/pod-mototo-beskonechna-sloboda-vecherva-pochnuva-festivalot-za-kratok-film-drim-short-2024/ Thu, 08 Aug 2024 08:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=804466

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга.

Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.

 

Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.

 

Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга. Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.   Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата. Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.   Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>
Неопходна убавина – седмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ https://republika.mk/vesti/kultura/neophodna-ubavina-sedmo-izdanie-na-festivalot-na-kratok-film-drim-short/ Sun, 13 Aug 2023 18:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=670701

Седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга.

Ако филмот е естетска креација, плод на колективен уметнички труд од различни умови, тогаш фестивалот е естетско-тематски собир, плод на подредувањето во универзумот кое овозможува многу различни умови, својот колективен труд наречен филм, да го презентираат на исто место, во исто време, создавајќи момент на магична илузија, необјасниво чувство на посебност за публиката и можност за размена на вистински вредности што остануваат врежани во колективната меморија. Денес, кога околу нас видливо недостасуваат едноставност, разбирање и мир, среќни сме што со специјалните мали нешта, наречени кратки филмови, придонесуваме во разубавување на времето во кое живееме. Кога светот е во опасност, убавината ќе го спаси. Кога реалноста натежнува, неопходна е убавина. Со нашето седмо издание, под мотото „Неопходна убавина“ ќе посакаме нашиот фестивал да биде само еден од многуте културни блесоци кои денес ни недостасуваат.“

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на нашиот долгогодишен соработник, режисерот Иван Бакрач. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „MK Special” со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори. Гостинските програми оваа година се плод на соработка со „DocuFest“ од Косово и „Sarajevo Film Festival“ од Сараево. Оваа година, во соработка со Еко-Свест ќе претставиме и ревијална програма на филмови чија главна тема е екологијата и заштитата на животната средина. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел,
пропратен со ексклузивен мастерклас со реномираниот ирански режисер Али Ашгари. Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани две дискусии. Првата ќе биде на тема „Соочување со минатото“ во соработка со нашите партнери Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Втората дискусија во соработка со Еко-Свест ќе биде на тема заштита на животната средина и пред сѐ Охридското Езеро, а учество ќе земат екологисти и преставници на институциите.

„Drim Short“ по втор пат ќе биде домаќин на работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.
Во музичката ОФФ програма, оваа година ќе настапат Фолтин, милениците на струшката публика, Rootboy со музичка селекција за капење на Дрим и за затворање на фестивалот диџеите Diah и Бодан Јамакоски.
Влезот за сите настани во склоп на Дрим Шорт е бесплатен. Целосната програма и
саатница е достапна на социјалните мрежи и веб-страницата на Дрим Шорт.

The post Неопходна убавина – седмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ appeared first on Република.

]]>

Седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга.
Ако филмот е естетска креација, плод на колективен уметнички труд од различни умови, тогаш фестивалот е естетско-тематски собир, плод на подредувањето во универзумот кое овозможува многу различни умови, својот колективен труд наречен филм, да го презентираат на исто место, во исто време, создавајќи момент на магична илузија, необјасниво чувство на посебност за публиката и можност за размена на вистински вредности што остануваат врежани во колективната меморија. Денес, кога околу нас видливо недостасуваат едноставност, разбирање и мир, среќни сме што со специјалните мали нешта, наречени кратки филмови, придонесуваме во разубавување на времето во кое живееме. Кога светот е во опасност, убавината ќе го спаси. Кога реалноста натежнува, неопходна е убавина. Со нашето седмо издание, под мотото „Неопходна убавина“ ќе посакаме нашиот фестивал да биде само еден од многуте културни блесоци кои денес ни недостасуваат.“
Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на нашиот долгогодишен соработник, режисерот Иван Бакрач. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „MK Special” со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори. Гостинските програми оваа година се плод на соработка со „DocuFest“ од Косово и „Sarajevo Film Festival“ од Сараево. Оваа година, во соработка со Еко-Свест ќе претставиме и ревијална програма на филмови чија главна тема е екологијата и заштитата на животната средина. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со ексклузивен мастерклас со реномираниот ирански режисер Али Ашгари. Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани две дискусии. Првата ќе биде на тема „Соочување со минатото“ во соработка со нашите партнери Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Втората дискусија во соработка со Еко-Свест ќе биде на тема заштита на животната средина и пред сѐ Охридското Езеро, а учество ќе земат екологисти и преставници на институциите. „Drim Short“ по втор пат ќе биде домаќин на работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network. Во музичката ОФФ програма, оваа година ќе настапат Фолтин, милениците на струшката публика, Rootboy со музичка селекција за капење на Дрим и за затворање на фестивалот диџеите Diah и Бодан Јамакоски. Влезот за сите настани во склоп на Дрим Шорт е бесплатен. Целосната програма и саатница е достапна на социјалните мрежи и веб-страницата на Дрим Шорт.

The post Неопходна убавина – седмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Неопходна убавина“ седмо издание на „Drim Short 2023“ од 14 до 17 август https://republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-neophodna-ubavina-sedmo-izdanie-na-drim-short-2023-od-14-do-17-avgust/ Mon, 07 Aug 2023 09:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=669524

Под мотото „Неопходна убавина“ годинава во периодот од 14 до 17 август ќе се одржи седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“ во Струга.

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма ‘Соочување со минатото’, во селекција на нашиот долгогодишен соработник, режисерот Иван Бакрач“, велат организаторите.

Покрај натпреварувачките програми, фестивалот годинава ќе ја претстави и специјалната програма „MK Special” со цел, како што информираат оттаму, промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.

Гостинските програми се во соработка со DocuFest од Косово и Sarajevo Film Festival од Сараево. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастерклас со реномираниот ирански режисер Али Ашгари, стои во најава за прогремата.

Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани и две дискусии. Првата ќе биде на тема „Соочување со минатото“ во соработка Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Втората дискусија во соработка со Еко-Свест ќе биде на тема заштита на животната средина и пред сѐ Охридското Езеро, а учество ќе земат екологисти и претставници на институциите.

На годинешното издание на фестивалот по втор пат ќе се одржи работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

Дел од музичката ОФФ програма, оваа година се Фолтин, а фестивалот оваа година ќе го затворат диџеите Diah и Бодан Јамакоски.

Целата програма може да се види тука.

 

The post Под мотото „Неопходна убавина“ седмо издание на „Drim Short 2023“ од 14 до 17 август appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Неопходна убавина“ годинава во периодот од 14 до 17 август ќе се одржи седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“ во Струга.
Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма ‘Соочување со минатото’, во селекција на нашиот долгогодишен соработник, режисерот Иван Бакрач“, велат организаторите.
Покрај натпреварувачките програми, фестивалот годинава ќе ја претстави и специјалната програма „MK Special” со цел, како што информираат оттаму, промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.
Гостинските програми се во соработка со DocuFest од Косово и Sarajevo Film Festival од Сараево. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастерклас со реномираниот ирански режисер Али Ашгари, стои во најава за прогремата.
Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани и две дискусии. Првата ќе биде на тема „Соочување со минатото“ во соработка Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Втората дискусија во соработка со Еко-Свест ќе биде на тема заштита на животната средина и пред сѐ Охридското Езеро, а учество ќе земат екологисти и претставници на институциите. На годинешното издание на фестивалот по втор пат ќе се одржи работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network. Дел од музичката ОФФ програма, оваа година се Фолтин, а фестивалот оваа година ќе го затворат диџеите Diah и Бодан Јамакоски. Целата програма може да се види тука.
 

The post Под мотото „Неопходна убавина“ седмо издание на „Drim Short 2023“ од 14 до 17 август appeared first on Република.

]]>