древен град Archives - Република https://republika.mk/tema/dreven-grad/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 15:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png древен град Archives - Република https://republika.mk/tema/dreven-grad/ 32 32 Спектакуларно археолошко откритие во Гватемала: На дното од езеро пронајден древен град на Маите https://republika.mk/vesti/svet/spektakularno-arheoloshko-otkritie-vo-gvatemala-na-dnoto-od-ezero-pronajden-dreven-grad-na-maite/ Wed, 06 Apr 2022 18:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=484261

Научниците пронашле град на древните Маи на дното на езеро во Гватемала, кое веројатно датира околу петтиот век од нашата ера.

Градот, како и остатоци од церемонијални центри, куќи и други градби, го пронашле група научници од различни земји на длабочина од 12 до 20 метри под вода во Атитлан, најголемото езеро во Гватемала, пренесоа мексиканските медиуми.

Со текот на времето, градот се нашол под вода, веројатно поради тектонска активност, бидејќи зафаќа површина од вулканско потекло на надморска височина од над 1.500 метри.

Археолозите од Аргентина, Белгија, Гватемала, Шпанија, Мексико и Франција спровеле подводни истражувања и дошле до заклучок дека вкупната површина на населбата може да достигне 60.000 квадратни метри.

https://twitter.com/KellySh21744787/status/1511069125275123714?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511069125275123714%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907567%2Fgvatemala-potopljeni-grad-maja

Се очекува во иднина да се отвори музеј во регионот Атитлан, каде ќе биде претставен дигитален модел на античкиот град, пренесува „Срна“.

Цивилизацијата на Маите го достигнала својот врв во периодот од 300 до 900 година од нашата ера, а пропаднала кога Европејците ја откриле Америка.

Градовите на оваа древна цивилизација се наоѓале на територијата на денешните Белизе, Хондурас, Гватемала, Мексико и Ел Салвадор.

На почетокот на февруари 2018 година, стана познато дека употребата на ласерски радари им помогна на научниците да пронајдат околу 60.000 згради на Маите скриени во џунглите во северна Гватемала. Според прелиминарните проценки, во тие градови би можеле да живеат околу 10 милиони луѓе.

The post Спектакуларно археолошко откритие во Гватемала: На дното од езеро пронајден древен град на Маите appeared first on Република.

]]>

Научниците пронашле град на древните Маи на дното на езеро во Гватемала, кое веројатно датира околу петтиот век од нашата ера. Градот, како и остатоци од церемонијални центри, куќи и други градби, го пронашле група научници од различни земји на длабочина од 12 до 20 метри под вода во Атитлан, најголемото езеро во Гватемала, пренесоа мексиканските медиуми. Со текот на времето, градот се нашол под вода, веројатно поради тектонска активност, бидејќи зафаќа површина од вулканско потекло на надморска височина од над 1.500 метри. Археолозите од Аргентина, Белгија, Гватемала, Шпанија, Мексико и Франција спровеле подводни истражувања и дошле до заклучок дека вкупната површина на населбата може да достигне 60.000 квадратни метри. https://twitter.com/KellySh21744787/status/1511069125275123714?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511069125275123714%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3907567%2Fgvatemala-potopljeni-grad-maja Се очекува во иднина да се отвори музеј во регионот Атитлан, каде ќе биде претставен дигитален модел на античкиот град, пренесува „Срна“. Цивилизацијата на Маите го достигнала својот врв во периодот од 300 до 900 година од нашата ера, а пропаднала кога Европејците ја откриле Америка. Градовите на оваа древна цивилизација се наоѓале на територијата на денешните Белизе, Хондурас, Гватемала, Мексико и Ел Салвадор. На почетокот на февруари 2018 година, стана познато дека употребата на ласерски радари им помогна на научниците да пронајдат околу 60.000 згради на Маите скриени во џунглите во северна Гватемала. Според прелиминарните проценки, во тие градови би можеле да живеат околу 10 милиони луѓе.

The post Спектакуларно археолошко откритие во Гватемала: На дното од езеро пронајден древен град на Маите appeared first on Република.

]]>