Драмски Archives - Република https://republika.mk/tema/dramski/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драмски Archives - Република https://republika.mk/tema/dramski/ 32 32 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар https://republika.mk/vesti/kultura/58-mtf-vojdan-chernodrinski-pochnuva-vecherva-so-heda-gabler-na-dramski-pod-mototo-promeni-se-promeni-se-prilep-do-14-juni-ke-bide-grad-teatar/ Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=785481

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.
Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.
На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.

9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

 

 

 

 

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“. Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје. На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“. Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.
Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се: 1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. 1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје. Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција: 1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура. Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.        

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>
„Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар https://republika.mk/vesti/kultura/strantsi-na-nela-vitoshevik-vecherva-na-repertoarot-na-dramskiot-teatar/ Tue, 23 Apr 2024 09:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=769596

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ.

Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски

 

Играат:
МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ
ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ
КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА
ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ
БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА
КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ
Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски

Асистент режисер: Александар Ивановски
Асистент сценограф: Димитар Петровски
Асистент костимограф: Раде Василев
Изработка на видео анимација: Милчо Узунов
Превод од италијански јазик: Викторија Еленова
Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска
Испициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Светло – мајстор: Митко Ризов
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Фотограф: Филип Кондовски

 

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.

The post „Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ. Драматург: Викторија Рангелова – Петровска Сценограф: Костантин Трпеноски Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска Композитор: Огнен Анастасовски   Играат: МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски Асистент режисер: Александар Ивановски Асистент сценограф: Димитар Петровски Асистент костимограф: Раде Василев Изработка на видео анимација: Милчо Узунов Превод од италијански јазик: Викторија Еленова Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска Испициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска Светло – мајстор: Митко Ризов Тон – мајстор: Димитар Илиоски Фотограф: Филип Кондовски   Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.

The post „Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар appeared first on Република.

]]>
„Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/kafez-kaj-kokoni-na-dramski-so-tri-nagradi-na-mtf-denovi-na-komedija-kumanovo/ Mon, 16 Oct 2023 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=691622

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023.

Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје.

На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.

„Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето.

Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов.

Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.

 

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023. Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот: Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје. На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје. „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето. Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов. Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.  

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/ Wed, 10 Aug 2022 11:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=538729

Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“ во петок на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летново издание на РУТА е театарот Улисис.

Фестивалската програма на Брионие во рамките на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји.

Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“е трет меѓународен настап на Драмски театар со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија.

Монодрамата „Кармен“ создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри-РУТА.

 

The post Драмски театар со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“ во петок на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летново издание на РУТА е театарот Улисис. Фестивалската програма на Брионие во рамките на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“е трет меѓународен настап на Драмски театар со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија. Монодрамата „Кармен“ создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри-РУТА.  

The post Драмски театар со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел во режија на Теа Беговска во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-vernisaz-od-vaclav-havel-vo-rezija-na-tea-begovska-vo-dramski/ Mon, 13 Jun 2022 10:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=514438

В среда, на 15 јуни во 20 часот на малата сцена на Драмски театар премиерно ќе биде изведна претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, а во режија на Теа Беговска.

Претставата „Вернисаж“ е смешен коментар на маргинализираниот човек. „Брачен пар, тотално заслепен, маѓепсан од материјализмот и конзумеризмот на животниот век, станува жртва на еден добро обмислен општествен систем. Станува збор за конвенционален свет во кој дури и среќата е на некој начин организирана – вели режисерката Беговска.

Во претставата играат: Роберт Вељановски, Предраг Павловски и Гордана Ендровска.

Сценограф е Енес Деари а визуелизацијата и анимациите се на Милчо Узунов. Композитор е Енес Беговски, а костимограф Раде Василев.

Во „Откривање” или „Вернисаж” на љубовта како највисока човечка свест е исто така организирана и однапред испланирана. Нивниот нов „проект” за конвенционализирање е пријателот кој им доаѓа на гости. Брачниот пар го „напаѓа” со помпезно фалење и расфрлање со коментари за нивниот прекрасен живот и „откривање” на нивните изложени антиквитети. Среќата како емоција овде е „изглумена”, преглумена, нема никаво суштинско и природно значење. А денес одредени емоции, меѓу кои и среќата, играат во интерес на креаторите на опшетстевните состојби, и нивна основна задача е одржување на овие состојби. Во суштина нивната главна улога е: маѓепсување, успивање, оржување на ниско ниво на свест кај сеопштата толпа. На овој начин се креира еден вештачки свет на вештачко однесување, вештачки начин на живот, вештачки брак. И во тој вештачки свет имаш само еден избор – да станеш и ти вештачки ако сакаш да се вклопиш во тој систем. Главната парадигма е – вклопи се за да преживееш, вели Беговска.

The post Премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел во режија на Теа Беговска во Драмски appeared first on Република.

]]>

В среда, на 15 јуни во 20 часот на малата сцена на Драмски театар премиерно ќе биде изведна претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, а во режија на Теа Беговска.
Претставата „Вернисаж“ е смешен коментар на маргинализираниот човек. „Брачен пар, тотално заслепен, маѓепсан од материјализмот и конзумеризмот на животниот век, станува жртва на еден добро обмислен општествен систем. Станува збор за конвенционален свет во кој дури и среќата е на некој начин организирана – вели режисерката Беговска.
Во претставата играат: Роберт Вељановски, Предраг Павловски и Гордана Ендровска. Сценограф е Енес Деари а визуелизацијата и анимациите се на Милчо Узунов. Композитор е Енес Беговски, а костимограф Раде Василев.
Во „Откривање” или „Вернисаж” на љубовта како највисока човечка свест е исто така организирана и однапред испланирана. Нивниот нов „проект” за конвенционализирање е пријателот кој им доаѓа на гости. Брачниот пар го „напаѓа” со помпезно фалење и расфрлање со коментари за нивниот прекрасен живот и „откривање” на нивните изложени антиквитети. Среќата како емоција овде е „изглумена”, преглумена, нема никаво суштинско и природно значење. А денес одредени емоции, меѓу кои и среќата, играат во интерес на креаторите на опшетстевните состојби, и нивна основна задача е одржување на овие состојби. Во суштина нивната главна улога е: маѓепсување, успивање, оржување на ниско ниво на свест кај сеопштата толпа. На овој начин се креира еден вештачки свет на вештачко однесување, вештачки начин на живот, вештачки брак. И во тој вештачки свет имаш само еден избор – да станеш и ти вештачки ако сакаш да се вклопиш во тој систем. Главната парадигма е – вклопи се за да преживееш, вели Беговска.

The post Премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел во режија на Теа Беговска во Драмски appeared first on Република.

]]>