драмски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/dramski-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драмски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/dramski-teatar/ 32 32 „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/drami-na-printsezite-vo-rezhija-na-slovenkata-zhiva-bizovichar-premierno-v-petok-vo-dramski-teatar/ Thu, 14 Nov 2024 12:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=837618

В петок, во 20 часот во Драмски театар премиерно ќе биде прикажана новата претставата „Драми за принцезите“ од нобеловката Елфриде Јелинек во режија на Словенката Жива Бизовичар. Претставата е наменета за лица постари од 16 години.

Во „Драми за принцезите“ сите ликови ги играат актерки: Јелена Жугиќ, Ивана Павлаковиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Јасмина Василева, Нина Елзесер и Трајанка Илиева-Вељиќ.

Словенчката екипа, освен режисерката ја сочинуваат уште и првиот драматруг Ник Жнидаршиќ и сценографот и автор на музиката Јан Кремељ. Викторија Рангелова Петровска е втор драматург, костимите се на Александар Ношпал.

Циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“, нобеловката Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот, објаснуваа од словенечкиот тим што работеше на претставата.

Актерките на денешната прес-конференција кажаа дека со „Драми за принцезите“ нудат нова естетика и публиката ќе има можност да проследи нешто што можеби во многу мала мера е присутно на македонската театаска сцена.

Претставата ја отвора Јелена Жугиќ, која го толкува ликот на Снежана.

Снежана 100 години талка низ една шума, ни жива, ни мртва, во една состојба на undead, наидува на ловецот, и како по некое сеќавање тој треба да ја спаси. Има многу смрт во претставата, но смрт како единствен начин да се роди нешто ново. Ова ќе биде претстава во која публиката или ќе ужива и ќе се вози на еден емотивен ролеркостер или нема ништо да разбере. Меѓутоа, тоа е ризик што го прифати упрпвата на театаерот и сите ние, изјави Жугиќ.

Таа говореше за текстот и неговата повеќеслојност. Нејзина партнерка во сцената е Нина Елзесар, која го толкува ликот на ловецот.

Првата асоцијација е херметичноста на текстот и уживањето кога ќе почнеме слој по слој да одмотуваме и да сфатиме всушност што сака да ни каже авторката. За нас актерите текстот е основата од која тргнуваме да работиме. Долго време во процесот изгубивме на освојување на текстот. Но, во моментов кога го освоивме, се отвори еден цел свет на можности. Би било фантастично да имаме околу 2000 рефлектори во театарот, хидраулики на сцена. Но, со она со што распологаме, направивме нешто што ќе биде доста интересно, прво како ниво на текст, второто како ниво на екипа, вели Жугиќ.

Таа се присети дека пред точно 20 години имала можност да игра во една женска претставата, „Домот на Бернарда Алба“ и сега повторно е дел од една женска претстава.

Сега сме три или четири генерации на актерки, се створи една симбиоза и повразност меѓу нас и тоа е клучно за претставата да е тоа што е - нашата повразаност, нашиот емотивен влог. Па и нека прозвучам феминистички, зошто да не, текстот има една таква значајна нишка. Жената кога е сама е немоќна, меѓутоа кога ќе се спои со жена којашто поддржува друга жена - е тоа е моќ. Моќ што руши ѕидови. Не секогаш полните сали значат успешна претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе има живот надвор од Македонија, онаму каде што сега овој начин на поставување на театар е во трка и во игра. Благодарна сум на екипата која работеше со нас и се надевам дека за нив Драмски театар, кој е сериозен театар во регионот со сериозни актери каде што нема фолирање, има соголување на чиста емоција ќе биде отскочна даска. Се е на ниво на симболи и се надевам дека јазикот ќе биде препознатлив, приказната ќе допре и дека ќе се бара карта повеќе, изјави Жугиќ.

Билјана Драгичевиќ Пројковска ја глуми Трнорушка, која ќе се боцне на трн од роза и се буди во еден необичен свет.

Се буди во нешто што не го препознава, но се труди да го врати во своите мисли и во своето постоење. Многу е тешко да се разбудиш, да не знаеш кој ќе те бакне, да не знаеш која ќе бидеш ти кога ќе се разбудиш. Се будам на возраст од 1000 години, имам 50 години и беше многу интересно кога ја добив улогата зошто јас да ја играм најубавата жена на светот. И така се доживува јас кога ќе се разбудам не знам на што личам, меѓутоа публиката ќе го има екслузивно право да види како изгледа една жена кога ќе се разбуди после 1000 години од својот задреман сон. Многу кореспондира нашата сцена со денешното општество, објасни Драгичевиќ Пројковска.

Нејзина партенрка е Сара Климоска која го толкува ликот на младиот принц.

Нејзината конфузија каде се наоѓа и кого го бакнува всушност ја прави сцената многу драматична. Каде е крајот на сцената е во крајот на краевите на приказните, додава Драгичевиќ Пројковска.

Единствениот монолог во претставата е на Трајанка Илиева - Вељиќ, која го толкува ликот на Џеки Кенеди.

Павлаковиќ и Василева ги толкуваат ликовите на славните поетеси Силвија Плат и Ингеборг Бахман.

Следните изведби, по премиерата се на 19 и на 23 ноември.

The post „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

В петок, во 20 часот во Драмски театар премиерно ќе биде прикажана новата претставата „Драми за принцезите“ од нобеловката Елфриде Јелинек во режија на Словенката Жива Бизовичар. Претставата е наменета за лица постари од 16 години. Во „Драми за принцезите“ сите ликови ги играат актерки: Јелена Жугиќ, Ивана Павлаковиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Јасмина Василева, Нина Елзесер и Трајанка Илиева-Вељиќ. Словенчката екипа, освен режисерката ја сочинуваат уште и првиот драматруг Ник Жнидаршиќ и сценографот и автор на музиката Јан Кремељ. Викторија Рангелова Петровска е втор драматург, костимите се на Александар Ношпал. Циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“, нобеловката Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот, објаснуваа од словенечкиот тим што работеше на претставата. Актерките на денешната прес-конференција кажаа дека со „Драми за принцезите“ нудат нова естетика и публиката ќе има можност да проследи нешто што можеби во многу мала мера е присутно на македонската театаска сцена. Претставата ја отвора Јелена Жугиќ, која го толкува ликот на Снежана.
Снежана 100 години талка низ една шума, ни жива, ни мртва, во една состојба на undead, наидува на ловецот, и како по некое сеќавање тој треба да ја спаси. Има многу смрт во претставата, но смрт како единствен начин да се роди нешто ново. Ова ќе биде претстава во која публиката или ќе ужива и ќе се вози на еден емотивен ролеркостер или нема ништо да разбере. Меѓутоа, тоа е ризик што го прифати упрпвата на театаерот и сите ние, изјави Жугиќ.
Таа говореше за текстот и неговата повеќеслојност. Нејзина партнерка во сцената е Нина Елзесар, која го толкува ликот на ловецот.
Првата асоцијација е херметичноста на текстот и уживањето кога ќе почнеме слој по слој да одмотуваме и да сфатиме всушност што сака да ни каже авторката. За нас актерите текстот е основата од која тргнуваме да работиме. Долго време во процесот изгубивме на освојување на текстот. Но, во моментов кога го освоивме, се отвори еден цел свет на можности. Би било фантастично да имаме околу 2000 рефлектори во театарот, хидраулики на сцена. Но, со она со што распологаме, направивме нешто што ќе биде доста интересно, прво како ниво на текст, второто како ниво на екипа, вели Жугиќ.
Таа се присети дека пред точно 20 години имала можност да игра во една женска претставата, „Домот на Бернарда Алба“ и сега повторно е дел од една женска претстава.
Сега сме три или четири генерации на актерки, се створи една симбиоза и повразност меѓу нас и тоа е клучно за претставата да е тоа што е - нашата повразаност, нашиот емотивен влог. Па и нека прозвучам феминистички, зошто да не, текстот има една таква значајна нишка. Жената кога е сама е немоќна, меѓутоа кога ќе се спои со жена којашто поддржува друга жена - е тоа е моќ. Моќ што руши ѕидови. Не секогаш полните сали значат успешна претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе има живот надвор од Македонија, онаму каде што сега овој начин на поставување на театар е во трка и во игра. Благодарна сум на екипата која работеше со нас и се надевам дека за нив Драмски театар, кој е сериозен театар во регионот со сериозни актери каде што нема фолирање, има соголување на чиста емоција ќе биде отскочна даска. Се е на ниво на симболи и се надевам дека јазикот ќе биде препознатлив, приказната ќе допре и дека ќе се бара карта повеќе, изјави Жугиќ.
Билјана Драгичевиќ Пројковска ја глуми Трнорушка, која ќе се боцне на трн од роза и се буди во еден необичен свет.
Се буди во нешто што не го препознава, но се труди да го врати во своите мисли и во своето постоење. Многу е тешко да се разбудиш, да не знаеш кој ќе те бакне, да не знаеш која ќе бидеш ти кога ќе се разбудиш. Се будам на возраст од 1000 години, имам 50 години и беше многу интересно кога ја добив улогата зошто јас да ја играм најубавата жена на светот. И така се доживува јас кога ќе се разбудам не знам на што личам, меѓутоа публиката ќе го има екслузивно право да види како изгледа една жена кога ќе се разбуди после 1000 години од својот задреман сон. Многу кореспондира нашата сцена со денешното општество, објасни Драгичевиќ Пројковска.
Нејзина партенрка е Сара Климоска која го толкува ликот на младиот принц.
Нејзината конфузија каде се наоѓа и кого го бакнува всушност ја прави сцената многу драматична. Каде е крајот на сцената е во крајот на краевите на приказните, додава Драгичевиќ Пројковска.
Единствениот монолог во претставата е на Трајанка Илиева - Вељиќ, која го толкува ликот на Џеки Кенеди. Павлаковиќ и Василева ги толкуваат ликовите на славните поетеси Силвија Плат и Ингеборг Бахман. Следните изведби, по премиерата се на 19 и на 23 ноември.  

The post „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
„Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА https://republika.mk/vesti/kultura/mislam-deka-treba-da-razgovarame-od-podgoritsa-rabotena-po-filmot-na-ingmar-bergman-stseni-od-brachniot-zhivot-vecherva-vo-dramski-teatar-na-ruta/ Fri, 18 Oct 2024 11:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=828484

Четвртата фестивалска вечер во Драмски е резервирана за гостите од Црна Гора. Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ настапува на фестивалот РУТА.

Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.

Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, „мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ Јакимовиќ.

Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“. По вечерашнава изведба на претставата се поканува публиката за тркалезната маса на која актерите ќе споделат свои впечатоци за претставата и гостувањето во Скопје.

The post „Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА appeared first on Република.

]]>

Четвртата фестивалска вечер во Драмски е резервирана за гостите од Црна Гора. Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ настапува на фестивалот РУТА. Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.
Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, „мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ Јакимовиќ.
Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“. По вечерашнава изведба на претставата се поканува публиката за тркалезната маса на која актерите ќе споделат свои впечатоци за претставата и гостувањето во Скопје.  

The post „Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица работена по филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“ вечерва во Драмски театар на РУТА appeared first on Република.

]]>
Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/kabare-kontsert-za-lazhitsi-i-gitara-na-teatarot-ulis-vecherva-na-ruta-vo-dramski/ Wed, 16 Oct 2024 07:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=827399

Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска ќе биде изведена вечерва во рамки на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје.

„Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ.

Како што соопштија од Драмскиот театар, во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје. Од театарот Улисис и Драмски театар Скопје соопштија дека се извинуваат за оваа промена во програмата.

The post Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>

Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска ќе биде изведена вечерва во рамки на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје. „Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ. Како што соопштија од Драмскиот театар, во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз. Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје. Од театарот Улисис и Драмски театар Скопје соопштија дека се извинуваат за оваа промена во програмата.  

The post Кабаре-концерт за лажици и гитара на театарот „Улис“ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-parovi-na-festivalot-otelo-vo-gostivar/ Wed, 09 Oct 2024 11:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=824619

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот.

Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар.

Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.

Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев.

Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот. Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар. Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово. Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев. Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-chudesna-terapija-gostuva-na-festivalot-sv-joakim-osogovski/ Thu, 03 Oct 2024 11:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=822171

Драмски театар Скопје утре на 4 октомври, со претставата „Чудесна терапија” ќе настапи на 16 -тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

„Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба.

Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри како и претстави од регионот.

Крива Паланка, „Градот на културата” за 2024 година во периодот на одржување на фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од Драмски театар Скопје, МНТ, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театрите од соседните земји – ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор”, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија како и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

The post Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје утре на 4 октомври, со претставата „Чудесна терапија” ќе настапи на 16 -тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″. „Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба. Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри како и претстави од регионот. Крива Паланка, „Градот на културата” за 2024 година во периодот на одржување на фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од Драмски театар Скопје, МНТ, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театрите од соседните земји – ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор”, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија како и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

The post Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>
Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ https://republika.mk/vesti/kultura/poradi-tehnichki-prichini-opera-za-tri-grosha-na-teatarot-ulisis-nema-da-dopatuva-vo-dramski-teatar-na-ruta-na-nivno-mesto-ke-nastapat-nikola-nedik-i-mario-jovev-so-kabare-kontsert-za-lazhitsi-i-gitar/ Tue, 01 Oct 2024 15:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=821476

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.

На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.

Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

The post Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ appeared first on Република.

]]>

Најавената претстава „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ од Хрватска нема да учестува на претстојното трето издание на Фестивалот РУТА во Драмски театар поради технички причини, а на нивно место гледачите ќе може да го следат кабарето – „Концерт за лажици и гитара“, соопштија од Драмски театар.
На третото издание на меѓународниот театарски фестивал Рута во Драмски театар Скопје, во среда на 16 октомври како претставник на „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ, се вели во соопштението на Драмски.
Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме. „Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите. Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го добила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

The post Поради технички причини „Опера за три гроша“ на театарот „Улисис“ нема да допатува во Драмски театар на РУТА, на нивно место ќе настапат Никола Недиќ и Марио Јовев со кабаре „Концерт за лажици и гитара“ appeared first on Република.

]]>
Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот https://republika.mk/vesti/kultura/od-15-do-20-oktomvri-dramski-teatar-skopje-e-domakin-na-festivalot-ruta-doagaat-najaktuelnite-pretstavi-od-regionot/ Fri, 27 Sep 2024 12:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=820269

Најактуелните претстави од регионот ќе гостуваат на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА кој од 15 до 20 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје, најави денеска директорот Роберт Вељановски.

РУТА е Фестивал на Регионлната унија на театари во кој членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар „Улисис“ од Загреб, Месно гледалишле од Љубњана, Градско позориште Подгорица (Црна Гора) и Драмски театар.

Фестивалот почнува на 15 октомври со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов.

Следниот ден, на 16 октомври е претставата „Опера за три гроша“ од Бертолд Брехт и Курт Веил, во режија на Ленка Удовички и ансамблите на театар „Улисис“ и Градски драмски театар „Гавела“ од Загреб.

Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ работена според истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија.

Инспирирани од филмскиот класик „Сцени од брачниот живот“ на Ингмар Бергман, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја поставија претставата „Мислам дека треба да разговараме“, со која на 18 октомври ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица.

Београдско драмско доаѓа со претставата „Швејк“, работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ.

РУТА во Драмски театар се затвора на 20 октомври со претставата „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак, работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште.

Од Драмски најавија различни цени на билети за претставите и на пакети. Новина е што оваа година студените имаат 50 отсто попуст на цените на билетите, без разлика дали станува збор за поединечен билет или блок-карти. Продажбата на билетите почнува денес на билетарницата на Драмски, секој ден од 14:30 до 20:30 часот.

The post Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот appeared first on Република.

]]>

Најактуелните претстави од регионот ќе гостуваат на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА кој од 15 до 20 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје, најави денеска директорот Роберт Вељановски. РУТА е Фестивал на Регионлната унија на театари во кој членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар „Улисис“ од Загреб, Месно гледалишле од Љубњана, Градско позориште Подгорица (Црна Гора) и Драмски театар. Фестивалот почнува на 15 октомври со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Следниот ден, на 16 октомври е претставата „Опера за три гроша“ од Бертолд Брехт и Курт Веил, во режија на Ленка Удовички и ансамблите на театар „Улисис“ и Градски драмски театар „Гавела“ од Загреб. Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ работена според истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија. Инспирирани од филмскиот класик „Сцени од брачниот живот“ на Ингмар Бергман, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја поставија претставата „Мислам дека треба да разговараме“, со која на 18 октомври ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Београдско драмско доаѓа со претставата „Швејк“, работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ. РУТА во Драмски театар се затвора на 20 октомври со претставата „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак, работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. Од Драмски најавија различни цени на билети за претставите и на пакети. Новина е што оваа година студените имаат 50 отсто попуст на цените на билетите, без разлика дали станува збор за поединечен билет или блок-карти. Продажбата на билетите почнува денес на билетарницата на Драмски, секој ден од 14:30 до 20:30 часот.  

The post Од 15 до 20 октомври Драмски театар Скопје е домаќин на Фестивалот РУТА, доаѓаат најактуелните претстави од регионот appeared first on Република.

]]>
Со „Мојот маж” Драмски театар вечерва ја отвора новата сезона https://republika.mk/vesti/kultura/so-mojot-mazh-dramski-teatar-vecherva-ja-otvora-novata-sezona/ Fri, 20 Sep 2024 07:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=818032

Новата сезона во Драмски започнува вечерва со претставата „Мојот маж". Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата „Мојот маж" ја доби награда за „Актерска бравура".

Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

По премиерата во 2020 година претставата „Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена.

На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби четири награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“.

Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.

The post Со „Мојот маж” Драмски театар вечерва ја отвора новата сезона appeared first on Република.

]]>

Новата сезона во Драмски започнува вечерва со претставата „Мојот маж". Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата „Мојот маж" ја доби награда за „Актерска бравура". Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ. По премиерата во 2020 година претставата „Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена. На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби четири награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“. Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.  

The post Со „Мојот маж” Драмски театар вечерва ја отвора новата сезона appeared first on Република.

]]>
Со наградената претстава „Мојот маж” Драмски театар на 20 септември ја отвора новата сезона https://republika.mk/vesti/kultura/so-nagradenata-pretstava-mojot-mazh-dramski-teatar-na-20-septemvri-ja-otvora-novata-sezona/ Thu, 19 Sep 2024 11:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=817779

Новата сезона во Драмски започнува утре, на 20 септември, со претставата „Мојот маж". Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата "Мојот маж" ја доби награда за „Актерска бравура".

Во образложението на жирито е истакнато: “Неспорна работа е дека актерската уметност има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт, но дека актерската подела во една претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопствената психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест”.

Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска.

Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

По премиерата во 2020 година претставата “Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена.

На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби 4 награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“.

Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.

The post Со наградената претстава „Мојот маж” Драмски театар на 20 септември ја отвора новата сезона appeared first on Република.

]]>

Новата сезона во Драмски започнува утре, на 20 септември, со претставата „Мојот маж". Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата "Мојот маж" ја доби награда за „Актерска бравура". Во образложението на жирито е истакнато: “Неспорна работа е дека актерската уметност има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт, но дека актерската подела во една претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопствената психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест”. Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ. По премиерата во 2020 година претставата “Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена. На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби 4 награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“. Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.

The post Со наградената претстава „Мојот маж” Драмски театар на 20 септември ја отвора новата сезона appeared first on Република.

]]>
Новата сезона во Драмски театар почнува в петок, со „Мојот маж“ на Нела Витошевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/novata-sezona-vo-dramski-teatar-pochnuva-v-petok-so-mojot-mazh-na-nela-vitoshevik/ Tue, 17 Sep 2024 11:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=817094

Драмски театар Скопје оваа седмица ја започнува сезоната. В петок, на 20 септември од 20 часот ќе се игра претставата „Мојот маж" во режија на Нела Витошевиќ и на 21 септември, сабота, од 20 часот ќе се игра претставата „Диши" по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата. Станува збор за дуодрама со Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

The post Новата сезона во Драмски театар почнува в петок, со „Мојот маж“ на Нела Витошевиќ appeared first on Република.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-akterkata-snezhana-stameska-vo-dramski-teatar/ Wed, 11 Sep 2024 10:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=815306

Комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се оддржи во фоајето на Драмски театар утре, на 12 септември во 12 часот.

Стамеска почина на 8 септември, а беше погребана во понеделникот на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

The post Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се оддржи во фоајето на Драмски театар утре, на 12 септември во 12 часот. Стамеска почина на 8 септември, а беше погребана во понеделникот на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели. Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи. Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

The post Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ https://republika.mk/vesti/kultura/slovenechkata-rezhiserka-zhiva-bizovichar-vo-dramski-teatar-pochnuva-da-ja-raboti-pretstavata-drama-za-printsezite/ Wed, 11 Sep 2024 10:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=815286

Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува со подготовките на претставата „Драма за принцезите“. Тоа е последната претстава за 2024 година што театарот ќе ја реализира согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам, информираат од Драмски театар.

Претставата „Драма за принцезите“ се работи по текстот „Девојката и смртта“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек. Таа е една од најодликуваните авторки кои пишуваат на германски јазик и ја добила Нобеловата награда за литература во 2004 година.

Тимот од Словенија го сочинуваат режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидрашиќ и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата му е доверена на македонскиот дизајнер Александар Ношпал.

Предизвикот во претставата е замислата на младата режисерка Жива Бизовичар сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбал при Драмски театар.

Жива Бизовичар (1998) работи како театарски и радио режисер. Дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, програма за театарска и радио режија во Љубљана и моментално ја посетува магистерската програма. Нејзините студиски продукции беа изведени на фестивалот „Борштникови средби“ и „Фестивалот на култура Костањевица“. Ја добила студентската „Прешеренова награда “ за режија за претставата „Јагабаба“ на Зајчев. Како ментор и режисер работела со Младинската сцена на АМО во Нова Горица, а редовно работи и со РТВ Словенија. Како дел од проектот „Чекајќи го Супермен“, ја режирала претставата „Жени на тест“, за која ја добила наградата „Шелиг на неделата“ на словенечката драма, наградата на Друштвото на театарски критичари и театролози од Словенија и наградата „Борштник“ за холистички пристап кон обработката на материјалите.

Премиерата на претставата се очекува во средината на ноември.

The post Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ appeared first on Република.

]]>

Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува со подготовките на претставата „Драма за принцезите“. Тоа е последната претстава за 2024 година што театарот ќе ја реализира согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам, информираат од Драмски театар. Претставата „Драма за принцезите“ се работи по текстот „Девојката и смртта“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек. Таа е една од најодликуваните авторки кои пишуваат на германски јазик и ја добила Нобеловата награда за литература во 2004 година. Тимот од Словенија го сочинуваат режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидрашиќ и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата му е доверена на македонскиот дизајнер Александар Ношпал. Предизвикот во претставата е замислата на младата режисерка Жива Бизовичар сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбал при Драмски театар. Жива Бизовичар (1998) работи како театарски и радио режисер. Дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, програма за театарска и радио режија во Љубљана и моментално ја посетува магистерската програма. Нејзините студиски продукции беа изведени на фестивалот „Борштникови средби“ и „Фестивалот на култура Костањевица“. Ја добила студентската „Прешеренова награда “ за режија за претставата „Јагабаба“ на Зајчев. Како ментор и режисер работела со Младинската сцена на АМО во Нова Горица, а редовно работи и со РТВ Словенија. Како дел од проектот „Чекајќи го Супермен“, ја режирала претставата „Жени на тест“, за која ја добила наградата „Шелиг на неделата“ на словенечката драма, наградата на Друштвото на театарски критичари и театролози од Словенија и наградата „Борштник“ за холистички пристап кон обработката на материјалите. Премиерата на претставата се очекува во средината на ноември.  

The post Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-chudesna-terapija-gostuva-na-festival-vo-tetovo/ Tue, 10 Sep 2024 12:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=814993

Со претставата „Чудесна терапија“ утре на 11 септември Драмски гостува на 9-то издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. Претставата ќе биде изведена во 20 часот во големата сала на Театарот во Тетово.

„Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев.

Улогите ги играат актерите Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска

Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“.

Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има четитиесетина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

The post Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Чудесна терапија“ утре на 11 септември Драмски гостува на 9-то издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. Претставата ќе биде изведена во 20 часот во големата сала на Театарот во Тетово. „Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев. Улогите ги играат актерите Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“. Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има четитиесетина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

The post Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово appeared first on Република.

]]>
Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-mojot-mazh-gostuva-na-teatarski-festival-vo-tivat/ Fri, 23 Aug 2024 07:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=809267

Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар Скопје ќе учествува во натпреварувачката програма на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора. Претставата ќе се игра на Летната сцена во Тиват в недела на 25 август со почеток во 21 часот.

Од оваа година организаторот најави дека покрај наградите за најдобра претстава, најдобра машка и женска улога, награда за актерско остварување и визуелно техничка иновација се водедува и награда за најдобра режија „Јагош Марковиќ“, во чест на починатиот театарски режисер кој оставил длабока трага во театарската уметност во регионот.

Селекторот на фестивалот, Борис Лијешевиќ, истакна дека претставата „Мојот маж“, работена според колажот од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози е претстава што говори за проблемите на брачната структура на Балканот каде се’ се менува.

Тој вели: „Од фирми, продавници, држави, градови, се’ се менува, единствено односот кон жената е непроменет“. Лијешевиќ потсети дека според книгата на Бужаровска се направени неколку претстави во продукции на театрите од регионот, но во селектирањето за фестивалот, тој се одлучил за претставата на Драмски театар Скопје поради нејзината изворност и автентичност.

Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова - Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием кај публиката. Претставата се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ - Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.

The post Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар Скопје ќе учествува во натпреварувачката програма на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора. Претставата ќе се игра на Летната сцена во Тиват в недела на 25 август со почеток во 21 часот. Од оваа година организаторот најави дека покрај наградите за најдобра претстава, најдобра машка и женска улога, награда за актерско остварување и визуелно техничка иновација се водедува и награда за најдобра режија „Јагош Марковиќ“, во чест на починатиот театарски режисер кој оставил длабока трага во театарската уметност во регионот. Селекторот на фестивалот, Борис Лијешевиќ, истакна дека претставата „Мојот маж“, работена според колажот од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози е претстава што говори за проблемите на брачната структура на Балканот каде се’ се менува. Тој вели: „Од фирми, продавници, држави, градови, се’ се менува, единствено односот кон жената е непроменет“. Лијешевиќ потсети дека според книгата на Бужаровска се направени неколку претстави во продукции на театрите од регионот, но во селектирањето за фестивалот, тој се одлучил за претставата на Драмски театар Скопје поради нејзината изворност и автентичност. Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова - Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ. Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием кај публиката. Претставата се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ - Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.  

The post Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со претставата „Диши“ вечерва гостува на фестивалот РУТА на Бриони https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-dishi-vecherva-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni/ Fri, 16 Aug 2024 10:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=807154

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ вечерва ќе настапи на хрватскиот остров Бриони во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА.

Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“.

Текстот „Диши“ е на Данкан Макмилан и е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка – глобална драма која низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот.

Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.

The post Драмски театар со претставата „Диши“ вечерва гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ вечерва ќе настапи на хрватскиот остров Бриони во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“. Текстот „Диши“ е на Данкан Макмилан и е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. „Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка – глобална драма која низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот. Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.  

The post Драмски театар со претставата „Диши“ вечерва гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>
Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-dishi-utre-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni/ Thu, 15 Aug 2024 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=806722

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“.

Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка - глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот.

Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. „Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема  промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот“ – велат актерите.

Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.

Драмски театар Скопје ја известува публиката дека подготовките за есенското издание на РУТА што ќе се одржува од 15 до 20 октомври во Скопје се во тек, и за љубителите на театарот најавува уште едно одлично издание на фестивалот.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ в петок на 16 август ќе гостува на Бриони во Хрватска во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“. Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. „Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка - глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот. Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. „Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема  промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот“ – велат актерите. Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал. Драмски театар Скопје ја известува публиката дека подготовките за есенското издание на РУТА што ќе се одржува од 15 до 20 октомври во Скопје се во тек, и за љубителите на театарот најавува уште едно одлично издание на фестивалот.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува на фестивалот РУТА на Бриони appeared first on Република.

]]>
Нова зграда на Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/nova-zgrada-na-dramski-teatar/ Wed, 31 Jul 2024 13:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=802026

На предлог на Министерството за култура и туризам на денешната седница на Владата беше разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје.

При тоа владата го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за изградба на нов објект на местото на постоечкиот објект на НУ Драмски театар во Скопје.

The post Нова зграда на Драмски театар appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за култура и туризам на денешната седница на Владата беше разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје. При тоа владата го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за изградба на нов објект на местото на постоечкиот објект на НУ Драмски театар во Скопје.

The post Нова зграда на Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-nas-pochnuva-zhivot-vecherva-na-vevchansko-leto-2024/ Wed, 24 Jul 2024 14:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=799900

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности.

„За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски.

Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“.

Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

“Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски.

По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности. „За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски. Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“. Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот. “За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото. “Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски. По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>
Претставата „За нас почнува живот“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-nas-pochnuva-zhivot-so-bilana-dragikevik-projkovska-i-nino-levi-ke-uchestvuva-na-vevchansko-leto-2024/ Mon, 22 Jul 2024 12:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=799194

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности.

„За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски.

Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“.

Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

“Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски.

По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности. „За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски. Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“. Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот. “За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото. “Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски. По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>
ВИДЕО: Драмски Театар под вода, министерот Љутков изврши увид https://republika.mk/vesti/makedonija/video-dramski-teatar-pod-voda-ministerot-lutkov-izvrshi-uvid/ Thu, 27 Jun 2024 19:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=791399

Драмски театар е под вода! Наместо актери, главната улога ја имаат кофите! пишува министерот за култура и туризам Зоран Љутков на Фејсбук.

Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.
Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп.

Седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите.

Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците, додава министерот за култура и туризам.

Видеото може да го погледнете тука.

The post ВИДЕО: Драмски Театар под вода, министерот Љутков изврши увид appeared first on Република.

]]>

Драмски театар е под вода! Наместо актери, главната улога ја имаат кофите! пишува министерот за култура и туризам Зоран Љутков на Фејсбук.
Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите. Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците, додава министерот за култура и туризам.
Видеото може да го погледнете тука.

The post ВИДЕО: Драмски Театар под вода, министерот Љутков изврши увид appeared first on Република.

]]>