Драгана Стикова Archives - Република https://republika.mk/tema/dragana-stikova/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 07:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драгана Стикова Archives - Република https://republika.mk/tema/dragana-stikova/ 32 32 „Надгради ја твојата реалност“ е мотото на третата конференција „Наука за деца“ која почнува денеска во Скопје https://republika.mk/zivot/kariera/nadgradi-ja-tvojata-realnost-e-mototo-na-tretata-konferentsija-nauka-za-detsa-koja-pochnuva-deneska-vo-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 07:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=828314

Во петок и сабота (18 и 19 октомври), во Интернационалното училиште НОВА, ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“.

Свеченото отворање на конференцијата е во петок (18 октомври) во 18:30 часот и целото ќе може да се следи онлајн, на Фејсбук страницата на „Наука за деца“ . Во програмата влегуваат пет предавања на деца кои минатата година од Фондација КАНТАРОТ добија стипендии за извонреден научен потенцијал. Децата беа менторирани од наши научници кои работат низ целиот свет. Главен говорник е Бас Рокерс, професор на Универзитетот Њујорк во Абу Даби, кој е своевидна рок ѕвезда во светот на виртуелната реалност.

Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и нововостановената награда „Колега Стиков“ за најдобар млад презентер, во чест на доајенот на нашето спортско новинарство, Александар Стиков, и наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, која оваа година се доделува по вторпат.

Вториот ден (19 октомври) ќе се одржат шест работилници за деца, на следниве теми: Капиларна активност + VR демонстрација, Електромотори + VR демонстрација и Француска наука со виртуелна реалност. Во текот на денот ќе биде поставена изложба на постери што НАУКА ЗА ДЕЦА ја подготви во соработка со Француски институт во Скопје. Изложбата произлегува од конкурсот за изработка на плакати на тема „Parlez-vous fran-sci?“, а за време на конференцијата ќе бидат доделени и наградите за шесте победнички постери.

„Многу сме среќни што оваа година, за првпат во Македонија, на нашата конференција НАУКА ЗА ДЕЦА сите деца ќе можат да ја почувствуваат моќта на виртуелната реалност за учење нови работи. Исто така, ќе ги видиме како говорници најталентираните деца кои минатата година добија стипендии, а ќе ги наградиме за талентот и креативноста и децата кои оваа година најмногу се истакнаа на нашите конкурси и натпревари“, вели Директорката на Фондација КАНТАРОТ, Драгана Стикова.

Целта на фондацијата КАНТАРОТ со организацијата на конференцијата НАУКА ЗА ДЕЦА, како и со сите други активности, е популаризација на науката кај децата. Фондацијата континуирано работи на негување на талентот кај децата и поттикнување на љубовта кон науката, како и на културата на донирање од заедницата за заедницата – начин на кој е финансиран и овој настан.

The post „Надгради ја твојата реалност“ е мотото на третата конференција „Наука за деца“ која почнува денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во петок и сабота (18 и 19 октомври), во Интернационалното училиште НОВА, ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Свеченото отворање на конференцијата е во петок (18 октомври) во 18:30 часот и целото ќе може да се следи онлајн, на Фејсбук страницата на „Наука за деца“ . Во програмата влегуваат пет предавања на деца кои минатата година од Фондација КАНТАРОТ добија стипендии за извонреден научен потенцијал. Децата беа менторирани од наши научници кои работат низ целиот свет. Главен говорник е Бас Рокерс, професор на Универзитетот Њујорк во Абу Даби, кој е своевидна рок ѕвезда во светот на виртуелната реалност. Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и нововостановената награда „Колега Стиков“ за најдобар млад презентер, во чест на доајенот на нашето спортско новинарство, Александар Стиков, и наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, која оваа година се доделува по вторпат. Вториот ден (19 октомври) ќе се одржат шест работилници за деца, на следниве теми: Капиларна активност + VR демонстрација, Електромотори + VR демонстрација и Француска наука со виртуелна реалност. Во текот на денот ќе биде поставена изложба на постери што НАУКА ЗА ДЕЦА ја подготви во соработка со Француски институт во Скопје. Изложбата произлегува од конкурсот за изработка на плакати на тема „Parlez-vous fran-sci?“, а за време на конференцијата ќе бидат доделени и наградите за шесте победнички постери.
„Многу сме среќни што оваа година, за првпат во Македонија, на нашата конференција НАУКА ЗА ДЕЦА сите деца ќе можат да ја почувствуваат моќта на виртуелната реалност за учење нови работи. Исто така, ќе ги видиме како говорници најталентираните деца кои минатата година добија стипендии, а ќе ги наградиме за талентот и креативноста и децата кои оваа година најмногу се истакнаа на нашите конкурси и натпревари“, вели Директорката на Фондација КАНТАРОТ, Драгана Стикова.
Целта на фондацијата КАНТАРОТ со организацијата на конференцијата НАУКА ЗА ДЕЦА, како и со сите други активности, е популаризација на науката кај децата. Фондацијата континуирано работи на негување на талентот кај децата и поттикнување на љубовта кон науката, како и на културата на донирање од заедницата за заедницата – начин на кој е финансиран и овој настан.

The post „Надгради ја твојата реалност“ е мотото на третата конференција „Наука за деца“ која почнува денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ако ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, кога ќе пораснат ќе имаат моќни алатки за подобрување на светот https://republika.mk/vesti/kultura/ako-gi-nauchime-decata-da-postavuvaat-prashanja-i-da-izvlekuvaat-zakluchoci-koga-kje-porasnat-kje-imaat-mokjni-alatki-za-podobruvanje-na-svetot/ Fri, 20 May 2022 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=504196

Научната писменост е важна за децата поради потребата да не се земаат работите здраво за готово. Ако ние ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, тогаш кога ќе пораснат, ќе имаат моќни алатки за приспособување на светот, а можеби и за негово подобрување, вели Никола Стиков, професор на Универзитетот на Монтреал, Канада.

Стиков (43), е професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада. Тој е првиот Македонец што дипломирал, магистрирал и докториррал на американскиот Универзитет „Стенфорд“. Истражувањата му се во областа на квантитативната магнетна резонанција и нејзината примена во психолоијата и во неврологијата.

Стиков е еден од основачите на Фондација „Кантарот“, која произлезе од „Наука за деца“, платформа за промоција на научната писменост кај најмладите. Брачната двојка Драгана и Никола Стикови во последните две години живеат на релација Македонија – Канада, но тоа не ги спречува да бидат активни во полето на науката. Решени се и имаат желба да ја популаризираат науката меѓу децата, да ги натераат да размислуваат и да уживаат додека откриваат нови работи.

Уште пред почетокот на ковид-пандемијата, Драгана организираше работилници за деца преку Француски институт. Но, една од работилниците се откажа кога светот се затвори заради коронавирусот. Откажувањето ни дојде многу тешко, но наместо да очајуваме решивме да направиме нешто уште поамбициозно и покорисно за сите деца, вели Никола Стиков во интервју за „Република“.

[caption id="attachment_504225" align="alignnone" width="772"] Драгана и Никола Стикови[/caption]

В сабота, на 21 мај ќе се одржи Конференцијата „Наука за деца“, чијашто тема е популаризација на науката кај најмладите, во организација на Фондација „Кантарот“.

Конференцијата ќе се одржи под мотото „Од атом до штрафче, наука за секое главче“ и се состои од два дела. Во првиот дел кој ќе се одвива од 10 до 15 часот под водство на искусни научници ќе бидат организирани интересни работилници во живо со деца на возраст од 7 до 12 години. Вториот дел е наменет за родителите, наставниците и широката публика. Преку два научни панели, десетина истакнати македонски научници и професионаци ќе ја презентираат својата визија за иднината на образованието и научното описменување. Овој дел од конференцијата ќе се одвива онлајн и може да се следи на бесплатен веб-стрим.

Конференцијата е финансирана од С(ц)иеста заедницата, која ја сочинуваат над 300 научници родум од Македонија.

Што е Наука за Деца и што треба да очекуваме од претстојната конференција?

СТИКОВ: Наука за деца (nzd.mk) е платформа за промоција на научната писменост кај најмладите. На неа можете да најдете стотина видеа што ја надополнуваат предметната настава, десетици научни активности, како и многу експерименти и видео игри кои ги споделуваат деца под хаштагот #НаукаЗаДеца. Во последнава година направивме и НЗД пакетче со четири експерименти кое го користиме во НЗД работилниците низ училиштата во Македонија.

Конференцијата е шанса да се запознаеме во живо со децата, родителите и наставниците со кои две години другарувавме виртуелно. Делот во живо ќе се состои од работилници на кои деца на возраст од 7 до 12 години ќе прават холограми и ќе експериментираат со магнети. Попладнето ќе организираме онлајн панели со наши реномирани наставници и професионалци, на кои ќе разговараме за иднината на образованието.

Вечерта пак ќе организираме коктел-забава за сите наши донатори и поддржувачи. Настанот го организираме преку индивидуални донации и секој што сака да нè поддржи може да го направи тоа преку нашата веб страница.

[caption id="attachment_504233" align="alignnone" width="1200"] Работна атмосфера на една од работлиниците во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје[/caption]

Како се роди идејата за создавање на оваа платформа?

СТИКОВ: Пред пандемијата Драгана организираше работилници за деца преку Француски институт. Една од тие работилници беше за магнети, и токму таа се откажа кога светот се затвори заради коронавирусот. Откажувањето ни дојде многу тешко, но наместо да очајуваме решивме да направиме нешто уште поамбициозно и покорисно за сите деца.

„Наука за деца” е под покровителство на Фондација „Кантарот“, со желба да се промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите. Како ви е тоа замислено?

СТИКОВ: Фондацијата е помлада од Наука за деца, и во основа ја формиравме за да можеме да ги финансираме сите НЗД активности и да охрабриме поединци да придонесат како знаат и умеат. Под капа на фондацијата е и иницијативата С(ц)иеста, група од околу 300 научници родум од Македонија кои имаат редовни онлајн средби, а поддржуваме и локални ентузијасти кои можат да нè убедат дека со малку пари можат да направат многу за државата.

На социјалните мрежи објавувате натпревари со различни теми на кои може да учестуваат ученици. Каков е одѕивот?

СТИКОВ: Одѕивот е извонреден, а ентузијазмот заразен. Посебно се гордеам со натпреварот за поставувачи на прашања, оти поставувањето прашања е она што недостасува во нашиот образовен систем. Добивме преку 200 прашања, а на најуспешните одделенија им доделивме НЗД пакетчиња и работилница организирана од нашиот тим.

[caption id="attachment_504232" align="alignnone" width="1944"] Гостување на Саем на книга 2022 година[/caption]

Како ги поттикнувате учениците да учестуваат помасовно во натпреварите? Дали можеби има и награди?

СТИКОВ: И наставата и социјалните медиуми се преполни со репетитивни, да не речам досадни содржини, па кога децата ќе видат нешто ново самите се мотивираат. Прекрасно е да се видат деца како споделуваат научни експерименти на ТикТок, хаштагот #ЕднаМинутаНаука e преполн со нив. За најдобрите имаме доделено неколку вредни награди, како Нинтендо Свич, таблети и блутут слушалки. Наградите сигурно помагаат, но знам дека за ентузијасти поважно е признанието и поврзувањето со заедница на сродни души.

[caption id="attachment_504229" align="alignnone" width="1536"] НЗД пакетче со четири експерименти кое се користи во НЗД работилниците низ училиштата во Македонија[/caption]

Дали имате соработка со некои основни или средни училишта? Дали се вклучени и факултети?

СТИКОВ: Започнавме со пилот соработка со училиштето „Браќа Миладиновци“ во Аеродром. Таму дониравме една НЗД училница и таму најпрво ги тестираме нашите НЗД работилници. Откако се олабавија мерките започнавме да гостуваме и на други места, како Саемот за книга, а по НЗД конференцијата планираме да одржиме преку 30 работилници во други основни училишта. Овие работилници се подарок за децата од С(ц)иеста заедницата, група од 300 научници родум од Македонија кои веќе две години промовираат научна писменост преку редовни онлајн разговори. Започнавме и соработка со УКИМ преку неодамна формираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс).

Живееме во време на ковид-пандемија кога наместо повеќе да ѝ се верува на науката, луѓето се решаваат да веруваат во теории на заговор или квази-наука. Како може тоа да се смени?

СТИКОВ: Научната писменост е важна за децата поради потребата да не се земаат работите здраво за готово. Не е доволно да се сомневаш, тоа може да го направи секој третокласен теоретичар на заговор. Потребно е сомнежот да можеш да го преточиш во издржан експеримент, кој ќе ти покаже дали си во право или не. Во време кога целото светско знаење (и незнаење) ни е на дланка, најважно е да можеме да ја разликуваме хипотезата од шпекулацијата, фактот од манипулацијата, сигналот од шумот. Ако ние ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, тогаш кога ќе пораснат, ќе имаат моќни алатки за приспособување во светот, а можеби и за негово подобрување.

Како може да се направи науката и истражувањата да бидат привлечни за учениците? Како е возможно да се влијае на децата?

СТИКОВ: Децата учат преку примери и угледувајќи се на своите идоли. Затоа е потребно да се подигне престижот на наставниците, да имаме инфлуенсери кои ќе промовираат наука, и секако да создаваме интерактивни содржини со кои децата ќе учат преку игра. Токму попладневниот дел од нашата конференција е посветен на иднината на образованието и како може да се учи преку игра и со користење на современа технологија.

[caption id="attachment_504239" align="alignnone" width="2048"] Проф. д-р Никола Стиков со неговиот истражувачки тим[/caption]

После одреден период, каков е Вашиот впечаток за знаењата на македонските ученици?

СТИКОВ: Основците се извонредни на почетокот, но системот ги уназадува. За жал наставната програма во македонскиот образовен систем е застарена, ресурсите се ограничени, учебниците или не постојат или се неусогласени, па со секоја наредна година губиме чекор со остатокот од светот. Мислам дека е потребно да се создаде култура на критичко размислување каде што нема само да повторуваме факти туку ќе ги мотивираме децата да размислуваат со своја глава. Оценувањето на некои тестови и предмети преку Гаусова крива е уште една реформа која не чини воопшто пари, а ќе создаде култура на натпревар и рангирање што ќе ги подготви децата за иднината.

„Наука за деца“ произлезе од Фондацијата „Кантарот“. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Фондацијата?

СТИКОВ: Фондацијата пролетва слави прв роденден, така што допрва застануваме на здрави нозе и проодуваме. Сакаме да создадеме култура на донирање на долги патеки, за заедно да го подобриме нашиот образовен систем. Како што рекле старите, кој донира зло не мисли, а кој на друг донација му дава сам во неа паѓа.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Приватна архива

The post Ако ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, кога ќе пораснат ќе имаат моќни алатки за подобрување на светот appeared first on Република.

]]>

Научната писменост е важна за децата поради потребата да не се земаат работите здраво за готово. Ако ние ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, тогаш кога ќе пораснат, ќе имаат моќни алатки за приспособување на светот, а можеби и за негово подобрување, вели Никола Стиков, професор на Универзитетот на Монтреал, Канада. Стиков (43), е професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада. Тој е првиот Македонец што дипломирал, магистрирал и докториррал на американскиот Универзитет „Стенфорд“. Истражувањата му се во областа на квантитативната магнетна резонанција и нејзината примена во психолоијата и во неврологијата. Стиков е еден од основачите на Фондација „Кантарот“, која произлезе од „Наука за деца“, платформа за промоција на научната писменост кај најмладите. Брачната двојка Драгана и Никола Стикови во последните две години живеат на релација Македонија – Канада, но тоа не ги спречува да бидат активни во полето на науката. Решени се и имаат желба да ја популаризираат науката меѓу децата, да ги натераат да размислуваат и да уживаат додека откриваат нови работи.
Уште пред почетокот на ковид-пандемијата, Драгана организираше работилници за деца преку Француски институт. Но, една од работилниците се откажа кога светот се затвори заради коронавирусот. Откажувањето ни дојде многу тешко, но наместо да очајуваме решивме да направиме нешто уште поамбициозно и покорисно за сите деца, вели Никола Стиков во интервју за „Република“.
[caption id="attachment_504225" align="alignnone" width="772"] Драгана и Никола Стикови[/caption] В сабота, на 21 мај ќе се одржи Конференцијата „Наука за деца“, чијашто тема е популаризација на науката кај најмладите, во организација на Фондација „Кантарот“. Конференцијата ќе се одржи под мотото „Од атом до штрафче, наука за секое главче“ и се состои од два дела. Во првиот дел кој ќе се одвива од 10 до 15 часот под водство на искусни научници ќе бидат организирани интересни работилници во живо со деца на возраст од 7 до 12 години. Вториот дел е наменет за родителите, наставниците и широката публика. Преку два научни панели, десетина истакнати македонски научници и професионаци ќе ја презентираат својата визија за иднината на образованието и научното описменување. Овој дел од конференцијата ќе се одвива онлајн и може да се следи на бесплатен веб-стрим. Конференцијата е финансирана од С(ц)иеста заедницата, која ја сочинуваат над 300 научници родум од Македонија. Што е Наука за Деца и што треба да очекуваме од претстојната конференција? СТИКОВ: Наука за деца (nzd.mk) е платформа за промоција на научната писменост кај најмладите. На неа можете да најдете стотина видеа што ја надополнуваат предметната настава, десетици научни активности, како и многу експерименти и видео игри кои ги споделуваат деца под хаштагот #НаукаЗаДеца. Во последнава година направивме и НЗД пакетче со четири експерименти кое го користиме во НЗД работилниците низ училиштата во Македонија. Конференцијата е шанса да се запознаеме во живо со децата, родителите и наставниците со кои две години другарувавме виртуелно. Делот во живо ќе се состои од работилници на кои деца на возраст од 7 до 12 години ќе прават холограми и ќе експериментираат со магнети. Попладнето ќе организираме онлајн панели со наши реномирани наставници и професионалци, на кои ќе разговараме за иднината на образованието. Вечерта пак ќе организираме коктел-забава за сите наши донатори и поддржувачи. Настанот го организираме преку индивидуални донации и секој што сака да нè поддржи може да го направи тоа преку нашата веб страница. [caption id="attachment_504233" align="alignnone" width="1200"] Работна атмосфера на една од работлиниците во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје[/caption] Како се роди идејата за создавање на оваа платформа? СТИКОВ: Пред пандемијата Драгана организираше работилници за деца преку Француски институт. Една од тие работилници беше за магнети, и токму таа се откажа кога светот се затвори заради коронавирусот. Откажувањето ни дојде многу тешко, но наместо да очајуваме решивме да направиме нешто уште поамбициозно и покорисно за сите деца. „Наука за деца” е под покровителство на Фондација „Кантарот“, со желба да се промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите. Како ви е тоа замислено? СТИКОВ: Фондацијата е помлада од Наука за деца, и во основа ја формиравме за да можеме да ги финансираме сите НЗД активности и да охрабриме поединци да придонесат како знаат и умеат. Под капа на фондацијата е и иницијативата С(ц)иеста, група од околу 300 научници родум од Македонија кои имаат редовни онлајн средби, а поддржуваме и локални ентузијасти кои можат да нè убедат дека со малку пари можат да направат многу за државата. На социјалните мрежи објавувате натпревари со различни теми на кои може да учестуваат ученици. Каков е одѕивот? СТИКОВ: Одѕивот е извонреден, а ентузијазмот заразен. Посебно се гордеам со натпреварот за поставувачи на прашања, оти поставувањето прашања е она што недостасува во нашиот образовен систем. Добивме преку 200 прашања, а на најуспешните одделенија им доделивме НЗД пакетчиња и работилница организирана од нашиот тим. [caption id="attachment_504232" align="alignnone" width="1944"] Гостување на Саем на книга 2022 година[/caption] Како ги поттикнувате учениците да учестуваат помасовно во натпреварите? Дали можеби има и награди? СТИКОВ: И наставата и социјалните медиуми се преполни со репетитивни, да не речам досадни содржини, па кога децата ќе видат нешто ново самите се мотивираат. Прекрасно е да се видат деца како споделуваат научни експерименти на ТикТок, хаштагот #ЕднаМинутаНаука e преполн со нив. За најдобрите имаме доделено неколку вредни награди, како Нинтендо Свич, таблети и блутут слушалки. Наградите сигурно помагаат, но знам дека за ентузијасти поважно е признанието и поврзувањето со заедница на сродни души. [caption id="attachment_504229" align="alignnone" width="1536"] НЗД пакетче со четири експерименти кое се користи во НЗД работилниците низ училиштата во Македонија[/caption] Дали имате соработка со некои основни или средни училишта? Дали се вклучени и факултети? СТИКОВ: Започнавме со пилот соработка со училиштето „Браќа Миладиновци“ во Аеродром. Таму дониравме една НЗД училница и таму најпрво ги тестираме нашите НЗД работилници. Откако се олабавија мерките започнавме да гостуваме и на други места, како Саемот за книга, а по НЗД конференцијата планираме да одржиме преку 30 работилници во други основни училишта. Овие работилници се подарок за децата од С(ц)иеста заедницата, група од 300 научници родум од Македонија кои веќе две години промовираат научна писменост преку редовни онлајн разговори. Започнавме и соработка со УКИМ преку неодамна формираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс). Живееме во време на ковид-пандемија кога наместо повеќе да ѝ се верува на науката, луѓето се решаваат да веруваат во теории на заговор или квази-наука. Како може тоа да се смени? СТИКОВ: Научната писменост е важна за децата поради потребата да не се земаат работите здраво за готово. Не е доволно да се сомневаш, тоа може да го направи секој третокласен теоретичар на заговор. Потребно е сомнежот да можеш да го преточиш во издржан експеримент, кој ќе ти покаже дали си во право или не. Во време кога целото светско знаење (и незнаење) ни е на дланка, најважно е да можеме да ја разликуваме хипотезата од шпекулацијата, фактот од манипулацијата, сигналот од шумот. Ако ние ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, тогаш кога ќе пораснат, ќе имаат моќни алатки за приспособување во светот, а можеби и за негово подобрување. Како може да се направи науката и истражувањата да бидат привлечни за учениците? Како е возможно да се влијае на децата? СТИКОВ: Децата учат преку примери и угледувајќи се на своите идоли. Затоа е потребно да се подигне престижот на наставниците, да имаме инфлуенсери кои ќе промовираат наука, и секако да создаваме интерактивни содржини со кои децата ќе учат преку игра. Токму попладневниот дел од нашата конференција е посветен на иднината на образованието и како може да се учи преку игра и со користење на современа технологија. [caption id="attachment_504239" align="alignnone" width="2048"] Проф. д-р Никола Стиков со неговиот истражувачки тим[/caption] После одреден период, каков е Вашиот впечаток за знаењата на македонските ученици? СТИКОВ: Основците се извонредни на почетокот, но системот ги уназадува. За жал наставната програма во македонскиот образовен систем е застарена, ресурсите се ограничени, учебниците или не постојат или се неусогласени, па со секоја наредна година губиме чекор со остатокот од светот. Мислам дека е потребно да се создаде култура на критичко размислување каде што нема само да повторуваме факти туку ќе ги мотивираме децата да размислуваат со своја глава. Оценувањето на некои тестови и предмети преку Гаусова крива е уште една реформа која не чини воопшто пари, а ќе создаде култура на натпревар и рангирање што ќе ги подготви децата за иднината. „Наука за деца“ произлезе од Фондацијата „Кантарот“. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Фондацијата? СТИКОВ: Фондацијата пролетва слави прв роденден, така што допрва застануваме на здрави нозе и проодуваме. Сакаме да создадеме култура на донирање на долги патеки, за заедно да го подобриме нашиот образовен систем. Како што рекле старите, кој донира зло не мисли, а кој на друг донација му дава сам во неа паѓа. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Приватна архива

The post Ако ги научиме децата да поставуваат прашања и да извлекуваат заклучоци, кога ќе пораснат ќе имаат моќни алатки за подобрување на светот appeared first on Република.

]]>