Драгана Черних Archives - Република https://republika.mk/tema/dragana-chernih/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 16:01:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драгана Черних Archives - Република https://republika.mk/tema/dragana-chernih/ 32 32 Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите https://republika.mk/vesti/makedonija/zemjotresite-vo-turtsija-nemaat-direktno-vlijanie-vrz-nas-no-ima-napregana-pomegu-mikro-plochite-i-blokovite/ Mon, 06 Feb 2023 13:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=605496

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија.

Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја.

Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае.

Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.

Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија.

Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби.

Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја, пишува таа.

The post Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите appeared first on Република.

]]>

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија. Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја. Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае. Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала. Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија. Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби. Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја, пишува таа.

The post Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите appeared first on Република.

]]>