Драган Мијалковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-mijalkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 13:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Мијалковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-mijalkovski/ 32 32 Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… https://republika.mk/scena/makedonski-muzichki-vremeplov-so-natsionalniot-dhez-orkestar-andrijana-janevska-dhon-ilija-apelgrin-zoritsa-pop-ankova-dragan-mijalkovski/ Thu, 15 Aug 2024 13:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=806935

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржи традиционално по 15 пат од 19-ти до 27-ми август.

На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат Националниот џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов.

Плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

The post Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… appeared first on Република.

]]>

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржи традиционално по 15 пат од 19-ти до 27-ми август. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат Националниот џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов. Плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

The post Македонски музички времеплов со Националниот џез оркестар, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Зорица Поп-Анкова, Драган Мијалковски… appeared first on Република.

]]>
Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај https://republika.mk/scena/muzika/dragan-mijalkovski-ke-nastapi-na-svechena-akademija-vo-kriva-palanka-po-povod-24-maj/ Fri, 17 May 2024 16:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=778888

На годинашната Свечена академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај , денот на Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Крива Паланка ќе настапи македонската музичка легенда, Драган Мијалковски.

-Свеченоста ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски. Свечената академија ќе се одржи на 23 мај 2024 година, четврток, во Национална установа Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19 часот. На Академијата ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава во општината за изминатата година, ќе се доделат признанија за најдобрите ученици на генерација, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: „Кажи ми", „223-3О5", „Кажи нешто драга", „Гитаро моја" и бројни други незаборавни евергрини, за една незаборавна вечер за сите генерации, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Свечената академија се одржува секоја година традиционално, а годинава е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата".

The post Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај appeared first on Република.

]]>

На годинашната Свечена академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај , денот на Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Крива Паланка ќе настапи македонската музичка легенда, Драган Мијалковски.

-Свеченоста ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски. Свечената академија ќе се одржи на 23 мај 2024 година, четврток, во Национална установа Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19 часот. На Академијата ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава во општината за изминатата година, ќе се доделат признанија за најдобрите ученици на генерација, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: „Кажи ми", „223-3О5", „Кажи нешто драга", „Гитаро моја" и бројни други незаборавни евергрини, за една незаборавна вечер за сите генерации, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка. Свечената академија се одржува секоја година традиционално, а годинава е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата".

The post Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај appeared first on Република.

]]>
Драган Мијалковски две вечери по ред ја полнеше салата на Опера и балет: Емотивната и енергична изведба ја крена публиката на нозе https://republika.mk/scena/muzika/dragan-mijalkovski-dve-vecheri-po-red-ja-polneshe-salata-na-opera-i-balet-emotivnata-i-energichna-izvedba-ja-krena-publikata-na-noze/ Thu, 04 Apr 2024 13:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=762136

Драган Мијалковски – заслужено доби два солистички концерти, во организација на скопското Радио Бубамара, со кои одбележа значаен јубилеј на музичката сцена.

Пејачот во полн сјај, две вечери по ред ја полнеше салата на МОБ враќајќи се по два пати на бис за да ги изведе неговите хитови. „Кажи нешто, драга“,  „Ти така ми доаѓаш“, „Гитаро моја“, „Моја малечка гулабице“, „На 223-305 јави се“, „Убава си како музика“, „Перонот три“, „Оди си“… публиката ги пееше заедно со Мијалковски танцувајќи и со силни аплаузи го поздравуваше македонскиот пејач.

Направив долга пауза со пеењето, но сега веќе нема да правам толкави паузи“, рече Мијалковски, кој како гости на концертот ги имаше Горан Алачки, Љупчо Трајковски-Фис, Зорица Поп-Панкова, Жаклина Стефковска.

На неколку песни имаше и балетски точки, а со оркестарот, во кој имаше и членови на Националниот џез оркестар, диригираше Дијана Имери-Илковска.

https://republika.mk/scena/mi-imponira-koga-mladite-muzichari-prezentiraat-zabavna-nasha-makedonska-pesna/

The post Драган Мијалковски две вечери по ред ја полнеше салата на Опера и балет: Емотивната и енергична изведба ја крена публиката на нозе appeared first on Република.

]]>

Драган Мијалковски – заслужено доби два солистички концерти, во организација на скопското Радио Бубамара, со кои одбележа значаен јубилеј на музичката сцена. Пејачот во полн сјај, две вечери по ред ја полнеше салата на МОБ враќајќи се по два пати на бис за да ги изведе неговите хитови. „Кажи нешто, драга“,  „Ти така ми доаѓаш“, „Гитаро моја“, „Моја малечка гулабице“, „На 223-305 јави се“, „Убава си како музика“, „Перонот три“, „Оди си“… публиката ги пееше заедно со Мијалковски танцувајќи и со силни аплаузи го поздравуваше македонскиот пејач.
Направив долга пауза со пеењето, но сега веќе нема да правам толкави паузи“, рече Мијалковски, кој како гости на концертот ги имаше Горан Алачки, Љупчо Трајковски-Фис, Зорица Поп-Панкова, Жаклина Стефковска.
На неколку песни имаше и балетски точки, а со оркестарот, во кој имаше и членови на Националниот џез оркестар, диригираше Дијана Имери-Илковска. https://republika.mk/scena/mi-imponira-koga-mladite-muzichari-prezentiraat-zabavna-nasha-makedonska-pesna/

The post Драган Мијалковски две вечери по ред ја полнеше салата на Опера и балет: Емотивната и енергична изведба ја крена публиката на нозе appeared first on Република.

]]>
Ми импонира кога младите музичари презентираат забавна наша македонска песна https://republika.mk/scena/mi-imponira-koga-mladite-muzichari-prezentiraat-zabavna-nasha-makedonska-pesna/ Thu, 28 Mar 2024 12:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=759764

Откако првиот концерт на нашата музичка легенда, Драган Мијалковски на 2 април во Националната опера и балет се распродаде во рекордно време, организаторите најавија дека се трошат последните билети и за вториот концерт – на 3 април, а трет концерт ќе нема!

Пред големиот јубилеен концерт, музичката легенда Драган Мијалковски најде време за разговор во кој проговори за љубовта кон музиката, подготовките на концертот, радоста за еден вака голем проект... Најави и гостин на концертот, но засега не го открива.

Вашите јубилејните гала-концерти ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и  членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара. Какво е чувството да се подготвува еден вака голем проект? Како течат подготовките?

Подготовките за јубилејните концерти траат веќе подолго време, речиси повеќе од еден месец. Работи целата екипа, особено на шефот на проектот, од музички аспект, Дамир Имери, кој прави адаптации на нумерите и се додаваат гудачи. Добиваме респектабилен концертен настан. Има многу млади одлични музичари кои уживаат во тоа што го работат, особено во евергрин композициите, кои ги има доста во мојот репертоар.

Чувството за таа подготовка е пред се професионално. Кај мене секога преовладува тој професионален кодекс на однесување. Не збеснувам, ги извршувам секојдневните обврски и си вежбам посветено. Сега се навраќам на одредени песни, а оркестарот засега пробува без мене, па потоа и јас ќе им се придружам на пробите.

На програмата се Вашите најпопуларните песни кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња. Ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на кој интензивно работите. Ќе ни откриете ли за кои песни станува збор?

На концертите ќе бидат изведени моите стандардни хитови. Публиката веќе ги знае напамет. Такви имам можеби 15 и повеќе, но во моментов за да направам до 20 композиции додадов уште две нови. Едната е „Насмевни се Вардаре“, песна која е позитивна слика на нашата најголема река Вардар. Сите ние емотивно сме врзани за реката Вардар, особено оние кои живеат покрај течението на реката, а песната говори за Вардар како река хранителка.

Втората е балада и се однесува на темата самотијата како нужна, но некогаш како позитивна, а некогаш како негативна. Човекот се повлекува од врева, од настани, од урбан простор и оди во природата...она што јас го нарекувам „наследена дедовина“ и тоа е најчесто во природа, во некое село. Раскажува интересна приказна, со убави описи на природата.

И двете песни се во стилот на воспоставениот македонски шлагер кој потекнува од Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Александар Џамбазов, Славе Димитров, а по нив мојата генерација го надоградуваше шлагерот и ми импонира кога младите презентираат забавна наша македонска песна.

Организаторот вели дека очекува концертотот да биде посебен настан, време за уживање и ронка носталгија и заедничка прослава на домашната музичка култура и нашите најголеми музички вредности.... Како гледате на сето ова?

Се покажа големо интересирање за двата концерти за што особено се радувам. Но, морам да потенцирам дека големо задоволство ми е што работам со млади музичари. Ранко има големо искуство зад себе и овие два концерти кои ни претстојат се организирани на мошне високо рамниште. Посакувам и моите колеги да го доживеат истово и да добијат она што го заслужуваат, она за што сонуваат. Да снимаат песни и да имаат концерти. Очекувам да има и други вакви концерти во иднина. А младите колеги да продолжат да го негуваат шлагерот, со издржани текстови кои ќе остават белег, ќе допрат до емоциите на новите генерации со желба да го задржиме нивото и вкусот.

Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ годинава му го додели признание за животно дело на Драган Мијалковски.

Мијалковски оваа година одбележува шест децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера почнала на аудицијата „Бараме млади таленти“ во 1969 година, кога ден по успешниот настап ја направил првата радиоснимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс ју-сцената.

Најголема популарност достигна во 70-тите и 80-тите години кога соработуваше со врвните екс ју-композитори, како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар (Ацо) Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на многуте музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје….

Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-тите и 80-тите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити-култура“.

Добитникот на наградата за животно дело настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревиски оркестар во живо изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претстави како своевиден Синатра на домашната музика.

https://www.youtube.com/watch?v=upd9IbM7qc0

Концертот ќе се снима за да се архивира за идните генерации, затоа подгответе се заедно да ги пееме  незаборавните „Кажи ми“, „223-3О5“, „Скопје радост моја“, „Кажи нешто, драга“, „Перонот 3“ , „Моја малечка гулабице“, “Убава си како музика“, „Ти така ми доаѓаш“, „Оди си“, „Иди, иди, душо моја“, „Гитаро моја“, „Лебеди, пловете“ и други незаборавни песни, кои одамна си нашле место во домашната антологија на евергрини.

Разговараше Невена Поповска

The post Ми импонира кога младите музичари презентираат забавна наша македонска песна appeared first on Република.

]]>

Откако првиот концерт на нашата музичка легенда, Драган Мијалковски на 2 април во Националната опера и балет се распродаде во рекордно време, организаторите најавија дека се трошат последните билети и за вториот концерт – на 3 април, а трет концерт ќе нема! Пред големиот јубилеен концерт, музичката легенда Драган Мијалковски најде време за разговор во кој проговори за љубовта кон музиката, подготовките на концертот, радоста за еден вака голем проект... Најави и гостин на концертот, но засега не го открива. Вашите јубилејните гала-концерти ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и  членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара. Какво е чувството да се подготвува еден вака голем проект? Како течат подготовките?
Подготовките за јубилејните концерти траат веќе подолго време, речиси повеќе од еден месец. Работи целата екипа, особено на шефот на проектот, од музички аспект, Дамир Имери, кој прави адаптации на нумерите и се додаваат гудачи. Добиваме респектабилен концертен настан. Има многу млади одлични музичари кои уживаат во тоа што го работат, особено во евергрин композициите, кои ги има доста во мојот репертоар. Чувството за таа подготовка е пред се професионално. Кај мене секога преовладува тој професионален кодекс на однесување. Не збеснувам, ги извршувам секојдневните обврски и си вежбам посветено. Сега се навраќам на одредени песни, а оркестарот засега пробува без мене, па потоа и јас ќе им се придружам на пробите.
На програмата се Вашите најпопуларните песни кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња. Ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на кој интензивно работите. Ќе ни откриете ли за кои песни станува збор?
На концертите ќе бидат изведени моите стандардни хитови. Публиката веќе ги знае напамет. Такви имам можеби 15 и повеќе, но во моментов за да направам до 20 композиции додадов уште две нови. Едната е „Насмевни се Вардаре“, песна која е позитивна слика на нашата најголема река Вардар. Сите ние емотивно сме врзани за реката Вардар, особено оние кои живеат покрај течението на реката, а песната говори за Вардар како река хранителка. Втората е балада и се однесува на темата самотијата како нужна, но некогаш како позитивна, а некогаш како негативна. Човекот се повлекува од врева, од настани, од урбан простор и оди во природата...она што јас го нарекувам „наследена дедовина“ и тоа е најчесто во природа, во некое село. Раскажува интересна приказна, со убави описи на природата. И двете песни се во стилот на воспоставениот македонски шлагер кој потекнува од Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Александар Џамбазов, Славе Димитров, а по нив мојата генерација го надоградуваше шлагерот и ми импонира кога младите презентираат забавна наша македонска песна.
Организаторот вели дека очекува концертотот да биде посебен настан, време за уживање и ронка носталгија и заедничка прослава на домашната музичка култура и нашите најголеми музички вредности.... Како гледате на сето ова?
Се покажа големо интересирање за двата концерти за што особено се радувам. Но, морам да потенцирам дека големо задоволство ми е што работам со млади музичари. Ранко има големо искуство зад себе и овие два концерти кои ни претстојат се организирани на мошне високо рамниште. Посакувам и моите колеги да го доживеат истово и да добијат она што го заслужуваат, она за што сонуваат. Да снимаат песни и да имаат концерти. Очекувам да има и други вакви концерти во иднина. А младите колеги да продолжат да го негуваат шлагерот, со издржани текстови кои ќе остават белег, ќе допрат до емоциите на новите генерации со желба да го задржиме нивото и вкусот.
Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ годинава му го додели признание за животно дело на Драган Мијалковски. Мијалковски оваа година одбележува шест децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера почнала на аудицијата „Бараме млади таленти“ во 1969 година, кога ден по успешниот настап ја направил првата радиоснимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс ју-сцената. Најголема популарност достигна во 70-тите и 80-тите години кога соработуваше со врвните екс ју-композитори, како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар (Ацо) Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на многуте музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје…. Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-тите и 80-тите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити-култура“. Добитникот на наградата за животно дело настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревиски оркестар во живо изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претстави како своевиден Синатра на домашната музика. https://www.youtube.com/watch?v=upd9IbM7qc0 Концертот ќе се снима за да се архивира за идните генерации, затоа подгответе се заедно да ги пееме  незаборавните „Кажи ми“, „223-3О5“, „Скопје радост моја“, „Кажи нешто, драга“, „Перонот 3“ , „Моја малечка гулабице“, “Убава си како музика“, „Ти така ми доаѓаш“, „Оди си“, „Иди, иди, душо моја“, „Гитаро моја“, „Лебеди, пловете“ и други незаборавни песни, кои одамна си нашле место во домашната антологија на евергрини. Разговараше Невена Поповска

The post Ми импонира кога младите музичари презентираат забавна наша македонска песна appeared first on Република.

]]>
Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера https://republika.mk/scena/dragan-mijalkovski-so-dva-kontserti-ke-go-odbelezhi-jubilejot-60-godini-muzichka-kariera/ Thu, 28 Mar 2024 09:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=758584

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет.

Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.

Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет. Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара. Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>