дозволи Archives - Република https://republika.mk/tema/dozvoli/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 08:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дозволи Archives - Република https://republika.mk/tema/dozvoli/ 32 32 Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-energetika-pochnuva-izdavaneto-garantsii-za-poteklo-na-energija-od-obnovlivi-izvori/ Thu, 10 Oct 2024 08:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=825018

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, известуваат од Министерството за енергетика.

Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар, објаснуваат од ресорното министерство.

Оттаму потенцираат дека гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата, таканаречена, енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток.

Од Министерството информираат дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.

Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и влог во донесување и имплементирање на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет – Чиста енергија за сите Европејци, велат од Министерството за енергетика.

The post Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, известуваат од Министерството за енергетика. Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар, објаснуваат од ресорното министерство. Оттаму потенцираат дека гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата, таканаречена, енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток. Од Министерството информираат дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување. Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и влог во донесување и имплементирање на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет – Чиста енергија за сите Европејци, велат од Министерството за енергетика.

The post Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
На 28 корисници на дивечот во ловиштата им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/na-28-korisnitsi-na-divechot-vo-lovishtata-im-se-vracheni-67-novi-dogovori-za-odgleduvane-i-zashtita-na-divechot-vo-lovishtata/ Wed, 31 Jul 2024 10:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=801957

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на 31.07.2024 на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.

Во јули месец, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.

Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Jа подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија, конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата - истакна Трипуновски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.
Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето.

The post На 28 корисници на дивечот во ловиштата им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на 31.07.2024 на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Во јули месец, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.
Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Jа подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија, конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата - истакна Трипуновски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија. Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето.

The post На 28 корисници на дивечот во ловиштата им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата appeared first on Република.

]]>
Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-ukinuvaat-dozvolite-za-prevoz-na-tovar-i-patnitsi-megu-srbija-i-makedonija/ Wed, 07 Jun 2023 16:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=648932

Превозот на товар меѓу Србија и Македонија, што се врши во или од трети земји, со еколошки возила, ќе се либерализира, односно ќе биде ослободен од режимот на дозволи од 1 август, изјави денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

Во соопштението на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, се наведува дека ова е резултатот од договорот постигнат на состанокот на Мешовитата српско-македонска комисија за меѓународен патен превоз на патници и товари што се одржа во Охрид на 5 и 6 јуни.

„Договорено е транспортот на товар „до ​​и од трети земји“, кој се врши со еколошки возила - возила од категоријата „зелено возило“ и погоре (ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5, ЕВРО ЕЕВ и ЕУРО 6) се иззема од режимот на дозволи, односно го либерализира, почнувајќи од 1 август годинава. Исто така, либерализиран е и билатералниот карго превоз и карго превозот во транзит“, рече Весиќ во соопштението објавено на интернет страната на српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Весиќ вели дека ќе остане симболичен број на дозволи, помалку од сто, од двете страни за транспортери со нееколошки мотори, односно дизел мотори ЕВРО 0. „Тоа се мали транспортери кои живеат и работат од двете страни на границата, па сакавме да ги оставиме да работат со обврска во иднина да ги заменат нееколошките возила со еколошки“, посочи Весиќ.

Српскиот министер истакна и дека е постигнат голем успех во однос на меѓународниот превоз на патници во патниот сообраќај, бидејќи е договорено од 15 јуни годинава алтернативниот превоз на патници да се врши без дозволи.

Весиќ рече дека преговорите биле многу успешни и му се заблагодари на македонскиот колега Благој Бочварски за заедничката работа. Договорот меѓу двете страни е направен врз основа на иницијативата „Отворен Балкан“ и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

„Договорот ќе придонесе за натамошно отстранување на административните бариери, што дополнително ќе ги зајакне економиите на двете земји, а на економијата и граѓаните ќе им биде олеснето движењето на луѓе и стоки во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

 

The post Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Превозот на товар меѓу Србија и Македонија, што се врши во или од трети земји, со еколошки возила, ќе се либерализира, односно ќе биде ослободен од режимот на дозволи од 1 август, изјави денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Во соопштението на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, се наведува дека ова е резултатот од договорот постигнат на состанокот на Мешовитата српско-македонска комисија за меѓународен патен превоз на патници и товари што се одржа во Охрид на 5 и 6 јуни.
„Договорено е транспортот на товар „до ​​и од трети земји“, кој се врши со еколошки возила - возила од категоријата „зелено возило“ и погоре (ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5, ЕВРО ЕЕВ и ЕУРО 6) се иззема од режимот на дозволи, односно го либерализира, почнувајќи од 1 август годинава. Исто така, либерализиран е и билатералниот карго превоз и карго превозот во транзит“, рече Весиќ во соопштението објавено на интернет страната на српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Весиќ вели дека ќе остане симболичен број на дозволи, помалку од сто, од двете страни за транспортери со нееколошки мотори, односно дизел мотори ЕВРО 0. „Тоа се мали транспортери кои живеат и работат од двете страни на границата, па сакавме да ги оставиме да работат со обврска во иднина да ги заменат нееколошките возила со еколошки“, посочи Весиќ. Српскиот министер истакна и дека е постигнат голем успех во однос на меѓународниот превоз на патници во патниот сообраќај, бидејќи е договорено од 15 јуни годинава алтернативниот превоз на патници да се врши без дозволи. Весиќ рече дека преговорите биле многу успешни и му се заблагодари на македонскиот колега Благој Бочварски за заедничката работа. Договорот меѓу двете страни е направен врз основа на иницијативата „Отворен Балкан“ и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан. „Договорот ќе придонесе за натамошно отстранување на административните бариери, што дополнително ќе ги зајакне економиите на двете земји, а на економијата и граѓаните ќе им биде олеснето движењето на луѓе и стоки во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.  

The post Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи https://republika.mk/vesti/ekonomija/prevozot-na-stoka-megju-makedonija-i-ukraina-kje-moze-da-se-vrshi-bez-dozvoli/ Tue, 23 Aug 2022 20:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=543410

Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји - информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.

The post Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи appeared first on Република.

]]>

Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.
На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји - информира владината прес-служба.
Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.

The post Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи appeared first on Република.

]]>
Њујорк контра Врховниот суд на САД: Го забрани оружјето на многу јавни места и го отежни добивањето дозволи https://republika.mk/vesti/svet/njujork-kontra-vrhovniot-sud-na-sad-go-zabrani-oruzjeto-na-mnogu-javni-mesta-i-go-otezni-dobivanjeto-dozvoli/ Sat, 02 Jul 2022 09:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=522471

Државата Њујорк усвои закон со кој се забранува носење оружје на многу јавни места, меѓу кои и Тајмс Сквер. Во исто време се наложува оние кои бараат дозвола за оружје да мора да ги докажат своите вештини за пукање и да им ги дадат на државните службеници профилите на социјалните мрежи за преглед.

Овој закон беше усвоен на посебна законодавна седница, а неговото донесување беше поттикнато од минатонеделната одлука на Врховниот суд со која беа поништени стогодишните рестриктивни закони за оружје во Њујорк.

Мнозинството конзервативни судии на Врховниот суд за првпат во историјата пресуди дека Уставот на САД го гарантира правото на носење оружје во јавност за самоодбрана.

Демократските лидери во Њујорк ја осудија пресудата на Врховниот суд, бидејќи веруваат дека доколку има повеќе сопственици на оружје, тоа ќе доведе до поголемо вооружено насилство.

Тие признаваат дека мора да ги олабават барањата за давање дозволи за да се усогласат со пресудата, но ќе се обидат да задржат што е можно повеќе ограничувања во име на јавната безбедност. Некои од овие ограничувања сигурно ќе бидат предмет на тужби.

Врховниот суд одлучи дека барањата за дозвола, кои во Њујорк се на сила од 1911 година, на државните службеници им даваа премногу можност за одбивање да даваат дозволи.

Демократската гувернерка на Њујорк, Кети Хочул, свика итна седница и порача дека досегашните закони за оружје во Њујорк резултирале со тоа Њујорк да има петта најниска стапка на смртност од оружје од 50 сојузни држави.

Нашата држава ќе продолжи да ги штити граѓаните на Њујорк и покрај одлуката на Врховниот суд - изјави таа на конференција, додека пратениците расправаа за законот.

The post Њујорк контра Врховниот суд на САД: Го забрани оружјето на многу јавни места и го отежни добивањето дозволи appeared first on Република.

]]>

Државата Њујорк усвои закон со кој се забранува носење оружје на многу јавни места, меѓу кои и Тајмс Сквер. Во исто време се наложува оние кои бараат дозвола за оружје да мора да ги докажат своите вештини за пукање и да им ги дадат на државните службеници профилите на социјалните мрежи за преглед. Овој закон беше усвоен на посебна законодавна седница, а неговото донесување беше поттикнато од минатонеделната одлука на Врховниот суд со која беа поништени стогодишните рестриктивни закони за оружје во Њујорк. Мнозинството конзервативни судии на Врховниот суд за првпат во историјата пресуди дека Уставот на САД го гарантира правото на носење оружје во јавност за самоодбрана. Демократските лидери во Њујорк ја осудија пресудата на Врховниот суд, бидејќи веруваат дека доколку има повеќе сопственици на оружје, тоа ќе доведе до поголемо вооружено насилство. Тие признаваат дека мора да ги олабават барањата за давање дозволи за да се усогласат со пресудата, но ќе се обидат да задржат што е можно повеќе ограничувања во име на јавната безбедност. Некои од овие ограничувања сигурно ќе бидат предмет на тужби. Врховниот суд одлучи дека барањата за дозвола, кои во Њујорк се на сила од 1911 година, на државните службеници им даваа премногу можност за одбивање да даваат дозволи. Демократската гувернерка на Њујорк, Кети Хочул, свика итна седница и порача дека досегашните закони за оружје во Њујорк резултирале со тоа Њујорк да има петта најниска стапка на смртност од оружје од 50 сојузни држави.
Нашата држава ќе продолжи да ги штити граѓаните на Њујорк и покрај одлуката на Врховниот суд - изјави таа на конференција, додека пратениците расправаа за законот.

The post Њујорк контра Врховниот суд на САД: Го забрани оружјето на многу јавни места и го отежни добивањето дозволи appeared first on Република.

]]>