Доротеј Нешовски Archives - Република https://republika.mk/tema/dorotej-neshovski/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доротеј Нешовски Archives - Република https://republika.mk/tema/dorotej-neshovski/ 32 32 Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-dorotej-neshovski-vo-mkts/ Wed, 14 Aug 2024 07:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=806328

Во галеријата на МКЦ во Скопје, вечерва на 14 август, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на Доротеј Нешовски.

Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едноставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви, кои ја имаат главната улога и во оваа поставка.

Во уметничката практика на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења. Дрвените боици формираат микросредини кои личат на градови или урбани објекти и формации; струготините кои произлегуваат како вишок отпаден материјал од процесот на острење на дрвените боици во овој случај нè тераат да се прашаме што (може) да се прави со акумулациите на преостанати форми и материјали. Како преку ова натрупување на значења би можеле да го формулираме сложениот однос помеѓу природните средини и човечките заедници? – посочува визуелниот уметник Дарко Алексовски, кој е куратор на изложбата и автор на текстот за каталогот.

Проектот е финансиран од „Prince Claus Fund Seed Award“.

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија – публика – уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вонинституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти.

Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со поднасока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на „Приватен принт“ од Скопје, излезе од печат во 2017 година. Живее и работи во Скопје. Од 2015 година активно организира и конципира детски работилници во Детски креативен центар при МКЦ.

The post Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на МКЦ во Скопје, вечерва на 14 август, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на Доротеј Нешовски. Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едноставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви, кои ја имаат главната улога и во оваа поставка.
Во уметничката практика на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења. Дрвените боици формираат микросредини кои личат на градови или урбани објекти и формации; струготините кои произлегуваат како вишок отпаден материјал од процесот на острење на дрвените боици во овој случај нè тераат да се прашаме што (може) да се прави со акумулациите на преостанати форми и материјали. Како преку ова натрупување на значења би можеле да го формулираме сложениот однос помеѓу природните средини и човечките заедници? – посочува визуелниот уметник Дарко Алексовски, кој е куратор на изложбата и автор на текстот за каталогот.
Проектот е финансиран од „Prince Claus Fund Seed Award“. Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија – публика – уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вонинституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со поднасока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на „Приватен принт“ од Скопје, излезе од печат во 2017 година. Живее и работи во Скопје. Од 2015 година активно организира и конципира детски работилници во Детски креативен центар при МКЦ.  

The post Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Ноќна шума“ – нова изложба на уметникот Доротеј Нешовски https://republika.mk/vesti/kultura/nokna-shuma-nova-izlozhba-na-umetnikot-dorotej-neshovski/ Mon, 12 Aug 2024 06:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=805608

„Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ е новата самостојна изложба на уметникот Доротеј Нешовски која ќе се отвори во среда (14 август) во Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ) со почеток во 20 часот.

„Мноштво шарени вертикали со различни висини образуваат јасни геометриски структури, но истовремено се и без форма. Некои изгледаат како бранови, некои како планини, некои образуваат форма на амфитеатар – сите заедно означуваат гужва, како фигури во толпа или дрва во шума. Сенките од овие форми изгледаат како непознати предели. Дали овие форми претставуваат вистински или замислени пејзажи? Помеѓу овие структури се наоѓаат и стаклени кутии полни со струготини од дрвени боици. Изгледаат како акумулации од неопределени остатоци од еден процес на физичко и метафоричко изострување. Врз кутиите се испишани нејасни, невозможни равенки – можеби како начин да се најде патот назад низ ноќната шума. Што всушност е шумата, ако не збир од неизвсни појави и прикази? Понатаму, низ стаклените кутии се забележуваат комплексни форми кои потсетуваат на фрагменти од кора од дрво. Овие форми висат низ просторот, поставени како истовремено да излегуваат од некоја замислена површина или да паѓаат од високо. Тука се и човечките силуети во различни положби на преобразба како фигури кои привремено го населуваат овој простор, се вели во описот за изложбата.

Визуелниот уметник Дарко Алексовски кој е и куратор на изложбата во својот текст пишува дека Нешковски во најновата уметничка продукција ги продолжува своите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви кои ја имаат главната улога и во оваа поставка.

Во уметничката практиката на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења. Дрвените боици формираат микро-средини кои личат на градови или урбани објекти и формации; струготините кои произлегуваат како вишок отпаден материјал од процесот на острење на дрвените боици во овој случај нè тераат да се прашаме што (може) да се прави со акумулациите на преостанати форми и материјали. Како преку ова натрупување на значења би можеле да го формулираме сложениот однос помеѓу природните средини и човечките заедници? Ребека Солнит [Rebecca Solnit] го споредува патот низ шумата со патот низ нашите сеќавања на минатото, заедно со предметите кои ги обележуваат овие сеќавања: „треба да можеме повторно да си го најдеме патот назад со помош на предметите што ги испуштивме по пат, како Ивица и Марица во шумата, предметите што нè враќаат назад во времето, ја поништуваат секоја загуба, патот назад од изгубените очила до изгубените играчки и млечните заби“. (Солнит, 2005: 174) Шумата во бајките и фолклорот е неизвесно место; непознат простор исполнет со препреки, а заради тоа, таа означува и простор за иницијација или трансформација преку совладување на препреките. Шумата како наративно средство и самата преставува препрека: честопати да се стигне ненадејно во шума значи дека да се изгуби патот по кој сме тргнале. Но, заради ова, патот низ шумата претпоставува и евентуално враќање по истата линија до местото од каде што сме тргнале – овој пат променети. Патувањето низ шума во приказните честопати и некаква мнемоничка алатка; метод за забележување и паметење на изминатиот пат, сè со цел истиот да може повторно да се најде во било кој момент на опасност, пишува Алексовски.

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација.

Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници во Детски Креативен Центар при МКЦ.

Проектот е финансиран од Prince Claus Fund Seed Award.

The post „Ноќна шума“ – нова изложба на уметникот Доротеј Нешовски appeared first on Република.

]]>

„Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ е новата самостојна изложба на уметникот Доротеј Нешовски која ќе се отвори во среда (14 август) во Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ) со почеток во 20 часот.
„Мноштво шарени вертикали со различни висини образуваат јасни геометриски структури, но истовремено се и без форма. Некои изгледаат како бранови, некои како планини, некои образуваат форма на амфитеатар – сите заедно означуваат гужва, како фигури во толпа или дрва во шума. Сенките од овие форми изгледаат како непознати предели. Дали овие форми претставуваат вистински или замислени пејзажи? Помеѓу овие структури се наоѓаат и стаклени кутии полни со струготини од дрвени боици. Изгледаат како акумулации од неопределени остатоци од еден процес на физичко и метафоричко изострување. Врз кутиите се испишани нејасни, невозможни равенки – можеби како начин да се најде патот назад низ ноќната шума. Што всушност е шумата, ако не збир од неизвсни појави и прикази? Понатаму, низ стаклените кутии се забележуваат комплексни форми кои потсетуваат на фрагменти од кора од дрво. Овие форми висат низ просторот, поставени како истовремено да излегуваат од некоја замислена површина или да паѓаат од високо. Тука се и човечките силуети во различни положби на преобразба како фигури кои привремено го населуваат овој простор, се вели во описот за изложбата.
Визуелниот уметник Дарко Алексовски кој е и куратор на изложбата во својот текст пишува дека Нешковски во најновата уметничка продукција ги продолжува своите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви кои ја имаат главната улога и во оваа поставка.
Во уметничката практиката на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења. Дрвените боици формираат микро-средини кои личат на градови или урбани објекти и формации; струготините кои произлегуваат како вишок отпаден материјал од процесот на острење на дрвените боици во овој случај нè тераат да се прашаме што (може) да се прави со акумулациите на преостанати форми и материјали. Како преку ова натрупување на значења би можеле да го формулираме сложениот однос помеѓу природните средини и човечките заедници? Ребека Солнит [Rebecca Solnit] го споредува патот низ шумата со патот низ нашите сеќавања на минатото, заедно со предметите кои ги обележуваат овие сеќавања: „треба да можеме повторно да си го најдеме патот назад со помош на предметите што ги испуштивме по пат, како Ивица и Марица во шумата, предметите што нè враќаат назад во времето, ја поништуваат секоја загуба, патот назад од изгубените очила до изгубените играчки и млечните заби“. (Солнит, 2005: 174) Шумата во бајките и фолклорот е неизвесно место; непознат простор исполнет со препреки, а заради тоа, таа означува и простор за иницијација или трансформација преку совладување на препреките. Шумата како наративно средство и самата преставува препрека: честопати да се стигне ненадејно во шума значи дека да се изгуби патот по кој сме тргнале. Но, заради ова, патот низ шумата претпоставува и евентуално враќање по истата линија до местото од каде што сме тргнале – овој пат променети. Патувањето низ шума во приказните честопати и некаква мнемоничка алатка; метод за забележување и паметење на изминатиот пат, сè со цел истиот да може повторно да се најде во било кој момент на опасност, пишува Алексовски.
Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници во Детски Креативен Центар при МКЦ. Проектот е финансиран од Prince Claus Fund Seed Award.  

The post „Ноќна шума“ – нова изложба на уметникот Доротеј Нешовски appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-dorotej-neshovski-vo-bitola/ Wed, 10 Jul 2024 08:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=795183

Во четврток на 11 јуни со почеток во 20:00 часот, во Магазата Битола ќе биде отворена самостојната изложба на Доротеј Нешовски „Ноќна шума“- неизвесни значења и патот низ непознатото.

Куратор и автор на текстот е Дарко Алексовски, визуелен уметник.

Мноштво шарени вертикали со различни висини образуваат јасни геометриски структури, но истовремено се и без форма. Некои изгледаат како бранови, некои како планини, некои образуваат форма на амфитеатар – сите заедно означуваат гужва, како фигури во топла или дрва во шума. Сенките од овие форми изгледаат како непознати предели. Дали овие форми претставуваат вистински или замислени пејзажи? Помеѓу овие структури се наоѓаат и стаклени кутии полни со струготини од дрвени боици. Изгледаат како акумулации од неопределени остатоци од еден процес на физичко и метафоричко изострување. Врз кутиите се испишани нејасни, невозможни равенки – можеби како начин да се најде патот назад низ ноќната шума. Што всушност е шумата, ако не збир од неизвсни појави и прикази? Понатаму, низ стаклените кутии се забележуваат комплексни форми кои потсетуваат на фрагменти од кора од дрво. Овие форми висат низ просторот, поставени како истовремено да излегуваат од некоја замислена површина или да паѓаат од високо. Тука се и човечките силуети во различни положби на преобразба како фигури кои привремено го населуваат овој простор“ се вели во описот на изложбата.

The post Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во Битола appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 11 јуни со почеток во 20:00 часот, во Магазата Битола ќе биде отворена самостојната изложба на Доротеј Нешовски „Ноќна шума“- неизвесни значења и патот низ непознатото. Куратор и автор на текстот е Дарко Алексовски, визуелен уметник.
Мноштво шарени вертикали со различни висини образуваат јасни геометриски структури, но истовремено се и без форма. Некои изгледаат како бранови, некои како планини, некои образуваат форма на амфитеатар – сите заедно означуваат гужва, како фигури во топла или дрва во шума. Сенките од овие форми изгледаат како непознати предели. Дали овие форми претставуваат вистински или замислени пејзажи? Помеѓу овие структури се наоѓаат и стаклени кутии полни со струготини од дрвени боици. Изгледаат како акумулации од неопределени остатоци од еден процес на физичко и метафоричко изострување. Врз кутиите се испишани нејасни, невозможни равенки – можеби како начин да се најде патот назад низ ноќната шума. Што всушност е шумата, ако не збир од неизвсни појави и прикази? Понатаму, низ стаклените кутии се забележуваат комплексни форми кои потсетуваат на фрагменти од кора од дрво. Овие форми висат низ просторот, поставени како истовремено да излегуваат од некоја замислена површина или да паѓаат од високо. Тука се и човечките силуети во различни положби на преобразба како фигури кои привремено го населуваат овој простор“ се вели во описот на изложбата.
 
The post Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во Битола appeared first on Република.

]]>
КСП Центар – Јадро денеска ќе ја промовира уметничката книга „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“ на уметникот Доротеј Нешовски https://republika.mk/vesti/kultura/ksp-centar-jadro-kje-ja-promovira-umetnichkata-kniga-sekoja-rabota-nadvor-od-umetnosta-e-gubenje-vreme-na-umetnikot-dorotej-neshovski/ Wed, 26 Jan 2022 08:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=449290

Во среда, 26 јануари, во 20 часот, КСП Центар - Јадро ќе ја промовира уметничката книга „Anything outside of art is a waste of time”, „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“ на уметникот Доротеј Нешовски.

Истиод ден од 11 до 21 часот, публиката ќе може и да ја види и неговата просторна инсталација, специјално направена за оваа прилика.

Цртежите претставени во новата уметничка книга на Нешовски, во издание на КСП Центар-Јадро, се осврнуаат на прашањата и мислите со кои уметникот се соочува во општеството а кое е поставено на начелата со дадени егзистенции на мисла и состојба.

Поголемиот дел од циклусот на цртежи претставени во книгата, Нешоски го создавал додека работел на штанд на Лотарија во еден скопски шопинг мол.

Како подлога за своите секојдневни записи, мисли и брзи крокија, тој користи хартии од искористени игри на среќа како и други флаери и пропагандни материјали пласирани од разните корпорации.

Како што вели авторот-„ Овие цртежи се дел на стејтменот на личноста, изразена низ форми на медиум во кои се гради структурата на мојот визуелен јазик преку кој правам обид да ги разоткриам противречностите на современото општество. Во голема мера сакав да размислувам и да рефлектирам на позицијата на уметникот во општеството, предизвикот да се занимава со својата професија но и борбата за егзистенција која не приморува да правиме бројни компромиси. Дали ние во нашето општество се трудиме да ги разрешиме проблемите со којшто се соочуваме или се наоѓаме во ситуација на постојан status quo?”

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници во Детски Креативен Центар при МКЦ.

The post КСП Центар – Јадро денеска ќе ја промовира уметничката книга „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“ на уметникот Доротеј Нешовски appeared first on Република.