Доника Грвала Archives - Република https://republika.mk/tema/donika-grvala/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 15:05:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доника Грвала Archives - Република https://republika.mk/tema/donika-grvala/ 32 32 Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/grvala-ja-povika-megunarodnata-zaednitsa-da-go-osudi-agresivniot-i-neprijatelski-jazik-na-vuchik/ Sat, 14 Sep 2024 15:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=816377

Косовската министерка за надворешни работи Доника Грвала ја повика меѓународната заедница со „јасен јазик и цврсти позиции“ да ги осуди „пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик“ што ги употреби претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на вчерашното обраќање до нацијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешниот статус на Фејсбук, Грвала вчерашната прес-конференција на Вучиќ, на која тој претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово, населен со мнозинско српско население, ја нарече „театрална сцена“.

Шефицата на косовската дипломатија изјави дека Вучиќ ги користи косовските Срби за дневна политика и финансиски придобивки.

„Сега, кога е целосно свесен дека лицата кои по негова наредба биле вмешани во криминални дејствија, злосторства и насилни дејствија во Косово, повеќе не можат да играат никаква улога во јавниот и институционалниот живот на Косово, (Вучиќ) бара враќање во претходната состојба, без воопшто да каже барем една причина за напуштањето и бојкот на институциите (од страна на косовските Срби). Систематската игра на Србија со косовските Срби, притисокот до отвореното практикување насилство преку нелегални структури и криминални групи, злоупотребата и масовната кражба на средства, кои наводно биле наменети за нив, попречувањето на нивната интеграција во општеството и институциите на Косово, на Србите на север и на нивните семејства им го отежнува животот веќе со години“, напиша Гервала.

Според неа, Вучиќ преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство се обидува да ги зголеми тензиите и да го наруши уставниот поредок на Косово.

Таа го обвини српскиот претседател дека се обидува да ги попречи интегративните процеси и нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да ги задржи тензиите во регионот.

„Преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство, целта е да се подигнат тензиите, да се наруши правниот и уставниот суверенитет на Република Косово, но пред сè да се искористи овој механизам за арбитрарен прогон, особено на српските граѓани во Косово кои не се покоруваат на власта на Вучиќ и на неговите кланови. Неговата изјава за наводно прогласување на сите косовски институции за незаконски е очајнички обид за саботирање на независноста на Косово. Целта е да се спречи нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, да се одржат во живот тензиите во регионот, да се спречат интегративните процеси, во целосна синхронизација со интересите на Русија. Ги повикуваме меѓународните фактори со јасен јазик и цврсти позиции да го осудат пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик на Александер Вучиќ кон Република Косово“, напиша Гервала.

Вучиќ вчера претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово. На конференцијата за новинари која траеше повеќе од еден час, Вучиќ, покрај мерките, објави и седум барања за прашањето на „проблемот на косовските Срби“.

The post Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Косовската министерка за надворешни работи Доника Грвала ја повика меѓународната заедница со „јасен јазик и цврсти позиции“ да ги осуди „пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик“ што ги употреби претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на вчерашното обраќање до нацијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот статус на Фејсбук, Грвала вчерашната прес-конференција на Вучиќ, на која тој претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово, населен со мнозинско српско население, ја нарече „театрална сцена“. Шефицата на косовската дипломатија изјави дека Вучиќ ги користи косовските Срби за дневна политика и финансиски придобивки.
„Сега, кога е целосно свесен дека лицата кои по негова наредба биле вмешани во криминални дејствија, злосторства и насилни дејствија во Косово, повеќе не можат да играат никаква улога во јавниот и институционалниот живот на Косово, (Вучиќ) бара враќање во претходната состојба, без воопшто да каже барем една причина за напуштањето и бојкот на институциите (од страна на косовските Срби). Систематската игра на Србија со косовските Срби, притисокот до отвореното практикување насилство преку нелегални структури и криминални групи, злоупотребата и масовната кражба на средства, кои наводно биле наменети за нив, попречувањето на нивната интеграција во општеството и институциите на Косово, на Србите на север и на нивните семејства им го отежнува животот веќе со години“, напиша Гервала.
Според неа, Вучиќ преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство се обидува да ги зголеми тензиите и да го наруши уставниот поредок на Косово. Таа го обвини српскиот претседател дека се обидува да ги попречи интегративните процеси и нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да ги задржи тензиите во регионот.
„Преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство, целта е да се подигнат тензиите, да се наруши правниот и уставниот суверенитет на Република Косово, но пред сè да се искористи овој механизам за арбитрарен прогон, особено на српските граѓани во Косово кои не се покоруваат на власта на Вучиќ и на неговите кланови. Неговата изјава за наводно прогласување на сите косовски институции за незаконски е очајнички обид за саботирање на независноста на Косово. Целта е да се спречи нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, да се одржат во живот тензиите во регионот, да се спречат интегративните процеси, во целосна синхронизација со интересите на Русија. Ги повикуваме меѓународните фактори со јасен јазик и цврсти позиции да го осудат пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик на Александер Вучиќ кон Република Косово“, напиша Гервала.
Вучиќ вчера претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово. На конференцијата за новинари која траеше повеќе од еден час, Вучиќ, покрај мерките, објави и седум барања за прашањето на „проблемот на косовските Срби“.

The post Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Косовската шефица на дипломатијата благодарна за партнерството: Грција е главниот актер на Балканот https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-shefitsa-na-diplomatijata-blagodarna-za-partnerstvoto-grtsija-e-glavniot-akter-na-balkanot/ Sat, 23 Sep 2023 20:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=684501

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, по средбата со нејзиниот грчки колега, Гиоргиос Герапетритис, во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека Грција е „главниот актер“ на Балканот, со кого Косово споделува низа вредности и цели.

Во објава на нејзината страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Грвала информира дека со нејзиниот грчки колега разговарала соработката меѓу Косово и Грција на повеќе полиња.

Грција е главниот актер во нашиот регион со кого делиме цела низа вредности и цели. На срдечната средба со мојот колега Гиоргиос Герапетритис разговаравме за нашите пријателски односи на полето на бизнисот, културата и политиката. Благодарна сум за нашето партнерство, напиша Грвала.

https://twitter.com/gervallaschwarz/status/1705604057472127137

The post Косовската шефица на дипломатијата благодарна за партнерството: Грција е главниот актер на Балканот appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, по средбата со нејзиниот грчки колега, Гиоргиос Герапетритис, во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека Грција е „главниот актер“ на Балканот, со кого Косово споделува низа вредности и цели. Во објава на нејзината страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Грвала информира дека со нејзиниот грчки колега разговарала соработката меѓу Косово и Грција на повеќе полиња.