Донев Archives - Република https://republika.mk/tema/donev/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 15:27:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Донев Archives - Република https://republika.mk/tema/donev/ 32 32 Ковачевски и Донев телефонски разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-donev-telefonski-razgovarale-za-aktuelnite-sluchuvana-vo-odnosite-megu-dvete-zemji/ Fri, 27 Jan 2023 15:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=601711

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји.

Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, в понеделник на 30 јануари вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

– Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Македонија со бугарски идентитет. Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата, Република Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

The post Ковачевски и Донев телефонски разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службата на бугарската Влада соопшти дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се одвиваат мирно и непречено. Во таа насока, в понеделник на 30 јануари вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари. – Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Македонија со бугарски идентитет. Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата, Република Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

The post Ковачевски и Донев телефонски разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји appeared first on Република.

]]>