Доналд Трамп Archives - Република https://republika.mk/tema/donald-tramp/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 07:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доналд Трамп Archives - Република https://republika.mk/tema/donald-tramp/ 32 32 Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години https://republika.mk/vesti/svet/zgodni-devojki-kuferchina-so-dolari-i-luksuzni-limuzini-stilot-na-donald-tramp-vo-80-te-i-90-te-godini/ Wed, 20 Nov 2024 07:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=839731

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со своите ставови и настапи важи за еден од најнеконвенционалните и најконтроверзни светски лидери, со што постојано е во центарот на вниманието на јавноста.

Но, да се биде постојано коментиран и озборуван, за Трамп не е ништо ново. Долго пред да влезе во политиката, Доналд Трамп беше познат во јавноста како успешен и контроверзен бизнисмен, но и реалити ѕвезда и голем плејбој.

Таквиот животен стил на Трамп му донесе и доста нептијатности и скандали во животот, но тоа не го спречи, ниту спречува, да ужива во својата појава која никого не остава рамнодушен, без оглед дали ви се допаѓа или не.

The post Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со своите ставови и настапи важи за еден од најнеконвенционалните и најконтроверзни светски лидери, со што постојано е во центарот на вниманието на јавноста. Но, да се биде постојано коментиран и озборуван, за Трамп не е ништо ново. Долго пред да влезе во политиката, Доналд Трамп беше познат во јавноста како успешен и контроверзен бизнисмен, но и реалити ѕвезда и голем плејбој. Таквиот животен стил на Трамп му донесе и доста нептијатности и скандали во животот, но тоа не го спречи, ниту спречува, да ужива во својата појава која никого не остава рамнодушен, без оглед дали ви се допаѓа или не.

The post Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години appeared first on Република.

]]>
Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-nominirashe-hauard-lutnik-za-sekretar-za-trgovija/ Tue, 19 Nov 2024 20:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=839717

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија.

Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит.

Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат.

Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.

The post Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија. Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит. Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат. Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.

The post Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија appeared first on Република.

]]>
Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител https://republika.mk/vesti/svet/tramp-bara-od-senatorite-da-go-poddrzhat-gets-za-drzhaven-obvinitel/ Tue, 19 Nov 2024 15:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=839661

Комитетот за етика при Претставничкиот дом на САД утре ќе одлучува за следните чекори во истрагата против Мат Гец, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за државен обвинител.

Сѐ повеќе републикански сенатори повикуваат на објавување на наодите од истрагата за Гец, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетничка и користење дроги.

Според Аксиос, Трамп лично се јавува кај сенаторите, притискајќи ги да го потврдат изборот на Гец за државен обвинител.

- Тој очигледно го сака Мет Гец,  рече сенаторот Кевин Крамер, кој добил повик од Трамп. - Тој верува дека Мет Гец е единствената личност која ќе има бестрашност и жестокост, навистина, да го направи она што треба да го прави во Министерството за правда, вели сенаторот.

- Една работа за Доналд Трамп, луѓето никогаш не треба да ја мешаат неговата поддршка за некој од неговите номинирани како тактичка или стратешка алатка за некој друг, рече Крамер. - И барем до овој момент, тој го става својот сопствен политички капитал зад тоа. А тој е прилично убедлив човек, рече Крамер.

Друг сенатор, исто така, потврди за Аксиос дека Трамп го контактирал, повикувајќи ги сенаторите да застанат зад него.

Адвокатот кој застапува две жени кои сведочеа пред етичкиот комитет на Претставничкиот дом кој го истражува Мет Гец, изјави во интервју дека поранешниот конгресмен им плаќал на жените за да имаат секс со него. Двете жени во тоа време биле полнолетни, но исто така во рамки на истрагата на Конгресот, едната од нив изјави дека била сведок на тоа дека Гец имал секс со 17-годишно девојче на истата забава на која присуствувала, објави Еј-Би-Си Њуз.

Гец поднесе оставка од својата позиција како републикански претставник за Флорида минатата недела веднаш штом беше номиниран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител на САД. Со тоа веднаш се затвори конгресната истрага, и покрај притисокот, Претставничкиот Дом сè уште не се согласи да го објави извештајот од истрагата на јавноста или на американскиот Сенат, телото кое ќе има задача да го потврди назначувањето на Гец.

The post Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител appeared first on Република.

]]>

Комитетот за етика при Претставничкиот дом на САД утре ќе одлучува за следните чекори во истрагата против Мат Гец, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за државен обвинител. Сѐ повеќе републикански сенатори повикуваат на објавување на наодите од истрагата за Гец, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетничка и користење дроги. Според Аксиос, Трамп лично се јавува кај сенаторите, притискајќи ги да го потврдат изборот на Гец за државен обвинител.
- Тој очигледно го сака Мет Гец,  рече сенаторот Кевин Крамер, кој добил повик од Трамп. - Тој верува дека Мет Гец е единствената личност која ќе има бестрашност и жестокост, навистина, да го направи она што треба да го прави во Министерството за правда, вели сенаторот.
- Една работа за Доналд Трамп, луѓето никогаш не треба да ја мешаат неговата поддршка за некој од неговите номинирани како тактичка или стратешка алатка за некој друг, рече Крамер. - И барем до овој момент, тој го става својот сопствен политички капитал зад тоа. А тој е прилично убедлив човек, рече Крамер. Друг сенатор, исто така, потврди за Аксиос дека Трамп го контактирал, повикувајќи ги сенаторите да застанат зад него. Адвокатот кој застапува две жени кои сведочеа пред етичкиот комитет на Претставничкиот дом кој го истражува Мет Гец, изјави во интервју дека поранешниот конгресмен им плаќал на жените за да имаат секс со него. Двете жени во тоа време биле полнолетни, но исто така во рамки на истрагата на Конгресот, едната од нив изјави дека била сведок на тоа дека Гец имал секс со 17-годишно девојче на истата забава на која присуствувала, објави Еј-Би-Си Њуз. Гец поднесе оставка од својата позиција како републикански претставник за Флорида минатата недела веднаш штом беше номиниран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител на САД. Со тоа веднаш се затвори конгресната истрага, и покрај притисокот, Претставничкиот Дом сè уште не се согласи да го објави извештајот од истрагата на јавноста или на американскиот Сенат, телото кое ќе има задача да го потврди назначувањето на Гец.

The post Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител appeared first on Република.

]]>
Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-nominirashe-shefot-na-naftenata-kompanija-liberti-enerdhi-kris-rajt-za-sekretar-za-energetika/ Sun, 17 Nov 2024 09:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=838745

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на нафтената компанија „Либерти енерџи“.

Рајт е основач и извршен директор на „Либерти енерџи“ со седиште во Денвер, главен давател на енергетски услуги во Cеверна Америка. Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да го максимизира производството на нафта и гас, како и да најде начини за зголемување на производството на електрична енергија.

Рајт веројатно ќе го следи и ставот на Трамп против глобалната соработка во борбата против климатските промени.

Рајт ги критикуваше еколошките активисти за создавање непотребна вознемиреност меѓу луѓето и ги спореди напорите на демократите да се борат против глобалното затоплување со комунизмот од советски стил.

Не постои такво нешто како климатска криза и не сме среде енергетска транзиција“, рече Рајт во видеото објавено минатата година.

Рајт стана на насловните страници во 2019 година кога испи течност за фракинг пред камерата за да докаже дека не е опасно.

За време на администрацијата на Бајден, производството на нафта во САД достигна највисоко ниво во историјата на земјата, потсетува Ројтерс, додавајќи дека не е сигурно до кој степен Рајт и идната администрација на Трамп ќе можат да го надминат овој обем. Повеќето одлуки за дупчење ги носат приватни компании кои работат на земјиште кое не е во сопственост на федералната влада, забележа агенцијата.

Американското Министерство за енергетика е задолжено за енергетската дипломатија и го надгледува Стратешкиот нафтен резерват, кој Трамп рече дека сака да го надополни. Покрај тоа, одделот има програми за грантови и заеми за развој на енергетската технологија.

Секретарот за енергетика го надгледува и американскиот комплекс за нуклеарно оружје, нуклеарниот отпад и 17 национални лаборатории.

Доколку Сенатот го потврди Рајт за министер за енергетика, тој ќе ја преземе функцијата од Џенифер Гранхолм, поддржувач на електричните автомобили, новите извори на енергија како што се геотермалната енергија и ветерот, соларната и нуклеарната енергија.

Рајт, исто така, најверојатно ќе биде вклучен во издавањето дозволи за пренос и проширувањето на нуклеарната енергија, која ужива поддршка и кај републиканците и кај демократите.

Побарувачката на електрична енергија во САД се зголеми за прв пат по две децении. Ова се должи на многуте случувања во областите како што се вештачката интелигенција, електричните возила и криптовалутите.

The post Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на нафтената компанија „Либерти енерџи“. Рајт е основач и извршен директор на „Либерти енерџи“ со седиште во Денвер, главен давател на енергетски услуги во Cеверна Америка. Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да го максимизира производството на нафта и гас, како и да најде начини за зголемување на производството на електрична енергија. Рајт веројатно ќе го следи и ставот на Трамп против глобалната соработка во борбата против климатските промени. Рајт ги критикуваше еколошките активисти за создавање непотребна вознемиреност меѓу луѓето и ги спореди напорите на демократите да се борат против глобалното затоплување со комунизмот од советски стил.
Не постои такво нешто како климатска криза и не сме среде енергетска транзиција“, рече Рајт во видеото објавено минатата година.
Рајт стана на насловните страници во 2019 година кога испи течност за фракинг пред камерата за да докаже дека не е опасно. За време на администрацијата на Бајден, производството на нафта во САД достигна највисоко ниво во историјата на земјата, потсетува Ројтерс, додавајќи дека не е сигурно до кој степен Рајт и идната администрација на Трамп ќе можат да го надминат овој обем. Повеќето одлуки за дупчење ги носат приватни компании кои работат на земјиште кое не е во сопственост на федералната влада, забележа агенцијата. Американското Министерство за енергетика е задолжено за енергетската дипломатија и го надгледува Стратешкиот нафтен резерват, кој Трамп рече дека сака да го надополни. Покрај тоа, одделот има програми за грантови и заеми за развој на енергетската технологија. Секретарот за енергетика го надгледува и американскиот комплекс за нуклеарно оружје, нуклеарниот отпад и 17 национални лаборатории. Доколку Сенатот го потврди Рајт за министер за енергетика, тој ќе ја преземе функцијата од Џенифер Гранхолм, поддржувач на електричните автомобили, новите извори на енергија како што се геотермалната енергија и ветерот, соларната и нуклеарната енергија. Рајт, исто така, најверојатно ќе биде вклучен во издавањето дозволи за пренос и проширувањето на нуклеарната енергија, која ужива поддршка и кај републиканците и кај демократите. Побарувачката на електрична енергија во САД се зголеми за прв пат по две децении. Ова се должи на многуте случувања во областите како што се вештачката интелигенција, електричните возила и криптовалутите.

The post Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика appeared first on Република.

]]>
Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета https://republika.mk/vesti/svet/tramp-gi-tuzhi-golemite-mediumski-kuki-poradi-politichka-pristrasnost-i-kleveta-bara-10-milijardi-dolari-otshteta/ Fri, 15 Nov 2024 21:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=838343

Доналд Трамп подне тужби против Њујорк Тајмс, Си-Би-Ес и други медиуми, обвинувајќи ги за клевета и политичка пристрасност.

Тужбите, кои бараат отштета од 10 милијарди долари, се насочени кон медиумското покривање за време на изборната кампања, кое Трамп ја нарекува „клевета на ниво на индустрија“ и „мешање во изборите“.

The post Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп подне тужби против Њујорк Тајмс, Си-Би-Ес и други медиуми, обвинувајќи ги за клевета и политичка пристрасност. Тужбите, кои бараат отштета од 10 милијарди долари, се насочени кон медиумското покривање за време на изборната кампања, кое Трамп ја нарекува „клевета на ниво на индустрија“ и „мешање во изборите“.

The post Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета appeared first on Република.

]]>
Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-ne-znam-kako-tramp-ke-go-reshi-konfliktot-vo-ukraina-ke-gi-chekame-predlozite/ Fri, 15 Nov 2024 21:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=838307

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема претстава како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.

Не можам да замислам како Трамп тоа ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер.

Тој додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.

Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.

Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.

The post Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема претстава како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.
Не можам да замислам како Трамп тоа ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер.
Тој додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.
Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.
Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.

The post Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите appeared first on Република.

]]>
Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН https://republika.mk/vesti/svet/kako-chlen-na-kongresot-glasashe-protiv-pomoshta-za-ukraina-tramp-ja-naznachi-eliza-shtefanik-za-ambasador-na-sad-vo-on/ Fri, 15 Nov 2024 20:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=838325

Доналд Трамп ја назначи Елиза Штефаник на местото амбасадор на САД во ОН. Оваа вест предизвика голем интерес бидејќи се работи за една од клучните позиции во спроведувањето на американската надворешна политика.

Презимето Штефаник, Елиза го наследи од татко и, кој е Чех, додека нејзината мајка е Италијанка. Таа е католик.

Елиза Штефаник стана пратеник во 2014 година на 30-годишна возраст, со што стана најмладата жена некогаш избрана во Конгресот. Шест години подоцна, Штефаник го поддржа Трамп во неговиот обид да ги ревидира изборните резултати, а особено таа гласаше против потврдувањето на резултатите од изборите во Пенсилванија.

Нејзините напори беа наградени и во мај 2021 година ја замени Лиз Чејни како претседавач со републиканската конференција на Претставничкиот Дом. Ова е четврто најважно место во партиската хиерархија во ова тело.

Американските медиуми често пишуваат дека Стефаник како пратеник од умерен конзервативец се претворил во екстремен. Сепак, овие медиуми имаат тенденција да го мерат конзервативизмот само со придржување кон Трамп. Штефаник, на пример, беше меѓу ретките републиканци во 2022 година кои гласаа за правата на истополовите бракови на федерално ниво, иако Конференцијата на католичките бискупи на САД се спротивстави на тоа.

Во февруари 2022 година, таа, како и многу други, објави изјава за поддршка на Киев, нарекувајќи го Путин криминалец. Но, во април 2024 година, Штефаник беше единствениот претставник на републиканското раководство на Претставничкиот дом кој не поддржа предлог-закон за помош на Украина, што предизвика негативни коментари во либералниот печат.

The post Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп ја назначи Елиза Штефаник на местото амбасадор на САД во ОН. Оваа вест предизвика голем интерес бидејќи се работи за една од клучните позиции во спроведувањето на американската надворешна политика. Презимето Штефаник, Елиза го наследи од татко и, кој е Чех, додека нејзината мајка е Италијанка. Таа е католик. Елиза Штефаник стана пратеник во 2014 година на 30-годишна возраст, со што стана најмладата жена некогаш избрана во Конгресот. Шест години подоцна, Штефаник го поддржа Трамп во неговиот обид да ги ревидира изборните резултати, а особено таа гласаше против потврдувањето на резултатите од изборите во Пенсилванија. Нејзините напори беа наградени и во мај 2021 година ја замени Лиз Чејни како претседавач со републиканската конференција на Претставничкиот Дом. Ова е четврто најважно место во партиската хиерархија во ова тело. Американските медиуми често пишуваат дека Стефаник како пратеник од умерен конзервативец се претворил во екстремен. Сепак, овие медиуми имаат тенденција да го мерат конзервативизмот само со придржување кон Трамп. Штефаник, на пример, беше меѓу ретките републиканци во 2022 година кои гласаа за правата на истополовите бракови на федерално ниво, иако Конференцијата на католичките бискупи на САД се спротивстави на тоа. Во февруари 2022 година, таа, како и многу други, објави изјава за поддршка на Киев, нарекувајќи го Путин криминалец. Но, во април 2024 година, Штефаник беше единствениот претставник на републиканското раководство на Претставничкиот дом кој не поддржа предлог-закон за помош на Украина, што предизвика негативни коментари во либералниот печат.

The post Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-pod-administratsijata-na-tramp-vojnata-vo-ukraina-ke-zavrshi-pobrzo/ Fri, 15 Nov 2024 19:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=838300

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо.

Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.

Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот.

The post Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо.
Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.
Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот.

The post Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: Бајден нема да му се извини на Трамп за тоа што го нарече „закана за демократијата“ https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-bajden-nema-da-mu-se-izvini-na-tramp-za-toa-shto-go-nareche-zakana-za-demokratijata/ Fri, 15 Nov 2024 18:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=838245

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, нема да му се извини на новоизбраниот прв човек на САД, Доналд Трамп, за тоа што го нарече „закана за демократијата“, објави Белата куќа.

Изборите поминаа, важно е да се почитуваат нашите институции, да се почитуваат фер и слободни избори, тоа го прави претседателот. Тој го става американскиот народ на прво место. Но, она што го рече претседателот Бајден сè уште стои, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Таа истакна дека зборовите на Бајден не се само пропаганда.

Сепак, според неа, трансферот на власта е „исто така демократски принцип“.

The post Белата куќа: Бајден нема да му се извини на Трамп за тоа што го нарече „закана за демократијата“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, нема да му се извини на новоизбраниот прв човек на САД, Доналд Трамп, за тоа што го нарече „закана за демократијата“, објави Белата куќа.
Изборите поминаа, важно е да се почитуваат нашите институции, да се почитуваат фер и слободни избори, тоа го прави претседателот. Тој го става американскиот народ на прво место. Но, она што го рече претседателот Бајден сè уште стои, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Таа истакна дека зборовите на Бајден не се само пропаганда. Сепак, според неа, трансферот на власта е „исто така демократски принцип“.

The post Белата куќа: Бајден нема да му се извини на Трамп за тоа што го нарече „закана за демократијата“ appeared first on Република.

]]>
Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати https://republika.mk/vesti/svet/timot-na-tramp-odbegnuva-veting-i-proverki-od-fbi-na-nekoi-od-nominiranite-kandidati/ Fri, 15 Nov 2024 14:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=838169

Транзицискиот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-ен-ен.

Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседал за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака.

Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени.

Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите.

Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи.

Ден Мејер, адвокат за национална безбедност во Вашингтон., изјави дека администрацијата на Трамп „не сака хармонија“.
-Тие не сакаат ФБИ да координира норми; тие сакаат да ги скршат тие норми,“ рече тој.

The post Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати appeared first on Република.

]]>

Транзицискиот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-ен-ен. Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседал за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака. Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени. Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите. Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи. Ден Мејер, адвокат за национална безбедност во Вашингтон., изјави дека администрацијата на Трамп „не сака хармонија“. -Тие не сакаат ФБИ да координира норми; тие сакаат да ги скршат тие норми,“ рече тој.

The post Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати appeared first on Република.

]]>
Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната https://republika.mk/vesti/svet/volts-tramp-planira-da-gi-dovede-rusija-i-ukraina-na-pregovarachka-masa-i-da-stavi-kraj-na-vojnata/ Thu, 14 Nov 2024 19:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=837857

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и со тоа да стави крај на војната, изјави кандидатот за функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа, Мајк Волц.

Волц, кој е републикански конгресмен од Флорида, изјави за Гласот на Америка откако републиканците се сретнаа со Трамп во средата дека новоизбраниот претседател јасно ставил до знаење дека сака да ги доведе двете страни на преговарачка маса и дека е фокусиран на завршување на војната, а не на нејзино продолжување.

Тој посочи дека визијата на безбедносната политика на САД во однос на Украина зависи од новоизбраниот претседател.

Волц ќе го замени Џејк Саливан како советник за национална безбедност во Белата куќа.

Тоа е моќна позиција во претседателската администрација за која не е потребно одобрение од Сенатот.

Трамп завчера објави дека ќе го номинира Волц за советник за национална безбедност во неговата идна администрација.


(МИА)

The post Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и со тоа да стави крај на војната, изјави кандидатот за функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа, Мајк Волц.
Волц, кој е републикански конгресмен од Флорида, изјави за Гласот на Америка откако републиканците се сретнаа со Трамп во средата дека новоизбраниот претседател јасно ставил до знаење дека сака да ги доведе двете страни на преговарачка маса и дека е фокусиран на завршување на војната, а не на нејзино продолжување. Тој посочи дека визијата на безбедносната политика на САД во однос на Украина зависи од новоизбраниот претседател. Волц ќе го замени Џејк Саливан како советник за национална безбедност во Белата куќа. Тоа е моќна позиција во претседателската администрација за која не е потребно одобрение од Сенатот. Трамп завчера објави дека ќе го номинира Волц за советник за национална безбедност во неговата идна администрација.
(МИА)

The post Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната appeared first on Република.

]]>
Објавен прирачник за оние што сакаат да ги напуштат САД по победата на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/objaven-prirachnik-za-onie-shto-sakaat-da-gi-napushtat-sad-po-pobedata-na-tramp/ Thu, 14 Nov 2024 16:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=837596

„Вашингтон пост“ објави прирачник за оние кои сакаат да ја напуштат земјата по победата на Доналд Трамп.

Според шефот на компанијата „Експати“, која е специјализирана за помагање на луѓето кои живеат во странство, откако Трамп победи на изборите, посетите на страницата го урнале месечниот рекорд и за само неколку дена достигнале повеќемесечен интерес.

Најпопуларните дестинации се Канада, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Ирска. Односно, тоа се земји каде што официјален јазик е англискиот.

Во написот се нагласува дека, сепак, да се стане емигрант може да биде тешко и скапо.

Понудена е и опцијата за јахта која за „бегалците“ од Трамп е многу поегзотична. Тоа е можноста за четиригодишно крстарење низ светот за оние кои сакаат да ги напуштат САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Кабина на бродот за крстарење „Villa Vie Odyssey“ ќе чини најмалку 266 илјади долари.

Се наведува дека незадоволните од Трамп за време на крстарењето ќе можат да посетат 140 земји.

Не е прецизирано дали крузерот ќе се врати во САД ако, на пример, Џеј Ди Венс победи на следните избори.

The post Објавен прирачник за оние што сакаат да ги напуштат САД по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>

„Вашингтон пост“ објави прирачник за оние кои сакаат да ја напуштат земјата по победата на Доналд Трамп. Според шефот на компанијата „Експати“, која е специјализирана за помагање на луѓето кои живеат во странство, откако Трамп победи на изборите, посетите на страницата го урнале месечниот рекорд и за само неколку дена достигнале повеќемесечен интерес. Најпопуларните дестинации се Канада, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Ирска. Односно, тоа се земји каде што официјален јазик е англискиот. Во написот се нагласува дека, сепак, да се стане емигрант може да биде тешко и скапо. Понудена е и опцијата за јахта која за „бегалците“ од Трамп е многу поегзотична. Тоа е можноста за четиригодишно крстарење низ светот за оние кои сакаат да ги напуштат САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Кабина на бродот за крстарење „Villa Vie Odyssey“ ќе чини најмалку 266 илјади долари. Се наведува дека незадоволните од Трамп за време на крстарењето ќе можат да посетат 140 земји. Не е прецизирано дали крузерот ќе се врати во САД ако, на пример, Џеј Ди Венс победи на следните избори.

The post Објавен прирачник за оние што сакаат да ги напуштат САД по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>
Трамп го скрои тимот: Oва се сите луѓе на претседателот https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-skroi-timot-ova-se-site-luge-na-pretsedatelot/ Thu, 14 Nov 2024 16:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=837484

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веќе почна да ги назначува своите клучни соработници во неговата идна администрација, што ќе биде негова силна поддршка во водењето на внатрешната и надворешната политика.

Тој ги потенцираше советниците и помошниците кои беа со него за време на изборната кампања во пресрет на изборите на кои убедливо ја победи противкандидатката Камала Харис.

За најблиски соработници ги избра следните луѓе!

Џон Ретклиф, директор на ЦИА
Трамп го избра Џон Ретклиф, поранешен конгресмен од Тексас, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во неговата нова администрација.

Ретклиф служеше како директор на националното разузнавање во текот на последната година и половина од првиот мандат на Трамп, предводејќи ги разузнавачките агенции на американската влада за време на пандемијата на коронавирус.

„Со нетрпение очекувам Џон да биде првиот човек што некогаш ќе служи на двете највисоки разузнавачки места во нашата нација“, рече Трамп во изјавата, нарекувајќи го „бестрашен борец за уставните права на сите Американци“, кој ќе обезбеди „највисоко ниво. за национална безбедност и мир“.

Илон Маск го предводи Одделот за владина ефикасност

Илон Маск ќе го води новоформираното Министерство за владина ефикасност заедно со Вивек Рамасвами, изјави во вторникот Доналд Трамп. Одделот нема да биде владина агенција, пишува Ројтерс.

Трамп во изјавата рече дека Маск и Рамасвами ќе работат надвор од владата за да понудат корисни „совети и насоки“ на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да „иницираат големи структурни реформи и да создадат претприемачки пристап кон влада како никогаш досега.“ невидено досега“.

Трамп рече дека дуото „ќе го отвори патот на неговата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали прекумерните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“.

Пит Хегсет , секретар за одбрана (44) е познат како еден од водителите на шоуто „Fox And Friends Weekend“ на Fox News и соработник на овој медиум од 2014 година, каде што разви пријателство со Трамп, бидејќи новоизбраниот претседател редовно се појавуваше на покажуваат.

На Хегсет му недостасува повеќе воено и национално безбедносно искуство.

Доколку биде потврден од Сенатот, тој ќе биде во силна позиција за време на актуелните глобални кризи, како што се војната во Украина и тековниот конфликт на Блискиот исток, тензиите со Иран и создавањето силен сојуз меѓу Русија и Северна Кореја.

Кристи Ноем, секретар за домашна безбедност

Трамп ја избра познатата конзервативна политичарка Кристи Ноем, која се соочи со многу остри критики и ја водеше агенцијата која беше централна во тврдокорната имиграциска агенда на новоизбраниот претседател.

Ноем ги искористи двата мандати што ја водеше Јужна Дакота да се искачи на истакната позиција во Републиканската партија.

За време на пандемијата „Ковид-19“, Ноем не нареди ограничувања издадени од други држави и наместо тоа ја прогласи нејзината држава „отворена за бизнис“.

Покрај клучните агенции за имиграција, „нејзиниот“ Оддел за домашна безбедност ќе ги надгледува одговорите на нацијата на природни катастрофи, американската тајна служба и агентите на Управата за транспортна безбедност кои работат на аеродромите.

Мајк Волц, советник за национална безбедност

Трамп го избра Валц, пензиониран офицер на Националната гарда и воен ветеран, да биде негов советник за национална безбедност.

 

The post Трамп го скрои тимот: Oва се сите луѓе на претседателот appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веќе почна да ги назначува своите клучни соработници во неговата идна администрација, што ќе биде негова силна поддршка во водењето на внатрешната и надворешната политика. Тој ги потенцираше советниците и помошниците кои беа со него за време на изборната кампања во пресрет на изборите на кои убедливо ја победи противкандидатката Камала Харис. За најблиски соработници ги избра следните луѓе! Џон Ретклиф, директор на ЦИА Трамп го избра Џон Ретклиф, поранешен конгресмен од Тексас, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во неговата нова администрација. Ретклиф служеше како директор на националното разузнавање во текот на последната година и половина од првиот мандат на Трамп, предводејќи ги разузнавачките агенции на американската влада за време на пандемијата на коронавирус.
„Со нетрпение очекувам Џон да биде првиот човек што некогаш ќе служи на двете највисоки разузнавачки места во нашата нација“, рече Трамп во изјавата, нарекувајќи го „бестрашен борец за уставните права на сите Американци“, кој ќе обезбеди „највисоко ниво. за национална безбедност и мир“.
Илон Маск го предводи Одделот за владина ефикасност Илон Маск ќе го води новоформираното Министерство за владина ефикасност заедно со Вивек Рамасвами, изјави во вторникот Доналд Трамп. Одделот нема да биде владина агенција, пишува Ројтерс. Трамп во изјавата рече дека Маск и Рамасвами ќе работат надвор од владата за да понудат корисни „совети и насоки“ на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да „иницираат големи структурни реформи и да создадат претприемачки пристап кон влада како никогаш досега.“ невидено досега“. Трамп рече дека дуото „ќе го отвори патот на неговата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали прекумерните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“. Пит Хегсет , секретар за одбрана (44) е познат како еден од водителите на шоуто „Fox And Friends Weekend“ на Fox News и соработник на овој медиум од 2014 година, каде што разви пријателство со Трамп, бидејќи новоизбраниот претседател редовно се појавуваше на покажуваат. На Хегсет му недостасува повеќе воено и национално безбедносно искуство. Доколку биде потврден од Сенатот, тој ќе биде во силна позиција за време на актуелните глобални кризи, како што се војната во Украина и тековниот конфликт на Блискиот исток, тензиите со Иран и создавањето силен сојуз меѓу Русија и Северна Кореја. Кристи Ноем, секретар за домашна безбедност Трамп ја избра познатата конзервативна политичарка Кристи Ноем, која се соочи со многу остри критики и ја водеше агенцијата која беше централна во тврдокорната имиграциска агенда на новоизбраниот претседател. Ноем ги искористи двата мандати што ја водеше Јужна Дакота да се искачи на истакната позиција во Републиканската партија. За време на пандемијата „Ковид-19“, Ноем не нареди ограничувања издадени од други држави и наместо тоа ја прогласи нејзината држава „отворена за бизнис“. Покрај клучните агенции за имиграција, „нејзиниот“ Оддел за домашна безбедност ќе ги надгледува одговорите на нацијата на природни катастрофи, американската тајна служба и агентите на Управата за транспортна безбедност кои работат на аеродромите. Мајк Волц, советник за национална безбедност Трамп го избра Валц, пензиониран офицер на Националната гарда и воен ветеран, да биде негов советник за национална безбедност.  

The post Трамп го скрои тимот: Oва се сите луѓе на претседателот appeared first on Република.

]]>
Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд: Бајден го пречека Трамп! https://republika.mk/vesti/svet/pa-g-dine-izbran-pretsedatel-poraneshen-pretsedatel-donald-bajden-go-precheka-tramp/ Thu, 14 Nov 2024 08:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=837467

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.

Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд – рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој.

Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.

Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа.“

Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.

Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, му напиша писмо од две страници на Бајден и го остави во фиока во работното биро.

The post Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд: Бајден го пречека Трамп! appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.
Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд – рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој.
Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.
Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа.“
Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати. Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, му напиша писмо од две страници на Бајден и го остави во фиока во работното биро.

The post Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд: Бајден го пречека Трамп! appeared first on Република.

]]>
Трамп: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата https://republika.mk/vesti/svet/tramp-jas-i-bajden-navistina-uzhivavme-vo-sredbata/ Wed, 13 Nov 2024 21:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=837407

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.

Повторно се запознавме, изјави Трамп за Пост. – Знаете, тоа беше долг, долг процес, рече Трамп. „Имаше многу работа на двете страни, и тој направи многу добра работа во однос на кампањата и сè друго. Навистина имавме многу добра средба.

Избраниот претседател изјави дека разговарале за тековните конфликти на Блискиот Исток, како и за војната во Украина за време на нивната средба.

Сакав – го прашав за неговите ставови и тој ми ги кажа, изјави Трамп. „Исто така, многу разговаравме за Блискиот Исток. Сакав да знам каде сме и што мисли тој. И тој ми ги кажа сите работи, беше многу великодушен.

Трамп, исто така, го повтори неговото јавно изразено задоволство во Овалната соба за мирниот премин помеѓу администрациите, нагласувајќи дека транзицијата тече „многу непречено“ и дека неговиот транзициски тим и актуелната администрација имаат „многу, многу добра соработка.“

Со нетрпение очекувам да обезбедиме, како што рековме, непречен премин. Ќе направиме сè што е потребно за да ви овозможиме поддршка, изјави Бајден претходно денеска во Овалната соба.

Трамп, коментирајќи ја Овалната соба како „прекрасна,“ на Њујорк Пост му кажа дека со нетрпение очекува да се врати во неа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека Трамп донел „детален сет на прашања“ на средбата во Овалната соба со претседателот Џо Бајден.

Жан-Пјер изјави дека средбата била „навистина многу срдечна, многу великодушна и суштинска.“

Портпаролката одби да каже кои прашања ги покренал Трамп за време на речиси двочасовната средба, но им изјави на новинарите за време на брифингот во Белата куќа дека Бајден „се радуваше на средбата, го ценеше разговорот и одговори на сите прашања што избраниот претседател ги имаше, и понуди свои размислувања.“

Мислам дека времетраењето на средбата ви кажува дека тие имаа длабинска дискусија за повеќе теми, изјави таа.

Продолжувајќи понатаму, Бајден „секогаш, очигледно, ќе го задржи отворен каналот за комуникација со избраниот претседател,“ додаде таа.

Во дополнителен коментар, Жан-Пјер истакна дека потпретседателката Камала Харис „не присуствувала на утринската средба меѓу двајцата претседатели“.

The post Трамп: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата appeared first on Република.

]]>

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.
Повторно се запознавме, изјави Трамп за Пост. – Знаете, тоа беше долг, долг процес, рече Трамп. „Имаше многу работа на двете страни, и тој направи многу добра работа во однос на кампањата и сè друго. Навистина имавме многу добра средба.
Избраниот претседател изјави дека разговарале за тековните конфликти на Блискиот Исток, како и за војната во Украина за време на нивната средба.
Сакав – го прашав за неговите ставови и тој ми ги кажа, изјави Трамп. „Исто така, многу разговаравме за Блискиот Исток. Сакав да знам каде сме и што мисли тој. И тој ми ги кажа сите работи, беше многу великодушен.
Трамп, исто така, го повтори неговото јавно изразено задоволство во Овалната соба за мирниот премин помеѓу администрациите, нагласувајќи дека транзицијата тече „многу непречено“ и дека неговиот транзициски тим и актуелната администрација имаат „многу, многу добра соработка.“
Со нетрпение очекувам да обезбедиме, како што рековме, непречен премин. Ќе направиме сè што е потребно за да ви овозможиме поддршка, изјави Бајден претходно денеска во Овалната соба.
Трамп, коментирајќи ја Овалната соба како „прекрасна,“ на Њујорк Пост му кажа дека со нетрпение очекува да се врати во неа. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека Трамп донел „детален сет на прашања“ на средбата во Овалната соба со претседателот Џо Бајден. Жан-Пјер изјави дека средбата била „навистина многу срдечна, многу великодушна и суштинска.“ Портпаролката одби да каже кои прашања ги покренал Трамп за време на речиси двочасовната средба, но им изјави на новинарите за време на брифингот во Белата куќа дека Бајден „се радуваше на средбата, го ценеше разговорот и одговори на сите прашања што избраниот претседател ги имаше, и понуди свои размислувања.“
Мислам дека времетраењето на средбата ви кажува дека тие имаа длабинска дискусија за повеќе теми, изјави таа.
Продолжувајќи понатаму, Бајден „секогаш, очигледно, ќе го задржи отворен каналот за комуникација со избраниот претседател,“ додаде таа. Во дополнителен коментар, Жан-Пјер истакна дека потпретседателката Камала Харис „не присуствувала на утринската средба меѓу двајцата претседатели“.

The post Трамп: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата appeared first on Република.

]]>
Трамп и Бајден се сретнаа во Овалната соба: Претседателот во заминување очекува „мирна транзиција“ https://republika.mk/vesti/svet/tramp-i-bajden-se-sretnaa-vo-ovalnata-soba-pretsedatelot-vo-zaminuvane-ochekuva-mirna-tranzitsija/ Wed, 13 Nov 2024 17:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=837317

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.

Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд. Честитки, рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија.

Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.

Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“, одговори Трамп.

Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.

Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро.

Тој денеска повторно се врати во Белата куќа, но под значително променети околности, уживајќи во своето враќање на власт.

Претходно денеска, Трамп се обрати пред Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, фалејќи ги своите постигнувања на изборите и нарекувајќи го собирот „многу убав.“

Членовите почнаа да аплаудираат и сите станаа кога Трамп влезе. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја пушти музиката за негово влегување. Илон Маск влезе по Трамп, помина преку подиумот и беше придружен до седиште во првиот ред.

Не е ли убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи. Многу добри пријатели во оваа просторија, рече тој.

Додека новинарите заминуваа, Трамп се пошегува.

Мислам дека нема повторно да се кандидирам, освен ако не кажете, ‘Тој е толку добар, мора да смислиме нешто друг“, изјави Трамп.

Оваа забелешка предизвика смеа низ салата.

Луѓето што сега заминуваат ќе пишуваат дека јас го кажав тоа“, додаде Трамп.

The post Трамп и Бајден се сретнаа во Овалната соба: Претседателот во заминување очекува „мирна транзиција“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.
Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд. Честитки, рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија.
Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.
Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“, одговори Трамп.
Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати. Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро. Тој денеска повторно се врати во Белата куќа, но под значително променети околности, уживајќи во своето враќање на власт. Претходно денеска, Трамп се обрати пред Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, фалејќи ги своите постигнувања на изборите и нарекувајќи го собирот „многу убав.“ Членовите почнаа да аплаудираат и сите станаа кога Трамп влезе. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја пушти музиката за негово влегување. Илон Маск влезе по Трамп, помина преку подиумот и беше придружен до седиште во првиот ред.
Не е ли убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи. Многу добри пријатели во оваа просторија, рече тој.
Додека новинарите заминуваа, Трамп се пошегува.
Мислам дека нема повторно да се кандидирам, освен ако не кажете, ‘Тој е толку добар, мора да смислиме нешто друг“, изјави Трамп.
Оваа забелешка предизвика смеа низ салата.
Луѓето што сега заминуваат ќе пишуваат дека јас го кажав тоа“, додаде Трамп.

The post Трамп и Бајден се сретнаа во Овалната соба: Претседателот во заминување очекува „мирна транзиција“ appeared first on Република.

]]>
Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД https://republika.mk/vesti/svet/sholts-germanija-ke-napravi-se-za-da-odrzhi-dobri-odnosi-so-sad/ Wed, 13 Nov 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=837299

По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Toj денеска пред пратениците во германскиот Бундестаг соопшти дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.

Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, изјави Шолц.

Канцеларот се обрати во Бундестагот неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори.

Шолц додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама во војната.

Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.

The post Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД appeared first on Република.

]]>

По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Toj денеска пред пратениците во германскиот Бундестаг соопшти дека имал добар телефонски разговор со Трамп по неговата изборна победа.
Мораме да продолжиме да правиме сè за да обезбедиме односите да продолжат да се развиваат добро во наредните децении, без оглед на владата што постои овде или таму, изјави Шолц.
Канцеларот се обрати во Бундестагот неколку дена по распадот на владејачката коалиција и распишувањето на предвремени парламентарни избори. Шолц додаде дека неговата земја нема да ја остави Украина сама во војната.
Украина може да смета на нашата земја и на нашата солидарност, рече Шолц.

The post Шолц: Германија ќе направи се за да одржи добри односи со САД appeared first on Република.

]]>
Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа https://republika.mk/vesti/svet/bajden-i-tramp-deneska-ke-imaat-sredba-vo-belata-kuka/ Wed, 13 Nov 2024 10:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=837096

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација.

Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА.

На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

The post Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација. Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА. На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

The post Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа appeared first on Република.

]]>
Си-Ен-Ен: Трамп ја именува гувернерката Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност? https://republika.mk/vesti/svet/si-en-en-tramp-ja-imenuva-guvernerkata-kristi-noem-za-nov-sekretar-za-vnatreshna-bezbednost/ Tue, 12 Nov 2024 08:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=836604

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно, ја назначил гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност, јавува денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.

Ноем, за која претходно се сметаше дека би можела да биде потпретседателка на Трамп, моментално го отслужува својот втор четиригодишен мандат како гувернер на Јужна Дакота по убедливата победа на изборите во 2022 година.

Таа стана позната на пошироката американска јавност откако одби да наметне задолжителна употреба на маски во Јужна Каролина за време на пандемијата на Ковид-19.

The post Си-Ен-Ен: Трамп ја именува гувернерката Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност? appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно, ја назначил гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност, јавува денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори. Ноем, за која претходно се сметаше дека би можела да биде потпретседателка на Трамп, моментално го отслужува својот втор четиригодишен мандат како гувернер на Јужна Дакота по убедливата победа на изборите во 2022 година. Таа стана позната на пошироката американска јавност откако одби да наметне задолжителна употреба на маски во Јужна Каролина за време на пандемијата на Ковид-19.

The post Си-Ен-Ен: Трамп ја именува гувернерката Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност? appeared first on Република.

]]>
Кремљ со демант: Не, Путин и Трамп не разговарале https://republika.mk/vesti/svet/kreml-so-demant-ne-putin-i-tramp-ne-razgovarale/ Mon, 11 Nov 2024 09:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=836262

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.

Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.

The post Кремљ со демант: Не, Путин и Трамп не разговарале appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела. Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков. На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.

The post Кремљ со демант: Не, Путин и Трамп не разговарале appeared first on Република.

]]>