домаќин Archives - Република https://republika.mk/tema/domakjin/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 09:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домаќин Archives - Република https://republika.mk/tema/domakjin/ 32 32 Скопје од 18 до 20 април ќе биде домаќин на првиот меѓународно акредитиран Конгрес за денталната имплантологија https://republika.mk/zivot/zdravje/skopje-od-18-do-20-april-ke-bide-domakin-na-prviot-megunarodno-akreditiran-kongres-za-dentalnata-implantologija/ Tue, 12 Mar 2024 08:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=753850

Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија ќе се одржи во Скопје, во хотел „Хилтон“ од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет.

Дигитализација во стоматологијата и нови трендови во имплантологијата се само дел од темите за кои ќе се говори на Конгресот. Конгресот предвидува практичен, теоретски дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На Конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија и Африка.

Еминентни доктори од Македонија исто така ќе земат активно учество: Д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантологог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат.

Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.

The post Скопје од 18 до 20 април ќе биде домаќин на првиот меѓународно акредитиран Конгрес за денталната имплантологија appeared first on Република.

]]>

Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија ќе се одржи во Скопје, во хотел „Хилтон“ од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет. Дигитализација во стоматологијата и нови трендови во имплантологијата се само дел од темите за кои ќе се говори на Конгресот. Конгресот предвидува практичен, теоретски дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На Конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија и Африка. Еминентни доктори од Македонија исто така ќе земат активно учество: Д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантологог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог. За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат. Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.

The post Скопје од 18 до 20 април ќе биде домаќин на првиот меѓународно акредитиран Конгрес за денталната имплантологија appeared first on Република.

]]>
Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕНП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-ums-kako-domakin-na-generalnoto-sobranie-na-mladinata-na-enp-gi-napravi-skopje-i-makedonija-epitsentar-na-glavnite-mladinski-politichki-zbidnuvana-vo-evropa/ Thu, 16 Nov 2023 21:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=702342

На мое големо задоволство овој викенд, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин и организатор на Генералното собрание на младината на Европската народна партија, ова вечерва преку изјава за медиумите го истакна Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младината на Европската народна партија е најголема и најдобро организирана и највлијателна младинска организација во рами на ЕУ. Големо задоволство за мене како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е што успеавме овој викенд Скопје и Република Македонија да бидат епицентар на главните младински политички збиднувања во цела Европа, вели Попов.

Тој додава дека во наредниот период заедно со нашите колеги од сите сестрински партии од Европската народна партија, нивните младински организации ќе разговараме и ќе носиме ставови за многу младински прашања кои не интересираат нас младите луѓе.

Ќе разговараме и ќе разменуваме искуства како до повеќе работни места во Македонија, како младите да ги задржиме овде да не се иселуваат. Ве повикувам во наредните денови да ги следите настаните во рамки на оваа конференција и ви се заблагодарувам на вниманието, рече тој.

The post Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕНП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа appeared first on Република.

Путин домаќин на мировната средба на лидерите на Ерменија и на Азербејџан https://republika.mk/vesti/svet/putin-domakjin-na-mirovnata-sredba-na-liderite-na-ermenija-i-na-azerbejdzan/ Mon, 31 Oct 2022 20:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=567949

Рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на денешната мировна средба во Сочи меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан, организирана како обид да се реши долгогодишниот територијален спор меѓу двете поранешни советски републики.

На состанокот со ерменскиот премиер Никол Пашинјан поддржан од Москва, Путин истакна дека целта е да се обезбеди мир и стабилност и да се деблокира сообраќајната инфраструктура за да се помогне економскиот и социјалниот развој на Ерменија.

Ерменија и Азербејџан со децении се во спор за регионот Нагорно-Карабах, населен воглавно со Ерменци и отцепен од Азербејџан, што доведе до војна во 1990-тите со 30 илјади жртви.

Разговорите на Путин со Пашинјан и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев се посветени кон спроведувањето на одредбите од Мировниот договор од 2020 година постигнат со посредство на Русија.

Пашинјан денеска изјави дека ќе инсистира Азербејџан да ги повлече своите трупи од руската мировна зона во Нагорно-Карабах и ќе побара ослободување на ерменските воени заробеници. Руските медиуми уште соопштија дека било разговарано и за продолжување на рускиот мировен мандат.

За време на шестнеделната војна во 2020 година Азербејџан поврати големи делови од Нагорно-Карабах и соседните територии што ерменските сили ги држеа со децении. Во тие битки загинаа повеќе од 6.700 луѓе. Русија тогаш распореди околу две илјади војници во регионот како мировници.

Бран насилства проследен со оружени судири повторно го зафати регонот во септември годинава, кога на двете страни загинаа повеќе од 200 војници. Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот.

Русија, која е главен сојузник и спонзор на Ерменија, одржува добри односи и со Азербејџан.

The post Путин домаќин на мировната средба на лидерите на Ерменија и на Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на денешната мировна средба во Сочи меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан, организирана како обид да се реши долгогодишниот територијален спор меѓу двете поранешни советски републики. На состанокот со ерменскиот премиер Никол Пашинјан поддржан од Москва, Путин истакна дека целта е да се обезбеди мир и стабилност и да се деблокира сообраќајната инфраструктура за да се помогне економскиот и социјалниот развој на Ерменија. Ерменија и Азербејџан со децении се во спор за регионот Нагорно-Карабах, населен воглавно со Ерменци и отцепен од Азербејџан, што доведе до војна во 1990-тите со 30 илјади жртви. Разговорите на Путин со Пашинјан и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев се посветени кон спроведувањето на одредбите од Мировниот договор од 2020 година постигнат со посредство на Русија. Пашинјан денеска изјави дека ќе инсистира Азербејџан да ги повлече своите трупи од руската мировна зона во Нагорно-Карабах и ќе побара ослободување на ерменските воени заробеници. Руските медиуми уште соопштија дека било разговарано и за продолжување на рускиот мировен мандат. За време на шестнеделната војна во 2020 година Азербејџан поврати големи делови од Нагорно-Карабах и соседните територии што ерменските сили ги држеа со децении. Во тие битки загинаа повеќе од 6.700 луѓе. Русија тогаш распореди околу две илјади војници во регионот како мировници. Бран насилства проследен со оружени судири повторно го зафати регонот во септември годинава, кога на двете страни загинаа повеќе од 200 војници. Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот. Русија, која е главен сојузник и спонзор на Ерменија, одржува добри односи и со Азербејџан.

The post Путин домаќин на мировната средба на лидерите на Ерменија и на Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Битола е домаќин на меѓународен фестивал на краткометражни филмови https://republika.mk/vesti/kultura/bitola-e-domakjin-na-megjunaroden-festival-na-kratkometrazni-filmovi/ Tue, 18 Oct 2022 09:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=562438

Битола е избрана да биде домаќин на 13. издание Фестивалот на краткометражни филмови „Балканс Бијонд Бордерс" (Balkans Beyond Borders) кој повеќе од една деценија функционира како тематски фестивал на краток филм, а секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа. Под мотото „Одлепување на мозаикот" од 19 до 22 октомври, 56 кратки филмови, фото маратон, неколку работилници и богата Офф програма ќе се случуваат во Центарот за култура во Битола. Седиштето на фестивалот е во Атина.

Причината зошто оваа година се одлучивме за насловот „Одлепување на мозаикот" е затоа што ние гледаме дека има потреба да се разбере кои сме ние и кои се луѓето околу нас. И ние не сакаме да имаме категории и да им ставаме имиња на луѓето, но треба да разбереме дека сите сме различни. Затоа нашиот мозаик се состои многу различни видови на личности и тука сме да ги претставиме. Фестивалот се состои од сите типови на жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови и преку овој начин сакаме да имаме комплетна програма на видови на филмови и исто така да го покриеме целосниот балкански регион , рече на прес-конференција Василики Малтасоглу, директорка на фестивалот која е веќе во градот домаќин.

Менувањето на градовите на овој фестивал е со цел да привлекува нова публика и да промовира меѓубалканска соработка. Во своето 12-годишно патување, овој фестивал се има одржано во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Софија, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина.

Среќни сме што Битола е избрана да биде домаќин на овој Интернационален фестивал чие седиште е во Атина, Грција. Ни доаѓаат 43 режисери и уметници кои работат во филмската индустрија кои доаѓаат од различни држави од овој дел на Европа, а благодарение на Министерството за култура и Општина Битола и се разбира локалната поддршка од битолски компании успеавме да го реализираме овој фестивал, рече Милчо Дули од СФЕРА Интернешанал, која е локален партнер на фестивалот.

На пресот беше соопштена деталноста програма и жирито кое ќе го направи изборот на најдобрите филмови во состав Дина Дума, Танасис Неофотистос и Јелена Мишељиќ.

Сите проекции и планирани активности од ОФФ програмата ќе се одвиваат во Центарот за култура, а влезот е бесплатен.

Центарот за култура Битола програмски е насочен кон градењето на млада публика особено во делот на филмската дејност бидејќи нашето кино е дел од европската мрежа на кина - Eurоpa cinemas, така што програмски одлично се вклопува овој фестивал во нашите цели и амбиции. Благодарност до овие три организации кои што не избраа нас да бидеме партнери во организацијата на фестивалот, а Битола заради својата фестивалска историја, а и поврзаност со филмот има и капацитет и одлична публика да застане зад оваа организација, изјави Mенче Хаџи Коста Димевска, стручен соработник за филмска дејност во Центарот за култура.

Balkan Beyond Borders е непрофитна организација од областа на културата, со седиште во Атина, Грција и има за цел градење толерантни, инклузивни и демократски општества, со посебен интерес за проширениот балкански регион. За своите активности, во 2011 година е награден од страна на Европскиот парламент со Младинската награда Карло Велики (Charlemagne Youth Prize) за нивниот фестивал, како и за иницијативите за младинска мобилност и нејзиниот фокус на градење на европската идеја.

The post Битола е домаќин на меѓународен фестивал на краткометражни филмови appeared first on Република.

]]>

Битола е избрана да биде домаќин на 13. издание Фестивалот на краткометражни филмови „Балканс Бијонд Бордерс" (Balkans Beyond Borders) кој повеќе од една деценија функционира како тематски фестивал на краток филм, а секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа. Под мотото „Одлепување на мозаикот" од 19 до 22 октомври, 56 кратки филмови, фото маратон, неколку работилници и богата Офф програма ќе се случуваат во Центарот за култура во Битола. Седиштето на фестивалот е во Атина.
Причината зошто оваа година се одлучивме за насловот „Одлепување на мозаикот" е затоа што ние гледаме дека има потреба да се разбере кои сме ние и кои се луѓето околу нас. И ние не сакаме да имаме категории и да им ставаме имиња на луѓето, но треба да разбереме дека сите сме различни. Затоа нашиот мозаик се состои многу различни видови на личности и тука сме да ги претставиме. Фестивалот се состои од сите типови на жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови и преку овој начин сакаме да имаме комплетна програма на видови на филмови и исто така да го покриеме целосниот балкански регион , рече на прес-конференција Василики Малтасоглу, директорка на фестивалот која е веќе во градот домаќин.
Менувањето на градовите на овој фестивал е со цел да привлекува нова публика и да промовира меѓубалканска соработка. Во своето 12-годишно патување, овој фестивал се има одржано во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Софија, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина.
Среќни сме што Битола е избрана да биде домаќин на овој Интернационален фестивал чие седиште е во Атина, Грција. Ни доаѓаат 43 режисери и уметници кои работат во филмската индустрија кои доаѓаат од различни држави од овој дел на Европа, а благодарение на Министерството за култура и Општина Битола и се разбира локалната поддршка од битолски компании успеавме да го реализираме овој фестивал, рече Милчо Дули од СФЕРА Интернешанал, која е локален партнер на фестивалот.
На пресот беше соопштена деталноста програма и жирито кое ќе го направи изборот на најдобрите филмови во состав Дина Дума, Танасис Неофотистос и Јелена Мишељиќ. Сите проекции и планирани активности од ОФФ програмата ќе се одвиваат во Центарот за култура, а влезот е бесплатен.
Центарот за култура Битола програмски е насочен кон градењето на млада публика особено во делот на филмската дејност бидејќи нашето кино е дел од европската мрежа на кина - Eurоpa cinemas, така што програмски одлично се вклопува овој фестивал во нашите цели и амбиции. Благодарност до овие три организации кои што не избраа нас да бидеме партнери во организацијата на фестивалот, а Битола заради својата фестивалска историја, а и поврзаност со филмот има и капацитет и одлична публика да застане зад оваа организација, изјави Mенче Хаџи Коста Димевска, стручен соработник за филмска дејност во Центарот за култура.
Balkan Beyond Borders е непрофитна организација од областа на културата, со седиште во Атина, Грција и има за цел градење толерантни, инклузивни и демократски општества, со посебен интерес за проширениот балкански регион. За своите активности, во 2011 година е награден од страна на Европскиот парламент со Младинската награда Карло Велики (Charlemagne Youth Prize) за нивниот фестивал, како и за иницијативите за младинска мобилност и нејзиниот фокус на градење на европската идеја.  

The post Битола е домаќин на меѓународен фестивал на краткометражни филмови appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-godinava-kje-bide-domakjin-na-najgolemata-konferencija-za-strategiski-komunikacii-na-nato/ Sun, 09 Jan 2022 09:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=442116

Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, наесен оваа година ќе се одржи во Македонија.

Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации.

Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации, соопшти Министерството за одбрана.

Како што наведува Министерството во соопштение, довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје, ја доби во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од КОВИД-пандемијата. Во 2020 и во 2021 година конференцијата се одржа со видеоконференциска врска.

The post Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО appeared first on Република.

]]>

Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, наесен оваа година ќе се одржи во Македонија. Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји. Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации. Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации, соопшти Министерството за одбрана. Како што наведува Министерството во соопштение, довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје, ја доби во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од КОВИД-пандемијата. Во 2020 и во 2021 година конференцијата се одржа со видеоконференциска врска.

The post Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО appeared first on Република.

]]>