Дом на култура „Билјана Беличанец“ Archives - Република https://republika.mk/tema/dom-na-kultura-biljana-belichanets/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 14:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дом на култура „Билјана Беличанец“ Archives - Република https://republika.mk/tema/dom-na-kultura-biljana-belichanets/ 32 32 Општина Кисела Вода го санира Домот за култура „Билјана Беличанец” https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-kisela-voda-go-sanira-domot-za-kultura-biljana-belichanets/ Mon, 20 Feb 2023 14:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=611146

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности во Домот за култура „Билјана Беличанец“, во кој почна санацијата на штетите настанати поради неодржување на објектот, известуваат од општината. Од локалната самоуправа соопштуваат дека градежните работи ќе опфатат изолациски и молеро-бојадисувачки активности речиси целиот објект, кој беше темелно обновен во 2015-тата, но, како што велат, поради негрижа беше речиси сосема нефункционален.

Ѓорѓиевски најави дека по нивното завршување ова здание ќе ја добие улогата која му била планирана, да биде културен центар на локално ниво, кој со сериозно избрана програма од областа на културата и а ќе ја привлече публиката од цело Скопје, па и пошироко.

Проектот се реализира во финансиско партнерство со Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ додели на Општина Кисела Вода средства за санацијата.

Започнавме со реализација на најавениот проект за санација на Домот за култура „Билјана Беличанец“, кој на почеток од мојот мандат го затекнав во крајно лоша состојба. Иако се работи за објект кој беше темелно обновен во 2015-тата, и од руинирано старо кино прерасна во прекрасно здание, оваа убава визија никогаш не заживеа. Наспроти тоа, неколкугодишната негрижа од страна на моите претходници го довеле до степен да биде речиси сосема неупотреблив. Градежниот зафат кој го реализираме ќе трае неколку месеци, по што имаме сериозен план овој дом на културата и содржински да го добие вниманието што го заслужува. Планираме со квалитетна програма да ја привлечеме публиката и да го позиционираме ова место како иден центар на културните збиднувања во општина Кисела Вода, соседните општини па и во главниот град, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност до Бирото за регионален развој, преку кое општината остварила финансиско партнерство со Министерството за локална самоуправа, со што била овозможена реализацијата на овој проект за санација, како прв чекор кон заживување на Домот на култура „Билјана Беличанец“.

The post Општина Кисела Вода го санира Домот за култура „Билјана Беличанец” appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности во Домот за култура „Билјана Беличанец“, во кој почна санацијата на штетите настанати поради неодржување на објектот, известуваат од општината. Од локалната самоуправа соопштуваат дека градежните работи ќе опфатат изолациски и молеро-бојадисувачки активности речиси целиот објект, кој беше темелно обновен во 2015-тата, но, како што велат, поради негрижа беше речиси сосема нефункционален. Ѓорѓиевски најави дека по нивното завршување ова здание ќе ја добие улогата која му била планирана, да биде културен центар на локално ниво, кој со сериозно избрана програма од областа на културата и а ќе ја привлече публиката од цело Скопје, па и пошироко. Проектот се реализира во финансиско партнерство со Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа ѝ додели на Општина Кисела Вода средства за санацијата.