Долни Сарај Archives - Република https://republika.mk/tema/dolni-saraj/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 11:50:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Долни Сарај Archives - Република https://republika.mk/tema/dolni-saraj/ 32 32 На 11 август концерт на Националниот џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид https://republika.mk/scena/muzika/na-11-avgust-kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-i-vasil-hadhimanov-vo-ohrid/ Thu, 18 Jul 2024 11:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=798054

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов.

На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов.

Роден на 23 јуни 1973 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов потекнува од семејство на музичари; неговиот татко е познатиот пеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка и актерка, Сенка Велетанлиќ. Васил уште од мали нозе покажува исклучителен музички талент и започува со своето формално образование по класичен пијано, но набрзо навлегува во џезот и фјужн-музиката, црпејќи инспирација од различни музички традиции, вклучувајќи ја балканската, африканската и индиската музика.

Во текот на 90-тите години, Васил Хаџиманов е особено присутен и признат на српската музичка сцена со својот бенд, изведувајќи уникатен спој на џез импровизација со елементи на балканските народни ритми и мелодии. Неговата музика се карактеризира со сложени ритми, богати хармонии и длабока интеграција на различни музички култури.

Во текот на својата кариера, Хаџиманов има соработувано со бројни меѓународни музичари и има издадено повеќе албуми кои добиваат позитивни оцени од критиката, меѓу кои „Васил Хаџиманов бенд“ (2001), „7/8 & 11“ (2008) и „Alive“ (2016). Неговите композиции често ги рефлектираат неговите искуства и согледувања за културната различност на Балканот и пошироко. Во 2023 година го издава албумот “Keyf” чија промоција се одржа неодамна и во земјава и наиде на навистина добар прием од публиката.

Васил Хаџиманов продолжува да биде водечка фигура во современата џез и фјужн музичка сцена, признат како по неговото виртуозно свирење пијано, така и по неговата способност да ги премости културните поделби преку музиката.

The post На 11 август концерт на Националниот џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид appeared first on Република.

]]>

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов. На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов. Роден на 23 јуни 1973 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов потекнува од семејство на музичари; неговиот татко е познатиот пеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка и актерка, Сенка Велетанлиќ. Васил уште од мали нозе покажува исклучителен музички талент и започува со своето формално образование по класичен пијано, но набрзо навлегува во џезот и фјужн-музиката, црпејќи инспирација од различни музички традиции, вклучувајќи ја балканската, африканската и индиската музика. Во текот на 90-тите години, Васил Хаџиманов е особено присутен и признат на српската музичка сцена со својот бенд, изведувајќи уникатен спој на џез импровизација со елементи на балканските народни ритми и мелодии. Неговата музика се карактеризира со сложени ритми, богати хармонии и длабока интеграција на различни музички култури. Во текот на својата кариера, Хаџиманов има соработувано со бројни меѓународни музичари и има издадено повеќе албуми кои добиваат позитивни оцени од критиката, меѓу кои „Васил Хаџиманов бенд“ (2001), „7/8 & 11“ (2008) и „Alive“ (2016). Неговите композиции често ги рефлектираат неговите искуства и согледувања за културната различност на Балканот и пошироко. Во 2023 година го издава албумот “Keyf” чија промоција се одржа неодамна и во земјава и наиде на навистина добар прием од публиката. Васил Хаџиманов продолжува да биде водечка фигура во современата џез и фјужн музичка сцена, признат како по неговото виртуозно свирење пијано, така и по неговата способност да ги премости културните поделби преку музиката.  

The post На 11 август концерт на Националниот џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид appeared first on Република.

]]>
Концерт на Бобан Мирковски во магичниот амбинет на Долни Сарај во Охрид https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-boban-mirkovski-vo-magichniot-ambinet-na-dolni-saraj-vo-ohrid/ Fri, 04 Aug 2023 08:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=668570

Врвниот македонски пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „АЛБУМ“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид.

На 5 август (сабота), во магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. Концертот ќе започне во 22.30 часот.

Магијата ќе ја надополнат извонредните вокални изведби на Агни Авшар и Ања Митиќ како специјални гости на концертот.

Целиот свој живот сум растен со нашата убава македонската забавна музика, таа е посебен жанр, не е поп-музика. Тоа е, буквално, наша автентична забавна музика, која остави голем траг кај многу генерации. Затоа ми беше многу голема желба да направам ваков албум, со веќе познати композиции. Направивме нови аранжмани, специјално правени за оваа пригода, дел се мои, дел на мојот татко Љупчо Мирковски, дел на мојот тетин Дамир Имери, на кои сум им неизмерно благодарен за целата поддршка што ми ја даваат.– изјави Мирковски

Инаку Бобан Мирковски потекнува од можеби најголемото музичко семејство на Балканот и е најмладиот потомок на Благој Петров – Караѓуле. Неговото музичко образование го комплетирал во 2015 година со пост-дипломските студии на ФМУ Скопје, во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Сака да истражува и експериментира со музиката и жанровите, вљубеник е во мјузиката на грушата Queen и секако во македонската музика. На неговиот последен албум, во издание на Баги Комуникации се поместени дела од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Димитар Масевски, Ванчо Димитров, Калиопи Букле, Дарио Панковски, Александар Митевски.

Со нетрпение го очекувам охридскиот концерт, привилегија е да се музицира во амбиент каков што е Долни Сарај. Подготовките со Агни Авшар и Ања Митиќ се во полн тек и со сигурност кажувам дека тоа ќе биде ноќ за паметење – вели Бобан Мирковски

Концертот е во организација на Баги Комуникации и ќе започне во 22.30 часот. Билетите можат да се набават на сервисот https://bileti.mk/e/bobomirkovski и чинат 600 денари.

The post Концерт на Бобан Мирковски во магичниот амбинет на Долни Сарај во Охрид appeared first on Република.

Срѓан Марјановиќ: „Охрид-фест“ ми е голема слабост https://republika.mk/scena/muzika/srgan-marjanovik-ohrid-fest-mi-e-golema-slabost/ Wed, 19 Jul 2023 08:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=663009

Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење.

Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата...

Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан.

Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид... Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се...А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост...“

Досега овој , слободно може да се нарече- наш музичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај. Се гледаме!

The post Срѓан Марјановиќ: „Охрид-фест“ ми е голема слабост appeared first on Република.

]]>

Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење. Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата...
Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан. Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид... Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се...А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост...“  