долгови Archives - Република https://republika.mk/tema/dolgovi/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 09:46:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png долгови Archives - Република https://republika.mk/tema/dolgovi/ 32 32 Тошо Филиповски: Ап(о)тека is dead! МКЦ е пред банкрот со долгови… и час поскоро мора институциите да проверат каде се потрошени парите https://republika.mk/vesti/kultura/tosho-filipovski-ap-o-teka-is-dead-mkts-e-pred-bankrot-so-dolgovi-i-chas-poskoro-mora-institutsiite-da-proverat-kade-se-potrosheni-parite/ Thu, 01 Aug 2024 08:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=802182

AP(o)TEKA is DEAD !!!!!

Драги мои пријатели и поддржувачи на АП(о)ТЕКА....сите вие кои со месеци ме прашувате кога повторно просторот ќе биде отворен и кога ќе можете да поминете да си купите некоја музика или книга или некој сувенир. И сите оние кои со месеци ме прашувате што станува со вашите производи кои се оставени за продажба во АП(о)ТЕКА.....со Вашите пари кои повеќе од една година не ви се исплатени !!!!, напиша на својот фејсбук профил Тошо Филиповски.

Сега, драги мои, дозволете ми да ви одземам малку од вашето драгоцено време....и да ви одговорам....јавно !!!

АП(о)ТЕКА is DEAD !!!

За се понатаму, за вашите заробени пари и оставена роба.....обратете се директно на директорот на МКЦ !!!! Арбен Шаќири.

Жал ми е што овојпат, наместо со некоја убава вест со која би ја најавил промоцијата на мојата нова книга или пак вест за некои нови објави на винили или некоја изложба посветена на Mакедонската рок музика, го привлекувам вашето внимание (а се надевам ќе го привлечам и вниманието на соодветни ревизорски/инспекциски институции) изразувајќи го својот, до денес контролиран, РЕВОЛТ кон актуелниот (и поранешниот) директор на МКЦ и секако актуелната градоначаничка на Град Скопје (како институција под чија надлежност е МКЦ).

Иако се “борев” неколку месеци, најмногу самиот со себе, за да не мора да дојде до ваква јавна преписка. Иако упорно настојував и барав разговор со директорот, за да се надмине оваа ситуација, резултатите се никакви односно се видливи од овој пост.

Кој е, и зошто е мојот РЕВОЛТ. Најосновното, за кое го подигам својот глас, а ги повикувам и останатите коминтенти на АП(о)ТЕКА да го сторат истото, е НЕИСПЛАЌАЊЕТО на финансиите што МКЦ (како сопственик на АП(о)ТЕКА) ги должи према мене (Корпус Деликти Рекордс и Тошо Филиповски) (само и единствено врз основа на продадени производи (книги, плочи, ЦД-а)) а врз основа на регуларно издадени фактури во изминатата 2023та година и јануари 2024та.....односно за продадени производи пред повеќе од една година. Иако по договор се ДОЛЖНИ веднаш да биде направена исплата за продадените производи, односно по закон, најдоцна 3 месеци од завршување на договорот. Проблемите се појавуваат со доаѓањето на претходниот директор (безбедњакот), и овој (рокерот). Во 2 наврати (во изминатите безмалку 2 години), после мои предупредувања дека ќе морам да ја тужам МКЦ за неисплатени фактури (фактури чии рок на исплата беше поминат и повеќе од 6 месеци), уплаќаа по дел од тие фактури но никогаш во целост. И јас ги повлекував тужбите, со надеж (испадна наивност) дека ете, можеби ќе се реши ситуацијата. Но со тоа се затворија само фактурите од 2022ра и првата половина на 2023та година.

За се понатаму одговорот од обајцата беше, ТУЖИ бе...ми е гајле.

За да ви ја доловам подобро ситуацијата, како тоа функционираше АП(о)тека, и да му пообјаснам на актуелниов директор бидејќи и после шест месеци на функцијата НЕ ЗНАЕ дека истата не е моја сопственост ниту пак ми е дадена под наем туку таа е единица на МКЦ со која тој раководи и во која за соодветен процент од продажбата се продаваат прозводи на десетици правни субјекти и физички лица (поткрепени со договори за консигнациска продажба) и во целиот период од 7 години колку што постои АП(о)ТЕКА, секој еден што посакал да му се продаваат производи (книги, музички изданија, слики, фотографии, нараквици, маици, беџеви...и што уште не) во АП(о)ТЕКА можел да донесе свои прозиводи и да се продаваат. Неколкуте прекрасни госпоѓи кои работат на билетарата, истовремено ги продаваат и тие производи. Така и МКЦ остварува дополнителни, мали, но сепак приходи. А МКЦ со АП(о)ТЕКА доби уште еден оплеменет културен простор во кој наминува безмалку секој кој влегува во МКЦ....да зирне, да купи или само да си помуабети со некого.

И најголем дел од тие коминтенти, особено книжевни издавачки куќи, исто како и во случајот со мене, а можеби тие и поекстремно, со година/и чекаат да им биде исплатена продадената роба или да си ја повлечат онаа што е останата и за која не постои (веќе повеќе од година дена) валиден временски договор. Бидејќи безмалку 18 месеци, ниту им се обновуваат договорите ниту им се исплаќа продадената роба ниту смеат да си ги повлечат непродадените производи.

И сето ова е под ингеренции на директорот, некогашен и сегашен. Па така, под параванот на случувањата со отпуштањата на хонорарните соработници на МКЦ, во февруари годинава, формално заради почеток на изборен циклус и техничка влада, не се продолжија договорите за КОНСИГНАЦИСКА продажба на ниту еден коминтент на АП(о)ТЕКА. Ама кому да му се објасни дека ниту музичките изданија ниту пак книгите не се личности подложни на политички притисок и дека нивното продавање или не НЕ влијае на изборниот резултат. Или можеби влијае?

АП(о)ТЕКА, можеше и требаше да продолжи да работи, без никаков застој. Чинот на ставање клуч тогаш (решетките се сеуште спуштени), е ништо друго, освен самоволие на моменталното раководно лице во МКЦ, директорот. Патем, за продажба на овие производи се изготвуваше договор за продажба (заедно со спецификација) на година дена кој со доаѓањето на Детективот како директор се сведе на 3 месеци.....и со доаѓањето на последниот директор, тенденциозно се намали на месец дена. Оттогаш започнува систематското уништување на МКЦ, и на АП(о)ТЕКА. Се осмелувам да Верувам - намерно. Сега само се продолжува (не)делото.

Епа пријатели, барам ваша помош....од денес и официјално сум "посоветуван" од директорот дека нема да ме исплати....и нема да дозволи повеќе да фигурира моја роба во АП(о)ТЕКА и да си ТУЖАМ - ич око не му трепнувало. Можеби требаше ова да го направам пред 6 месеци, година дена или уште пред 18 месеци, но совеста не ми дозволи да го тужам МКЦ....бидејќи дознав дека директорите немаат никаква одговорност ... институцијата е таа која ќе плаќа пенали (камати, судски трошоци, адвокатски трошоци, трошоци на извршител). Некако наивно се надевав дека се ќе се реши на легален, законски, фер начин. Ама сум се излажал...сериозно – на моја штета.

Ви препорачувам и Вам драги пријатели, дали заеднички - дали секој посебно, да поднесете тужба (така ме "советуваше" и сегашниот директор) кон МКЦ.....ако си ги сакате назад вашите производи односно финансии. Работата е отидена дотаму. 40 години сум присутен во МКЦ, најчесто како публика, но во последните 7 години и со свои производи во АП(о)ТЕКА и никогаш во животот не сум тужел некого.....за жал, со огромен гнев во себе.....ќе мора да го направам тој чин – кон МКЦ.

Со оглед дека се дрзнувам да си ги барам своите пари....за продадени книги и плочи во период од јули 2023 па заклучно февруари 2024, повеќе нема да ме среќавате во АП(о)ТЕКА, но тоа е цената на преживувањето/изживувањето.

Или како што вели сегашниот директор.....а ти пред шест години се потпиша на петицијата за да тогаш не бидам директор? Ете ....ти враќам сега !!!

Лесно им е на Директорите да мудруваат и тераат свои хирови, овој и оној.....кога за ништо не одговараат.

МКЦ е пред неофицијален банкрот....со безброј долгови пред бендови, фирми, уметници, издавачи.....и час поскоро мора институциите да преземат нешто и проверат каде се потрошени парите на изведувачите, издавачите, добавувачите.

Ако оваа ситуација, со овој директор потрае, судбината на МКЦ ќе биде иста како на Саем, Универзална......и останатите во градот....уништена или пред тотален колапс.

Пријатели НОВИНАРИ......време е да се позанимавате со МКЦ и “визиите” за уништување на МКЦ !!!!

п.с.Ве молам препорака за адвокат кој ќе ми помогне во подготовка на тужбата.

П.п.с. Се надевам оваа голгота со МКЦ нема долго да трае, и некој нареден, нормален градоначалник, ќе ги увиди трајно нанесените штети кон МКЦ, и за тоа ќе побара одговорност од одговорните лица. Оштетени се уште многу други, неисплатени побарувања на сите страни..бендови, луѓе, компании...но за тоа тие самите ќе си кажат. И ги охрабрувам да си кажат. Некои од нив мислам дека беа попаметни (без некакви емоции) од мене и од поодамна го натрупаа МКЦ со тужби.

Јас не можам да чекам повеќе на совеста на Директорот.

The post Тошо Филиповски: Ап(о)тека is dead! МКЦ е пред банкрот со долгови… и час поскоро мора институциите да проверат каде се потрошени парите appeared first on Република.

]]>

AP(o)TEKA is DEAD !!!!!

Драги мои пријатели и поддржувачи на АП(о)ТЕКА....сите вие кои со месеци ме прашувате кога повторно просторот ќе биде отворен и кога ќе можете да поминете да си купите некоја музика или книга или некој сувенир. И сите оние кои со месеци ме прашувате што станува со вашите производи кои се оставени за продажба во АП(о)ТЕКА.....со Вашите пари кои повеќе од една година не ви се исплатени !!!!, напиша на својот фејсбук профил Тошо Филиповски.

Сега, драги мои, дозволете ми да ви одземам малку од вашето драгоцено време....и да ви одговорам....јавно !!!
АП(о)ТЕКА is DEAD !!!
За се понатаму, за вашите заробени пари и оставена роба.....обратете се директно на директорот на МКЦ !!!! Арбен Шаќири.
Жал ми е што овојпат, наместо со некоја убава вест со која би ја најавил промоцијата на мојата нова книга или пак вест за некои нови објави на винили или некоја изложба посветена на Mакедонската рок музика, го привлекувам вашето внимание (а се надевам ќе го привлечам и вниманието на соодветни ревизорски/инспекциски институции) изразувајќи го својот, до денес контролиран, РЕВОЛТ кон актуелниот (и поранешниот) директор на МКЦ и секако актуелната градоначаничка на Град Скопје (како институција под чија надлежност е МКЦ).
Иако се “борев” неколку месеци, најмногу самиот со себе, за да не мора да дојде до ваква јавна преписка. Иако упорно настојував и барав разговор со директорот, за да се надмине оваа ситуација, резултатите се никакви односно се видливи од овој пост.
Кој е, и зошто е мојот РЕВОЛТ. Најосновното, за кое го подигам својот глас, а ги повикувам и останатите коминтенти на АП(о)ТЕКА да го сторат истото, е НЕИСПЛАЌАЊЕТО на финансиите што МКЦ (како сопственик на АП(о)ТЕКА) ги должи према мене (Корпус Деликти Рекордс и Тошо Филиповски) (само и единствено врз основа на продадени производи (книги, плочи, ЦД-а)) а врз основа на регуларно издадени фактури во изминатата 2023та година и јануари 2024та.....односно за продадени производи пред повеќе од една година. Иако по договор се ДОЛЖНИ веднаш да биде направена исплата за продадените производи, односно по закон, најдоцна 3 месеци од завршување на договорот. Проблемите се појавуваат со доаѓањето на претходниот директор (безбедњакот), и овој (рокерот). Во 2 наврати (во изминатите безмалку 2 години), после мои предупредувања дека ќе морам да ја тужам МКЦ за неисплатени фактури (фактури чии рок на исплата беше поминат и повеќе од 6 месеци), уплаќаа по дел од тие фактури но никогаш во целост. И јас ги повлекував тужбите, со надеж (испадна наивност) дека ете, можеби ќе се реши ситуацијата. Но со тоа се затворија само фактурите од 2022ра и првата половина на 2023та година. За се понатаму одговорот од обајцата беше, ТУЖИ бе...ми е гајле. За да ви ја доловам подобро ситуацијата, како тоа функционираше АП(о)тека, и да му пообјаснам на актуелниов директор бидејќи и после шест месеци на функцијата НЕ ЗНАЕ дека истата не е моја сопственост ниту пак ми е дадена под наем туку таа е единица на МКЦ со која тој раководи и во која за соодветен процент од продажбата се продаваат прозводи на десетици правни субјекти и физички лица (поткрепени со договори за консигнациска продажба) и во целиот период од 7 години колку што постои АП(о)ТЕКА, секој еден што посакал да му се продаваат производи (книги, музички изданија, слики, фотографии, нараквици, маици, беџеви...и што уште не) во АП(о)ТЕКА можел да донесе свои прозиводи и да се продаваат. Неколкуте прекрасни госпоѓи кои работат на билетарата, истовремено ги продаваат и тие производи. Така и МКЦ остварува дополнителни, мали, но сепак приходи. А МКЦ со АП(о)ТЕКА доби уште еден оплеменет културен простор во кој наминува безмалку секој кој влегува во МКЦ....да зирне, да купи или само да си помуабети со некого. И најголем дел од тие коминтенти, особено книжевни издавачки куќи, исто како и во случајот со мене, а можеби тие и поекстремно, со година/и чекаат да им биде исплатена продадената роба или да си ја повлечат онаа што е останата и за која не постои (веќе повеќе од година дена) валиден временски договор. Бидејќи безмалку 18 месеци, ниту им се обновуваат договорите ниту им се исплаќа продадената роба ниту смеат да си ги повлечат непродадените производи. И сето ова е под ингеренции на директорот, некогашен и сегашен. Па така, под параванот на случувањата со отпуштањата на хонорарните соработници на МКЦ, во февруари годинава, формално заради почеток на изборен циклус и техничка влада, не се продолжија договорите за КОНСИГНАЦИСКА продажба на ниту еден коминтент на АП(о)ТЕКА. Ама кому да му се објасни дека ниту музичките изданија ниту пак книгите не се личности подложни на политички притисок и дека нивното продавање или не НЕ влијае на изборниот резултат. Или можеби влијае? АП(о)ТЕКА, можеше и требаше да продолжи да работи, без никаков застој. Чинот на ставање клуч тогаш (решетките се сеуште спуштени), е ништо друго, освен самоволие на моменталното раководно лице во МКЦ, директорот. Патем, за продажба на овие производи се изготвуваше договор за продажба (заедно со спецификација) на година дена кој со доаѓањето на Детективот како директор се сведе на 3 месеци.....и со доаѓањето на последниот директор, тенденциозно се намали на месец дена. Оттогаш започнува систематското уништување на МКЦ, и на АП(о)ТЕКА. Се осмелувам да Верувам - намерно. Сега само се продолжува (не)делото. Епа пријатели, барам ваша помош....од денес и официјално сум "посоветуван" од директорот дека нема да ме исплати....и нема да дозволи повеќе да фигурира моја роба во АП(о)ТЕКА и да си ТУЖАМ - ич око не му трепнувало. Можеби требаше ова да го направам пред 6 месеци, година дена или уште пред 18 месеци, но совеста не ми дозволи да го тужам МКЦ....бидејќи дознав дека директорите немаат никаква одговорност ... институцијата е таа која ќе плаќа пенали (камати, судски трошоци, адвокатски трошоци, трошоци на извршител). Некако наивно се надевав дека се ќе се реши на легален, законски, фер начин. Ама сум се излажал...сериозно – на моја штета. Ви препорачувам и Вам драги пријатели, дали заеднички - дали секој посебно, да поднесете тужба (така ме "советуваше" и сегашниот директор) кон МКЦ.....ако си ги сакате назад вашите производи односно финансии. Работата е отидена дотаму. 40 години сум присутен во МКЦ, најчесто како публика, но во последните 7 години и со свои производи во АП(о)ТЕКА и никогаш во животот не сум тужел некого.....за жал, со огромен гнев во себе.....ќе мора да го направам тој чин – кон МКЦ. Со оглед дека се дрзнувам да си ги барам своите пари....за продадени книги и плочи во период од јули 2023 па заклучно февруари 2024, повеќе нема да ме среќавате во АП(о)ТЕКА, но тоа е цената на преживувањето/изживувањето. Или како што вели сегашниот директор.....а ти пред шест години се потпиша на петицијата за да тогаш не бидам директор? Ете ....ти враќам сега !!! Лесно им е на Директорите да мудруваат и тераат свои хирови, овој и оној.....кога за ништо не одговараат. МКЦ е пред неофицијален банкрот....со безброј долгови пред бендови, фирми, уметници, издавачи.....и час поскоро мора институциите да преземат нешто и проверат каде се потрошени парите на изведувачите, издавачите, добавувачите. Ако оваа ситуација, со овој директор потрае, судбината на МКЦ ќе биде иста како на Саем, Универзална......и останатите во градот....уништена или пред тотален колапс. Пријатели НОВИНАРИ......време е да се позанимавате со МКЦ и “визиите” за уништување на МКЦ !!!! п.с.Ве молам препорака за адвокат кој ќе ми помогне во подготовка на тужбата. П.п.с. Се надевам оваа голгота со МКЦ нема долго да трае, и некој нареден, нормален градоначалник, ќе ги увиди трајно нанесените штети кон МКЦ, и за тоа ќе побара одговорност од одговорните лица. Оштетени се уште многу други, неисплатени побарувања на сите страни..бендови, луѓе, компании...но за тоа тие самите ќе си кажат. И ги охрабрувам да си кажат. Некои од нив мислам дека беа попаметни (без некакви емоции) од мене и од поодамна го натрупаа МКЦ со тужби. Јас не можам да чекам повеќе на совеста на Директорот.

The post Тошо Филиповски: Ап(о)тека is dead! МКЦ е пред банкрот со долгови… и час поскоро мора институциите да проверат каде се потрошени парите appeared first on Република.

]]>
Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата https://republika.mk/vesti/ekonomija/posleden-den-od-aktsijata-na-jp-vodovod-za-otplata-na-dolgovite-bez-presmetka-na-kamata/ Wed, 31 Jul 2024 06:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=801861

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, наведуваат од Јавното претпријатие.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, се посочува, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – скопјани може да се јават Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 и на веб-страницата и фб на Јавното претпријатие.

The post Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата appeared first on Република.

]]>

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, наведуваат од Јавното претпријатие. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, се посочува, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – скопјани може да се јават Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 и на веб-страницата и фб на Јавното претпријатие.

The post Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-dolzhnitsi-koi-ne-platile-danok-vkupniot-neto-dolg-164-milioni-evra/ Wed, 10 Jan 2024 12:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=731597

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица.

Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74.

Вкупниот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари, што е повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

The post Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица. Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74. Вкупниот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари, што е повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа). Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

The post Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч https://republika.mk/vesti/skopje/andonovski-gradonachalnichkata-arsovska-tajno-gi-isplatila-dolgovite-kon-privatnite-prevoznitsi-no-nov-dogovor-ne-potpishuva-i-gradot-go-drzhi-vo-klinch/ Mon, 15 May 2023 16:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=641112

Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновскиденеска во врска со прашањето околу приватните превозници.

Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

- Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски.

Во однос на прашањето за блокираната сметка на Град Скопје и за обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека тие се виновни за тоа, тој истакна дека неговата советничка група не ги гласале последните програми на Град Скопје и на Јавните претпријатија. Обвини дека немало доволно транспарентност од страна на Градот како се потрошиле средствата до овој момент.

- Многу е лицемерно до последната седница на Советот Град Скопје како СДСМ да ги гласате сите програми на градоначалничката коишто вклучуваат и финансиски планови, планови за трошење на средства и планови за проектирање без да побарате отчетност и транспарентност од Градот како се потрошиле парите до тогаш, рече Андоновски, кој додаде дека СДСМ, ДУИ и Левица ги гласале овие програми.

Тој смета дека ова е внатре-коалициски проблем помеѓу Данела Арсовска, СДСМ, ДУИ и Левица што треба да го надминат за Градот да продолжи да функционира. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Градот Скопје од август минатата година.

За затворањето на мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“ мол Андоновски потенцира дека како Совет немаат никакви информации, но, како што рече, како советничка група стојат на располагање ако треба да се донесе некоја вонредна одлука за обезбедување дополнителни средства за реконструкција на инсталациите.

Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, денеска во изјава за медиумите информираше дека нејзината советничка група поднела иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство во Советот преку претседателот кој доаѓа од нивните редови, Трајко Славевски, да закаже седница што побрзо затоа што, како што кажа, опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема.

Таа потенцираше дека за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект.

The post Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч appeared first on Република.

]]>

Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави советникот од советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновскиденеска во врска со прашањето околу приватните превозници. Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни. - Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје, тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски. Во однос на прашањето за блокираната сметка на Град Скопје и за обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека тие се виновни за тоа, тој истакна дека неговата советничка група не ги гласале последните програми на Град Скопје и на Јавните претпријатија. Обвини дека немало доволно транспарентност од страна на Градот како се потрошиле средствата до овој момент. - Многу е лицемерно до последната седница на Советот Град Скопје како СДСМ да ги гласате сите програми на градоначалничката коишто вклучуваат и финансиски планови, планови за трошење на средства и планови за проектирање без да побарате отчетност и транспарентност од Градот како се потрошиле парите до тогаш, рече Андоновски, кој додаде дека СДСМ, ДУИ и Левица ги гласале овие програми. Тој смета дека ова е внатре-коалициски проблем помеѓу Данела Арсовска, СДСМ, ДУИ и Левица што треба да го надминат за Градот да продолжи да функционира. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Градот Скопје од август минатата година. За затворањето на мостот што ги поврзува Железничка станица и „Ист Гејт“ мол Андоновски потенцира дека како Совет немаат никакви информации, но, како што рече, како советничка група стојат на располагање ако треба да се донесе некоја вонредна одлука за обезбедување дополнителни средства за реконструкција на инсталациите. Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, денеска во изјава за медиумите информираше дека нејзината советничка група поднела иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство во Советот преку претседателот кој доаѓа од нивните редови, Трајко Славевски, да закаже седница што побрзо затоа што, како што кажа, опасноста од банкрот на Градот секој ден станува се поголема. Таа потенцираше дека за една и пол година колку што ВМРО-ДПМНЕ го предводи Градот, нема реализирано ниту еден, потенцирам, ниту еден капитален проект.

The post Андоновски: Градоначалничката Арсовска тајно ги исплатила долговите кон приватните превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во клинч appeared first on Република.

]]>
Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Март: Акција на ЈП Водовод и канализација Скопје https://republika.mk/zivot/servisi/otplata-na-dolgovi-bez-presmetka-na-kamata-do-31-mart-aktsija-na-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje/ Mon, 20 Mar 2023 10:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=621499

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

The post Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Март: Акција на ЈП Водовод и канализација Скопје appeared first on Република.

]]>

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

The post Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Март: Акција на ЈП Водовод и канализација Скопје appeared first on Република.

]]>
И ГТЦ остана без струја https://republika.mk/vesti/skopje/i-gtc-ostana-bez-struja/ Thu, 15 Dec 2022 14:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=586022

Градскиот трговски центар во Скопје од пред еден час остана без струја. Дќанџиите кои ги контактираше „Курир“ се сомневаат дека властите на трговскиот центар не ги подмириле финансиските средства, иако тие уредно месечно си плаќале за струја.

Засега не е познато дали се работи за дефект или пак за исклучување од страна на ЕВН како што денеска истото беше направено со Јавното претпријатие Железници.

 

The post И ГТЦ остана без струја appeared first on Република.

]]>

Градскиот трговски центар во Скопје од пред еден час остана без струја. Дќанџиите кои ги контактираше „Курир“ се сомневаат дека властите на трговскиот центар не ги подмириле финансиските средства, иако тие уредно месечно си плаќале за струја. Засега не е познато дали се работи за дефект или пак за исклучување од страна на ЕВН како што денеска истото беше направено со Јавното претпријатие Железници.  

The post И ГТЦ остана без струја appeared first on Република.

]]>
Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pukal-za-2-000-evra-priveden-osomnichen-za-obidot-za-ubistvo-vo-veleshta/ Mon, 28 Nov 2022 13:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=579168

Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zastrelan-maz-primen-vo-bolnica-policijata-istrazuva-koj-go-pukal-dvapati-vo-gradi/

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде.

Но, помеѓу нив, најпрво настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот. Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош, се појаснува во соопштението.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор.​​

The post Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zastrelan-maz-primen-vo-bolnica-policijata-istrazuva-koj-go-pukal-dvapati-vo-gradi/ Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде.
Но, помеѓу нив, најпрво настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот. Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош, се појаснува во соопштението.
Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор.​​

The post Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта appeared first on Република.

]]>
На Дарко Лазиќ му се закануваат со смрт поради долгови: Земал пари за настап, а не се појавил на свирката https://republika.mk/scena/estrada/na-darko-lazikj-mu-se-zakanuvaat-so-smrt-poradi-dolgovi-zemal-pari-za-nastap-a-ne-se-pojavil-na-svirkata/ Mon, 10 Oct 2022 08:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=559344

Српскиот фолкер, Дарко Лазиќ, добива закани од сопственици на локали и други луѓе на кои им должи пари затоа што се почесто позајмува пари, а неодамна земал 3.000 евра однапред за тезга во шведски град, каде што не се ни појавил.

Како што за српските медиумите изјавил еден од вработените во ноќниот клуб, пејачот си направил проблеми бидејќи му гарантирал на лицето кое го дало авансот, додека остатокот од парите требало да ги даде менаџерот на барот.

Тој човек лично договорил настап со Дарко и сопственикот на клубот. Лазиќ заедно со бендот требаше да пристигне во градот попладне. Имаше лет околу 14 часот за да се подготви до вечерта, но оттогаш не се јавува на телефон. Сите мислеа дека има проблем, дека можеби летот е откажан, но до вечерта немаше ни знак ни глас од него. Дарко однапред зел капар, а остатокот требало да го добие откако ќе заврши тезгата. Дарко веќе му должи услуга на човекот кој гарантираше за него, па му се налути на Дарко што повторно направи хаос - вели соговорникот на српските медиуми.

Медимите додаваат дека Лазиќ постојано добива пораки од непознати телефонски броеви, па дури и му се закануваат со смрт.

Дарко, знаеме дека си со новата девојка. За џабе се криеш. Врати ги парите на сметка, инаку ќе завршиш полошо отколку во сообраќајната несреќа - гласела една од пораките

Кога Лазиќ видел дека се дознало за тоа што направил, се преправал дека е во болница.

Пред пет дена го изгубив телефонот и автоматски се објави дека сум исчезнат. Лажни се и приказните дека сум го земал хонорарот однапред затоа што нормално никогаш не го правам тоа. Никогаш не земам пари однапред - одговара Дарко на пишувањата за неговите долгови.

The post На Дарко Лазиќ му се закануваат со смрт поради долгови: Земал пари за настап, а не се појавил на свирката appeared first on Република.

]]>

Српскиот фолкер, Дарко Лазиќ, добива закани од сопственици на локали и други луѓе на кои им должи пари затоа што се почесто позајмува пари, а неодамна земал 3.000 евра однапред за тезга во шведски град, каде што не се ни појавил. Како што за српските медиумите изјавил еден од вработените во ноќниот клуб, пејачот си направил проблеми бидејќи му гарантирал на лицето кое го дало авансот, додека остатокот од парите требало да ги даде менаџерот на барот.
Тој човек лично договорил настап со Дарко и сопственикот на клубот. Лазиќ заедно со бендот требаше да пристигне во градот попладне. Имаше лет околу 14 часот за да се подготви до вечерта, но оттогаш не се јавува на телефон. Сите мислеа дека има проблем, дека можеби летот е откажан, но до вечерта немаше ни знак ни глас од него. Дарко однапред зел капар, а остатокот требало да го добие откако ќе заврши тезгата. Дарко веќе му должи услуга на човекот кој гарантираше за него, па му се налути на Дарко што повторно направи хаос - вели соговорникот на српските медиуми.
Медимите додаваат дека Лазиќ постојано добива пораки од непознати телефонски броеви, па дури и му се закануваат со смрт.
Дарко, знаеме дека си со новата девојка. За џабе се криеш. Врати ги парите на сметка, инаку ќе завршиш полошо отколку во сообраќајната несреќа - гласела една од пораките
Кога Лазиќ видел дека се дознало за тоа што направил, се преправал дека е во болница.
Пред пет дена го изгубив телефонот и автоматски се објави дека сум исчезнат. Лажни се и приказните дека сум го земал хонорарот однапред затоа што нормално никогаш не го правам тоа. Никогаш не земам пари однапред - одговара Дарко на пишувањата за неговите долгови.

The post На Дарко Лазиќ му се закануваат со смрт поради долгови: Земал пари за настап, а не се појавил на свирката appeared first on Република.

]]>
МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена https://republika.mk/vesti/ekonomija/mf-javniot-sektor-kje-gi-namiruva-obvrskite-kon-privatnite-kompanii-za-30-dena/ Thu, 25 Aug 2022 13:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=544029

Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена. Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година.

Со предлогот се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена, информираат од Министерството за финансии.

Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена.

Измените се вршат со цел усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно ЕУ Директивата за задоцнето плаќање, велат од Министерството за финансии.

Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена.

Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена.

Актуелниот Закон за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

The post МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена appeared first on Република.

]]>

Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена. Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година. Со предлогот се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена, информираат од Министерството за финансии. Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена. Измените се вршат со цел усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно ЕУ Директивата за задоцнето плаќање, велат од Министерството за финансии. Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена. Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена. Актуелниот Закон за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

The post МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена appeared first on Република.

]]>