долг ковид Archives - Република https://republika.mk/tema/dolg-kovid/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Sep 2022 08:18:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png долг ковид Archives - Република https://republika.mk/tema/dolg-kovid/ 32 32 Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци https://republika.mk/zivot/zdravje/od-dolgiot-kovid-stradaat-17-milioni-evropejci/ Thu, 15 Sep 2022 08:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=550929

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти.

Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО.

Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци.

-Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.

СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).

Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.

The post Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти. Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО. Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци. -Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.
СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME). Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.

The post Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци appeared first on Република.

]]>
Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели https://republika.mk/zivot/zdravje/rekordni-dva-milioni-britanci-so-borat-so-kovid-simptomi-koi-traat-povekje-od-chetiri-nedeli/ Thu, 02 Jun 2022 10:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=510126

Рекордни два милиона луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид на долг рок, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид-19, покажуваат новите проценки на ОНС.

Околу 376.000 луѓе кои биле меѓу првите заразени со коронавирус на почетокот на пандемијата пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, а 826.000 луѓе имале симптоми најмалку една година. Приближно 1,4 милиони имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата.

Најчести симптоми се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Едно од пет лица со долгорочен Ковид вели дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојаните симптоми.

ОНС соопшти дека долгорочниот Ковид-19 е почест кај жените на возраст од 35 до 69 години, луѓето кои живеат во посиромашните области, оние кои работат во образованието или здравствената заштита, оние со други болести и лицата со попреченост.

Бројките се засноваат на самопроценка на долгиот Ковид од репрезентативен примерок на луѓе во приватни домаќинства, собиран во текот на четири недели, до 1 мај.

The post Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели appeared first on Република.

]]>

Рекордни два милиона луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид на долг рок, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид-19, покажуваат новите проценки на ОНС. Околу 376.000 луѓе кои биле меѓу првите заразени со коронавирус на почетокот на пандемијата пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, а 826.000 луѓе имале симптоми најмалку една година. Приближно 1,4 милиони имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата. Најчести симптоми се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Едно од пет лица со долгорочен Ковид вели дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојаните симптоми. ОНС соопшти дека долгорочниот Ковид-19 е почест кај жените на возраст од 35 до 69 години, луѓето кои живеат во посиромашните области, оние кои работат во образованието или здравствената заштита, оние со други болести и лицата со попреченост. Бројките се засноваат на самопроценка на долгиот Ковид од репрезентативен примерок на луѓе во приватни домаќинства, собиран во текот на четири недели, до 1 мај.

The post Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели appeared first on Република.

]]>