доксури Archives - Република https://republika.mk/tema/doksuri/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 14:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доксури Archives - Република https://republika.mk/tema/doksuri/ 32 32 Кина се подготвува за супер тајфун https://republika.mk/vesti/svet/kina-se-podgotvuva-za-super-tajfun/ Thu, 27 Jul 2023 14:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=665944

Моќната бура „Доксури“ повторно доби сила на супер тајфун во своето приближување кон југоисточна Кина, откако веќе ги погоди Тајван и северните делови на Филипини со дожд и силни ветришта поради што потона брод и загинаа најмалку 25 луѓе.

Ветровите околу центарот на бурата достигналеа брзина од 187 километри на час, со што „Доксури“ повторно стигна на највисокото ниво на кинеската класификација на тропски бури.

Фериботот потонал во близина на филипинската престолнина Манила, откако патниците вознемирени од силните ветрови се упатиле на едната страна од бродот и го превртеле.

За време на минување на бурата долж северниот дел на Филипините оваа недела загинале 36 лица.

Во јужните окрузи на Тајван, фирмите и училиштата беа затворени поради предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави. Сите домашни летови и траектни линии беа прекинати, додека повеќе од 100 меѓународни летови беа откажани или одложени. Запрен е и железничкиот сообраќај меѓу јужниот и источниот дел на Тајван.

Се очекува „Доксури“ да ја погоди Кина утре наутро во југоисточната провинција Фуџијан.

Кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти во 2016 година, најсилната бура што го погодила кинескиот брег од 1949 година во која загинаа најмалку единаесет луѓе.

The post Кина се подготвува за супер тајфун appeared first on Република.

]]>

Моќната бура „Доксури“ повторно доби сила на супер тајфун во своето приближување кон југоисточна Кина, откако веќе ги погоди Тајван и северните делови на Филипини со дожд и силни ветришта поради што потона брод и загинаа најмалку 25 луѓе. Ветровите околу центарот на бурата достигналеа брзина од 187 километри на час, со што „Доксури“ повторно стигна на највисокото ниво на кинеската класификација на тропски бури. Фериботот потонал во близина на филипинската престолнина Манила, откако патниците вознемирени од силните ветрови се упатиле на едната страна од бродот и го превртеле. За време на минување на бурата долж северниот дел на Филипините оваа недела загинале 36 лица. Во јужните окрузи на Тајван, фирмите и училиштата беа затворени поради предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави. Сите домашни летови и траектни линии беа прекинати, додека повеќе од 100 меѓународни летови беа откажани или одложени. Запрен е и железничкиот сообраќај меѓу јужниот и источниот дел на Тајван. Се очекува „Доксури“ да ја погоди Кина утре наутро во југоисточната провинција Фуџијан. Кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти во 2016 година, најсилната бура што го погодила кинескиот брег од 1949 година во која загинаа најмалку единаесет луѓе.

The post Кина се подготвува за супер тајфун appeared first on Република.

]]>