дојка Archives - Република https://republika.mk/tema/dojka/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:09:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дојка Archives - Република https://republika.mk/tema/dojka/ 32 32 Нов тест кој може да го предвиди враќањето на ракот на дојката пред да се појават симптомите https://republika.mk/zivot/zdravje/nov-test-koj-mozhe-da-go-predvidi-vrakaneto-na-rakot-na-dojkata-pred-da-se-pojavat-simptomite/ Tue, 04 Jun 2024 08:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=784557

Истражувачите од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон тврдат дека новиот тест на крвта може да предвиди дали ракот на дојката ќе се врати.

Тие велат дека новиот „ултра-чувствителен“ тест на крвта предвидува дали ќе се врати ракот на дојката, години пред болеста да се појави на снимките.

Поконкретно, се покажало дека тестот е 100 проценти точен во предвидувањето на кои пациенти ќе им се врати ракот.

Самото истражување, кое се одвива во Велика Британија, се уште е во рана фаза, но експертите го нарекоа „неверојатно возбудливо“.

Ракот на дојка е најчеста форма на болеста во светот според добротворната организација „Рак на дојка“ во Велика Британија, но постои надеж дека тестот ќе ги подобри стапките на преживување.

Тим истражувачи од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон спроведе студија на 78 пациенти со различни видови на ран карцином на дојка.

Тестот на крвта откри рак 15 месеци пред да се појават симптомите или болеста да се појави на снимките, покажуваат резултатите презентирани на конференцијата на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго во неделата.

Најраниот откриен рак бил 41 месец пред скенирањето да ја потврди дијагнозата.

The post Нов тест кој може да го предвиди враќањето на ракот на дојката пред да се појават симптомите appeared first on Република.

]]>

Истражувачите од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон тврдат дека новиот тест на крвта може да предвиди дали ракот на дојката ќе се врати. Тие велат дека новиот „ултра-чувствителен“ тест на крвта предвидува дали ќе се врати ракот на дојката, години пред болеста да се појави на снимките. Поконкретно, се покажало дека тестот е 100 проценти точен во предвидувањето на кои пациенти ќе им се врати ракот. Самото истражување, кое се одвива во Велика Британија, се уште е во рана фаза, но експертите го нарекоа „неверојатно возбудливо“. Ракот на дојка е најчеста форма на болеста во светот според добротворната организација „Рак на дојка“ во Велика Британија, но постои надеж дека тестот ќе ги подобри стапките на преживување. Тим истражувачи од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон спроведе студија на 78 пациенти со различни видови на ран карцином на дојка. Тестот на крвта откри рак 15 месеци пред да се појават симптомите или болеста да се појави на снимките, покажуваат резултатите презентирани на конференцијата на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго во неделата. Најраниот откриен рак бил 41 месец пред скенирањето да ја потврди дијагнозата.

The post Нов тест кој може да го предвиди враќањето на ракот на дојката пред да се појават симптомите appeared first on Република.

]]>
Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/legendarnata-teniserka-navratilova-boleduva-od-rak-na-dojka-i-na-grlo/ Tue, 03 Jan 2023 11:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=593116

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и na грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година.

Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година.

Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.

Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.

Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.

 

The post Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло appeared first on Република.

]]>

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и na грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година. Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година. Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.
Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.
Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.  

The post Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и на грло appeared first on Република.

]]>