доха Archives - Република https://republika.mk/tema/doha/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 17:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доха Archives - Република https://republika.mk/tema/doha/ 32 32 Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро https://republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-tsia-itno-odi-vo-doha-delegatsijata-na-hamas-go-napushta-kairo/ Sun, 05 May 2024 17:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=774574

Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

The post Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро appeared first on Република.

]]>

Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа. Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“. Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.
Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.
 
The post Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро appeared first on Република.

]]>
Зеленски го повика Катар да го зголеми производството на гас за Русија да не го уценува светот https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-povika-katar-da-go-zgolemi-proizvodstvoto-na-gas-za-rusija-da-ne-go-ucenuva-svetot/ Sat, 26 Mar 2022 09:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=478813

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите производители на енергени да го зголемат своето производство, за Русија да не може да го користи своето богатство од нафта и гас за, како што рече, „уценување“ на другите народи.

Британските медиуми пренесуваат дека украинскиот претседател во обраќањето на форумот „Доха 2022“, што го изведе преку видео врска, кажа дека земјите, како Катар на пример, можат да придонесат за стабилизирање на енергетската состојба во Европа.

-Иднината на Европа зависи од вашите напори. Ве повикувам да го зголемите производството на енергенси за да се осигураме дека сите во Русија разбираат дека ниту една земја не може да ја користи енергијата како оружје и да го уценува светот, рече Зеленски.

Тој, исто така, предупреди дека прекинот во синџирот на снабдување со храна може да влијае врз секоја земја поради руската инвазија на Украина, која е еден од најголемите производители на житарици во светот.

The post Зеленски го повика Катар да го зголеми производството на гас за Русија да не го уценува светот appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите производители на енергени да го зголемат своето производство, за Русија да не може да го користи своето богатство од нафта и гас за, како што рече, „уценување“ на другите народи. Британските медиуми пренесуваат дека украинскиот претседател во обраќањето на форумот „Доха 2022“, што го изведе преку видео врска, кажа дека земјите, како Катар на пример, можат да придонесат за стабилизирање на енергетската состојба во Европа.