Договорот од Преспа Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovorot-od-prespa/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 17:24:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Договорот од Преспа Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovorot-od-prespa/ 32 32 Имплементацијата на Договорот од Преспа е обврска и за двете страни, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија https://republika.mk/vesti/makedonija/implementatsijata-na-dogovorot-od-prespa-e-obvrska-i-za-dvete-strani-velat-od-ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti-i-nadvoreshna-trgovija/ Fri, 28 Jun 2024 17:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=791657

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни, се вели во соопштенито на Министерството.

Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

The post Имплементацијата на Договорот од Преспа е обврска и за двете страни, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни, се вели во соопштенито на Министерството.
Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес. Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
 
The post Имплементацијата на Договорот од Преспа е обврска и за двете страни, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија appeared first on Република.

]]>
Герапетритис: Меморандумите ќе се ратификуваат кога ќе постои целосна усогласеност во спроведувањето на Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/gerapetritis-memorandumite-ke-se-ratifikuvaat-koga-ke-postoi-tselosna-usoglasenost-vo-sproveduvaneto-na-dogovorot-od-prespa/ Fri, 12 Apr 2024 21:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=765576

Доцнењето на ратификацијата на трите меморандуми со Македонија, според шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, не е поради внатрешните политички околности во Грција, туку поради „односите што се развиваат по Договорот од Преспа“, за кој уште еднаш повтори дека е меѓународен договор што не може еднострано да се смени и ги обврзува сите влади, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, за време на неговото учество на Делфи економскиот форум, говореше за сите теми поврзани со грчката дипломатија, а одговори и на прашањето кога меморандумите ќе бидат ратификувани од Парламентот.

Објасни дека „ќе има напредок кога политичките околности ќе го дозволат тоа“ и ова, како што посочи, не се однесува на „внатрешните политички услови“ во Грција.

-Договорот од Преспа е меѓународен договор. Меѓународните договори кога се потпишуваат го надвладуваат секој друг закон. Не можат да се изменат еднострано и ја обврзуваат секоја Влада, па така ние, она што мораме да го сториме е да го следиме доследното спроведување на Договорот од Преспа и тоа го правиме. Кога ќе постои заедничко разбирање, заемно разбирање, кога ќе има ситуација на целосна усогласеност, овие меморандуми ќе дојдат за ратификација во грчкиот Парламент, истакна Герапетритис на панел-дискусијата.

Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за регионот, уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на сите земји од Западен Балкан, посочувајќи дека е потребно почитување на основните принципи како што е владеењето на правото, додека пак за односите со Албанија и за случајот со градоначалникот на Химара Фреди Белери истакна дека не станува збор за билатерално прашање, туку за европско.

The post Герапетритис: Меморандумите ќе се ратификуваат кога ќе постои целосна усогласеност во спроведувањето на Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Доцнењето на ратификацијата на трите меморандуми со Македонија, според шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, не е поради внатрешните политички околности во Грција, туку поради „односите што се развиваат по Договорот од Преспа“, за кој уште еднаш повтори дека е меѓународен договор што не може еднострано да се смени и ги обврзува сите влади, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција, за време на неговото учество на Делфи економскиот форум, говореше за сите теми поврзани со грчката дипломатија, а одговори и на прашањето кога меморандумите ќе бидат ратификувани од Парламентот. Објасни дека „ќе има напредок кога политичките околности ќе го дозволат тоа“ и ова, како што посочи, не се однесува на „внатрешните политички услови“ во Грција.