договори во 4 очи Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovori-vo-4-ochi/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 09:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договори во 4 очи Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovori-vo-4-ochi/ 32 32 Васко Ковачевски: Во АД ЕСМ не е склучен ниту еден договор во четири очи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vasko-kovachevski-vo-ad-esm-ne-e-skluchen-nitu-eden-dogovor-vo-chetiri-ochi/ Sat, 17 Sep 2022 09:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=551663

Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во 4 очи, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат.

Тврдам пред вас и пред целата македонска јавност, секогаш кога се спроведувала постапка, без претходно објавување оглас (една од постапките согласно Законот за јавни набавки), без исклучок биле повикувани најмалку 3 фирми, понекогаш и многу повеќе, пред сè заради конкурентност, и секогаш постапката била транспарентна и секогаш се избирал понудувачот што имал најниска цена.

Меѓутоа, кога некој секојдневно ве обвинува за склучување договори во 4 очи и го вперува прстот кон вас, цело време додека трае кризата, не е прифатлива таа негова лична перцепција. Сакам само да потсетам дека тој е истиот човек којшто пред неколку години бил директор на ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) и истиот тој човек седел на моето столче.Чувствувам обврска и одговорност да укажам на тоа дека во неговиот мандат, додека бил директор, имало дури 44 постапки без објавување оглас односно таканаречени постапки со преговарање и тогаш се склучувале договори за испорака на јаглен, за ископ на јаловина, договори за користење помошна механизација и тоа во вредност од двесте, триста па и четиристотини милиони денари. Но, дали тогаш станувало збор за договори во 4 очи или обвинувањата се однесуваат само на овој период сега, тоа треба да одговорат истражните органи, изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски информираше дека иако, во согласност со Законот, АД ЕСМ не треба да објавува јавен оглас во медиуми, не треба да испраќа покани до снабдувачи и слично, затоа што набавката на енергенсите во секторските услуги се врши по принципот – склучување договор, АД ЕСМ не ја користи таа можност.

The post Васко Ковачевски: Во АД ЕСМ не е склучен ниту еден договор во четири очи appeared first on Република.

]]>

Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во 4 очи, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат.
Тврдам пред вас и пред целата македонска јавност, секогаш кога се спроведувала постапка, без претходно објавување оглас (една од постапките согласно Законот за јавни набавки), без исклучок биле повикувани најмалку 3 фирми, понекогаш и многу повеќе, пред сè заради конкурентност, и секогаш постапката била транспарентна и секогаш се избирал понудувачот што имал најниска цена. Меѓутоа, кога некој секојдневно ве обвинува за склучување договори во 4 очи и го вперува прстот кон вас, цело време додека трае кризата, не е прифатлива таа негова лична перцепција. Сакам само да потсетам дека тој е истиот човек којшто пред неколку години бил директор на ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) и истиот тој човек седел на моето столче.Чувствувам обврска и одговорност да укажам на тоа дека во неговиот мандат, додека бил директор, имало дури 44 постапки без објавување оглас односно таканаречени постапки со преговарање и тогаш се склучувале договори за испорака на јаглен, за ископ на јаловина, договори за користење помошна механизација и тоа во вредност од двесте, триста па и четиристотини милиони денари. Но, дали тогаш станувало збор за договори во 4 очи или обвинувањата се однесуваат само на овој период сега, тоа треба да одговорат истражните органи, изјави директорот Ковачевски.