договори од Минск Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovori-od-minsk/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 18:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договори од Минск Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovori-od-minsk/ 32 32 Захарова: Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници со непочитување на договорите од Минск https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-ukraina-ja-propushti-shansata-da-ja-zadrzi-zemjata-vo-svoite-granici-so-nepochituvanje-na-dogovorite-od-minsk/ Thu, 24 Mar 2022 19:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=477885

Раководството на Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници.

Ваквата порака на брифинг го изјави официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува руската агенција „Интерфакс“.

Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина - изјави Захарова.

Според неа, таа „шанса“Украина ја добила и не ја искористила во 2014 и 2015 година.

Беа искористени сите платформи за да се објасни дека едноставно нема друга опција за државата Украина освен преземање соодветни чекори во рамките на Акцискиот план од Минск. Во спротивно, државата ќе се распадне, како што гледаме сега, пред очите на целиот свет - изјави Захарова.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Василиј Небензја изјави дека Русија се одлучила за специјална операција во Украина, дури откако ги исцрпила сите мирни и дипломатски начини за решавање на конфликтот во Донбас. Дополнително, според него, за тоа придонеле и повторуваните потврди од украинските власти дека нема да ги спроведат договорите од Минск одобрени со резолуција на Советот за безбедност, како и фактот дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не само што ги потврдил плановите на земјата да влезе во НАТО, туку и се заканил дека ќе го напушти статусот на Украина да биде без нуклеарно оружје.

Претходно, портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, порача дека не гледа причина зошто на договорите од Минск да им се даде „уште една шанса“.

The post Захарова: Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници со непочитување на договорите од Минск appeared first on Република.

]]>

Раководството на Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници.
Ваквата порака на брифинг го изјави официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува руската агенција „Интерфакс“.
Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина - изјави Захарова.
Според неа, таа „шанса“Украина ја добила и не ја искористила во 2014 и 2015 година.
Беа искористени сите платформи за да се објасни дека едноставно нема друга опција за државата Украина освен преземање соодветни чекори во рамките на Акцискиот план од Минск. Во спротивно, државата ќе се распадне, како што гледаме сега, пред очите на целиот свет - изјави Захарова.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Василиј Небензја изјави дека Русија се одлучила за специјална операција во Украина, дури откако ги исцрпила сите мирни и дипломатски начини за решавање на конфликтот во Донбас. Дополнително, според него, за тоа придонеле и повторуваните потврди од украинските власти дека нема да ги спроведат договорите од Минск одобрени со резолуција на Советот за безбедност, како и фактот дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не само што ги потврдил плановите на земјата да влезе во НАТО, туку и се заканил дека ќе го напушти статусот на Украина да биде без нуклеарно оружје. Претходно, портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, порача дека не гледа причина зошто на договорите од Минск да им се даде „уште една шанса“.

The post Захарова: Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници со непочитување на договорите од Минск appeared first on Република.

]]>