Договор за партнерство за безбедност и одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-za-partnerstvo-za-bezbednost-i-odbrana/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Договор за партнерство за безбедност и одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-za-partnerstvo-za-bezbednost-i-odbrana/ 32 32 Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/prvi-vo-regionot-makedonija-i-eu-potpishaa-dogovor-za-partnerstvo-za-bezbednost-i-odbrana/ Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=839705

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Македонија и Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Македонија, се наведува во соопштението.

Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП).

Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите.

Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, се вели во соопштението.

The post Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана appeared first on Република.

]]>