Договор за добрососедство Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-za-dobrososedstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Aug 2022 07:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Договор за добрососедство Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-za-dobrososedstvo/ 32 32 Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа https://republika.mk/vesti/makedonija/izvorot-na-site-problemi-so-bugarija-e-vladata-na-sdsm-koja-potpisha-dogovor-koj-i-za-najgolemite-bugarski-nacionalisti-beshe-pobeda/ Fri, 26 Aug 2022 07:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=544248

Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година кога Заев го спремаше договорот кажа дека тој е асиметричен, со права за Бугарија, а обврски за Македонија. И најголемите бугарски шовинисти не можеа да поверуваат дека Заев и СДСМ како договорна материја ставаат тези кои и тие самите никогаш не ги кажале. Дури и покојниот Божидар Димитров беше фрапиран од Заев, и го сметаше договорот за апсолутна победа на Бугарија. Од тој договор навака сите барања на Бугарија се уште полоши и понегаторски. Тоа што Ковачевски го турка денес е надградено од тоа Заев што го постави пред 5 години, велат од партијата.

Од партијата додаваат дека протоколот и договорот не враќаат назад, а не не водат напред. За да помине се потребни се уставни измени, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи.

-Излез од оваа криза и од понижувањата за Македонија се само предвремени парламентарни избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-dava-poddrshka-za-ustavni-izmeni-izvor-na-problemot-so-bugarija-e-dogovorot-zaev-borisov/

Oва вчера го повтори и лидерот Мицкоски.Тојзборувајќи за можното референдумско прашање Мицкоски рече дека во него треба да биде содржан изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.

За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање.
Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми, вели Мицкоски.

The post Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа appeared first on Република.

]]>

Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година кога Заев го спремаше договорот кажа дека тој е асиметричен, со права за Бугарија, а обврски за Македонија. И најголемите бугарски шовинисти не можеа да поверуваат дека Заев и СДСМ како договорна материја ставаат тези кои и тие самите никогаш не ги кажале. Дури и покојниот Божидар Димитров беше фрапиран од Заев, и го сметаше договорот за апсолутна победа на Бугарија. Од тој договор навака сите барања на Бугарија се уште полоши и понегаторски. Тоа што Ковачевски го турка денес е надградено од тоа Заев што го постави пред 5 години, велат од партијата.
Од партијата додаваат дека протоколот и договорот не враќаат назад, а не не водат напред. За да помине се потребни се уставни измени, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи.
-Излез од оваа криза и од понижувањата за Македонија се само предвремени парламентарни избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-dava-poddrshka-za-ustavni-izmeni-izvor-na-problemot-so-bugarija-e-dogovorot-zaev-borisov/ Oва вчера го повтори и лидерот Мицкоски.Тојзборувајќи за можното референдумско прашање Мицкоски рече дека во него треба да биде содржан изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.
За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање. Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми, вели Мицкоски.

The post Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа appeared first on Република.

]]>
Пет години по Договорот со Бугарија: „Заедничката историја“ на Заев и Борисов повеќе ги оддалечи отколку што ги зближи Македонците и Бугарите https://republika.mk/vesti/makedonija/pet-godini-po-dogovorot-so-bugarija-zaednichkata-istorija-na-zaev-i-borisov-povekje-gi-odalechi-otkolku-shto-gi-zblizi-makedoncite-i-bugarite/ Mon, 01 Aug 2022 10:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=535674

Денеска, 1 август 2022 година, се навршуваат пет години од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Торжествените потписи на тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов требаше да означат отворање на нова страница во односите меѓу двете држави и двата народа и конечно пробивање на евроатлантскиот пат на Македонија кон членството во НАТО и ЕУ.

Но, наместо тоа, најгрубо речно, целите се само делумно остварени, барем што се однесува до Македонија. Членството во НАТО стана реалност, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ се само на половина пат, а односите меѓу двата народа се доведени на најниско можно ниво, полошо дури и од времето на Кралството и СФР Југославија. И што е најлошо, на внатрешен план, интеретничките односи меѓу Македонците се доведни до точка на вриење, што имаат свој одраз и влијание врз меѓуетничките релации во земјата, анализира „Пресинг ТВ“.

Македонија и Бугарија веројатно станаа единствени две држави во светот, кои за време од само две децении склучија дури три меѓудржавни договори.

Првиот од 1999 година, вториот од 2017 и третиот од 19 јули годинава, преточен во т.н. француски предлог. И во овој меѓупериод од 2017 до 2022 година, веројатно не постои попонижен, по девалвиран, по дискриминиран, по разочаран народ од Македонците.

Од оваа временска дистанца звучи просто неверојатно, но како држава и како владејчка политичка елита, предводна од СДСМ и ДУИ, да не можат да се предвидат вистинските намери и цели и на великобугарскиот шовинистички сон и на меѓународната политичка прагма, во чиј епицентар се најдоа токму идентитетските прашања на етничките Македонци. Ревизијата на историјата, практично се претвори во средство за легален геноцид врз еден мал народ на Балканот, што е спротивно на сите меѓународни норми и правила, но пред се на вистинските европски вредности, во чија основа лежат човековите права и еднаквоста во различностите.

Враќајќи го филмот наназад, наспроти сиот оптимизам прокламиран од владејачката структура, неизбежен е фактот дека како главен камн на сопнување се покажаа две основни причини. Првата, во прифаќањето од македонска страна на терминот „заедничка историја“ и втората, заткулисните (не)остварливи ветувања на поединци од власта дадени на бугарската страна и на меѓународната заедница-се наведува во анализата.

Историјата покажала и потврдила дека ништо вечно не останало тајна, па полека, но сигурно, клопчето почна да се одмотува. Дека македонската власт се нашла затечена од толкувањето на терминот „заедничка историја“ единствено како бугарска, отворено призна шефот на државата Стево Пендаровски. И илузорно е некој да се обиде сега него да го демантира или негира, зашто тоа е едноставно невозможно.

Натаму, на површина излезе и судирот меѓу министрите Никола Димитров и Бујар Османи од една, и Зоран Заев и Димитров од друга страна. А, тој се должи, пред се, во приодот на надминување на недоразбирањата, што произлегоа меѓу двете држави. И не попусто една од првите изјави на премиерот намесник Димитар Ковачевски, по стапувањето на функцијата, беше дека ќе се бори против пропагандистите, кои го попречувале напредокот во односите. Излезе дека Димитров бил главниот пропагандист и виновник за состојбата во која се најдоа Македонија и Бугарија!? Не, не Зоран Заев, кој стави параф на „заедничката историја“ и ги давал ветувањата каде стигнал, туку Димитров, кој инсистирал на почитување на правото на Македонците на самоопределување. За негова дискредитација послужи објавениот документ за прифаќање, демек, на бугарската терминологија за Илинденското како Илинденско-Преображенско востание и наводното отсуство на македонската верзија од документот.

Како посредник за надминување на состојбата, нормално, се јави меѓународната заедница во лицето на ЕУ и САД. Резултат на тоа беа прво португалскиот, па потоа францускиот предлог. И тој комплот целосно ги прифати бугарските барања, а Македонија доби нови обврски, зашто јажето, нели, се кине таму каде што е најтенко. Впрочем, тоа се покажа и докажа со Преспанскиот договор, па сега сликата се пресликува и со францускиот предлог. Македонската страна не успеа да го одбрани ни единствениот јавно прокламиран став за вметнување на македонските Бугари во Уставот по нејзиниот прием во ЕУ, па сега тој е основната точка ако сака реализација и на втората фаза за официјален почеток на преговорите на членство во Унијата.

На внатрешно-политички план, пак, ситуацијата е копи-пејст од потпишувањето на Преспанскиот договор. Тогаш Заев се колнеше во жичката македонска, во најблиските, во децата и претците, ама потпиша и менување на уставното име и тоа за севкупна употреба, што беше основа за раѓање на нова „северномакедонска“ нација и народ. Сега Ковачевски цело време тврди дека идентитетот и македонскиот јазик не биле предмет на преговори, ама содржината на комплетните документи кажуваат нешто сосема друго, токму спротивното. Инаку, зошто би се експонирал само делот дека Македонија добила „чист“ македонски јазик, без додавки или фусноти?! Или дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци, што апсолутно не кореспондира со вистината!

Зашто, францускиот предлог ги врзува и Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Што ќе рече дека нема Македонци, туку има три коси црти!!! И премиерот намесник Ковачевски отворено манипулира со јавноста кога вели дека ќе стане уште поголем Македонец! Не! Напротив, може да станат поголеми само трите коси црти во официјалните документи на државната администрација, а не тој да стане поголем Македонец!

Ова, пак, од друга страна значи дека е целосно отворен патот за целосна асимилација и бугаризација на Македонците. Периодот од 10-15 години, во историски контекст е можеби краток, но временски минува за миг. Особено под удар на образовната, културната и секаков вид друга пропаганда. А, тогаш којзнае каде ќе бидат и Емануел Макрон, и Шолц, и редица други европски лидери и бирократи.

Наспроти се, најголема болка претставува отсуството на интеретнички, македонски консензус. Во 21 век, апсолутно неприфатливо е власта на СДСМ и ДУИ да го приватизира европскиот пат на Македонија и да не се ни обиде да разговара со опозицијата за исклучиво идентитетските прашања, а посебно не да имаат спротивни становишта и гледишта, без оглед на идеолошките разлики, ако такви воопшто постојат. Опозицијата не може и не смее да се претвори и гледа само како бројка, како број на пратеници, кои ќе можат да гласаат за промена на Уставот! А, уште помалку чисто сталинистички, тоталитарно, во стилот кој не е со нас, е против нас, што значи кој не е за промена на Уставот, тој е против ЕУ! Ваквото чисто пропагандистичко вулгаризирање на работите не води никаде, освен кон нови, и нови, дополнителни поделби на и онака целосно поделеното македонско национално ткиво.

А, кому тоа најмногу му одговара? На Македонците со три коси црти сигурно не.

The post Пет години по Договорот со Бугарија: „Заедничката историја“ на Заев и Борисов повеќе ги оддалечи отколку што ги зближи Македонците и Бугарите appeared first on Република.

]]>

Денеска, 1 август 2022 година, се навршуваат пет години од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Торжествените потписи на тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов требаше да означат отворање на нова страница во односите меѓу двете држави и двата народа и конечно пробивање на евроатлантскиот пат на Македонија кон членството во НАТО и ЕУ. Но, наместо тоа, најгрубо речно, целите се само делумно остварени, барем што се однесува до Македонија. Членството во НАТО стана реалност, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ се само на половина пат, а односите меѓу двата народа се доведени на најниско можно ниво, полошо дури и од времето на Кралството и СФР Југославија. И што е најлошо, на внатрешен план, интеретничките односи меѓу Македонците се доведни до точка на вриење, што имаат свој одраз и влијание врз меѓуетничките релации во земјата, анализира „Пресинг ТВ“. Македонија и Бугарија веројатно станаа единствени две држави во светот, кои за време од само две децении склучија дури три меѓудржавни договори. Првиот од 1999 година, вториот од 2017 и третиот од 19 јули годинава, преточен во т.н. француски предлог. И во овој меѓупериод од 2017 до 2022 година, веројатно не постои попонижен, по девалвиран, по дискриминиран, по разочаран народ од Македонците.
Од оваа временска дистанца звучи просто неверојатно, но како држава и како владејчка политичка елита, предводна од СДСМ и ДУИ, да не можат да се предвидат вистинските намери и цели и на великобугарскиот шовинистички сон и на меѓународната политичка прагма, во чиј епицентар се најдоа токму идентитетските прашања на етничките Македонци. Ревизијата на историјата, практично се претвори во средство за легален геноцид врз еден мал народ на Балканот, што е спротивно на сите меѓународни норми и правила, но пред се на вистинските европски вредности, во чија основа лежат човековите права и еднаквоста во различностите. Враќајќи го филмот наназад, наспроти сиот оптимизам прокламиран од владејачката структура, неизбежен е фактот дека како главен камн на сопнување се покажаа две основни причини. Првата, во прифаќањето од македонска страна на терминот „заедничка историја“ и втората, заткулисните (не)остварливи ветувања на поединци од власта дадени на бугарската страна и на меѓународната заедница-се наведува во анализата.
Историјата покажала и потврдила дека ништо вечно не останало тајна, па полека, но сигурно, клопчето почна да се одмотува. Дека македонската власт се нашла затечена од толкувањето на терминот „заедничка историја“ единствено како бугарска, отворено призна шефот на државата Стево Пендаровски. И илузорно е некој да се обиде сега него да го демантира или негира, зашто тоа е едноставно невозможно. Натаму, на површина излезе и судирот меѓу министрите Никола Димитров и Бујар Османи од една, и Зоран Заев и Димитров од друга страна. А, тој се должи, пред се, во приодот на надминување на недоразбирањата, што произлегоа меѓу двете држави. И не попусто една од првите изјави на премиерот намесник Димитар Ковачевски, по стапувањето на функцијата, беше дека ќе се бори против пропагандистите, кои го попречувале напредокот во односите. Излезе дека Димитров бил главниот пропагандист и виновник за состојбата во која се најдоа Македонија и Бугарија!? Не, не Зоран Заев, кој стави параф на „заедничката историја“ и ги давал ветувањата каде стигнал, туку Димитров, кој инсистирал на почитување на правото на Македонците на самоопределување. За негова дискредитација послужи објавениот документ за прифаќање, демек, на бугарската терминологија за Илинденското како Илинденско-Преображенско востание и наводното отсуство на македонската верзија од документот. Како посредник за надминување на состојбата, нормално, се јави меѓународната заедница во лицето на ЕУ и САД. Резултат на тоа беа прво португалскиот, па потоа францускиот предлог. И тој комплот целосно ги прифати бугарските барања, а Македонија доби нови обврски, зашто јажето, нели, се кине таму каде што е најтенко. Впрочем, тоа се покажа и докажа со Преспанскиот договор, па сега сликата се пресликува и со францускиот предлог. Македонската страна не успеа да го одбрани ни единствениот јавно прокламиран став за вметнување на македонските Бугари во Уставот по нејзиниот прием во ЕУ, па сега тој е основната точка ако сака реализација и на втората фаза за официјален почеток на преговорите на членство во Унијата. На внатрешно-политички план, пак, ситуацијата е копи-пејст од потпишувањето на Преспанскиот договор. Тогаш Заев се колнеше во жичката македонска, во најблиските, во децата и претците, ама потпиша и менување на уставното име и тоа за севкупна употреба, што беше основа за раѓање на нова „северномакедонска“ нација и народ. Сега Ковачевски цело време тврди дека идентитетот и македонскиот јазик не биле предмет на преговори, ама содржината на комплетните документи кажуваат нешто сосема друго, токму спротивното. Инаку, зошто би се експонирал само делот дека Македонија добила „чист“ македонски јазик, без додавки или фусноти?! Или дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци, што апсолутно не кореспондира со вистината!   Зашто, францускиот предлог ги врзува и Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Што ќе рече дека нема Македонци, туку има три коси црти!!! И премиерот намесник Ковачевски отворено манипулира со јавноста кога вели дека ќе стане уште поголем Македонец! Не! Напротив, може да станат поголеми само трите коси црти во официјалните документи на државната администрација, а не тој да стане поголем Македонец! Ова, пак, од друга страна значи дека е целосно отворен патот за целосна асимилација и бугаризација на Македонците. Периодот од 10-15 години, во историски контекст е можеби краток, но временски минува за миг. Особено под удар на образовната, културната и секаков вид друга пропаганда. А, тогаш којзнае каде ќе бидат и Емануел Макрон, и Шолц, и редица други европски лидери и бирократи.
Наспроти се, најголема болка претставува отсуството на интеретнички, македонски консензус. Во 21 век, апсолутно неприфатливо е власта на СДСМ и ДУИ да го приватизира европскиот пат на Македонија и да не се ни обиде да разговара со опозицијата за исклучиво идентитетските прашања, а посебно не да имаат спротивни становишта и гледишта, без оглед на идеолошките разлики, ако такви воопшто постојат. Опозицијата не може и не смее да се претвори и гледа само како бројка, како број на пратеници, кои ќе можат да гласаат за промена на Уставот! А, уште помалку чисто сталинистички, тоталитарно, во стилот кој не е со нас, е против нас, што значи кој не е за промена на Уставот, тој е против ЕУ! Ваквото чисто пропагандистичко вулгаризирање на работите не води никаде, освен кон нови, и нови, дополнителни поделби на и онака целосно поделеното македонско национално ткиво.
А, кому тоа најмногу му одговара? На Македонците со три коси црти сигурно не.

The post Пет години по Договорот со Бугарија: „Заедничката историја“ на Заев и Борисов повеќе ги оддалечи отколку што ги зближи Македонците и Бугарите appeared first on Република.

]]>
МПЦ – ОА: Историските прашања и Договорот за добрососедство не треба да бидат дел од преговарачката рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/mpc-oa-istoriskite-prashanja-i-dogovorot-za-dobrososedstvo-ne-treba-da-bidat-del-od-pregovarachkata-ramka/ Fri, 01 Jul 2022 10:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=522058

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) денеска упати апел за за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси.

Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

The post МПЦ – ОА: Историските прашања и Договорот за добрососедство не треба да бидат дел од преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) денеска упати апел за за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси. Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.
Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.
 
The post МПЦ – ОА: Историските прашања и Договорот за добрососедство не треба да бидат дел од преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Протоколот од Договорот за добрососедтсво не е дел од преговарачката рамка, рече премиерот https://republika.mk/vesti/makedonija/protokolot-od-dogovorot-za-dobrososedtsvo-ne-e-del-od-pregovarachkata-ramka-reche-premierot/ Thu, 30 Jun 2022 19:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=521809

Пристигнат е предлог од француското претседателство за спорот со Бугарија, по нашата интервенција во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, изјави вечерва на прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски, најави дека ќе следи широк консултативен процес, со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Ковачевски.

Предлогот, како што посочи Ковачевски, е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела.

Протоколот од Договорот за добрососедтсво, Ковачевски рече, дека не е дел од преговарачката рамка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-najavi-javna-debata-za-francuskiot-predlog-konsultaciite-kje-traat-onolku-kolku-shto-treba-za-da-bidat-vklucheni-site-strani/

The post Протоколот од Договорот за добрососедтсво не е дел од преговарачката рамка, рече премиерот appeared first on Република.

]]>

Пристигнат е предлог од француското претседателство за спорот со Бугарија, по нашата интервенција во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, изјави вечерва на прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски, најави дека ќе следи широк консултативен процес, со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.
Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Ковачевски.
Предлогот, како што посочи Ковачевски, е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела. Протоколот од Договорот за добрососедтсво, Ковачевски рече, дека не е дел од преговарачката рамка. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-najavi-javna-debata-za-francuskiot-predlog-konsultaciite-kje-traat-onolku-kolku-shto-treba-za-da-bidat-vklucheni-site-strani/

The post Протоколот од Договорот за добрососедтсво не е дел од преговарачката рамка, рече премиерот appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vuchikj-se-nadevam-no-ne-sum-siguren-deka-kje-ima-reshenie-za-makedonija/ Thu, 23 Jun 2022 07:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=518732

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случим додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ.

The post Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија appeared first on Република.