Договор од Преспа Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-od-prespa/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 11:18:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Договор од Преспа Archives - Република https://republika.mk/tema/dogovor-od-prespa/ 32 32 САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/sad-ke-rabotime-so-s-makedonija-i-grtsija-da-go-odrzhat-dogovorot-od-prespa/ Fri, 12 Jul 2024 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=796136

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.

Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.

Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија.

Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.
Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.
Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија. Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе. Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата. Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Ципрас призна дека ако Заев не го променел, Грција ќе морала да го признае уставното име на Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/tsipras-prizna-deka-ako-zaev-ne-go-promenel-grtsija-ke-morala-da-go-priznae-ustavnoto-ime-na-makedonija/ Wed, 19 Jun 2024 17:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=789105

Поранешниот премиер  Алексис Ципрас на конференцијата во Атина призна дека ако неговиот пријател Зоран Заев не прифател да го промени името на својата држава, Грција ќе била под голем притисок да го признае уставното име на Македонија.

Не само што беше вистинското време туку ако не го потпишевме договорот работите можеа да„скиснат“, не само да созреат затоа што шест години подоцна работите многу се променети.Се прашувам ако денес дури и скандинавските земји сакаат да се прикклучат во НАТО каков ќе беше притисокот врз Грција.Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на нашата соседна земја-си призна Ципрас пред Заев.

The post Ципрас призна дека ако Заев не го променел, Грција ќе морала да го признае уставното име на Македонија appeared first on Република.

Шест години откако СДСМ го промени името на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/shest-godini-otkako-sdsm-go-promeni-imeto-na-makedonija/ Mon, 17 Jun 2024 06:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=788274

Пред точно шест години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Cеверна Македонија и се отвори патот кон евроатлантската интеграција, но и кон нови перспективи во билатералните односи со Грција.

Договорот беше постигнат во период кога кај јужниот сосед на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ и го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила.

Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Cеверна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Cеверна Македонија, а јазикот македонски.

Земјата стана 30-та членка на НАТО и (делумно) се отвори патот за членство во Европската Унија, а

На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот.

The post Шест години откако СДСМ го промени името на Македонија appeared first on Република.

]]>

Пред точно шест години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Cеверна Македонија и се отвори патот кон евроатлантската интеграција, но и кон нови перспективи во билатералните односи со Грција. Договорот беше постигнат во период кога кај јужниот сосед на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ и го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји. Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила. Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Cеверна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Cеверна Македонија, а јазикот македонски. Земјата стана 30-та членка на НАТО и (делумно) се отвори патот за членство во Европската Унија, а На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот.

The post Шест години откако СДСМ го промени името на Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ајде да видиме што Грција исполни од Договорот од Преспа за овие шест години https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ajde-da-vidime-shto-grtsija-ispolni-od-dogovorot-od-prespa-za-ovie-shest-godini/ Thu, 06 Jun 2024 12:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=785283

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски денеска истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти тоа е неговиот принцип и во однос на Преспанскиот договор, кој, како што рече е дел од правниот систем, но и напомена дека очекува градење добрососедски односи, кои доликуваат на 21. век. Повика наместо да се става акцент на неговото човеково загарантирано право за употреба на името Македонија, да се стави фокус на подлабока анализа за тоа што Грција исполнила од Договорот. Откако и формално ќе стане дел од институциите, како што рече ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат и одбранат позициите во однос на Преспанскиот договор, но нагласи дека нема да водат провокативна офанзивна политика, да преименуваат автопати, аеородроми, да градат споменици, туку ќе градат мостови, поцврста економија и меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата.

Тој по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот повик од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, а во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, повтори и дека нема намера да се однесува талибански, но оти и не очекува некој друг да се однесува на тој начин, но и дека е добро да се аргументираат позициите пред Самитот.

-Како човек, којшто ќе ја предводи владата, обврзан сум да ги почитувам Уставот и законите. И тука ниту некогаш сум имал дилема, ниту пак пак ќе имам се додека овие закони и овој Устав вакви какви што се на сила. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав. И тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, но не можете вие да барате да се почитуваат законите и Уставот, а од друга страна вие да ги кршите. Но исто така очекувам да градиме добрососедски односи, на принципиелна основа, конструктивна основа, добрососедски односи коишто доликуваат на 21 век. Немам намера условно кажано талибански да се однесувам ниту пак очекувам некој талибански да се однесува. Моето човекoво загарантирано право е право коешто е над сите права. И тука немам никаква дилема. Како претседател на владата се што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирака и нормално како лојален граѓанин на оваа држава, што всушност сум го правел и во минатото без исклучок, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека тие се придржуваат кон ерга омнес во однос на името, но и упати дека е потребно да се направи подлабинска анализа за тоа што од страна на Грција е исполнето од Преспанскиот договор.

-Па ерга омнес ние го користиме. Членот седум од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни. Што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија и македонски, членот 1 од истиот Договор. Јас повторно би сакал да ги замолам медиумите овде во Македонија малку повеќе да посветат внимание на анализа на тоа што нашиот јужен сосед има исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирано право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, името на мојата татковина во која што јас сум се родил и придавката македонски. Ајде да видиме што тие направија овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото. Што требаше ние да добиеме кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети. Што се случуваше кога се менуваше Уставот, еднаш по Охридскиот рамковен договор, вторпат поради тој договор, третпат кога се ставаа пратеници во притвор, кога се вадеа ден спроти гласањето за уставните измени кога се менуваше уставното име. Ајде да зборуваме во поширок контекст, изјави мандатарот.

За тоа дали можеби ќе испрати протестна нота до Атина поради непочитување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека во моментов не се внатре во институциите, но откако ќе влезат ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат нивните позиции.

-Ќе се браниме. Ние сме подготвени тоа да го поправиме. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, немаме намера да преименуваме  автопати, аеородроми, да градиме споменици. Сакаме да градиме мостови, сакаме да градиме поцврста економија, меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата, тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори и внимателно ќе влечеме потези. Но истовремено немаме намера да бидеме подлизурковци, да се понижуваме самите себе, а од друга страна да ве ограбуваме вас граѓаните и да се однесуваме како деспоти. Македонија доби влада, која што треба да биде фокусирана на граѓанинот, а владините службеници треба да бидат тука, мислам на мене лично и на министрите, да бидат слуги на народот, изјави Мицкоски по добивањето на мандатот за состав на нова Влада.

The post Мицкоски: Ајде да видиме што Грција исполни од Договорот од Преспа за овие шест години appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски денеска истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти тоа е неговиот принцип и во однос на Преспанскиот договор, кој, како што рече е дел од правниот систем, но и напомена дека очекува градење добрососедски односи, кои доликуваат на 21. век. Повика наместо да се става акцент на неговото човеково загарантирано право за употреба на името Македонија, да се стави фокус на подлабока анализа за тоа што Грција исполнила од Договорот. Откако и формално ќе стане дел од институциите, како што рече ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат и одбранат позициите во однос на Преспанскиот договор, но нагласи дека нема да водат провокативна офанзивна политика, да преименуваат автопати, аеородроми, да градат споменици, туку ќе градат мостови, поцврста економија и меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата. Тој по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот повик од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, а во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, повтори и дека нема намера да се однесува талибански, но оти и не очекува некој друг да се однесува на тој начин, но и дека е добро да се аргументираат позициите пред Самитот.
-Како човек, којшто ќе ја предводи владата, обврзан сум да ги почитувам Уставот и законите. И тука ниту некогаш сум имал дилема, ниту пак пак ќе имам се додека овие закони и овој Устав вакви какви што се на сила. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав. И тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, но не можете вие да барате да се почитуваат законите и Уставот, а од друга страна вие да ги кршите. Но исто така очекувам да градиме добрососедски односи, на принципиелна основа, конструктивна основа, добрососедски односи коишто доликуваат на 21 век. Немам намера условно кажано талибански да се однесувам ниту пак очекувам некој талибански да се однесува. Моето човекoво загарантирано право е право коешто е над сите права. И тука немам никаква дилема. Како претседател на владата се што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирака и нормално како лојален граѓанин на оваа држава, што всушност сум го правел и во минатото без исклучок, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека тие се придржуваат кон ерга омнес во однос на името, но и упати дека е потребно да се направи подлабинска анализа за тоа што од страна на Грција е исполнето од Преспанскиот договор. -Па ерга омнес ние го користиме. Членот седум од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни. Што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија и македонски, членот 1 од истиот Договор. Јас повторно би сакал да ги замолам медиумите овде во Македонија малку повеќе да посветат внимание на анализа на тоа што нашиот јужен сосед има исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирано право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, името на мојата татковина во која што јас сум се родил и придавката македонски. Ајде да видиме што тие направија овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото. Што требаше ние да добиеме кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети. Што се случуваше кога се менуваше Уставот, еднаш по Охридскиот рамковен договор, вторпат поради тој договор, третпат кога се ставаа пратеници во притвор, кога се вадеа ден спроти гласањето за уставните измени кога се менуваше уставното име. Ајде да зборуваме во поширок контекст, изјави мандатарот. За тоа дали можеби ќе испрати протестна нота до Атина поради непочитување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека во моментов не се внатре во институциите, но откако ќе влезат ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат нивните позиции. -Ќе се браниме. Ние сме подготвени тоа да го поправиме. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, немаме намера да преименуваме  автопати, аеородроми, да градиме споменици. Сакаме да градиме мостови, сакаме да градиме поцврста економија, меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата, тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори и внимателно ќе влечеме потези. Но истовремено немаме намера да бидеме подлизурковци, да се понижуваме самите себе, а од друга страна да ве ограбуваме вас граѓаните и да се однесуваме како деспоти. Македонија доби влада, која што треба да биде фокусирана на граѓанинот, а владините службеници треба да бидат тука, мислам на мене лично и на министрите, да бидат слуги на народот, изјави Мицкоски по добивањето на мандатот за состав на нова Влада.

The post Мицкоски: Ајде да видиме што Грција исполни од Договорот од Преспа за овие шест години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а Договорот од Преспа ќе го почитувам https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mene-nema-da-me-chuete-kako-papagal-da-ja-povtoruvam-pridavkata-a-dogovorot-od-prespa-ke-go-pochituvam/ Thu, 06 Jun 2024 12:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=785263

Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува.

И додека ја обавувам оваа функција претседател на Владата ќе ги почитувам законите до последна точка и запирка.Но исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кој доликуваат на 21 век. Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат знаат дека лесно не се изненадувам но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум.“, вели Мицкоски за обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа. 

 Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да ве ограбувам вас и да се однесуваме како деспот како монарх. Членот 7 од договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор. Ајде да видиме што тие направија во изминативе 6 години во однос на договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата  во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме. Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме уставот па се ставаа пратеници во притвор па се вадеа ден пред гласањето за новото име. Јас сум подгвотвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните“,  порача Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а Договорот од Преспа ќе го почитувам appeared first on Република.

]]>

Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува. И додека ја обавувам оваа функција претседател на Владата ќе ги почитувам законите до последна точка и запирка.Но исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кој доликуваат на 21 век. Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат знаат дека лесно не се изненадувам но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум.“, вели Мицкоски за обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа. 
 Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да ве ограбувам вас и да се однесуваме како деспот како монарх. Членот 7 од договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор. Ајде да видиме што тие направија во изминативе 6 години во однос на договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата  во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме. Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме уставот па се ставаа пратеници во притвор па се вадеа ден пред гласањето за новото име. Јас сум подгвотвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните“,  порача Христијан Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а Договорот од Преспа ќе го почитувам appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Договорот од Преспа: За мене, мојата татковина ќе остане Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-dogovorot-od-prespa-za-mene-mojata-tatkovina-ke-ostane-makedonija/ Wed, 05 Jun 2024 11:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=784939

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, да ги коментира реакциите од официјална Атина и најавите од грчкиот премиер, Мицотакис, дека прашањето за употребата на нашето уставно име би можело да биде отворено на престојниот самит на НАТО рече:

„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува…предлог законот што денеска го поднесуваме е со придавката. Но, мое човеково право, загарантирано со многу конвенции е правото на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку крајот или дел од тоа име. За мене, мојата татковина, во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски за Договорот од Преспа: За мене, мојата татковина ќе остане Македонија appeared first on Република.

Муцунски и одговори на заменик грчката амбасадорка: По изборите да седнеме на соодветно билатерално ниво кои се правата и обврските на двете страни https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-i-odgovori-na-zamenik-grchkata-ambadorka-po-izborite-da-sedneme-na-soodvetno-bilateralno-nivo-koi-se-pravata-i-obvrskite-na-dvete-strani/ Tue, 04 Jun 2024 16:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=784745

Во Македонија се уште не е формирана новата влада, а второ Грција како и цела Европа е во изборен процес. Што значи дека секоја изјава која што во моментот би ја дале би служела многу повеќе во кампањата во Грција, отколку за постигнување за било каков напредок по однос на очигледните различни толкувања на одредени правила и обврски коишто двете страни ги имаат коишто потекнуваат од Договорот од Преспа.

Ова денеска го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, како одговор на заменичката на грчката амбасадорка во земјава Георгиа Андреади, која на панелот по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“, повика сите функционери во државава да го почитуваат Преспанскиот договор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-grchka-ambasadorka-bara-i-po-doma-da-si-vikame-severna/

-Треба да се формира новата влада, треба да завршат изборите во Европа, а со тоа изборите во Грција па потоа да седнеме не пред јавност туку на соодветно билатерално ниво да почнеме отворено да дискутираме за тоа кои се правата на двете страни, но и кои се обврските што ги имаат две страни. И верувам дека со добра верба, со разбирање, со отворен дијалог сите предизвици можат да се решат. Не само за Грција, туку Македонија треба да биде земја која што се стреми да има добри односи со сите соседи, но исто така и земја која што мора пред се да ги заштитува своите национални интереси, рече Муцунски.

The post Муцунски и одговори на заменик грчката амбасадорка: По изборите да седнеме на соодветно билатерално ниво кои се правата и обврските на двете страни appeared first on Република.

]]>

Во Македонија се уште не е формирана новата влада, а второ Грција како и цела Европа е во изборен процес. Што значи дека секоја изјава која што во моментот би ја дале би служела многу повеќе во кампањата во Грција, отколку за постигнување за било каков напредок по однос на очигледните различни толкувања на одредени правила и обврски коишто двете страни ги имаат коишто потекнуваат од Договорот од Преспа. Ова денеска го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, како одговор на заменичката на грчката амбасадорка во земјава Георгиа Андреади, која на панелот по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“, повика сите функционери во државава да го почитуваат Преспанскиот договор. https://republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-grchka-ambasadorka-bara-i-po-doma-da-si-vikame-severna/
-Треба да се формира новата влада, треба да завршат изборите во Европа, а со тоа изборите во Грција па потоа да седнеме не пред јавност туку на соодветно билатерално ниво да почнеме отворено да дискутираме за тоа кои се правата на двете страни, но и кои се обврските што ги имаат две страни. И верувам дека со добра верба, со разбирање, со отворен дијалог сите предизвици можат да се решат. Не само за Грција, туку Македонија треба да биде земја која што се стреми да има добри односи со сите соседи, но исто така и земја која што мора пред се да ги заштитува своите национални интереси, рече Муцунски.

The post Муцунски и одговори на заменик грчката амбасадорка: По изборите да седнеме на соодветно билатерално ниво кои се правата и обврските на двете страни appeared first on Република.

]]>
Заменичката грчка амбасадорка бара и по дома да си викаме „северна“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-grchka-ambasadorka-bara-i-po-doma-da-si-vikame-severna/ Tue, 04 Jun 2024 15:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=784743

Заменичката грчка амбасадорка Георгиа Андреади, на панел дискусијата ги повика „сите функционери на Република Cеверна Македонија целосно да ги почитуваат, да се придржуваат и да ги спроведуваат со добра волја сите меѓународно обврзувачки договори како што е Преспанскиот договор, за да може да покажат пред меѓународната и европската заедница дека се искрени, и посветени кон својата евроатлантска иднина“.

-Лична забелешка би сакала да појаснам дека што се однесува до Грција институциите не се исто со личноста. Во едно демократско општество кога институцијата се преклопува со личноста, не може да биде демократско општество. Според тоа, сакам да повторам дека ние очекуваме Cеверна Македонија во добра волја и во духот на добрососедските односи, кои апсолутно ние можеме да ги градиме и заедно да одиме кон иднината целосно да се придржува до Преспанскиот договор, рече Андреади

The post Заменичката грчка амбасадорка бара и по дома да си викаме „северна“ appeared first on Република.

Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор https://republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-do-grchkata-vlada-ako-smetaat-deka-dogovorot-od-prespa-e-shteten-neka-odi-kaj-vmro-da-se-dogovorat-za-korisen-dogovor/ Fri, 31 May 2024 07:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=783363

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“.

-Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.
Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“. -Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>
Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-dogovorot-od-prespa-e-losh-dogovor-memorandumite-nemama-namera-da-gi-izglasame/ Sun, 26 May 2024 11:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=781803

Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз.

Во деталното и опширно интервју во неделниот весник, Мицотакис говори за евроизборите, за внатрешната и надворешната политика, како и за односите за нашата земја и порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање, но и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.

-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.

Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.

- Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис

The post Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме appeared first on Република.

]]>

Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз. Во деталното и опширно интервју во неделниот весник, Мицотакис говори за евроизборите, за внатрешната и надворешната политика, како и за односите за нашата земја и порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање, но и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.
-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.
Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.
- Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис

The post Mицотакис: Договорот од Преспа е лош договор, меморандумите немаме намера да ги изгласаме appeared first on Република.

]]>
Членовите на Комисијата за односите со Грција „лапаат“ дебели хонорари, никој ниту ги видел ни чул https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-komisijata-za-odnosite-so-grtsija-lapaat-debeli-honorari-a-mitsotakis-najavi-deka-brendot-makedonija-stanuva-grchki/ Thu, 23 May 2024 06:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=780896

Покрај историската комисија со Бугарија, малкумина знаат дека има и комисија за односите со Грција која произлезе од Договорот од Преспа. Се работи за Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисијата за троговски марки.

Овие комисии од македонска страна се формирани и извори во МНР велат дека  членовите „лапаат“ хонорари од по 1000 евра месечно.

До сега нема информации, дали оваа комисија одржала состанок со нивните грчки колеги или дали донеле некаква одлука.

Оваа комисија треба меѓу другото да ги договори трговските марки и користењето на терминот „македонски“.

Трговските марки  на прозводите од Македонија и од Грција допрва треба да се договорат, но премиерот на Грција Мицотакис пред неколку дена најави дека нема да дозволат дека да има македонско вино од Cеверна Македонија и оти се пред крај на регистрација на трговската марка “Маcedonia the GReat“.

The post Членовите на Комисијата за односите со Грција „лапаат“ дебели хонорари, никој ниту ги видел ни чул appeared first on Република.

]]>

Покрај историската комисија со Бугарија, малкумина знаат дека има и комисија за односите со Грција која произлезе од Договорот од Преспа. Се работи за Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисијата за троговски марки. Овие комисии од македонска страна се формирани и извори во МНР велат дека  членовите „лапаат“ хонорари од по 1000 евра месечно. До сега нема информации, дали оваа комисија одржала состанок со нивните грчки колеги или дали донеле некаква одлука. Оваа комисија треба меѓу другото да ги договори трговските марки и користењето на терминот „македонски“. Трговските марки  на прозводите од Македонија и од Грција допрва треба да се договорат, но премиерот на Грција Мицотакис пред неколку дена најави дека нема да дозволат дека да има македонско вино од Cеверна Македонија и оти се пред крај на регистрација на трговската марка “Маcedonia the GReat“.

The post Членовите на Комисијата за односите со Грција „лапаат“ дебели хонорари, никој ниту ги видел ни чул appeared first on Република.

]]>
ЕУ бара Македонија и Грција подеднакво да се држат до Договорoт од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/eu-bara-makedonija-i-grtsija-podednakvo-da-se-drzhat-do-dogovor-od-prespa/ Mon, 20 May 2024 12:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=780168

Портпаролот на Европската Комисија (ЕК) во изјава за Еурактив вели дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова заострена реторика меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчко радио изјави дека Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано.

Бриселскиот портал, потсетува дека „новата дипломатска криза“ меѓу двете земји избувнала откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која доаѓа од „националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ“, за време на нејзината инаугурација на 12 мај ја нарече земјава Македонија наместо Cеверна Македонија, официјалното уставно име по договорот за промена на името со Грција во 2018 година, инаку познат како Договор од Преспа.

„Инцидентот“, како што забележува Еурактив, предизвика реакции низ Европа и САД, при што многумина стравуваат од заживување на спорот кој се смета за отворена рана за балканскиот регион.

Европската комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу  Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската Комисија за Еурактив.

The post ЕУ бара Македонија и Грција подеднакво да се држат до Договорoт од Преспа appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Европската Комисија (ЕК) во изјава за Еурактив вели дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова заострена реторика меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор.   Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчко радио изјави дека Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано. Бриселскиот портал, потсетува дека „новата дипломатска криза“ меѓу двете земји избувнала откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која доаѓа од „националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ“, за време на нејзината инаугурација на 12 мај ја нарече земјава Македонија наместо Cеверна Македонија, официјалното уставно име по договорот за промена на името со Грција во 2018 година, инаку познат како Договор од Преспа.
 
„Инцидентот“, како што забележува Еурактив, предизвика реакции низ Европа и САД, при што многумина стравуваат од заживување на спорот кој се смета за отворена рана за балканскиот регион. Европската комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.
„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу  Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската Комисија за Еурактив.

The post ЕУ бара Македонија и Грција подеднакво да се држат до Договорoт од Преспа appeared first on Република.

]]>
Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува https://republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-grchkata-diplomatatija-potsetuva-deka-dogovorot-od-prespa-ne-mozhe-ednostrano-da-se-menuva/ Mon, 20 May 2024 07:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=779959

Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат изборниот резултат.

- Она што секогаш го потенцираме е дека независно од разликите, од идеолошките и политичките разлики што може да ги има ги има новото политичко раководство кон Договорот од Преспа, тоа е меѓународен договор што е ратификуван. Не се менува и не се ревидира еднострано од страните. Претставува една многу основна точка врз која се изградија меѓународните односи на Македонија. Се подразбира дека Европската унија ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и целосното и доследно спроведување и затоа мислам дека политичкото раководство на Македонија ќе ги оцени овие прашања и ќе се усогласи со барањата од Договорот од Преспа, истакна Герапетритис.

Додаде дека Грција, од своја страна го следи доследното спроведување на Договорот и потсети дека „денешното владино мнозинство како опозиција навремено ги укажа сивите точки на Договорот“.

- За мене она што е важно е дека треба ги почитуваме договорените работи, не затоа што се согласуваме со договореното, туку затоа што е договор за континуитетот и стабилноста и во секој случај не можеме да создаваме еднострана рамка врз која ќе се градат политички кариери, посочи шефот на грчката дипломатија.

The post Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат изборниот резултат.
- Она што секогаш го потенцираме е дека независно од разликите, од идеолошките и политичките разлики што може да ги има ги има новото политичко раководство кон Договорот од Преспа, тоа е меѓународен договор што е ратификуван. Не се менува и не се ревидира еднострано од страните. Претставува една многу основна точка врз која се изградија меѓународните односи на Македонија. Се подразбира дека Европската унија ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и целосното и доследно спроведување и затоа мислам дека политичкото раководство на Македонија ќе ги оцени овие прашања и ќе се усогласи со барањата од Договорот од Преспа, истакна Герапетритис.
Додаде дека Грција, од своја страна го следи доследното спроведување на Договорот и потсети дека „денешното владино мнозинство како опозиција навремено ги укажа сивите точки на Договорот“.
- За мене она што е важно е дека треба ги почитуваме договорените работи, не затоа што се согласуваме со договореното, туку затоа што е договор за континуитетот и стабилноста и во секој случај не можеме да создаваме еднострана рамка врз која ќе се градат политички кариери, посочи шефот на грчката дипломатија.

The post Шефот на грчката дипломататија потсетува дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува appeared first on Република.

]]>
Мицотакис се закани дека ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа ако новата влада не го користи само името Cеверна Македонија и во и надвор од земјата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsotakis-se-zakani-deka-ke-ima-problemi-vo-odnosite-i-so-grtsija-i-so-evropa-ako-novata-vlada-ne-go-koristi-samo-imeto-ceverna-makedonija-i-vo-i-nadvor-od-zemjata/ Sat, 18 May 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=779410

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Cеверна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ.

Мицотакис притоа повтори дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Мицотакис посочи дека станува збор за „изјави на мандатарот за премиер“ и дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата Влада, но потенцираше дека „првите примери на однесувањето се исклучително негативни“.

Во јадрото на Договорот на Преспа се наоѓа смислата на едно име, она што го нарекуваме ерга омнес, името Cеверна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во надворешноста и во внатрешноста на земјата. Во прашањето за името има едно јасно уназадување и сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, уште од сега, да ја смени нејзината линија, да ја почитува централната одредба на Договорот од Преспа, да го користи само името Cеверна Македонија во и вон земјата кога станува збор за нашиот северен сосед, а во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми, не само во односите со Грција на Cеверна Македонија, туку и во односите на Европа со Cеверна Македонија, рече Мицотакис.

Toj се осврна и на реакциите од ЕУ за употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова на инаугурацијата, откривајќи тој лично интервенирал за да го информира раководството на Европската Унија, а ги посочи и реакциите од САД.

Па така верувам дека ќе има колективен притисок врз раководството на Македонија за да не постои значајно уназадување, рече грчкиот премиер.

Во утринското интервју за ЕРТ, Мицотакис ги повтори и следните чекори на Владата, односно реакцијата на официјална Атина, она што и вчера го порача од митингот во градот Верија, дека нема да се ратификуваат меморандумите и дека ќе има проблеми на патот на земјата кон ЕУ.

Она што сигурно ќе го сториме е дека нема да ги донесеме за ратификација трите меморандуми што произлегуваат од Договорот и сега целосно се оправдува нашата позиција да го задоцниме ратификување. Ние веќе извесно време гледавме што се случуваше во Cеверна Македонија, го слушавме овој националистички пароксизам на ВМРО, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме и ние да задржиме некои суштински преговарачки оружја во случај работите да не одат како што се очекува, рече Мицотакис.

Тој ја коментираше и одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот трите меморандуми, велејќи дека е „несфатливо на границите на политичкиот и дипломатскиот апсурдност“, сега да се достават, во моменти кога „Скопје следи целосно различна линија“.

Второто што ќе го направиме, веќе го сторивме, апсолутно јасно да ставиме на знаење дека никаков напредок во овој, би рекол, долг пат на Скопје кон Европа, не може да се постигне. ако не постои апсолутно усогласување со Договорот од Преспа во прашањето со името, истакна грчкиот премиер.

Интервјуто за ЕРТ, во кое Мицотакис говореше за сите актуелни прашања во Грција, започна токму со односите со Македонија и Договорот од Преспа.

The post Мицотакис се закани дека ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа ако новата влада не го користи само името Cеверна Македонија и во и надвор од земјата appeared first on Република.

]]>

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Cеверна Македонија во и вон земјата, бидејќи во спротивно, сигурно ќе создадат проблеми и во односите со Грција и во односите со Европа, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија ЕРТ.
Мицотакис притоа повтори дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина. Коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Мицотакис посочи дека станува збор за „изјави на мандатарот за премиер“ и дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата Влада, но потенцираше дека „првите примери на однесувањето се исклучително негативни“.
Во јадрото на Договорот на Преспа се наоѓа смислата на едно име, она што го нарекуваме ерга омнес, името Cеверна Македонија да важи за сите, односно да се користи и во надворешноста и во внатрешноста на земјата. Во прашањето за името има едно јасно уназадување и сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, уште од сега, да ја смени нејзината линија, да ја почитува централната одредба на Договорот од Преспа, да го користи само името Cеверна Македонија во и вон земјата кога станува збор за нашиот северен сосед, а во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми, не само во односите со Грција на Cеверна Македонија, туку и во односите на Европа со Cеверна Македонија, рече Мицотакис.
Toj се осврна и на реакциите од ЕУ за употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова на инаугурацијата, откривајќи тој лично интервенирал за да го информира раководството на Европската Унија, а ги посочи и реакциите од САД.
Па така верувам дека ќе има колективен притисок врз раководството на Македонија за да не постои значајно уназадување, рече грчкиот премиер.
Во утринското интервју за ЕРТ, Мицотакис ги повтори и следните чекори на Владата, односно реакцијата на официјална Атина, она што и вчера го порача од митингот во градот Верија, дека нема да се ратификуваат меморандумите и дека ќе има проблеми на патот на земјата кон ЕУ.
Она што сигурно ќе го сториме е дека нема да ги донесеме за ратификација трите меморандуми што произлегуваат од Договорот и сега целосно се оправдува нашата позиција да го задоцниме ратификување. Ние веќе извесно време гледавме што се случуваше во Cеверна Македонија, го слушавме овој националистички пароксизам на ВМРО, знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме и ние да задржиме некои суштински преговарачки оружја во случај работите да не одат како што се очекува, рече Мицотакис.
Тој ја коментираше и одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот трите меморандуми, велејќи дека е „несфатливо на границите на политичкиот и дипломатскиот апсурдност“, сега да се достават, во моменти кога „Скопје следи целосно различна линија“.
Второто што ќе го направиме, веќе го сторивме, апсолутно јасно да ставиме на знаење дека никаков напредок во овој, би рекол, долг пат на Скопје кон Европа, не може да се постигне. ако не постои апсолутно усогласување со Договорот од Преспа во прашањето со името, истакна грчкиот премиер.
Интервјуто за ЕРТ, во кое Мицотакис говореше за сите актуелни прашања во Грција, започна токму со односите со Македонија и Договорот од Преспа.

The post Мицотакис се закани дека ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа ако новата влада не го користи само името Cеверна Македонија и во и надвор од земјата appeared first on Република.

]]>
Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zakana-od-mitskotakis-grtsija-nema-da-gi-ratifikuva-memorandumite-a-makedonija-mora-da-go-pochituva-dogovorot-od-prespa/ Fri, 17 May 2024 11:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=779179

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.

- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис

The post Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.
- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис

The post Нова закана од Мицкотакис: Грција нема да ги ратификува меморандумите, а Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми https://republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-grchkata-diplomatija-dogovorot-od-prespa-e-dogovor-shto-ima-ogromni-problemi/ Fri, 17 May 2024 07:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=779028

Грчката Влада реагираше со исклучително брзи рефлекси, на само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.

- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.

Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.

- Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат, истакна Герапетритис

The post Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми appeared first on Република.

]]>

Грчката Влада реагираше со исклучително брзи рефлекси, на само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.
- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.
Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.
- Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат, истакна Герапетритис

The post Шефот на грчката дипломатија: Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми appeared first on Република.

]]>
Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-najavi-deka-nema-da-gi-ratifikuvaat-trite-memorandumi-povrzani-so-makedonija/ Thu, 16 May 2024 07:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=778605

Пораката дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, но и ставот дека отстапувањето од Договорот ќе донесе последици и на европскиот пат на Македонија и во билатералните односи, ги изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во однос на тоа што ќе правиме, со јасна изјава ја предупредив и новата Влада на Скопје дека кое било отстапување од Договорот, сигурно е дека ќе има сериозни последици во нашите односи со Македонија, но и на патот на Македонија кон Европа, истакна Мицотакис.

Потсети на неговото, како што рече, предупредување во 2019 година дека „ратификацијата на Договорот нè обврзува во иднина да го спроведеме“.

-За одредницата „македонски“, ова за жал е гарантирано во Договорот од Преспа и ова беше нашето големо несогласување, односно придавките македонска нација и македонски јазик, а не „северномакедонски“, рече Мицотакис.

Коментирајќи ја вчерашната одлука на опозициската СИРИЗА да ги достави во Парламентот трите меморандуми, грчкиот премиер рече дека е пракса која „навистина ги достигнува границите на апсурдот“.

[caption id="attachment_660342" align="alignnone" width="640"] Фото: Влада РМ[/caption]

-Ми направи впечаток фактот што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми во Парламентот. Сега, кога го гледаме она за што се сомневавме веќе подолг период дека може да дојде следната Влада и на некој начин да го оспори јадрото на Договорот, што всушност е ерга омнес, односно едно име за сите. Сега да дојдеме ние да ги ратификуваме меморандумите и да го изгубиме секое преговарачко оружје што го имаме за Скопје?, истакна грчкиот премиер.

Посочи дека ги следеле политичките случувања кај нас, гледале дека доаѓа нова Влада, го читале тоа што било кажувано и како што објасни, затоа избрале да не ги ратификуваат меморандумите.

-Ние нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Договорот од Преспа, порача Мицотакис.

Во однос на постапката на лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос да го скине Договорот од Преспа на собраниската говорница, рече дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и истакна дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса

The post Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија appeared first on Република.

]]>

Пораката дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, но и ставот дека отстапувањето од Договорот ќе донесе последици и на европскиот пат на Македонија и во билатералните односи, ги изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во однос на тоа што ќе правиме, со јасна изјава ја предупредив и новата Влада на Скопје дека кое било отстапување од Договорот, сигурно е дека ќе има сериозни последици во нашите односи со Македонија, но и на патот на Македонија кон Европа, истакна Мицотакис.
Потсети на неговото, како што рече, предупредување во 2019 година дека „ратификацијата на Договорот нè обврзува во иднина да го спроведеме“.
-За одредницата „македонски“, ова за жал е гарантирано во Договорот од Преспа и ова беше нашето големо несогласување, односно придавките македонска нација и македонски јазик, а не „северномакедонски“, рече Мицотакис.
Коментирајќи ја вчерашната одлука на опозициската СИРИЗА да ги достави во Парламентот трите меморандуми, грчкиот премиер рече дека е пракса која „навистина ги достигнува границите на апсурдот“. [caption id="attachment_660342" align="alignnone" width="640"] Фото: Влада РМ[/caption]
-Ми направи впечаток фактот што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми во Парламентот. Сега, кога го гледаме она за што се сомневавме веќе подолг период дека може да дојде следната Влада и на некој начин да го оспори јадрото на Договорот, што всушност е ерга омнес, односно едно име за сите. Сега да дојдеме ние да ги ратификуваме меморандумите и да го изгубиме секое преговарачко оружје што го имаме за Скопје?, истакна грчкиот премиер.
Посочи дека ги следеле политичките случувања кај нас, гледале дека доаѓа нова Влада, го читале тоа што било кажувано и како што објасни, затоа избрале да не ги ратификуваат меморандумите.
-Ние нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна е усогласена со сите одредби на Договорот од Преспа, порача Мицотакис.
Во однос на постапката на лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос да го скине Договорот од Преспа на собраниската говорница, рече дека не сака да ги коментира „патриотските испади на Велопулос, кој има направено кариера врз овие прашања“ и истакна дека граѓаните сфаќаат што значи „одговорен патриотизам и кои се патриоти во пракса

The post Mицотакис најави дека нема да ги ратификуваат трите меморандуми поврзани со Македонија appeared first on Република.

]]>
Договорот од Преспа заврши во грчка канта за ѓубре https://republika.mk/vesti/balkan/dogovorot-od-prespa-zavrshi-vo-kanta-za-gubre/ Wed, 15 May 2024 11:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=778332

Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка влада, ќе го стореше ова, рече лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение Кирјакос Велопулос од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната седница во Парламентот, на која се дискутираше закон од Министерството за култура, а темата во никој случај не беше грчката надворешна политика, Велопулос се осврна на т.н. национални прашања.

-Не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една и е грчка. Го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате Cеверна Македонија. Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите. ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија, рече Велопулос.

Во продолжение го извади документот со Договорот од Преспа, рече дека ако владата не може да го стори тоа, ќе го сторат тие и го скина листот.

Упати остри критики до грчката влада, повикувајќи ја да ги донесе за ратификација трите меморандуми „за сите партии да гласаат против“.

-Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.

Грчко решение е партија која на ланските избори беше шеста со освоени 4,44 отсто од гласовите и доби 12 пратеници, а на последните истражувања на јавното мислење во Грција е со зголемен рејтинг што достигнува и до седум проценти и се движи на четвртата и петтата позиција.

The post Договорот од Преспа заврши во грчка канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка влада, ќе го стореше ова, рече лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение Кирјакос Велопулос од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната седница во Парламентот, на која се дискутираше закон од Министерството за култура, а темата во никој случај не беше грчката надворешна политика, Велопулос се осврна на т.н. национални прашања.
-Не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една и е грчка. Го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате Cеверна Македонија. Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите. ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија, рече Велопулос.
Во продолжение го извади документот со Договорот од Преспа, рече дека ако владата не може да го стори тоа, ќе го сторат тие и го скина листот. Упати остри критики до грчката влада, повикувајќи ја да ги донесе за ратификација трите меморандуми „за сите партии да гласаат против“.
-Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.
Грчко решение е партија која на ланските избори беше шеста со освоени 4,44 отсто од гласовите и доби 12 пратеници, а на последните истражувања на јавното мислење во Грција е со зголемен рејтинг што достигнува и до седум проценти и се движи на четвртата и петтата позиција.

The post Договорот од Преспа заврши во грчка канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>
Проф. Јанев: Договорот од Преспа не може да се менува, туку може да се раскине https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-janev-dogovorot-od-prespa-ne-mozhe-da-se-menuva-tuku-mozhe-da-se-raskine/ Tue, 14 May 2024 12:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=777993

Професорот Игор Јанев, коментирајќи ги последните случувања на релација Грција-Македонија коментира дека Договорот од Преспa не може да се менува, модифицира, ревидира, или укинува по редовен пат туку може едноставно да се раскине.

Според членот 53 од Виенската конвенција  истиот може еднострано да се раскине, бидејќи е склучен со кршење на највисоките перемторни норми на меѓународното право-објаснува професорот од Белград.

Тој обаснува дека кога доспозитивното право или пишан акт е во колизија со имепративното право ius cogens, а ова е очигледно случај бидејќи договорот од Преспа е асимилаторскиот и негатоскиот акт, тогаш по основ кршење овие права, како и перемторна норма на самоопределување  на народот, истиот акт (договор/спогодба) е  ништовна од моментот на склучување!

Повикуваќи се на овој член 53, во раскидната нота до Грција (и известување за овој раскид до ООН, ние еднострано можеме да ја раскинеме спогодбата со Грција. Ваков акт е посилен од домашните акти и постапки, како меѓународен акт, и на истиот не влијае домашното право, ниту е предмет на домашното укинување (во кое било домашано тело или орган)-објаснува Јанев.

The post Проф. Јанев: Договорот од Преспа не може да се менува, туку може да се раскине appeared first on Република.

Грција досега не исполни речиси ништо од Договорот од Преспа, власта на СДСМ и повеќе од договoреното https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-dosega-ne-ispolni-rechisi-nishto-od-dogovorot-od-prespa-vlasta-na-sdsm-i-poveke-od-dogovorenoto/ Mon, 13 May 2024 08:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=777448

Грчките власти ја обвинија претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека со тоа што на свечената заклетва изговорила „Македонија“ а не „Република Ceверна Македонија“ го прекршила Договорот од Преспа.

Изговорањето на „Македонија“ на свечената изјава не е никакво прекршување на преспанскиот договор. Тој текст не е променет и членот 123 од важечкиот Изборен законик кој го изговара секој новоизбран претседател го содржи текстот на свечената изјава што претседателката го изговори.

Претседателката во кампањата јасно кажа и си остана на зборот дека нема да го применува новото име но оти ќе го почитува.

Според тоа, претседателката само се држела до законите.

Реагирањето на грчките власти е резултат на Договорот од Преспа од 2018 година. Со него беше променето уставното име на земјата и двете страни презедоа обврски.

Македонија исполни досега речиси сѐ, па дури и повеќе од договореното. Иако никој не го бараше,владата на Заев почна со преименување на сите институции кои го носат предзнакот „македонски“, како филхармонија, опера и балет, телевизија.

Во однос на важноста на веќе постоечките документи власта на СДСМ повторно одеше пред роковите предвидени во договорот.

Издавањето  документи требаше да започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Кои преговори ги почна Македонија?

Што исполни досега Грција

Речиси  ништо.Почнувајќи од најбаналните како што се паткоази на кои стои ФИРОМ или „Скопија“ па до ратификација на меморандуми во Парламентот.

Договорот со кој Грција го „чува“ македонското небо не е потпишан во Парламентот кај грчките авиони летаат над нас на „диво“.

Во грчкиот парламент веќе пет години се чуваат три меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

The post Грција досега не исполни речиси ништо од Договорот од Преспа, власта на СДСМ и повеќе од договoреното appeared first on Република.

]]>

Грчките власти ја обвинија претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека со тоа што на свечената заклетва изговорила „Македонија“ а не „Република Ceверна Македонија“ го прекршила Договорот од Преспа. Изговорањето на „Македонија“ на свечената изјава не е никакво прекршување на преспанскиот договор. Тој текст не е променет и членот 123 од важечкиот Изборен законик кој го изговара секој новоизбран претседател го содржи текстот на свечената изјава што претседателката го изговори. Претседателката во кампањата јасно кажа и си остана на зборот дека нема да го применува новото име но оти ќе го почитува. Според тоа, претседателката само се држела до законите. Реагирањето на грчките власти е резултат на Договорот од Преспа од 2018 година. Со него беше променето уставното име на земјата и двете страни презедоа обврски. Македонија исполни досега речиси сѐ, па дури и повеќе од договореното. Иако никој не го бараше,владата на Заев почна со преименување на сите институции кои го носат предзнакот „македонски“, како филхармонија, опера и балет, телевизија. Во однос на важноста на веќе постоечките документи власта на СДСМ повторно одеше пред роковите предвидени во договорот. Издавањето  документи требаше да започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. Кои преговори ги почна Македонија?

Што исполни досега Грција

Речиси  ништо.Почнувајќи од најбаналните како што се паткоази на кои стои ФИРОМ или „Скопија“ па до ратификација на меморандуми во Парламентот. Договорот со кој Грција го „чува“ македонското небо не е потпишан во Парламентот кај грчките авиони летаат над нас на „диво“. Во грчкиот парламент веќе пет години се чуваат три меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

The post Грција досега не исполни речиси ништо од Договорот од Преспа, власта на СДСМ и повеќе од договoреното appeared first on Република.

]]>