доајен на турскиот тееатар Archives - Република https://republika.mk/tema/doajen-na-turskiot-teeatar/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 07:02:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доајен на турскиот тееатар Archives - Република https://republika.mk/tema/doajen-na-turskiot-teeatar/ 32 32 Почина актерот Мустафа Јашар, доајен на Турскиот театар во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-akterot-mustafa-jashar-doajen-na-turskiot-teatar-vo-skopje/ Tue, 02 Apr 2024 07:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=761118

На 77-годишна возраст почина доајенот на Турскиот театар во Скопје Мустафа Јашар.

Како што објави НУ Турски театар - Скопје, Јашар беше чинарот на нашиот театар, нашиот сакан и вреднуван колега.

Изразуваме длабоко сочувство до семејство и неговите најблиски, објави Турскиот театар на Фејсбук.

Мустафа Јашар е роден на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како актер во НУ Турскиот театар - Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар.

Претставите како „Алиш“ 1974, „Дервиш и смрт“ 1976, „Лудата Емине“ 1984, „Јунус Емре“ 1991, „Хамлет“ 1995, „Азизнаме“ 2005 , „Куќа на граница“ се само неколку од неговите познати изиграни претстави, наведува Турскиот театар.

Тој бил добитник на многу награди, меѓу кои награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ и други.

 

The post Почина актерот Мустафа Јашар, доајен на Турскиот театар во Скопје appeared first on Република.

]]>

На 77-годишна возраст почина доајенот на Турскиот театар во Скопје Мустафа Јашар. Како што објави НУ Турски театар - Скопје, Јашар беше чинарот на нашиот театар, нашиот сакан и вреднуван колега.
Изразуваме длабоко сочувство до семејство и неговите најблиски, објави Турскиот театар на Фејсбук.
Мустафа Јашар е роден на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како актер во НУ Турскиот театар - Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар. Претставите како „Алиш“ 1974, „Дервиш и смрт“ 1976, „Лудата Емине“ 1984, „Јунус Емре“ 1991, „Хамлет“ 1995, „Азизнаме“ 2005 , „Куќа на граница“ се само неколку од неговите познати изиграни претстави, наведува Турскиот театар. Тој бил добитник на многу награди, меѓу кои награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ и други.  

The post Почина актерот Мустафа Јашар, доајен на Турскиот театар во Скопје appeared first on Република.

]]>