диви депонии Archives - Република https://republika.mk/tema/divi-deponii/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 10:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диви депонии Archives - Република https://republika.mk/tema/divi-deponii/ 32 32 Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна https://republika.mk/vesti/skopje/se-bara-so-zakon-da-im-se-odzema-voziloto-na-sozadachite-na-divi-deponii-i-plus-da-platat-parichna-kazna/ Wed, 11 Sep 2024 10:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=815300

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во изјава за телевизијата Алсат зборуваше за вчерашната иницијатива која едногласно се усвои на седницата на ЗЕЛС, а се работи за изрекување големи казни за создавачите на диви депонии.

Како што нагласи, се бара измени во членовите од Законот за комунални дејности во делот на глоби, односно зголемување на истите бидејќи во денешно време се прениски, а депониите масовно се зголемуваат.

- Му благодарам на градоначалникот на општина Аеродром, господинот Дејан Митевски од каде што потекнува оваа иницијатива.

Вчера на седницата на ЗЕЛС едногласно беше усвоена оваа иницијатива, во која што се предвидува измени во Законот за комунални дејности, односно со тие измени во делот кај глоби се зголемува и она што ние го бараме практично е да се зголеми глобата, односно висината на казните. Тоа е директна промена на членот 14 и членот 14а од Законот, бидејќи глобите се прениски во денешно време.

Досега како општество и како градоначалници, но и државните институции се занимаваат со последиците а никој не се занимава со причинителите на тие последици, така што во оваа интервенција за која што ќе имаме средба на крајот на оваа недела со министерот за транспорт и врски, чие што Министерство е надлежно за овој закон, се предвидува глобите да бидат зголемени од 3 до 5000 евра и да постои можност за одземање на возилото на сторителлот.

На тој начин сметаме дека директно ќе интерневираме во однос на животната средина, знаете дека постојано како градночалници се трудиме да се справуваме со оние малкумина кои што работат на штета на мнозинството, создавајќи диви депонии – изјави Ѓорѓиевски.

На одговор на новинарско прашање, претседателот на ЗЕЛС рече дека се надева оваа иницијатива да наиде на слух кај сите пратенички групи, бидејќи веќе е разговарано со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој изразил силна волја да го поддржи ова барање на градоначалниците.

До крајот на оваа недела се очекува заеднички состанок со министерот, по што се надева дека оваа иницијатива наскоро ќе се најде пред пратениците

The post Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во изјава за телевизијата Алсат зборуваше за вчерашната иницијатива која едногласно се усвои на седницата на ЗЕЛС, а се работи за изрекување големи казни за создавачите на диви депонии. Како што нагласи, се бара измени во членовите од Законот за комунални дејности во делот на глоби, односно зголемување на истите бидејќи во денешно време се прениски, а депониите масовно се зголемуваат.
- Му благодарам на градоначалникот на општина Аеродром, господинот Дејан Митевски од каде што потекнува оваа иницијатива.
Вчера на седницата на ЗЕЛС едногласно беше усвоена оваа иницијатива, во која што се предвидува измени во Законот за комунални дејности, односно со тие измени во делот кај глоби се зголемува и она што ние го бараме практично е да се зголеми глобата, односно висината на казните. Тоа е директна промена на членот 14 и членот 14а од Законот, бидејќи глобите се прениски во денешно време. Досега како општество и како градоначалници, но и државните институции се занимаваат со последиците а никој не се занимава со причинителите на тие последици, така што во оваа интервенција за која што ќе имаме средба на крајот на оваа недела со министерот за транспорт и врски, чие што Министерство е надлежно за овој закон, се предвидува глобите да бидат зголемени од 3 до 5000 евра и да постои можност за одземање на возилото на сторителлот. На тој начин сметаме дека директно ќе интерневираме во однос на животната средина, знаете дека постојано како градночалници се трудиме да се справуваме со оние малкумина кои што работат на штета на мнозинството, создавајќи диви депонии – изјави Ѓорѓиевски. На одговор на новинарско прашање, претседателот на ЗЕЛС рече дека се надева оваа иницијатива да наиде на слух кај сите пратенички групи, бидејќи веќе е разговарано со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој изразил силна волја да го поддржи ова барање на градоначалниците. До крајот на оваа недела се очекува заеднички состанок со министерот, по што се надева дека оваа иницијатива наскоро ќе се најде пред пратениците

The post Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна appeared first on Република.

]]>
120 мапирани депонии исчистени во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/120-mapirani-deponii-ischisteni-vo-skopje/ Sat, 29 Jan 2022 08:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=451022

За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.

– За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните. Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување.

Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на [email protected] со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите.

The post 120 мапирани депонии исчистени во Скопје appeared first on Република.

]]>

За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.
– За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните. Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите, информираат од Град Скопје.
Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на [email protected] со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите.

The post 120 мапирани депонии исчистени во Скопје appeared first on Република.

]]>