Дита Ќерими Старова Archives - Република https://republika.mk/tema/dita-kjerimi-starova/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Sep 2022 09:07:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дита Ќерими Старова Archives - Република https://republika.mk/tema/dita-kjerimi-starova/ 32 32 „Турска бања” на Националната галерија изложена во Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 https://republika.mk/vesti/kultura/turska-banja-na-nacionalnata-galerija-izlozena-vo-novi-sad-evropska-prestolnina-na-kulturata-za-2022/ Mon, 26 Sep 2022 09:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=554238

Вечерва е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји – Србија, Хрватска, Македонија и Франција”, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни” на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.

За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи” од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања” од Националната галерија на Р. Македонија, „Шидијанки”, „Пристанишен агент” на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ” во Шид.

Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања”, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам. истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.

The post „Турска бања” на Националната галерија изложена во Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 appeared first on Република.

]]>

Вечерва е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји – Србија, Хрватска, Македонија и Франција”, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни” на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.
За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи” од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања” од Националната галерија на Р. Македонија, „Шидијанки”, „Пристанишен агент” на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ” во Шид.
Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања”, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам. истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.
Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.