дискусии Archives - Република https://republika.mk/tema/diskusii/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 15:27:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дискусии Archives - Република https://republika.mk/tema/diskusii/ 32 32 Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odrzhan-posledniot-od-serijata-nastani-dijalozi-za-rabotata-na-politsijata-vo-zaednitsata/ Tue, 12 Mar 2024 15:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=754099

Во Скопје денеска се одржа последната од серијата дискусии на тема „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“, која според организаторите, резултирала со предлагање практични решенија и препораки, но и со подигнување на свеста околу потребите и предизвиците на демократското полициско работење.

Како што информираат организаторите од Евротинк-Центар за европски стратегии, тематските дискусии се одвиваа во текот на февруари и март оваа година во секој од осумте плански региони во државата - Куманово, Велес, Гостивар, Битола, Охрид, Штип, Струмица и Скопје, и се насочени кон разгледување на предизвиците поврзани со транспарентноста, отчетноста и видливоста на полицијата во локалните заедници.

Крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и комуникација кои би придонеле кон подобрени јавни политики во работа на полицијата, а во соработка со граѓаните. На дискусиите учествуваа локалните засегнати страни, преку комуникација со различни цивилни локални и национални актери, но и полициски структури.

Од Евротинк потенцираат дека тематските дискусии имаа за цел да ги разгледаат поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници.

Оваа активност се одржа во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Македонија“ за чие спроведување Евротинк потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.

Активноста е поддржана од Националниот фонд за демократија на Соединетите Американски Држави (National Endownment for Democracy - NED).

The post Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска се одржа последната од серијата дискусии на тема „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“, која според организаторите, резултирала со предлагање практични решенија и препораки, но и со подигнување на свеста околу потребите и предизвиците на демократското полициско работење. Како што информираат организаторите од Евротинк-Центар за европски стратегии, тематските дискусии се одвиваа во текот на февруари и март оваа година во секој од осумте плански региони во државата - Куманово, Велес, Гостивар, Битола, Охрид, Штип, Струмица и Скопје, и се насочени кон разгледување на предизвиците поврзани со транспарентноста, отчетноста и видливоста на полицијата во локалните заедници. Крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и комуникација кои би придонеле кон подобрени јавни политики во работа на полицијата, а во соработка со граѓаните. На дискусиите учествуваа локалните засегнати страни, преку комуникација со различни цивилни локални и национални актери, но и полициски структури. Од Евротинк потенцираат дека тематските дискусии имаа за цел да ги разгледаат поголемите предизвици со транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници. Оваа активност се одржа во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Македонија“ за чие спроведување Евротинк потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи. Активноста е поддржана од Националниот фонд за демократија на Соединетите Американски Држави (National Endownment for Democracy - NED).

The post Одржан последниот од серијата настани „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ appeared first on Република.

]]>