директива Archives - Република https://republika.mk/tema/direktiva/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 12:21:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png директива Archives - Република https://republika.mk/tema/direktiva/ 32 32 Еврокомисијата предлага измени на Директивата за заштита на правата на жртвите https://republika.mk/vesti/svet/evrokomisijata-predlaga-izmeni-na-direktivata-za-zashtita-na-pravata-na-zhrtvite/ Wed, 12 Jul 2023 12:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=660459

Сите жртви на насилство ширум Европската Унија заслужуваат поддршка и токму затоа Европската комисија предлага измени во постоечката Директива за заштита на правата на жртвите, со цел да се зајакнат нивните права, да им се обезбеди поддршка и пристап до релевантни информации и правда и да добијат отштета, соопшти денеска Еврокомисијата.

Со предложените измени се ажурираат воспоставените правила во Директивата за заштита на правата на жртвите од 2012 година во согласност со потребите на современото општество и развојот на технологијата и правдата.

Со реформите на Директивата, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, треба да се гарантира подобро информирање на жртвите за нивните права и обезбедување на потребните ресурси за да го пријават кривично дело, особено преку воспоставување единствена телефонска линија за помош на жртвите во ЕУ на бројот 116 006, како и активирање на веб-страница за да им се овозможи раззговор и електронска комуникација.

За зајакнување на безбедносните мерки приспособени на специфичните потреби на ранливите категории, како деца, постари лица, лица со попреченост, жртви на насилство од омраза или жртви во притвор, предлагаме подобрување на индивидуалната проценка на потребите за заштита на жртвите со обезбедување таа да започне уште од првиот контакт со властите и да се прошири листата на расположливи мерки за заштита, како на пример наредби за заштита или обезбедување присуство на органи за спроведување на законот, се додава во соопштението.

The post Еврокомисијата предлага измени на Директивата за заштита на правата на жртвите appeared first on Република.

]]>

Сите жртви на насилство ширум Европската Унија заслужуваат поддршка и токму затоа Европската комисија предлага измени во постоечката Директива за заштита на правата на жртвите, со цел да се зајакнат нивните права, да им се обезбеди поддршка и пристап до релевантни информации и правда и да добијат отштета, соопшти денеска Еврокомисијата. Со предложените измени се ажурираат воспоставените правила во Директивата за заштита на правата на жртвите од 2012 година во согласност со потребите на современото општество и развојот на технологијата и правдата. Со реформите на Директивата, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, треба да се гарантира подобро информирање на жртвите за нивните права и обезбедување на потребните ресурси за да го пријават кривично дело, особено преку воспоставување единствена телефонска линија за помош на жртвите во ЕУ на бројот 116 006, како и активирање на веб-страница за да им се овозможи раззговор и електронска комуникација. За зајакнување на безбедносните мерки приспособени на специфичните потреби на ранливите категории, како деца, постари лица, лица со попреченост, жртви на насилство од омраза или жртви во притвор, предлагаме подобрување на индивидуалната проценка на потребите за заштита на жртвите со обезбедување таа да започне уште од првиот контакт со властите и да се прошири листата на расположливи мерки за заштита, како на пример наредби за заштита или обезбедување присуство на органи за спроведување на законот, се додава во соопштението.

The post Еврокомисијата предлага измени на Директивата за заштита на правата на жртвите appeared first on Република.

]]>