дипломатски пасоши Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomatski-pasoshi/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 16:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломатски пасоши Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomatski-pasoshi/ 32 32 Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-ivanovska-za-diplomatskite-pasoshi-iznenaduva-konstatatsijata-deka-odeneto-peshki-vozento-velosiped-ili-koristeneto-javen-prevoz-e-chist-populizam/ Sat, 20 Jul 2024 16:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=798781

Поранешната претседателка на Антикорупција Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав на ДКСК упати реакција на соопштението на ДКСК по повод „Дипломатските пасоши" и, како што напиша на фејсбук, обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.

Како поранешни членови, пишува Ивановска, немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската комисија и другите меѓународни организации и тела, посочува таа, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.

- Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам.

По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина, објави Ивановска на нејзиниот фејзбук-профил.

The post Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Антикорупција Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав на ДКСК упати реакција на соопштението на ДКСК по повод „Дипломатските пасоши" и, како што напиша на фејсбук, обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста. Како поранешни членови, пишува Ивановска, немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската комисија и другите меѓународни организации и тела, посочува таа, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.
- Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам.
По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина, објави Ивановска на нејзиниот фејзбук-профил.

The post Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам appeared first on Република.

]]>
МНР ќе одлучува дали членовите на ДКСК ќе добијат дипломатски или службени пасоши https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-ke-odluchuva-dali-chlenovite-na-dksk-ke-dobijat-diplomatski-ili-sluzhbeni-pasoshi/ Sat, 20 Jul 2024 12:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=798722

Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа, соопшти МНР во врска со доставените барања за дипломатски пасоши од шесте членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Како што наведува МНР, седум барања до Министерството – за претседателката Татјана Димитровска и за шесте членови во Антикорупциската комсија, биле доставени од ДКСК во април и тогашниот министер за надворешни работи позитивно одговорил само за претседателката на Комисијата.

Во однос на останатите членови на ДКСК, наведува МНР, „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“.

Откако во јавноста деновиве е актуелно доделувањето дипломатски пасош за претседателката на ДКСК Димитровска и поднесеното барање за ваква патна исправа од шесте членови на ДКСК, Комисијата денеска реагираше со соопштение во кое наведе дека тоа е „право, а не привилегија“ и е овозможено со Законот за патни исправи, цитирајќи го член 11.

The post МНР ќе одлучува дали членовите на ДКСК ќе добијат дипломатски или службени пасоши appeared first on Република.

]]>

Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа, соопшти МНР во врска со доставените барања за дипломатски пасоши од шесте членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Како што наведува МНР, седум барања до Министерството – за претседателката Татјана Димитровска и за шесте членови во Антикорупциската комсија, биле доставени од ДКСК во април и тогашниот министер за надворешни работи позитивно одговорил само за претседателката на Комисијата. Во однос на останатите членови на ДКСК, наведува МНР, „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“. Откако во јавноста деновиве е актуелно доделувањето дипломатски пасош за претседателката на ДКСК Димитровска и поднесеното барање за ваква патна исправа од шесте членови на ДКСК, Комисијата денеска реагираше со соопштение во кое наведе дека тоа е „право, а не привилегија“ и е овозможено со Законот за патни исправи, цитирајќи го член 11.

The post МНР ќе одлучува дали членовите на ДКСК ќе добијат дипломатски или службени пасоши appeared first on Република.

]]>
Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК https://republika.mk/vesti/makedonija/vozeneto-velosipedi-ili-odeneto-so-avtobus-na-rabota-e-chist-populizam-antikoruptsiska-udri-po-prethodniot-sostav-na-dksk/ Sat, 20 Jul 2024 11:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=798710

ДКСК во објава на нивната веб-страница се повикува на член 11 од Законот за патни исправи за да појасни дека „право, а не привилегија“ е тоа што претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, добила од МНР дипломатски пасош, а нејзините шест колеги членови поднеле барање за да го добијат.

Откако Димитровска деновиве тоа го соопшти во ТВ-интервју, ДКСК денеска во објавата, цитирајќи го членот 11 од Законот, наведува: „дипломатски пасош се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК, туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност, го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа, истакнува ДКСК во објавената реакција.

Во соопштението посочуваат дека во новиот состав на Антикорупциска работат „врвни професионалци избрани од Собранието со консензус од сите политички партии“ и дека „Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа“.

Во оваа насока, а наспроти популизмот, наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности, пишува во објавата на ДКСК.

Комисијата нагласува и дека е „целосна дезинформација“ веста дека побарале нови возила за секој член на Комисијата и „одговорно изјавуваат“ дека „до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување службени автомобили на членовите на ДКСК, вклучувајќи ја и претседателката Димитровска“.

Во рамките на ребалансот на Буџетот на РМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување автомобили. ДКСК како институција има потреба од службени возила и за нив ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК, се додава во соопштението.

Во објавата која е насловена „Бројот на успешно затворени предмети ќе биде единствената ’морална вертикала“ според која јавноста ќе може да ја оцени нашата работа“, ДКСК истакнува и дека единствено со факти ќе ја презентираат успешноста на нивната работа, „наспроти популизмот наметнат во јавноста“.

Сметаме дека возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам со кој не се оправдува бројот на незатворени предмети од претходниот состав на ДКСК. Дополнително, поранешната претседателка во јавноста беше присутна со паушални поединечни изјави за секакви случаи без претходно да се провери документацијата и да се направи проценка дали има основи за отворање предмети. Ваквиот начин на работа не треба да биде мерило за успешност или можеби треба бидејќи факт е дека на претходната ДКСК за цел мандат и беа прифатени исклучително мал број иницијативи за поведување постапка за кривично гонење од страна на Јавното обвинителство, наведува ДКСК во реакцијата.

Според Комисијата, иако според претходниот состав на ДКСК тоа се должело на несоодветната работа на Јавното обвинителство, „можеби причините треба да се бараат во немањето доволно аргументи, површноста и квалитетот на иницијативите“.

Новиот состав на ДКСК (Татјана Димитровска – претседател и Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски – членови) мандатот го почна на 8 февруари 2024. Оттогаш, како што информираат во објавеното соопштение, затвориле 21 предмет од областа на судир на интереси, 61 предмет од областа на спречување корупција и 107 предмети од следење имотна состојба.

На седницата закажана за в среда, 24 јули, ќе бидат разгледувани околу 150 предлог-одлуки по оформени предмети од новиот состав на ДКСК. Дополнително, започнати се и активно се постапува на точно 103 постапки за прекршоци предвидени во Законот за спречување корупција и судирот на интереси, се наведува во објавата на Антикорупциската комисија.

The post Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК appeared first on Република.

]]>

ДКСК во објава на нивната веб-страница се повикува на член 11 од Законот за патни исправи за да појасни дека „право, а не привилегија“ е тоа што претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, добила од МНР дипломатски пасош, а нејзините шест колеги членови поднеле барање за да го добијат. Откако Димитровска деновиве тоа го соопшти во ТВ-интервју, ДКСК денеска во објавата, цитирајќи го членот 11 од Законот, наведува: „дипломатски пасош се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК, туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност, го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа, истакнува ДКСК во објавената реакција. Во соопштението посочуваат дека во новиот состав на Антикорупциска работат „врвни професионалци избрани од Собранието со консензус од сите политички партии“ и дека „Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа“. Во оваа насока, а наспроти популизмот, наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности, пишува во објавата на ДКСК. Комисијата нагласува и дека е „целосна дезинформација“ веста дека побарале нови возила за секој член на Комисијата и „одговорно изјавуваат“ дека „до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување службени автомобили на членовите на ДКСК, вклучувајќи ја и претседателката Димитровска“. Во рамките на ребалансот на Буџетот на РМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување автомобили. ДКСК како институција има потреба од службени возила и за нив ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК, се додава во соопштението. Во објавата која е насловена „Бројот на успешно затворени предмети ќе биде единствената ’морална вертикала“ според која јавноста ќе може да ја оцени нашата работа“, ДКСК истакнува и дека единствено со факти ќе ја презентираат успешноста на нивната работа, „наспроти популизмот наметнат во јавноста“. Сметаме дека возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам со кој не се оправдува бројот на незатворени предмети од претходниот состав на ДКСК. Дополнително, поранешната претседателка во јавноста беше присутна со паушални поединечни изјави за секакви случаи без претходно да се провери документацијата и да се направи проценка дали има основи за отворање предмети. Ваквиот начин на работа не треба да биде мерило за успешност или можеби треба бидејќи факт е дека на претходната ДКСК за цел мандат и беа прифатени исклучително мал број иницијативи за поведување постапка за кривично гонење од страна на Јавното обвинителство, наведува ДКСК во реакцијата. Според Комисијата, иако според претходниот состав на ДКСК тоа се должело на несоодветната работа на Јавното обвинителство, „можеби причините треба да се бараат во немањето доволно аргументи, површноста и квалитетот на иницијативите“. Новиот состав на ДКСК (Татјана Димитровска – претседател и Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски – членови) мандатот го почна на 8 февруари 2024. Оттогаш, како што информираат во објавеното соопштение, затвориле 21 предмет од областа на судир на интереси, 61 предмет од областа на спречување корупција и 107 предмети од следење имотна состојба. На седницата закажана за в среда, 24 јули, ќе бидат разгледувани околу 150 предлог-одлуки по оформени предмети од новиот состав на ДКСК. Дополнително, започнати се и активно се постапува на точно 103 постапки за прекршоци предвидени во Законот за спречување корупција и судирот на интереси, се наведува во објавата на Антикорупциската комисија.

The post Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК appeared first on Република.

]]>