Динамо Archives - Република https://republika.mk/tema/dinamo/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 17:36:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Динамо Archives - Република https://republika.mk/tema/dinamo/ 32 32 Со оглас на цела страна во „Марка“ Динамо сака да го убеди Модриќ да се врати во Загреб https://republika.mk/sport/fudbal/so-oglas-na-tsela-strana-vo-marka-dinamo-saka-da-go-ubedi-modrik-da-se-vrati-vo-zagreb/ Sat, 06 Apr 2024 18:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=763203

Динамо Загреб не крие дека сака да го врати Лука Модриќ на „Максимир“. Според шпанските медиуми, хрватскиот ветеран, по завршувањето на сезоната ќе има две опции: да потпише нов договор со Реал Мадрид или да ја заврши кариерата. Сепак, Динамо му ја нуди третата опција, да се врати во Загреб, каде што почна својата блескава кариера.

„Модрите“ играат на емоциите и се надеваат дека Модриќ ќе го исполни ветувањето по заминувањето во Тотенхем во 2008 година дека еден ден ќе се врати во Загреб.

Новиот претседател на Динамо, Велимир Зајец, неодамна се сретнал со Модриќ и изјави дека она што го прави клубот, во обид да го врати Модирќ има логика.

Со цел да го убеди Модриќ „да се врати дома“ Динамо ја закупи втората страница на влијателниот шпански спортски весник „Марка“ и го „залепи“ „синиот“ дрес на Модриќ со број 10 на него како специјална реклама со порака: „Би имало смисла“ на хрватски и „Tiene Todo El Sentido Del Mundo“ на шпански јазик.

По ова, сега на потег е Лука Модриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

The post Со оглас на цела страна во „Марка“ Динамо сака да го убеди Модриќ да се врати во Загреб appeared first on Република.

]]>

Динамо Загреб не крие дека сака да го врати Лука Модриќ на „Максимир“. Според шпанските медиуми, хрватскиот ветеран, по завршувањето на сезоната ќе има две опции: да потпише нов договор со Реал Мадрид или да ја заврши кариерата. Сепак, Динамо му ја нуди третата опција, да се врати во Загреб, каде што почна својата блескава кариера. „Модрите“ играат на емоциите и се надеваат дека Модриќ ќе го исполни ветувањето по заминувањето во Тотенхем во 2008 година дека еден ден ќе се врати во Загреб. Новиот претседател на Динамо, Велимир Зајец, неодамна се сретнал со Модриќ и изјави дека она што го прави клубот, во обид да го врати Модирќ има логика. Со цел да го убеди Модриќ „да се врати дома“ Динамо ја закупи втората страница на влијателниот шпански спортски весник „Марка“ и го „залепи“ „синиот“ дрес на Модриќ со број 10 на него како специјална реклама со порака: „Би имало смисла“ на хрватски и „Tiene Todo El Sentido Del Mundo“ на шпански јазик. По ова, сега на потег е Лука Модриќ.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

The post Со оглас на цела страна во „Марка“ Динамо сака да го убеди Модриќ да се врати во Загреб appeared first on Република.

]]>
Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-pochna-da-gi-osloboduva-navivachite-na-hrvatski-dinamo/ Mon, 11 Dec 2023 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=721626

Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина.

Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени.

Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди.

Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор.

Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.

The post Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо appeared first on Република.

]]>

Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина. Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра. Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени. Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди. Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор. Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.

The post Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо appeared first on Република.

]]>
Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatskata-politsija-uapsi-devet-navivachi-na-dinamo-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-atina/ Sat, 23 Sep 2023 13:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=684409

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб.

Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага.

Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони.

Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/

 

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб. Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага. Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони. Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/  

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>
Во Атина на распит уште 35 навивачи https://republika.mk/vesti/balkan/vo-atina-na-raspit-ushte-35-navivachi/ Sun, 13 Aug 2023 07:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=671528

Трет ден на распит се фудбалските навивачи во Атина поради конфликтот во кој беше избоден навивач на грчки АЕК. Во изминатите два дена 70 од нив беа на распит и на сите им е одредена мерка притвор. Денес пред обвинителот ќе излезат уште 35 навивачи, објави ХРТ.

ДНК на сите 105 фанови се споредува со собраните докази.

Родителите на уапсените, плашејќи се за безбедноста на нивните деца, испратија отворено писмо до претседателот, премиерот и народниот правобранител. Бараат итно заминување на високи делегации од МНР, МВР и Министерството за правда во Грција.

Министерството за правда и администрација соопшти дека министерот Маленица разговарал со својот грчки колега. Претседателот Милановиќ очекува во следните 5 дена осомничените да бидат приведени, а останатите да бидат ослободени.

„Полицијата има право да ги приведе пет дена. Тоа сега истекува. Ако на сите им дадат притвор, без разлика зошто отишле долу, отишле да се тепаат, тоа не можам да го поддржам, тоа е само чудно однесување, но тие се граѓаните и тие имаат свои права“, рече Милановиќ.

The post Во Атина на распит уште 35 навивачи appeared first on Република.

]]>

Трет ден на распит се фудбалските навивачи во Атина поради конфликтот во кој беше избоден навивач на грчки АЕК. Во изминатите два дена 70 од нив беа на распит и на сите им е одредена мерка притвор. Денес пред обвинителот ќе излезат уште 35 навивачи, објави ХРТ. ДНК на сите 105 фанови се споредува со собраните докази. Родителите на уапсените, плашејќи се за безбедноста на нивните деца, испратија отворено писмо до претседателот, премиерот и народниот правобранител. Бараат итно заминување на високи делегации од МНР, МВР и Министерството за правда во Грција. Министерството за правда и администрација соопшти дека министерот Маленица разговарал со својот грчки колега. Претседателот Милановиќ очекува во следните 5 дена осомничените да бидат приведени, а останатите да бидат ослободени.
„Полицијата има право да ги приведе пет дена. Тоа сега истекува. Ако на сите им дадат притвор, без разлика зошто отишле долу, отишле да се тепаат, тоа не можам да го поддржам, тоа е само чудно однесување, но тие се граѓаните и тие имаат свои права“, рече Милановиќ.

The post Во Атина на распит уште 35 навивачи appeared first on Република.

]]>
Сослушување за убиството во Атина: Случајно поминувавме, ножот го користам за работа https://republika.mk/vesti/balkan/soslushuvane-za-ubistvoto-vo-atina-sluchajno-pominuvavme-nozhot-go-koristam-za-rabota/ Sat, 12 Aug 2023 09:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=671319

Од триесетте хулигани кои се појавија пред истражните судии во Атина за нередите во кои беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, 12 се задржани во притвор.

Покрај Грците и Албанците, приведени се и десет хрватски државјани, пренесува порталот „Прототема“.

Обвинетите хулигани најмногу тврдеа дека се нашле на погрешно место во погрешно време и дека не биле вклучени во инцидентите.

Испрашувањата на првите 30 обвинети се воделе истовремено пред тројца истражители. Сите тие категорично негираа учество во крвавите настани во Нова Филаделфија, како и вмешаност во смртоносната повреда на 29-годишниот Кацурис.

„Отидовме кај ОПАП арена за да го гледаме тренингот на нашиот тим Динамо Загреб ден пред натпреварот против АЕК, за кој не обезбедивме билети поради забраната на УЕФА и неочекувано се најдовме во насилни инциденти кои траеја најмалку половина час, без навремена интервенција на полицијата“, рече во својот исказ еден од обвинетите, оправдувајќи се дека „трчале затоа што се плашеле да не бидат уапсени“.

Тој изјави дека поради оддалеченоста не знае кој го повредил Михалис Кацурис со остар предмет, што, додаде, е „грозоморен чин, поради што сме длабоко тажни“.

Приведените 27-годишен Грк и 22-годишен Албанец изјавиле дека на местото на инцидентот биле само „минувачи“.

Млад маж со албанско потекло, кај кого бил пронајден нож на преклоп, изјавил дека во понеделникот вечерта бил на работа во Нова Филаделфија.

Обвинетиот Албанец, кој според информациите бил ставен во главната линија на осомничените за убиството на Кацурис, тврди дека на местото на инцидентот излегол поради вревата и факелите, кои видел како се фрлаат пред стадионот на АЕК.

„Додека чекав надвор од станицата, слушнав извици, експлозии и ракети и отидов да видам што се случува. Јас не учествував во немирите“, рече тој.

Што се однесува до ножот пронајден кај него, тој тврди дека му бил потребен за работа.

„Во работата го користам ножот на преклопување што ми беше најден. Сакам да се тргне тајноста од моите комуникации, да се провери мобилниот телефон и да се земе примерок од ДНК, за да се утврди дека немам никаква врска со она за што сум обвинет“, се вели во изјавата на еден од главните осомничени.

Дека бил случаен минувач на местото на крвавата тепачка изјавил и 27-годишен Грк, чија продавница во Ампелокипи во четвртокот била нападната од навивачи на АЕК.

„Сакам да кажам категорично дека немам никаква врска со она што се случи во областа на Нова Филаделфија меѓу хрватските криминалци, кои дојдоа во Грција да убиваат и уништуваат имот и криминално организираните навивачи на АЕК, кои имаа убиствена средба со хрватските криминалци, а исто и тие биле вооружени со ножеви, стапчиња, дрвени палки и друго опасно оружје, што може да се види на видео снимките кои ЕЛАС ги запленила“, наведува тој во својата изјава.

Од претходно познат на полицијата, 27-годишниот обвинет во минатото за навивачко насилство, но и за криминално здружување, изјавил дека случајно се нашол на местото на настанот, а не ги познавал хрватските хулигани.

Денеска пред истражни судии и јавни обвинители треба да се појават уште 30 обвинети, а во недела ќе се изјаснат останатите 45 приведени.

Непознато лице се уште се товари за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК. Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица и тоа тројца грчки државјани, еден Хрват и еден Албанец.

The post Сослушување за убиството во Атина: Случајно поминувавме, ножот го користам за работа appeared first on Република.

]]>

Од триесетте хулигани кои се појавија пред истражните судии во Атина за нередите во кои беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, 12 се задржани во притвор. Покрај Грците и Албанците, приведени се и десет хрватски државјани, пренесува порталот „Прототема“. Обвинетите хулигани најмногу тврдеа дека се нашле на погрешно место во погрешно време и дека не биле вклучени во инцидентите. Испрашувањата на првите 30 обвинети се воделе истовремено пред тројца истражители. Сите тие категорично негираа учество во крвавите настани во Нова Филаделфија, како и вмешаност во смртоносната повреда на 29-годишниот Кацурис.
„Отидовме кај ОПАП арена за да го гледаме тренингот на нашиот тим Динамо Загреб ден пред натпреварот против АЕК, за кој не обезбедивме билети поради забраната на УЕФА и неочекувано се најдовме во насилни инциденти кои траеја најмалку половина час, без навремена интервенција на полицијата“, рече во својот исказ еден од обвинетите, оправдувајќи се дека „трчале затоа што се плашеле да не бидат уапсени“.
Тој изјави дека поради оддалеченоста не знае кој го повредил Михалис Кацурис со остар предмет, што, додаде, е „грозоморен чин, поради што сме длабоко тажни“. Приведените 27-годишен Грк и 22-годишен Албанец изјавиле дека на местото на инцидентот биле само „минувачи“. Млад маж со албанско потекло, кај кого бил пронајден нож на преклоп, изјавил дека во понеделникот вечерта бил на работа во Нова Филаделфија. Обвинетиот Албанец, кој според информациите бил ставен во главната линија на осомничените за убиството на Кацурис, тврди дека на местото на инцидентот излегол поради вревата и факелите, кои видел како се фрлаат пред стадионот на АЕК.
„Додека чекав надвор од станицата, слушнав извици, експлозии и ракети и отидов да видам што се случува. Јас не учествував во немирите“, рече тој.
Што се однесува до ножот пронајден кај него, тој тврди дека му бил потребен за работа.
„Во работата го користам ножот на преклопување што ми беше најден. Сакам да се тргне тајноста од моите комуникации, да се провери мобилниот телефон и да се земе примерок од ДНК, за да се утврди дека немам никаква врска со она за што сум обвинет“, се вели во изјавата на еден од главните осомничени.
Дека бил случаен минувач на местото на крвавата тепачка изјавил и 27-годишен Грк, чија продавница во Ампелокипи во четвртокот била нападната од навивачи на АЕК.
„Сакам да кажам категорично дека немам никаква врска со она што се случи во областа на Нова Филаделфија меѓу хрватските криминалци, кои дојдоа во Грција да убиваат и уништуваат имот и криминално организираните навивачи на АЕК, кои имаа убиствена средба со хрватските криминалци, а исто и тие биле вооружени со ножеви, стапчиња, дрвени палки и друго опасно оружје, што може да се види на видео снимките кои ЕЛАС ги запленила“, наведува тој во својата изјава.
Од претходно познат на полицијата, 27-годишниот обвинет во минатото за навивачко насилство, но и за криминално здружување, изјавил дека случајно се нашол на местото на настанот, а не ги познавал хрватските хулигани. Денеска пред истражни судии и јавни обвинители треба да се појават уште 30 обвинети, а во недела ќе се изјаснат останатите 45 приведени. Непознато лице се уште се товари за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК. Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица и тоа тројца грчки државјани, еден Хрват и еден Албанец.

The post Сослушување за убиството во Атина: Случајно поминувавме, ножот го користам за работа appeared first on Република.

]]>
Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени https://republika.mk/vesti/balkan/prodolzhuva-soslushuvaneto-na-uapsenite-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek-30-od-niv-veke-pritvoreni/ Sat, 12 Aug 2023 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=671301

Со втората група од 30 уапсени навивачи денеска продолжува маратонскиот процес на сослушување на уапсените по инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, додека пак вчера, на сите хулигани од првата група, исто така 30 лица, им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.

Сослушувањето вчера траеше цел ден, уапсените даваа исказ пред истражни судии, а за сите 30 беше одлучен притвор.

Меѓу нив 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека кај стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК.

Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна вчера, продолжува денеска и утре, а хулиганите се поделени во три групи, вчера исказ дадоа 30 лица, денеска се други 30, а останатите 45 ќе бидат сослушани утре.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Во делот околу стадионот на АЕК по инцидентите полицијата пронашла предмети кои хулиганите ги користеле, а меѓу кои и џебни ножеви, пиротехнички материјали, метални и дрвени палки, камен, фантомки, дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто рака со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики итн.

Според грчките медиуми, 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК, кој беше убиен во понеделникот, согласно извештајот од спроведената обдукција, бил повреден во подлактницата, веројатно со нож од типот „Карабит“, што довело неконтролирано крвавење, а десет минути подоцна настапила и смртта.

Државната телевизија ЕРТ вчера објави дека тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец се под лупата на грчката полиција како можни сторители на убиството на навивачот, со оглед на тоа што кај албанскиот и хрватскиот државјанин, во моментот на апсењето биле пронајдени џебни ножеви со траги од крв.

Од Грците, двајца ѝ се веќе познати на полицијата како навивачи на грчки тим и имаат криминално досие, едниот во минатото бил апсен четири пат, другиот еднаш, а третиот осомничен е идентификуван, но се бара.

За случувањата во грчкиот и европскиот фудбал следната среда ќе разговараат премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на УЕФА Александар Чеферин на нивната средба во Атина.

Мицотакис и Чеферин вчера имале телефонски разговор и се договориле да се сретнат, додека пак по нивната средба, грчкиот премиер ќе одржи состанок на кој освен претседателот на УЕФА и релевантните министри поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

The post Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени appeared first on Република.

]]>

Со втората група од 30 уапсени навивачи денеска продолжува маратонскиот процес на сослушување на уапсените по инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, додека пак вчера, на сите хулигани од првата група, исто така 30 лица, им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Сослушувањето вчера траеше цел ден, уапсените даваа исказ пред истражни судии, а за сите 30 беше одлучен притвор. Меѓу нив 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот навивач на АЕК. Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека кај стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК. Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна вчера, продолжува денеска и утре, а хулиганите се поделени во три групи, вчера исказ дадоа 30 лица, денеска се други 30, а останатите 45 ќе бидат сослушани утре. Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн. Во делот околу стадионот на АЕК по инцидентите полицијата пронашла предмети кои хулиганите ги користеле, а меѓу кои и џебни ножеви, пиротехнички материјали, метални и дрвени палки, камен, фантомки, дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто рака со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики итн. Според грчките медиуми, 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК, кој беше убиен во понеделникот, согласно извештајот од спроведената обдукција, бил повреден во подлактницата, веројатно со нож од типот „Карабит“, што довело неконтролирано крвавење, а десет минути подоцна настапила и смртта. Државната телевизија ЕРТ вчера објави дека тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец се под лупата на грчката полиција како можни сторители на убиството на навивачот, со оглед на тоа што кај албанскиот и хрватскиот државјанин, во моментот на апсењето биле пронајдени џебни ножеви со траги од крв. Од Грците, двајца ѝ се веќе познати на полицијата како навивачи на грчки тим и имаат криминално досие, едниот во минатото бил апсен четири пат, другиот еднаш, а третиот осомничен е идентификуван, но се бара. За случувањата во грчкиот и европскиот фудбал следната среда ќе разговараат премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на УЕФА Александар Чеферин на нивната средба во Атина. Мицотакис и Чеферин вчера имале телефонски разговор и се договориле да се сретнат, додека пак по нивната средба, грчкиот премиер ќе одржи состанок на кој освен претседателот на УЕФА и релевантните министри поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

The post Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени appeared first on Република.

]]>
Застрашувачка снимка на хрватскиот „одред на смртта“: 100 наоружани хулигани тргнуваат во крвав поход https://republika.mk/vesti/balkan/zastrashuvachka-snimka-na-hrvatskiot-odred-na-smrtta-100-naoruzhani-huligani-trgnuvaat-vo-krvav-pohod/ Thu, 10 Aug 2023 08:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=670622

Грчките медиуми објавија нова застрашувачка снимка на хрватските хулигани, која е направена непосредно пред почетокот на дивјачките нереди во кои е убиен 29 годишниот навивач на АЕК.

Во видеото кое го објави грчки Стар, се гледа голема група вооружени хулигани на Динамо како тргнуваат во својот крвав поход.

Ова е ударната бригада која посеа смрт, напиша Стар во опис на видеото.

Додаваат дека на снимката се гледа „одредот на смртта“ во кој имало повеќе од 100 вооружени убијци, навивачи на Динамо.

Најшокантно во целата приказна е тоа дека зад нив, наводно снимала полицијата, која ништо не превзела да ги спречи стравични нереди кои се случија во понеделникот вечерта во населбата Нова Филаделфија.

The post Застрашувачка снимка на хрватскиот „одред на смртта“: 100 наоружани хулигани тргнуваат во крвав поход appeared first on Република.

]]>

Грчките медиуми објавија нова застрашувачка снимка на хрватските хулигани, која е направена непосредно пред почетокот на дивјачките нереди во кои е убиен 29 годишниот навивач на АЕК. Во видеото кое го објави грчки Стар, се гледа голема група вооружени хулигани на Динамо како тргнуваат во својот крвав поход. Ова е ударната бригада која посеа смрт, напиша Стар во опис на видеото. Додаваат дека на снимката се гледа „одредот на смртта“ во кој имало повеќе од 100 вооружени убијци, навивачи на Динамо. Најшокантно во целата приказна е тоа дека зад нив, наводно снимала полицијата, која ништо не превзела да ги спречи стравични нереди кои се случија во понеделникот вечерта во населбата Нова Филаделфија.

The post Застрашувачка снимка на хрватскиот „одред на смртта“: 100 наоружани хулигани тргнуваат во крвав поход appeared first on Република.

]]>
Среде натпревар на „Максимир“ почина навивач на Динамо https://republika.mk/sport/fudbal/srede-natprevar-na-maksimir-pochina-navivach-na-dinamo/ Thu, 24 Feb 2022 22:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=463518

Динамо Загреб успеа да слави со 1-0 во шестнаестфиналниот реванш дуел против Севилја, но голот од белата точка на Мислав Оршиќ не беше доволен за пласман во следната фаза откако „модрите“ не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч одигран во Шпанија.

По натпреварот ни следат и немили вести откако е потврдено дека навивач на Динамо починал на самиот меч. Имено, станува збор за маж чиј идентитет не е познат, а доживеал срцев удар. За жал трагедијата не ја спречи ниту брзата интервенција на медицинските лица.

The post Среде натпревар на „Максимир“ почина навивач на Динамо appeared first on Република.

]]>

Динамо Загреб успеа да слави со 1-0 во шестнаестфиналниот реванш дуел против Севилја, но голот од белата точка на Мислав Оршиќ не беше доволен за пласман во следната фаза откако „модрите“ не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч одигран во Шпанија. По натпреварот ни следат и немили вести откако е потврдено дека навивач на Динамо починал на самиот меч. Имено, станува збор за маж чиј идентитет не е познат, а доживеал срцев удар. За жал трагедијата не ја спречи ниту брзата интервенција на медицинските лица.

The post Среде натпревар на „Максимир“ почина навивач на Динамо appeared first on Република.

]]>