Дина Јашаро Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-jasharo/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Sep 2022 16:25:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дина Јашаро Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-jasharo/ 32 32 Наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година ја доби младата македонска музичарка Дина Јашари https://republika.mk/scena/muzika/nagradata-milan-mladenovikj-za-2022-godina-ja-dobi-mladata-makedonska-muzicharka-dina-jashari/ Thu, 22 Sep 2022 09:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=553100

Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е најновиот, четврти лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ 2022“, чиешто доделување се одржа во средата на 21 септември во Белград.

Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, која ја додеува Донацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот. Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија).

Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми све“ и Ана $ The Changes со песната „Ту“.

Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Донацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.

Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ни значи. Ваквата важна награда е голема поддршка за мене и за мојата музика, рече таа на доделувањето на наградата на сцената на културниот центар Дорќол Плац во Белград, пренесоа српските медиуми.

Според правилото, кантавторката Ана Ќурчин ѝ ја врачи наградата, како минатогодишна добитничка со баладата „Ту“.

https://www.youtube.com/watch?v=cmxxgPpeiEs&t=2967s

The post Наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година ја доби младата македонска музичарка Дина Јашари appeared first on Република.

]]>

Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е најновиот, четврти лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ 2022“, чиешто доделување се одржа во средата на 21 септември во Белград. Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, која ја додеува Донацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот. Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија). Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми све“ и Ана $ The Changes со песната „Ту“. Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Донацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.
Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ни значи. Ваквата важна награда е голема поддршка за мене и за мојата музика, рече таа на доделувањето на наградата на сцената на културниот центар Дорќол Плац во Белград, пренесоа српските медиуми.
Според правилото, кантавторката Ана Ќурчин ѝ ја врачи наградата, како минатогодишна добитничка со баладата „Ту“. https://www.youtube.com/watch?v=cmxxgPpeiEs&t=2967s

The post Наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година ја доби младата македонска музичарка Дина Јашари appeared first on Република.

]]>